Фудбалерите на Рома го победија Лацио со 1:0 во дербито на Рим. Натпреварот, во матине терминот, не беше сепктакуларен, раа на срце и не се очекуваше дека ќе биде. Една шанса го реши победникот, онаа што Лоренцо Пелегрини ја претвори во гол. Рома ја имаше иницијативата на теренот, но Лацио имаше поконкретни шанси во првиот половина час од играта. Во 29-та минута, Закањи го тестираше Свилар со одличен удар под пречката, голманот на Рома ...

Мајорка и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 во петтото коло, во Ла Лига. Двата тима имаа лош старт на сезоната, мајорка се уште е без победа, додека Атлетико само еднаш победи во првите пет рунди. Атлетико се самоуништи на „Сан Моиш“. Доминираа „јорганџиите“ во најголемиот дел од натпреварот, имаа посед 80-20, но не успеаја да го совладаат Лео Роман. Во првите 14 минути, Бариос ја погоди стативата, а потоа Роман му одбрани пенал на Хулијан Алварез. ...

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, ќе остане во италијанскиот тим и следната сезона, но ќе има на располагање фабрички мотоцикл, ист како што има неговиот постар брат Марк во Дукати. Алекс е главен конкурент оваа сезона на осумкратниот светски шампион во борбата за титулата, иако сега е сигурно дека возачот на Дукати ќе ја освои, можеби и na следната недела во Јапонија. Помладиот Маркез има забележано вкупно 21 подиум од почетокот на сезоната ...

Предраг Мијатовиќ, претседателот на ФК Партизан, влезе во жестока вербална расправија со навивачите на за време на 177-то „вечно“ дерби. Во еден момент од натпреварот, во кој неговиот тим на крајот беше поразен (2:1), Мијатовиќ се навали преку оградата од ложата и почна да се расправа со луѓето собрани на западната трибина. Не требаше долго време видеото, кое го прикажува Мијатовиќ како се расправа преку ложата брзо да се прошири на ...

Жозе Мурињо по четврт век се врати на клупата на Бенфика и со победа го започна вториот мандат. Бенфика забележа гостинска победа кај АФС со 3:0. Првите два гола Бенфика ги постигна од пенали. Судаков беше стрелец во судиското продолжение од првото полувреме, а Павлидис во 56-та минута. Потоа Мурињо побара од своите играчи трет гол, односно гол од игра. Фрањо Ивановиќ го постигна во 64-та минута по асистенција од Павлидис. Тоа беше само ...

Фудбалерите на Црвена звезда го победија Партизан со 2:1, во 177-то „вечно“ дерби одиграно во рамките на деветтото коло од српската Суперлига. По петти пат по ред во домашното првенство, а вкупно шести, црвено-белите ги надиграа своите ривали и со тоа уште еднаш ја потврдија, во овој момент, својата доминација во српскиот фудбал. Прв пат од 1974 година Црвенз звезда успеа два пати по ред да победи на теренот на најголемиот ривал. Минатата ...

Искусниот плејмејкер, Ник Калатес, и литванскиот центар Донатас Мотејунас нема да бидат во плановите на Монако за претстојната сезона, објавуви „БиБаскет“. Двајцата кошаркари имаат важечки договори, но клубот одлучи да оди во поинаква насока. Мотејунас (35) веќе го привлекува интересот на неколку екипи од Евролигата, додека ситуацијата со Калатес би можела да биде покомплицирана поради здравствени проблеми. Калатес, рекордер во Евролигата по ...

Ракометарите на Пелистер доживеаја пораз во Париз, од ПСЖ 33:27 (16:16) во второто коло во Лигата на шампионите. Пелистер на фаворизираниот противник му пружи сериозен отпор. 50 минути македонскиот првак играше егал со фаворизираниот противник. Последните 10 минути беа кобни за Пелистер, ПСЖ г заклучи натпреварот со серија 7:0. Во текот на мечот Пелистер имаше минус од четири гола, во првиот дел, но на полувремето резултатот беше изедначен, ...

Фудбалерите на Манчестер jунајтед го победија Челзи со 2:1 во петтото коло од Премиер лигата. Ова е втора победа на Јунајтед оваа сезона, а прва над Челзи од 2023 година. „Црвените ѓаволи“, барем на 24 часа се вратија во горниот дел од табелата и се наоѓаат на деветтото место, со бод помалку од „сините“, кои го забележаа првиот пораз сезонава во Премиер лигата. Рубен Аморим и неговите избраници имаа голема помош, бидејќи Челзи остана со играч ...

Фудбалерите на Хајдук и Динамо го одиграа првото дерби во сезоната.Во седмото коло од СуперСпорт ХНЛ на „Пољуд“ во Сплит, екипата од Загреб победи со 2:0. Головите за победа на „модрите“ ги постигнаа Арбер Хоџа во 44-та минута, кога ја зеде топката на околу 30 метри од сопствениот гол, се упати кон голот на Хајдук и го заврши одличниот соло пробив со удар од работ на шеснаесетникот за 0:1. BEAUTIFUL SOLO GOAL FROM ARBER HOXHA! GETS THE BALL ...

