Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи на турнирите во Романија. Таа денеска во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Букурешт со сигурна игра стигна до триумф против Лаура Хиетаранта од Финска со 2-0 во сетови (6:3, 6:3) за два часа игра. Во полуфиналето Ѓорческа која е рангирана како четврта носителка ќе игра против првата носителка Деспина Папамихаил од Грција. Во првиот сет македонската тенисерка имаше три брејка ...
Ергин Атаман, селектор на Турција, зборуваше на прес-конференција по неуспехот во финалето на Евробаскетот. Неговата репрезентација загуби од Германија во финалето во Рига (88:83) во трилер завршница. „Мислам дека во текот на овие три недели во Рига на Евробаскетот, разговаравме за сè и немам ништо ново да кажам. Многу сме тажни поради поразот, потресени, но ѝ честитам на Германија за освојувањето на шампионатот“, рече Атаман на почетокот. ...
Германија на светската и ја придодаде и европсата титула. Германија, вечерва во Рига ја победи Турција со 88:83 и по 1993 година повторно ја освои европската титула. Апсолутен херој на Германија, пред сите е Исак Бонга, а во завршницата капитенот Денис Шредер кој во последните 67 секунди постигна шест поени. Турците и во своето второ финале (првото го играа во 2001 година) не успеа да се искачи на врвот. Германија стана четвртата ...
Манчестер сити го доби градското дерби против Јунајтед со 3:0 во четвртото коло, во Премиер лигата. Блескаше стрелецот на два гола Ерлинг Халанд. Менаџерот на Сити, 26. пат го водеше својот тим во дуелите со градскиот ривал и ја забележа 14. победа. Манчестер сити, против градскиот ривал ја прекина серијата од два порази, ја забележа втората победа во сезоната и напредуваше на табелата. Јунајтед, остана на 14.место, откако го забележа вториот ...
Грција го освои бронзениот медал на 42. Европско првенство во кошарка. Во „малото финале“, во Рига, Грција ја победи Финска со 92:89 (24:15, 24:19, 21:22, 23:33). За Грција ова е прв медал по пауза од 16 години, во 2009 година во Полска исто така оваа репрезентација беше бронзена. Грците го диктираа темпото речиси во текот на целиот натпревар, иако момците на Ласе Туови пружија добар отпор. Ова особено се почувствува во првото полувреме, но ...
Иако по „шокантната“ елиминација во осминафиналето на Евробаскетот 2025 селекторот на Србија, Светислав Пешиќ изјави дека нема да поднесе оставка, збогувањето, сепак, е неизбежно. Имено, во вчерашното интервју за српска „Политика“ тој откри дека ќе се пензионира и ќе му помогне на претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ, во изборот на новиот селектор на српската репрезентација. – Дојде време да се најде нов тренер кој ќе ...
Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие Дешан по Светското првенство во 2026 година. Се забележува дека за време на паузата во тренерската кариера, Зидан одбил голем број понуди од различни клубови, бидејќи бил решен да работи само во ...
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси се изрезили изминатата ноќ, промаши пенал, а потоа Шарлот го победи Интер Мајами со 3:0. Сè започна со пеналот во 32-та минута, кога Аргентинецот се реши за Паненка, хрватскиот голман Кристијан Калина остана на место, ја прочита намерата на Меси и фати „жива топка“. No luck on the panenka. Kristijan Kahlina stands his ground! 😳 📺 #MLSSeasonPass: https://t.co/Hk7vdrFPCI pic.twitter.com/ltzmUpAPEn — Major ...
Кошаркарската репрезентација на Турција супериорно избори место во финалето на Евробаскетот. Во второто полуфинале, Турција ја декласира Грција со 94:68 (26:16, 25:13, 23:20, 22:17). Турција по пауза од 24 години повторно ќе игра финале на ЕП. Во 2001 година на домашен терен Турците го загубија финалето од Сојузна Република Југославија. Грците како и пред 16 години го загубија финалето, тогаш во Полска ја освоија бронзата. Турската одбрана ја ...
Во петте натпревари од англиската Премиер лига одиграни од 16 часот, постигнати се само пет гола, од нив три на еден натпревар. Повеќето работи што вреди да се споменат од денешните натпревари од четвртото коло се случија во Борнмут, каде што истоимениот домашен тим го победи Брајтон со 2:1. Победата на Борнмут му ја донесоа стрелците Алек Скот и Антоан Семењо од пенал. Голот за Брајтон, за 1:1 во тој момент, го постигна Јапонецот Митома. ...
