Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси продолжи да блеска во МЛС лигата. Меси беше клучен играч на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Њујорк Сити, кој тимот од Флорида го доби со 4:0. Со оваа победа, Интер официјално се квалификуваше за плејофот во МЛС, со скор од 16 победи, шест нерешени резултати и седум порази. Со асистенција во првото полувреме, Меси стана првиот играч во историјата на МЛС кој имал најмалку 35 гола (голови + асистенции) во две ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, имаше напредок од девет места на ВТА-листата и од овој понеделник е рангирана на 198. место. Иако минатата недела, на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, заврши во четвртф-финалето, сепак, освои нови бодови. Таа го подобри своето салдо со нови 16 бода, па сега има 358. Инаку, нејзиното најдобро рангирање беше на 12 јули 20217 година, кога се најде на 170. позиција. Што се однесува до ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го истакна своето задоволство од атмосферата во тимот по неговата победа викендот на Големата награда на Азербејџан. – Доживеавме многу одлични моменти заедно. Не е пријатно да се поминува низ тежок период. Но, сега кога повторно победивме, сè е подобро. Атмосферата е фантастична, ни дава самодоверба. Луѓето гледаат светлина на крајот од тунелот и мислат дека иднината изгледа посветла. Но, ќе мора да ...

Нерешено 33:33 заврши вечерашното дерби во „Автокоманда“ меѓу Алкалоид и шампионот Еурофарм Пелистер. Дуелот од 3. коло на македонското ракометно првенство донесе драматична завршница. Алкалоид на две минути пред крајот имаше предност од два гола и двајца ракометари повеќе, но и тоа не беше доволно за конечна победа. Битолчани до бод дојдоа со голот на Хосни во последната секунда. За Алкалоид ова е втор нерешен резултат, и двете реми се на ...

Вечева се одиграа последните натпревари од третото коло на Лига купот. Според очекувањата Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем и Њукасл се пласираа во следната рунда. Манчестер сити гостуваше кај Хадерсфилд и победи со 2:0. Сити водеше со 1:0 по 18 минути. Фил Фоден им донесе водство на „Граѓаните“, а тоа беше резултатот од првото полувреме. Во 74-та минута, Фоден се најде во улога на асистент, а Савињо го постави конечниот резултат. Њукасл го ...

Ливерпул реди победи на стартото на новата сезона, но Флоријан Вирц сè уште не убедил никого дека англиските шампиони направиле добар потег кога решија да го ангажираат. Германскиот репрезентативец пристигна на „Енфилд“ ова лето за 116 милиони фунти (100+16 бонуси), што е околу 135 милиони евра. Очекувањата се големи, но 22-годишниот играч од средниот ред се соочи со тежок почеток во Ливерпул. Очигледно е дека сè уште не го пронашол својот ...

Екипите од Втората фудбалска лига Охрид и Детонит Плачковица изборија четвртфинале од Купот на Македонија. ГФК Охрид пред своите навивачи успеа да го совлада прволигашот Шкупи со 3:0 . Воедно охриѓани ја искористија слабата форма на прволигашот, кој нема освоено бод во лигата. Во Струмица гостите Детонит Плачковица ја совладаа екипата на Беласица со 1:0 за пласман меѓу најдобрите осум екипи во куп натпреварувањето. Во другите двојки ќе ...

Повеќе од 100 навивачи на Рома беа уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти во градот пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа. Како што објави „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот град во Ница. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки. Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на ...

Кристијан Хорнер официјално го напушти Ред Бул откако беше постигнат договор за раскинување на договорот и пакет за отпремнина во вредност од 60 милиони евра, објави Би-Би-Си. Британецот (51) беше на чело на тимот од неговото основање во 2005 година и во тој период го водеше тимот до осум шампионски титули во конкуренција на возачи и шест во конкуренција на конструктори. Имаше годишна плата од 12 милиони евра, а неговиот договор беше важечки ...

Инциденти го обележаа четвртфиналениот натпревар меѓу Флуминенсе и Ланус на легендарната „Маракана“м одигран во Копа Судамерикана. Инцидентите започнаа на полувремето, ги започнаа гостинските навивачи. поради што почетокот на второто полуврмеме беше одложен за 30 минути. Според извештаите, инцидентот наводно започнал по тепачка меѓу навивачите на Ланус во ходникот или тоалетот на стадионот, што дополнително ги зголемило тензиите. Pelea entre ...

Екипата на ТФТ е победник на меморијалниот турнир „Андреј Грковски- Тафта“ кој беше во организација токму на клубот од скопската населба Тафталиџе. Во финалниот натпревар, ТФТ со пресврт во последниот период го совлада шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 74:73. Кај ТФТ, Дејвис Џуниор броеше до 31.поен (8.скока и 4.асистенции), Гордон имаше 18, а Виктор Ташовски заврши со 16 поени. Прв стрелец во редовите на МЗТ беше МекКејден, кој заврши со ...