Реал има максимален учинок во Ла Лига, победи на сите пет натпревари. По Осасуна, Овиедо, Мајорка и Сосиедад, Реал победи и против Еспањол, иако гостите пружија солиден отпор на „Сантијаго Бернабеу“. Реал го победи Еспањол со 2:0 и му го нанесе првиот пораз на тимот од Барселона. Само еднаш во првото полувреме Реал шутираше во рамката на голот на Еспањол, Едер Милитао го направи тоа во 22-та минута по додавањето на Валверде, но неговиот ...

Фудбалерите на Баерн го победија Хофенхајм на гостински терен со 4:1, во четвртото коло од Бундеслигата. Баварците се непоразени оваа сезона, единствениот тим што има максимален учинок. Хари Кејн, капитенот на англиската репрезентација, ги предводеше до уште една победа, ксо втроиот хет-трик од почетокот на сезоната. Долго се чекаше на првиот гол на Баерн, до 44-та минута кога мрежата на домашниот тим ја затресе Кејн Веднаш по враќањето на ...

Бошко Ѓуровски е згрижен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, а Црвена звезда се огласи со соопштение. На Ѓуровски му се слоши за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ. „На комеморацијата за Дејан Миловановиќ, на Бошко Ѓуровски одеднаш му се слоши за време на говорот. Легендарниот фудбалер на нашиот клуб брзо се освести, а потоа беше префрлен во Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедење“, каде што ...

Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, е новото засилување на Ефес, објави турскиот клуб. Американецт со полски пасош ќе потпише едногодишен договор со клубот предводен од Србинот Игор Кокошков. Ефес му плати отштета на Монако бидејќи Лојд имаше договор со тој тим до следното лето. Вицешампионот на Евролигата потврди дека Лојд го напуштил клубот, така што неговото доаѓање беше официјализирано од Ефес. Лојд импресионираше со своите игри во дресот ...

Фудбалерите на Ливерпул продолжуваат да доминираат во Премиер лигата. Шампионот на Англија ја забележа петтата последователна победа во лигата од почетокот на сезоната, против големиот градски ривал Евертон. Мерсисајд дерби на „Енфилд“ заврши со резултат 2:1. „Црвените“ заслужено славеа, но нивните навивачи повторно стрепеа во финишот на натпреварот. Холанѓанецот Рајан Гравенберх блескаше. Тој го постигна водечкиот гол и асистираше за вториот ...

Фудбалерите на Леванте ја победија Џирона на гости со 4:0, во петтото коло од Ла Лига. Сè тргна „надолу“ за Џирона од 30-та минута кога Аксел Витсел доби втор жолт картон за невнимателен прекршок, а домашните останаа со еден играч помалку. Леванте ја имаше иницијативата и поведе на крајот од првото полувреме, кога Ета Ејонг постигна гол во 43-та минута за 1:0. Работите на теренот за Џирона станаа катастрофални кога на почетокот на вториот дел ...

Завршија уште четири натпревари од петтото коло на Премиер лигата, домаќините освоија само два бода. Најинтересно беше на „Амекс“ во Брајтон, домаќинот одигра 2: против Тотенхем и покрај тоа што имаше водство од 2:0. Одличниот Јакуба Минтех прво ја одзеде топката во осмата минута, а потоа ја заврши акцијата со гол со малку среќа бидејќи беше само на милиметри од офсајд позиција. Ајари во 31-та минута постигна убав гол, откако Викарио имаше ...

Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ, а првите информации за здравствената состојба на легендата на Црвена звезда се охрабрувачки. Присутните веднаш го кренаа Ѓуровски, а тој брзо се освести и се чувствуваше добро по укажаната помош. Секако, здравствената состојба на Ѓуровски ќе биде детално испитана и се чекаат прегледи, а најважно е што немало никаков удар врз неговиот организамшто веднаш би ...

По завршувањето на квалификациите познат беше и последниот ривал на Вардар во групната фаза од новата сезона во Европската лига, а ЕХФ веќе ги објави и распоредот и саатниците за сите натпревари на нашиот најтрофеен ракометен клуб. Вардарци серијата ја започнуваат на 14 октомври со домашен меч против Сесвете, а натпреварите од групната фаза ги завршуваме со домашен меч, против Тулуз на 2 декември. Распоред на натпреварите: 14.10.2025 – Вардар ...

Германскиот фудбалер Џером Боатенг, светски шампион со репрезентацијата во 2014 година и двократен освојувач на Лигата на шампионите со Баерн, објави дека ја завршил својата професионална кариера. Овој 37-годишен фудбалер, по потекло од Гана, по Баерн играше за Олимпик Лион, Салернитана и ЛАСК од Линц. „Благодарен сум на сите тимови, навивачи, луѓе кои ме поддржуваа, а пред сè на моето семејство. Тие секогаш беа со мене“, додаде Боатенг, со ...