Атлетико Мадрид го победи Виљареал со 2:0 (1:0) во четвртото коло од Примера, што е прва победа за „јорганџиите“ оваа сезона по пораз и два нерешени натпревари. Во исто време „жолтата подморница“ го забележа првиот пораз во Ла Лига оваа сеозна. Тимот предводен од Диего Симеоне имаше многу посериозен пристап кон играта и поведе во деветтата минута со голот на Пабло Бариос, на кого му асистираше аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез. Атлетико ...
Охрид од 18 до 20 септември ќе биде домаќин на Меѓународниот ракометен турнир „Трофеј Македонија“. во организација на РФМ. На турнирот покрај Македонија, ќе настапат и селекциите на Тунис, Египет и Грција Селекторот на најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го објави списокот. Тој повика 20 ракометарки, најголемиот дел од домашните клубови и осум интернационалки. Собирот е закажан за ден 15.09.2025 ...
До крајот на Евробаскет 2025 останаа да се одиграат уште четири натпревари. Денес на програмата се полуфиналните натпревари на шампионатот во Рига, во кои ќе се натпреваруваат Финска – Германија и Турција и Грција. Јасно е дека очите на јавноста ќе бидат вперени во второто полуфинале, пресметката на соседите. Сè е подготвено за уште еден епски судир. Турција ја победи Полска во четвртфиналето со 91:77, по одличната игра на Шнегун, кој ...
Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер во следниот период нема да може да смета на голманот Саид Хаидарирад. Тој ја обнови повредата со која се здоби на турнирот во Охрид, се работи за парцијална руптура на задната ложа. Битолчани новата сезона во Лигата на шампионите ја почнаа со победа над Загреб на домашен терен, а токму Хаидарирад беше меѓу подобрите на теренот и притоа во последната секунда и постигна гол. Во домашното првенство ...
Фудбалерите на Брентфорд и Челзи одиграа нерешено (2:2) во четвртото коло на Премиер лигата. Ова беше натпревар полн со драма и пресврти, а на крајот, Брентфорд успеа да „извлече“ бод во 93-та минута. На почетокот од натпреварот, Бранфорд успеа да воведе ритам што повеќе му одговара, се играше бавно, без големи шанси, а Челзи без Палмер тешко создаваше шанси. Токму кога изгледаше дека полувремето ќе заврши без голови, во 35-та минута ...
Актуелниот шампион во Серија А, Наполи, лесно го мина гостувањето во Фиренца. Во третото коло, Наполи ја победи Фиорентина со 3:1. За Наполи, првиот меч по враќањето во клубот го одигра Елиф Елмас. Репрезентативецот на Македонија влезе на теренот во 69.минута на местото на Кевин Де Брујне. Екипата на Антонио Конте стигна до триумфот релативно рутински, иако Вања Милинковиќ-Савиќ мораше неколку пати да интервенира во финишот за да не биде ...
Јувентус во „Дерби дела Италија“, го победи Интер со 4:3. Дербито донесе спектакл во Торино, два пресврти, голови на браќата Тирам, голови на турските репрезентативци Јидиз и Чалханоглу и неверојатниот гол на Црногорецот Аџиќ во 92.минута са триумф на „старата дама“. Спектаклот во Торино со гол го отоври Кели по 14.минути игра. Изедначи Чалханоглу во 30.минута, со гол од далечина. Осум минути подоцна на сличен начин на спротивната страна ...
Фудбалерите на Тотенхем, како гости, го победија Вест Хем во градското дерби (3:0), во четвртото коло од Премиер лигата. Вест Хем доживеа уште еден тежок поразо во пресметка со ривал од Лондон, откако претходно на домашен терен загубија и од Челзи (1:5). Практично сè се случи во рок од 20 минути од второто полувреме, кога играчите на Тотенхем ги постигнаа сите голови, а „чеканите“ останаа со играч помалку. Папе Сар постигна гол во 47-та ...
Фудбалерите на Арсенал рутински го победија Нотингем Форест со 3:0, во четвртото коло од Премиер лигата. Тимот од Лондон поведе во првото полувреме, а потоа рутински ја потврди победата во второто. На клупата на Форест, неуспешно дебитираше, Ангелос Постекоглу. Се играше 32-та минута кога Мартин Зубименди постигна еден од најубавите голови оваа сезона во Премиер лигата. По корнерот на Мадуеке, реагираше одбраната на „шумарите“, поточно Крис ...
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) делумно ја потврди жалбата на Барселона против дисквалификацијата на главниот тренер Ханс-Дитер Флик и неговиот помошник Маркус Сорг. Тренерите беа дисквалификувани на 8 август за еден европски натпревар поради кршење на општите принципи на однесување и основните правила на пристојно однесување по полуфиналниот реванш-натпревар од Лигата на шампионите против Интер (3:4), што се одржа на 6 мај. Тие беа ...
