
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер го претрпе 12. пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва загуби на гостински терен од лидерот во групата А, Кил, со 29-23 (19-10) во рамки на 12 коло. Германскиот претставник уште од самиот почеток на дуелот тргна максимално мотивирано против последно пласираниот тим во групата и по воведните 10. минути Кил имаше предност од високи 10-4. Кил во неколку наврати во текот на натпреварот доаѓаше и до ...
Победата на македонската кошаркарска репрезентација на гостувањето во Полска е најголемото изненадување во февруарскиот квалификациски прозорец за Евробаскет 2025 година, објави ФИБА. Македонците во понеделникот во Сосновиец ја совладаа за 44 места подобро пласирана на ФИБА рејтинг листата Полска со 96:71. Македонската репрезентација е 59. На ФИБА ранг-листата, Полска е 15-та и ова е најголемата „разлика“ која ја направила една национална ...
Реал Мадрид повеќе не ја смета Барселона за ривал кога се во прашање трансферите објави „Марка“. Реал сега се натпреварува со таканаречените „клуб-држави“, а Барселона не може да им се доближи во борбата за посакуваните играчи. Реал Мадрид повеќе не ја смета Барселона за конкурент, не само во однос на трансферите, туку и во многу други ситуации. „Кралскиот клуб“ е уверен дека по трансферот на Килијан Мбапе, ниту еден од сегашните фудбалери на ...
Македонската ракометна репрезентација се најде на 19. место на најновата ранг-листа на Европската ракометна федерација објавена денес. „Црвено-жолтите“ сега имаат 98 бода. Водечка на листата е Данска со 432 бода, пред Франција со 424 и Шведска со 408. Во Топ 10 најдобри европски ракометни репрезентации се уште и: Германија, Шпанија, Норвешка, Унгарија, Исланд, Хрватска и Словенија. Овие селекции, заедно со Португалија и Холандија ќе бидат во ...
Интер го израдува тренерот Симоне Инзаги со победа по повод неговиот 300-ти натпревар како тренер во Серија А. Нероаѕурите ја победија Џенова на Џузепе Меаца со 2-1 и ја забележаа 12-та последователна победа во сите натпреварувања и 9-та по ред во лигата. На голот на домаќините беа Кристијан Аслани во 30. и Алексис Санчез од пенал во 38. минута, додека Јохан Васкез погоди за гостите во 54. минута. Овојпат победата за Нероаѕурите не дојде така ...
Макс Верстапен ќе стартува од првата позиција на саботната трка за Големата награда на Бахреин, прва во новата сезона во Формула 1. Актуелниот трикратен шампион, кој ланската титула ја освои со досега невидена доминација, ја започна сезоната на вистински начин, а утре од 16 часот ќе се обиде да дојде и до победа во трката. Зад него заврши Шарл Леклер од Ферари, кој беше за две десетинки побавен од возачот на Ред Бул во квалификациите. Од вториот ...
Победата на македонската кошаркарска репрезентација на гостувањето во Полска е најголемото изненадување во февруарскиот квалификациски прозорец за Евробаскет 2025 година, објави ФИБА. Македонците во понеделникот во Сосновиец ја совладаа за 44 места подобро пласирана на ФИБА рејтинг листата Полска со 96:71. Македонската репрезентација е 59. На ФИБА ранг-листата, Полска е 15-та и ова е најголемата „разлика“ која ја направила една национална ...
Манчестер Сити по пресврт успеа да го совлада Манчестер Јунајтед со 2:1 во градското дерби, а неверојатен рекорд постави шпанскиот играч за врска Родри. „Граѓаните“ дојдоа до победа по целосна доминација против градскиот ривал, а шпанскиот играч за врска Родри ја продолжи импресивната серија во дресот на Сити. Rodri has set the record for the longest unbeaten streak by a Premier League player in all competitions with an incredible 59 GAMES 😲 ...
Во неделата Осиек и Динамо одиграа дерби од Хрватската фудбалска лига, беше 1:1, а навивачите се револтирани бидејќи за малку ќе се случеше трагедија на најмодерниот стадион во Хрватска. На социјалните мрежи беа објавени видеа на кои се гледаат парчиња бетон кои паѓаат од надворешната страна на трибината „Опус Арена“ во Осиек пред тоалетот, а за среќа не погодија ниту еден од навивачите, па избегната е можна трагедија. „Опус Арена“ е отворена на ...
Фудбалерите на Интер Мајами го победија Орландо со 5:0 со два гола на Лионел Меси, но головите на Аргентинецот останаа во сенка на еден негов неуспешен слободен удар. Имено, Меси на натпреварот имаше можност да постигне гол од слободен удар од 20 метри. Позицијата беше идеална за него со оглед на тоа што од неа постигна гол безброј пати, но овојпат шутираше непрецизно. Топката помина преку живиот ѕид, но и голот на Орландо, и заврши на трибините ...