Јапонецот Јуки Цунода, се огласи по повод шпекулациите дека Ред Бул би можел да го замени со Исак Хаџар наредната сезона. Јапонскиот возач беше прашан да ги коментира овие шпекулации пред Големата награда на Азербејџан. „Не знам на какви озборувања мислите“, им рече Цунода на новинарите. Кога му објаснија, тој одговори дека „тоа не се факти“ и дека се занимава само со сопствените перформанси. „Јас само се фокусирам на она што можам да го ...

Пред дербито со Арсенал, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше и за својот пријател и поранешен помошник Микел Артета, сегашниот менаџер на лондонските „топџии“. Дербито на петтото коло од Премиер лигата се игра во недела во Лондон, каде што Арсенал го пречекува Манчестер Сити. „Топџиите“ беа вицешампиони на Англија во последните три сезони, двапати зад „граѓаните“ на Гвардиола, а минатата сезона зад Ливерпул на Арне Слот. ...

Синот на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, Лука, госмени спортското државјанство и во иднина ќе игра за Алжир, објави денес Светската фудбалска федерација (ФИФА). Како што објави ФИФА, барањето на Лука Зидан е одобрено бидејќи тој никогаш не бранел за Франција во сениорската конкуренција, туку само во помладите категории. Лука Зидан има 27 години и го брани голот на шпанскиот второлигаш Гранада, а според најавите, селекторот на ...

Претседателот на Милан, Паоло Скарони (78), истакна дека Интер и Милан ќе го добијат најдобриот стадион во Европа до 2031 година, кој ќе биде гордост на сите граѓани на Милано, објавија италијанските медиуми. „Проектот за нов стадион во градскиот округ Сан Сиро е во изработка веќе долго време, инвестирани се многу пари и сигурно ќе ја постигнеме зацртаната цел. Милан и Интер ќе го добијат најдобриот стадион во Европа, на кој сите граѓани на ...

Манчестер Јунајтед сè уште талка на почетокот од новата сезона, а тренерот Рубен Аморим останува доследен на својата филозофија на играта, иако е под сериозен притисок од јавноста и навивачите. Серијата лоши резултати дополнително ги зголеми критиките кон португалскиот стручњак, а повеќето полемики се однесуваат на неговата одлука да не отстапи од формацијата со тројца во последната линија, односно формацијата 4-3-3. И покрај сè погласните ...

Фудбалскиот клуб Бенфика, вчера официјално го претстави Жозе Мурињо како шеф на струшниот штаб. Мурињо по 25 години се врати во клубот каде што ја започна самостојната тренерска кариера. Бенфика не сака прекин на соработката на нејзина штета со Жозе Мурињо, кога тоа ќе се случи. Клубот за да се заштити во договорот вметна посебна клаузула. Во Бенфика беа свесни кого ангажираат на местото на Бруно Лаж, тренер кој инкасирал повеќе од 100 ...

Фудбалскиот клуб Кристал Палас е казнет со 10.000 евра за транспарентот што нивните навивачи го истакнаа против Фредрикштад во плејофот на Конференциската лига. Навивачите на на клубот од „Селхрст Парк“, се лути на УЕФА, откако не им беше дозволено да играат во Лига Европа, што фер го заработија со своите настапи на теренот минатата сезона. Причината е што тие имаат иста сопственичка структура со Олимпик Лион и двата клуба не можат да бидат ...

Формула 1 и ФИА ги објавија имињата на шест локации каде што ќе се одржат спринт трки во 2026 година. За прв пат, спринт трките ќе се одржат во Монтреал, Зандворт и Сингапур, а тука се и Шангај, Мајами и Силверстоун. Првата спринт трка ќе биде на Големата награда на Кина, која се одржува од 13 до 15 март, а потоа се сели во Северна Америка (Мајами и Монтреал). Европските спринт патеки се британскиот Силверстоун и холандскиот Зандворт, а ...

И покрај тоа што Германија го освои Евробаскетот, по победата над Турција (88:83) во финалето, Ергин Атаман беше прогласен за најдобар тренер на турнирот. Ова не му се допадна на МВП-то на турнирот Денис Шредер, кој јасно го искажа своето мислење. За време на преносот во живо од прославата на платформата „Twitch“, тој извика: „Атаман, е.и се! Најдобриот тренер? Ајде!“, извика Шрудер додека ја славеше титулата во автобусот, а ја емитувеше ...

Пеп Гвардиола дал зелено светло за трансфер помеѓу два клуба од Манчестер, тврдат англиските медиуми. Низ историјата речиси и да немало трансфери меѓу клубовите од Манчестер. Трансфер на играч од Сити во Јунајтед или обратно немало уште од 1999 година, кога Тери Кук од Јунајтед се пресели во Сити. Претходно голманот Тони Котон се пресели од Манчестер сити на „Олд Трафорд“ во 1996 година. Тој никогаш не одигра ниту еден настап во Премиер ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
999
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
93%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.22
97%
1000
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
96%
999
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
83%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
82%
999
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
999
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
94%
999
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
94%
998
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
68%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Злато

159231.39

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Платина

67162.91

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.03

Сребро

2460.50

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72