Фудбалерите на Реал Мадрид славеа како гости против Сосиедад (2:1), во четвртото коло од Ла Лига. Чаби Алонсо, кој е особено поврзан со Сан Себастијан каде што порасна, имаше големи проблеми да триумфира со својот тим. И покрај фактот дека „кралскиот“ клуб имаше водство од 2:0, отежнувачка околност беше црвениот картон за Дин Хајзен веќе во 32-та минута. Во тој момент, Реал имаше предност благодарение на голот на Килијан Мбапе во 12-та ...
Пеп Гвардиола јасно стави до знаење дека за него нема подобар напаѓач од Ерлинг Халанд. Менаџерот на Манчестер сити одговори на новинарско прашање да направи споредба меѓу Халанд и Александар Исак, новиот напаѓач на Ливерпул платен 145 милиони евра, откако Арне Слот рече дека Исак е најдобар на светот. „Го ставам Халанд малку повисоко. Исак е исклучителен играч, но ме прашавте за Ерлинг и тој е на врвот“, рече Гвардиола. Тој додаде дека Исак ...
Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, ја потврди драстичната одлука поврзана со дисциплината во тимот. Рахим Стерлинг и Аксел Дисаси повеќе не се дел од првиот тим. Италијанскиот тренер потврди дека двајцата тренираат одделно и дека за нив нема место во првиот тим. -Тие се играчи на Челзи, но во моментов тренираат одделно од тимот и планот е да продолжат така. Не сум видел ниту еден од нив, ниту Аксел ниту Рахим. Тие тренираат во друго време и на ...
Холанѓанецот Макс Ферстапен, четирикратен последователен светски шампион, убедливо триумфираше во трката за Големата награда на Италија по 53 круга на патеката во Монца. Возачот на Ред Бул водеше од почетокот до крајот, откако ја започна трката од пол-позицијата, и ја забележа 66-тата победа во својата кариера и третата во оваа сезона. Подиумот го пополнија возачите на Мекларен, Британецот Ландо Норис ја помина целта втор, а Австралиецот ...
Англискиот репрезентативец Џуд Белингам сака да се врати на теренот овој месец. Играчот од средниот ред на Реал Мадрид беше подложен на операција на рамото кон средината на јули, поради проблеми кои ги имаше уште од ноември 2023 година. Првите претпоставки беа дека рехабилитацијата ќе трае меѓу 10 и 12 недели. Англичанецот деновиве тренирал делумно со тимот и се надева дека ќе се врати на теренот овој месец, иако клубот бара од него да биде ...
Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2. И тоа се спаси од пораз со гол постигнат во 85. минута. Се тргна добро за тимот на Севиља на овој меч откако Ромеро погоди за водство во 28. минута. Во вториот дел, Елче направи комплетен пресврт со головите на Андре Силва односно Мир. Сепак, домаќинот успеа да ...
Фудбалерите на Баер Леверкузен го победија Ајнтахт Франкфурт со 3:1 (2:0) во првиот натпревар од 3. коло на германската Бундеслига. Ова беше прв натпревар на Каспер Хјулманд на клупата на „фармацевтите“ и права победа, која требаше да биде лесна, но беше доведена во прашање во второто полувреме. Баер стекна капитална предност во првиот дел од натпреварот, со головите на Алехандро Грималдо во 10. минута, односно Патрик Шик од пенал во финишот ...
Најдобриот стрелец на Црвена звезда во минатата сезона, Шериф Ендиај, кариерата ќе ја продолжи во Турција. Преодниот рок во оваа земја трае до полноќ. Црвена звезда го продаде напаѓачот од Сенегал в Самсунспор. Според српските медиуми, спрскиот шампион од овој трансфер заработи шет милиони евра. Во текот на денот, Ендиај ќе замине за Турција каде што, по медицинските прегледи, ќе потпише четиригодишен договор со новиот клуб. Тој се враќа во ...
Александар Чеферин, претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), го коментираше претстојниот натпревар меѓу Србија и Албанија во рамките на квалификациите за Светското првенство. Србија ќе игра против Албанија на 11 октомври (20:45 часот), најверојатно на малиот стадион во Лесковац (капацитет 8.000 седишта), а пред тој натпревар Чеферин испрати силна порака. „Мојата порака, не само за овој натпревар, туку за сè, е дека фудбалот и ...
Реал Мадрид се соочи со неочекуван проблем пред патот во Сан Себастијан. Чаби Алонсо нема да може да смета на услугите на Антонио Ридигер. Ридигер се пожалил на болка во квадрицепсот за време на тренингот, по што веднаш отишол на прегледи и му била дијагностицирана повреда на мускулот на левата нога. Прегледите покажале дека повредата е сериозна. Првите прогнози се дека, во најдобар случај, паузата ќе трае 10, а можеби и повеќе од 12 недели. ...