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, ги предупреди своите фудбалери да не ги фаќа еуфорија и покрај предноста од 10 бода во однос на актуелниот шампион баерн Минхен. Баер Леверкузен вчера го победи Келн на гостински терен со 2:0 и по 24 кола има 10 бода предност од второпласираниот Баерн. – Во моментов позицијата на табелата не значи ништо. Има да се играат уште 10 кола. Задоволни сме од победата. Не е лесно да се победи овде, во дербито ...
Раководството на Пари Сен-Жермен се помири со фактот дека напаѓачот Килијан Мбапе ќе го напушти тимот како слободен играч претстојното лето. Сепак, клубот се надева на некаква финансиска компензација, пренесува „L’Equipe“. Според францускиот спортски весник, ПСЖ чека финансиска поддршка од претставниците на фудбалерот. Претходно пишуваа дека Мбапе ќе одбие бонус за лојалност од 80 милиони евра во корист на парижаните. Медиумите пренесуваат дека ...
Во 26. коло од германската Бундес лига, Дармштад на домашен терен доживеа тежок пораз од Аугсбург со 6:0, а тоа особено тешко им падна на навивачите на домашната екипа кои полека го губат трпението. Имено, по натпреварот еден од симпатизерите се симна од трибините и им очита лекција на играчите и стручниот штаб што веројатно добро ќе ја паметат. Водачот на навивачите не можеше да го сокрие бесот додека викаше, а играчите во тој момент можеа само ...
Александар Бублик е првиот финалист на АТП турнирот во Дубаи, а до следната фаза стигна на крајно необичен начин, бидејќи на противникот во полуфиналето Андреј Рубљов му беше забрането да го продолжи дуелот со резултати 6:7 ( 4), 7:6 (5), 6:5 за Бублик. Откако го загуби 11. гем во третиот сет, Рубљов му се развика на еден од линиските лица, а потоа еден од службените лица го пријави за употреба на несоодветен речник, поради што главниот судија ...
Лионел Меси беше избран од најголемиот американски весник „Њујорк тајмс“ за светски спортист минатата година, во анкета во САД тој е најпопуларниот спотер, како прв фудбалер во историјата на тие истражувања. .. Така Дејвид Бекам, првата голема ѕвезда од европскиот фудбал, сепак успеа да ја претвори Америка во фудбалски свет, што не му успеа како играч на Галакси, иако неговата популарност беше неспорна и во таа голема земја доминираа бројни ...
Фудбалерите на Реал Мадрид покажаа нервоза по мечот против Валенсија (2-2), кој заврши со инцидент. Судијата Хесус Хил Манцано ја заврши играта додека топката уште беше во шеснаесетникот на Валенсија, а неколку моменти подоцна, Белингем ја постигна голова, но истиот беше отфрлен, што ги разјари играчите на Реал. Следеа остри реакции по завршувањето на мечот во тунелот кон соблекувалните и во зоната за интервјуа, според информации од Павел ...
Македонските фудбалски прволигашки екипи денеска ќе го одиграат 21 коло во кое дербито е на програмата во Тетово каде Шкендија е домаќин на Вардар. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб сезонава се врати во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) и прв пат по пауза од три години му гостува на тетовскиот ривал. Двете екипи се со различни амбиции во пролетниот дел од сезоната. Третопласираната Шкендија атакува на шампионската титула и ...
Пол Погба, играчот од средниот ред на Јувентус и светски шампион со Франција во 2018 година, доби четиригодишна суспензија поради користење недозволени средства. Вака одлучи италијанското обвинителство за борба против допингот. Погба се огласи на социјалните мрежи откако дозна за казната. „Денеска сум информиран за одлуката и чувствувам дека пресудата е неточна. Тажен сум, шокиран и уништен што ми е одземено се што изградив во мојата ...
Српската одбојкарка Александра Узелац преживеала вистинска драма во Бразил. Таа моментално игра за Флуминенсе, во Рио де Жанеиро, а во интервју за „Моцарт Спорт“ раскажа како двапати ѝ висел животот на конец. „Се враќав од вечера со другарка, возевме велосипед по патеката што е наменета за тоа, до неа е тротоарот за пешаци, па делот каде што се засадени дрвјата – наоколу има корени и камења, а потоа патот каде одат колите – кој е понизок. Во ...
Килијан Мбапе неодамна го посети францускиот претседател Емануел Макрон, а некои медиуми овој дочек го окарактеризираа како последен обид на ПСЖ да ја задржи својата суперѕвезда. Всушност, тоа не беше ни темата на состанокот, на кој присуствуваа многу други моќници, Килијан беше ликот на сликата и симболот на Франција. Llega Kylian Mbappé a la cena en el Eliseo, diez minutos después de Al-Khelaïfi. @diarioas @ellarguero ...
Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, смета дека клубот се наоѓа во преоѓање од една во друга етапа на своето постоење. Кер доби двегодишно продолжување на договорот кој сега ќе истекува паралелно со договорот на тимскиот лидер Стеф Кари. – Се чувствувам многу удобно да го продолжам мандатот за две години. Се наоѓаме во единствена ситуација кога една ера во клупската историја завршува, а друга се приближува. Се обидуваме да ги комбинираме ...
Култниот англиски стадион Сент Џејмс Парк, домот на фудбалскиот клуб Њукасл, ќе биде домаќин на Светското првенство за ветерани, поточно за фудбалери над 35 години, во јуни. Овој настан ќе собере бројни фудбалски легенди кои како и навивачите ќе будат спомени од некои поранешни времиња, а Дејли Мејл ексклузивно ги објави имињата на играчите кои го потврдија своето доаѓање и учество. Newcastle's St James' Park is the frontrunner to host the ...
Најдобриот тенисе рна светот, Новак Ѓоковиќ го коментираше неговото враќање на Мастерсот во Индијан Велс. Србинот веќе пристигна во САД и тренира. – Сега е 2024 година, а последен пат кога играв на Индијан Велс беше 2019 година. Пет години се предолги без учество на турнир во „тенискиот рај“, еден од најдобрите турнири во светот, омилениот Мастерс на многу играчи, меѓу кои и јас. Се сеќавам на 2008 година, кога за прв пат ја освоив титулата во ...
Новата сезона во Формула 1, 75-та по ред, започнува во четврток со првиот слободен тренинг пред Големата награда на Бахреин. А во новата сезона фаворит за титулата е трикратниот последователен светски шампион возач Ред Бул Макс Верстапен, кој лани постави рекорд со вкупно 19 триумфи во една сезона. Верстапен ќе влезе во сезоната со амбиција да се изедначи по бројот на титули со легендарниот Алан Прост и поранешниот возач на Ред Бул, Себастијан ...
Во поглед на следната сезона, Барса работи на планирање на можни потписи и една од точките на дебата во спортското раководство на Барса е голманската позиција, пишува Мундо Депортиво. Во текстот се вели дека минатиот вторник, клубот анализира дали да продолжи со Ињаки Пења како замена или дали да бара поискусна замена за Тер Штеген. Во ова сценарио се појавува ликот на Столе Димитриевски (30 години), македонски голман на Рајо Ваљекано чиј ...
Дисциплинската и етичката комисија на фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија го прифати објаснувањето на Кристијано Роналдо за неговото „неморално“ однесување и му ја намали суспензијата. Роналдо се фати за меѓуножјето за време на натпреварот против Ал Шабаб откако противничките навивачи го испровоцираа скандирајќи го името на Лионел Меси и беше предмет на состанок на Дисциплинската и етичкиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија. ...
По 22. коло од Првата лига на Црна Гора дојде до промена на врвот на табелата. Дечиќ ја презеде лидерската позиција од Будуќност, но црногорската јавност се сомнева во местењето на нивниот меч против Младост од Доња Горица. Будуќност на домашен терен во Подгорица беше поразена од Језера од Плав со 1:0, а Дечиќ на гости го победи Младост од Доња Горица со 3:0 и го зазеде првото место на табелата. Сепак, нивниот дуел во Подгорица предизвика ...
Повеќекратната шампионка на Србија во бодибилдинг и фитнес, Милица Наранчиќ, постави фантастичен Гинисов рекорд и доби признание за тоа. Наранчиќ за една минута направи дури 61 склекови, отскокнувајќи од подот. За какво достигнување станува збор доволно говори дека претходниот рекорд изнесуваше 40 склекови, а таа го собори со импресивна разлика и ја постави границата толку високо што ќе биде тешко да се надмине. Таа го постави рекордот на крајот ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е познат како некој кој посветувал големо внимание на здравиот живот и тренинзите во текот на неговата славна кариера. И покрај тоа што наполни 39 години, Роналдо се уште изгледа импресивно, што не е чудно бидејќи тренира сериозно секој ден. Се чини дека по истите стапки тргна и неговиот потомок Кристијано Роналдо Јуниор, судејќи по фотографиите кои денес Португалецот ги сподели со своите фанови. ...
По завршувањето на кариерата, легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо учествуваше во неколку интересни проекти, а сега ќе имаме можност да го видиме во реалити програма. Роналдињо ќе влезе во турската верзија на Survivor, најави водителот Ацун Иликали, шокирајќи ги и воодушевувајќи ги истовремено учесниците на таа реалност. Ацун ги собра учесниците на Survivor и им најави дека ќе имаат специјален гостин и дека се работи за голема фудбалска ...