Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Претседателот на фудбалските операции на Астон Вила, Мончи, се подготвува да го напушти клубот, потврдија повеќе извори блиски до клубот, објави и „Атлетик“. Шпанецот пристигна во Бирмингем во летото 2023 година од Севиljа, по една епизода во Рома и два мандати во клубот од Андалузија. За време на неговата прва сезона на „Вила Парк“, клубот под негово водство заврши на четвртото место во Премиер лигата и освои историско место во Лигата на ...
Таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал (18), Мунир Насрауи, не го криеше своето разочарување откако неговиот син заврши втор на гласањето за Златната топка, која му припадна на Усман Дембеле. Тој го изрази своето незадоволство во неколку наврати по церемонијата на доделување на наградата, пишува „Марка“. Веднаш по објавувањето на победникот, Насрауи, минувајќи низ зоната со шпанските новинари, кратко рече: „Следната година е наша“. ...
Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година, а откако го крена престижниот трофеј, не можеше да ги задржи солзите. Французинот, кој ги освои сите домашни трофеи и Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, не можеше да поверува што му се случи. „Неверојатно и извонредно е ова што ми се случи“, рече Дембеле откако ја прими Златната топка од легендарниот Роналдињо. „Сезоната со ПСЖ беше неверојатна. Малку сум нервозен… Да го ...
Американскиот кошаркар, играчот на Хјустон Рокетс, Фред Ванвлит, се повреди пред почетокот на НБА сезоната. Според Шемс Чаранија од ESPN, Ванвлит го скинал предниот лигамент и тоа би можело да значи дека сезоната е завршена пред да започне за плејмејкерот на Рокетс. Со оваа повреда се намалуваат сите шанси тимот на Хјустон да биде конкурентен оваа сезона во НБА. Ванвлит минатата сезона имаше просек од 14,1 поен, 3,7 скока и 5,7 асистенции по ...
Во машкиот фудбал, добитниците на Златната топка се менуваат, но во женскиот фудбал, апсолутната доминација на Аитана Бонмати продолжува. Шпанската репрезентативка, фудбалерка на Барселона ја освои оваа престижна награда трет пат по ред. По 2023 и 2024 година, Бонмати ја победи сонародничката и фудбалерка на Арсенал, Марион Калдентај, во овогодинешната трка. Лионел Меси и Мишел Платини се единствените кои ја освоиле Златната топка три пати по ...
Напаѓачот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Усман Дембеле ја освои „Златната топка“. Наградата на 69-то издане му беше врачена на гала церемонијата во Париз. Дембеле, минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот на Европа, Купот и Суперкупот на Франција. Усман Дембеле ја освои „Златната топка“ пред Ламин Јамал, кој беше втор и Витиња, кој го освои третото место. Следуваат Мо Салах, Рафиња, Ашраф ...
На свечена церемонија во Париз, на која по 69-ти пат ќе биде доделена Златната топка, наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман во светот му беше доделена на Џанлуиџи Донарума. Италијанскиот голман исто како и неговиот поранешен тренер Луис Енрике, минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот и Купот на Франција. Ова лето, тој се пресели во Манчестер Сити за 40.000.000 евра, бидејќи влегуваше во ...
Фудбалерите на Олимпик Марсеј го победија Пари Сен Жермен со 1:0 во петтото коло од Лига 1. Марсеј победи благодарение на единствениот гол на натпреварот, на почетокот од натпреварот. Се играше петтата минута кога Наиф Агерд постигна гол за водство на Марсеј од 1:0. Интересно е што тоа беше единствениот удар во рамките на голот на домашната екипа. Пари Сен Жермен постојано напаѓаше, пропушти неколку добри шанси, но на голот на Марсеј блескаше ...
Фудбалерот на Барселона, Гави, ќе биде подложен на артроскопија на десното колено поради повреда на внатрешниот менискус. Шпанскиот репрезентативец не играл од крајот на август, а интервенцијата е закажана за вторник, откако претходните третмани не дале резултати. Барселона изјави дека Гави прво бил подложен на „конзервативен третман“, а потоа на „интензивни спортски стрес-тестови“, но дека е одлучено да се изврши мала операција за да се ...
На свечената церемонија во Париз за доделување на „Златната топка“, Ламин Јамал беше избран прв, во категоријата најдобар млад играч. Играчот на Барселона ја доби наградата „Копа“. Суперѕвездата на Барселона дојде во „градот на светлината“ за да ја прими главната награда за најдобар играч во светот, но на почетокот на вечерта ја доби истата награда што ја освои и минатата година. Така, тој стана првиот играч во историјата што ја одбрани оваа ...