ФИФА, сериозно размислува за идејата Светското првенство во 2030 година да биде проширано на 64 репрезентации. Според извори на „Оле“, ФИФА ќе го поддржи предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на учесници на турнирот на рекорден број. Во тој случај, натпреварувањето би било организирано во 16 групи, каде што секоја група би имала по четири репрезентации. Двете најдобро пласирани ...

Фудбалскиот клуб Барселона потврди дека играчот од средниот ред Пабло Паес Гавира, познат како Гави, е успешно опериран по повредата на коленото. Како што беше објавено на официјалниот профил на клубот „X“, 21-годишниот играч од средниот ред е подложен на артроскопска интервенција за санирање на повредата на медијалниот менискус. Според проценките на медицинскиот тим, очекуваниот период на закрепнување е помеѓу четири и пет месеци, што значи ...

Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти бразилскиот играч од средниот ред Касемиро да го напушти клубот како слободен агент во јуни, ако не успеат да најдат купувач дотогаш, тврди поранешниот скаут Мик Браун, пишува „GiveMeSport“. Клубот од „Олд Трафорд“ наводно се подготвува за заминувањето на 33-годишникот за помалку од десет месеци, со оглед на тоа што Касемиро нема иднина во долгорочните планови на менаџерот Рубен Аморим. Бразилецот ...

Третото коло во Лига купот на Англија го обележа со дуел помеѓу Ливерпул и Саутемптон. Ливерпул повторно победи со гол во последните минути (2:1). Натпреварот го обележа неверојатниот потег на Уго Екитике. Арне Слот го одигра овој натпревар со комбиниран состав. Најновото засилување на „Црвените“, Александар Исак, го постигна деби голот за Ливерпул, со што му донесе водство на својот тим во 43-та минута. Сепак, гостите од Чемпионшип не се ...

Роберто Мартинез, селекторот на Португалија, бил ограбен минатата сабота, објавија локалните медиуми. Имено, крадци го скршиле прозорецот и влегле низ кујната, а украле часовници и накит во вредност од над милион евра. Според истиот извор, никој не е повреден, а инцидентот се случил на периферијата на Лисабон, каде што живее Мартинез. За среќа, тој не бил дома во тоа време, а сè го открил чистачот. Мартинез се подготвува за претстојните ...

Рафаел Леао е еден нјдобрите трансфери на Милан во последните пет години. Крилниот напаѓач гостувајќи во еден подкаст откри дека пред да потпише договор со Милан, Интер бил сериозно заинтересиран за него. Кога португалскиот офанзивен играч го носеше дресот на Лил, Интер беше првиот што затропа на вратата, во летото 2019 година. Леао не бил расположен за трансфер на „Џузепе Маца“, иако францускиот клуб се залагаше тој трансфер да се случи. ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби финалето на W 75 турнирот што се играше денеска во Букурешт, за награден фонд од 60.000 долари. Поуспешна од неа беше актуелната јуниорска шампионка на Ролан Гарос Лили Тагер од Австрија со 2-1 во сетови (64 36 64). Со овој пораз прекината е низата од девет победи на македонската тенисерка, а на последните 20 меча Ѓорческа има 17 победи. Финалниот меч траеше 2 часа и 35 минути. Ова за Ѓорческа ...

Префектот на Неапол, Микеле Ди Бари, ја забрани продажбата на билети за навивачите на Ајнтрахт Франкфурт за натпреварот од Лигата на шампионите против Наполи во ноември од безбедносни причини. Како што објави весникот „Република“, забраната е донесена врз основа на советот на Полициската управа во Неапол и во согласност со одлуките на Покраинскиот комитет за јавен ред и безбедност. Според одлуката, навивачите на Ајнтрахт нема да можат да ...

„Камп Ноу“ е сè уште во фаза на реконструкција, а Барселона упорно најавува дека нејзините играчи наскоро повторно ќе играат во својот дом. Барем засега тоа сè уште не е можно. Градските власти на Барселона потврдија во вторникот дека „Камп Ноу“, дури и со ограничен капацитет, не е подготвен за враќање на навивачите, објавува „Мундо депортиво“. Клубот планираше да биде домаќин на околу 27.000 гледачи во недела против Реал Сосиедад, но ...

Хари Кејн би можел да го напушти тимот на Баерн следното лето, а доколку некој тим го сака, цената е позната. Англискиот напаѓач продолжи да ги тресе мрежите на почетокот од новата сезона во дресот на Баерн. Барселона е заинтересирана да го доведе наместо Роберт Левандовски, доколку договорот со Ерлинг Холанд не се реализира. „Билд“ ја открива и цената за Кејн по која Баерн мора да го пушти. Станува збор за клаузула што ја има на крајот од ...