Трофејот „Јохан Кројф“, кој се доделува на најдобрите тренери во машка и женска конкуренција, на вечерашната церемонија во Париз го освоија Луис Енрике (Пари Сен Жермен) и Сарина Вигман. Покрај Енрике, номинирани беа и Ханси Флик, Енцо Мареска, Арне Слот и Антонио Конте, но како што се очекуваше, наградата му припадна на европскиот шампион. Покрај титулата во Лигата на шампионите, Енрике со ПАЖ ги освои првенството и Купот на Франција. Инаку, ...
Сергеј Милинквоиќ-Савиќ, поранешна ѕвезда на Лацио, би можел да се врати во Италија. Фудбалерот од средниот ред на Ал Хилал се пресели во Саудиска Арабија пред две години, а претходно играше за Лацио осум години. Сепак, неговата дестинација нема да биде Рим, туку Торино. Според медиумите во Италија, Игор Тудор се пожалил на недостатокот на играчи во средниот ред, а раководството на „старата дама“ го гледа Сергеј како идеално решение. Од друга ...
Карим Бензема (37) би можел да дојде во Бенфика, пишува „Гол Франс“. Францускиот напаѓач е на радарот на Бенфика, на чија клупа минатата недела седна Жозе Мурињо. Доколку трансферот се реализира, судбината веќе нуди филмско сценарио: дуел против неговиот поранешен клуб Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Португалскиот тренер знае што му е потребно за да напредува во проектот: искуство, лидерство и цели. Тука се вклопува Бензема. Мурињо не ја ...
Серхио Бускетс планира да ја заврши својата богата кариера на крајот од сезоната 2025 во американската МЛС лига, кога ќе завршат неговите обврски во Интер Мајами. 37-годишниот играч од средниот ред, кој освои 32 трофеи со Барселона и имаше 143 настапи за Шпанија, одлучи да се пензионира две години откако му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами. Според извештаите што доаѓаат од САД, Бускетс изјавил дека ќе се пензионира кога ќе му истече ...
Луис Хамилтон, ѕвездата на Ферари и најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња, откри како се ослободил од својата колекција автомобили вредна повеќе милиони евра и се свртел кон нова страст, уметноста. Седумкратниот светски шампион и рекордер со 105 победи им го потврди ова на новинарите во Баку во пресрет на Големата награда на Азербејџан, пишува „GrandPrix247“. 40-годишниот Британец потврди дека неговата гаража, која некогаш содржеше ...
Еден од најзначајните играчи на Барселона од почетокот на оваа сезона, Фермин Лопез, се повреди во победата на својот тим над Хетафе. Барселона лесно го победи Хетафе со 3:0 во петтото коло, два гола постигна Феран Торес, еден Дани Олмо. Победата на Барселона, остана во сенка на повредата на Фермин Лопез. Доби медицинска помош, наводно со солзи во очите, а тренерот Ханси Флик не можеше да каже по натпреварот дали станува збор за посериозна ...
Греам Потер е пред отказ во Вест Хем. Тимот изгледа многу лошо на почетокот на сезоната, победата кај Нотингем Форест е единствениот позитивен резултат по воведните пет кола од Премиер лигата и раководството на клубот знае дека нешто мора да се промени. Дури и летната пауза, реновирањето на тимот не донесе резултати, па според британскиот „Телеграф“, се очекува поранешниот менаџер на Брајтон и Челзи да биде отпуштен. Само шест победи во 25 ...
Англискиот напаѓач се врати во својата татковина со каталонскиот клуб, каде што Барса играше против Њукасл и го реши натпреварот. Постигна два гола, ја освои наградата за играч на неделата и покажа дека може да игра на најголемата сцена. Рашфорд се раздели со Манчестер јунајтед, но само привремено. Англискиот репрезентативец е на позајмица во Барселона, но би сакал да остане таму. Познато е дека Рашфорд не се раздели со Аморим и раководството ...
Церемонијата за доделување на Златната топка за 2025 година ќе се одржи вечер во Париз со почеток во 20 часот. Името на победникот сè уште строго се чува во тајност и е познато само на едно лице. Имено, по минатогодишната церемонија, беше активирано правилото победникот да не биде известен пред самото објавување, а главниот уредник на Франс Фудбал, Винсент Гарсија, рече дека тој е единствениот човек кој го знае победникот. Што се однесува до ...
Зоран Драгиќ (36) е нов кошаркар на Сплит, потврдија од клубот на социјалните мрежи. – Зоран Драгиќ е новиот играч на Сплит и ќе се приклучи на тимот во понеделник. Драгиќ е 36-годишен словенечки репрезентативец, кој минатата сезона играше за Билбао и го освои ФИБА Европа Купот, а во својата импресивна кариера ги носеше дресовите на Цедевита Олимпија, Жалгирис, Басконија, Улм, Трст, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Химки, Уникаха, Крка, Слован, ...