УЕФА покрена постапка против тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, еден од членовите на неговиот стручен штаб и фдбалскиот клуб Ливерпул. Минатата среда, Атлетико во Ливерпул успеа да се врати по минусот од два гола, но не издржа, Ван Дајк во 92-та минута им ја донесе победата на „црвените“. Навивачите, жестокот славеа, а оние што беа блиску до клупата на Атлетико Мадрид го навредуваа Симеоне и неговиот тренерски штаб. Симеоне веднаш ...

Англискиот фудбалер Нони Мадуеке (23) ќе биде надвор од терените најмалку два месеци поради повреда на коленото здобиена на натпреварот против Манчестер сити (1:1). Повредата на Мадуеке е уште еден тежок удар за тренерот на тимот, Микел Артета, бидејќи од претходно не може да смета на Каи Хаверц, Мартин Одегард и Габриел Жесус. Пред две недели, Мадуеке беше стрелец на вториот гол на натпреварот во убедливата победа на Англија од 5:0 над ...

Челзи, изминатиот викенд загуби од Манчестер јунајтед (2:1), во дербито на колото. „Сините“ од петата минута играа со фудбалер помалку и неможеа да го избегнат поразот. Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, знае кој е првиот фаворит за освојување на титулата. Мареска зборуваше за Ливерпул и нивниот одличен почеток на сезоната пред натпреварот од Лига купот против Линколн. Тој истакна дека ќе биде многу тешко за другите тимови да се натпреваруваат ...

Претставниците на Реал Мадрид и менаџерите на Винисиус Жуниор ги продолжиле преговорите околу новиот договор, објавија шпанските медиуми. „АС“, објави дека разликата меѓу двете страни во однос на парите е 15 проценти, и се чини дека Реал не е подготвен за компромис, иако сите сакаат Винисиус да остане во клубот. Вчера, пред претпладневниот тренинг, Винисиус во тренинг центарот на клубот се појавил во друштво на менаџерите, Тата Соарес и ...

Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Азербејџан. Актуелниот шампион ја забележа четвртата победа сезонава, 67-ма во кариерата. Холанѓанецот забележа Ф1 Гренд слем, ја освои пол-позицијата, водеше во тркатата од првиот до последниот круг и го возеше најбрзиот круг во трката. Трката на патеката во Баку, ја обележаа и Оскар Пајстри, Карлос Саниц и Џорџ Расел. Пјастри, лидерот во генералниот пласман, имаше кошмар на стартот. ...

Во зимскиот преоден рок, Ливерпул има намера да го доведе фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, кој може да игра како стопер, но и како десен бек. Во јануари оваа година, уругвајскиот репрезентативец го продолжи договорот со Барселона до јуни 2031 година. И покрај тоа што е капитен на Барселона, тој не е стандарден во првиот тим, промената на средината би можела да му одговара нему, како и на Каталонците, според шпанските медиуми. Ливерпул ...

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ проговори за можноста еден ден повторно да се врати во Евролига. Дончиќ, кој порасна како кошаркар во редовите на Реал Мадрид, го носеше дресот на „кралскиот клуб“ од 2015 до 2018 година, пред да оди „преку барата“ и да ја започне својата НБА кариера со Далас Маверикс. – За да играш за Реал Мадрид, мора да бидеш многу добар, истакна Лука, а потоа откри дали ќе се врати во Реал на крајот од кариерата: ...

Поранешниот претседател на Јувентус, Андреа Ањели, се спогоди со италијанските власти во судскиот процес за лажно книговодство и доби условна казна затвор од 20 месеци, пресуди судот во Рим. Оваа одлука би можела да го отвори патот за негово враќање во фудбалот откако ќе му истече забраната за работа во спортот следниот месец. Во истиот процес, поранешниот потпретседател на клубот, Павел Недвед, доби условна казна од 14 месеци, а поранешниот ...

Претседателот на фудбалските операции на Астон Вила, Мончи, се подготвува да го напушти клубот, потврдија повеќе извори блиски до клубот, објави и „Атлетик“. Шпанецот пристигна во Бирмингем во летото 2023 година од Севиljа, по една епизода во Рома и два мандати во клубот од Андалузија. За време на неговата прва сезона на „Вила Парк“, клубот под негово водство заврши на четвртото место во Премиер лигата и освои историско место во Лигата на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
66%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
996
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
998
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.23
98%
999
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
6.26
73%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
90%
999
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
3.6
92%
996
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.07

Паладиум

53434.54

Цинк

3.33

Родиум

336779.07

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Сребро

2457.28

Злато

157055.75

Бакар

11.66

Платина

83354.78

Иридиум

221848.72