Арсенал и Манчестер сити одиграа нерешено 1:1 во Лондон во натпреварот од петтото коло од Премиер лигата. Ерлинг Халанд постигна гол за Манчестер сити, а Габриел Мартинели за Арсенал во 93-та минута. „Разочаран сум од резултатот. Бевме неверојатно силни. Зад нас е тешка недела. Тешко е да се игра со ова темпо. Противникот беше многу добар, па резултатот е фер на крајот. Овој тим мора да расте, има многу нови играчи, вклучувајќи ја и многу ...
Американскиот Си-Ен-Би-Си, објави интересна информација, а се однесува на Кевин Дурент, еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката. Рич Клајман, менаџерот на познатиот кошаркар, потврди за медиумите дека Дурент има на располагање многу пари во криптовалути. Сепак, постои еден огромен проблем. Кеј-Ди некаде ја изгубил лозинката. „Работиме на пронаоѓање на лозинката на Кевин за неговиот профил на „Коинбејс“. Тој никогаш не ги продал ...
Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, е новото засилување на Ефес Анадолу. Американецoт со полски пасош ќе потпише едногодишен договор со клубот предводен од Србинот Игор Кокошков. Ефес му плати отштета на Монако бидејќи Лојд имаше договор со тој тим до следното лето. Вицешампионот на Евролигата потврди дека Лојд го напуштил клубот, така што неговото доаѓање беше официјализирано од Ефес. Лојд импресионираше со своите игри во дресот на Полска на ...
Фудбалерите на Арсенал и Манчестер сити ремизираа 1:1 (0:1) во дербито на 5-то коло од англиската Премиер лига. Над сите очекувања, во Лондон беа видени „само“ два гола, а првиот падна во рана фаза, во 9-та минута. Ерлинг Халанд го започна и заврши одличниот контранапад на „Граѓаните“. Тоа беше шестиот гол на Норвежанецот во пет одиграни натпревари во Премиер лигата и продолжение на феноменалната серија оваа сезона. Сити играше добро, ...
Фудбалерите на Вардар вечерва славеа триумф над Работнички со 3:1 во 7. коло на Првата лига. До триумфот на „Тодор Проески“ во Скопје „Црвено-црните“ дојдоа со пресврт. Работнички поведе преку Имери во 7. Минута, изедначи Бабунски од пенал во 41. минута. Кастањеда во 59. минута донесе водство за домашниот тим, а конечниот резултат го постави Мато на 20 минути пред крајот. По оваа победа Вардар е лидер со 19 бодови, три повеќе од Струга Трим ...
Маркус Рашфорд беше човекот на одлука во првиот натпревар на Барселона оваа сезона во Лигата на шампионите. Англискиот напаѓач се врати во својата татковина со каталонскиот клуб, каде што Барса играше против Њукасл и го реши натпреварот. Постигна два гола, ја освои наградата за играч на неделата и покажа дека може да игра на најголемата сцена. Рашфорд се раздели со Манчестер јунајтед, но само привремено. Англискиот репрезентативец е на ...
Ракометната Федерација на Македонија утрово ја информира спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“. – Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното ...
Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, кој беше суспендиран од клубот ова лето поради обид за трансфер во Интер, е вклучен во составот за натпреварот против Торино во недела. -Тој разговараше со мене, со тренерскиот штаб и соиграчите, и ми се чини дека тие објаснувања беа добро прифатени. Тој сè уште не е во целосна форма бидејќи веќе некое време тренира самостојно или со резервите. Дали ќе игра утре? Сè уште не сум одлучил, ќе видиме дали ќе ...
Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 1:0 во дербито на Рим. Натпреварот, во матине терминот, не беше сепктакуларен, раа на срце и не се очекуваше дека ќе биде. Една шанса го реши победникот, онаа што Лоренцо Пелегрини ја претвори во гол. Рома ја имаше иницијативата на теренот, но Лацио имаше поконкретни шанси во првиот половина час од играта. Во 29-та минута, Закањи го тестираше Свилар со одличен удар под пречката, голманот на Рома ...
Мајорка и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во петтото коло, во Ла Лига. Двата тима имаа лош старт на сезоната, мајорка се уште е без победа, додека Атлетико само еднаш победи во првите пет рунди. Атлетико се самоуништи на „Сан Моиш“. Доминираа „јорганџиите“ во најголемиот дел од натпреварот, имаа посед 80-20, но не успеаја да го совладаат Лео Роман. Во првите 14 минути, Бариос ја погоди стативата, а потоа Роман му одбрани пенал на Хулијан Алварез. ...