Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
По една година пауза од фудбалот и напорна епизода во Барселона, Чави Ернандез повторно е во центарот на вниманието. Иако беше поврзуван со бројни клубови во претходните месеци, тој ги одби сите до неодамна. Сепак, сега ситуацијата се менува. Според информациите на инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, Чави наводно е подготвен веднаш да го преземе Манчестер јунајтед. Шпанецот детално ја анализирал Премиер лигата и верува дека е зрел да ...
Фудбалерите на Парма ја забележаа првата победа во новата сезона. Во претпоследниот натпревар од петтото коло, Парма успеа да го победи Торино со 2:1. Тимот од „Ениот Тардини“, скокна на табелата, па сега има пет бода на 13-то место, Торино е место подолу. Домашниот тим поведе во 36-та минута кога Матео Пелегрино постигна гол од пенал. Торино влезе подобро во второто полувреме, а по само пет минути игра израмнија. Енгонг успеа да го израмни ...
Натпреварувањето во Евролигата ќе започне со натпреварите од првото коло во вторник, но се повеќе се зборува за проблеми надвор од теренот. Проблемите се поврзани со израелските клубови, на кои им се заканува исклучување од одредени, можеби дури и од сите спортови на подолг период, поради ситуацијата во Газа. Во некои земји, првенствено во Шпанија и Италија, а исто така и во Франција, беа забележани големи протести насочени кон политиката на ...
Младиот, 18. годишен играч на Барселона, Марк Бернал, потпиша нов договор со тимот кој што е важечки до 2029 година, но поинтересниот детал од сето ова дека во истиот има откупна клаузула од неверојатни 500 милиони евра. Играчот за врска е следниот кој што во Барселона ќе му се даде сериозна минутажа. Од 2014 година е дел од Барса, откако пристигна од тимот на Гимнастик Манреса. Со неговите игра во „Блауграна“ заслужи не само да стигне до ...
Коринтијанс синоќа беше поразен со 2-1 дома од Фламенго во 25-то коло од бразилската Серија А, а трагична фигура беше Алберто, кој го изведе најлошиот пенал што сме го виделе во последните години на фудбалската сцена. Алберто се посрамоти за сите времиња на почетокот на натпреварот кога домашните успеаја да добијат пенал, и тој реши да ја преземе одговорноста. Алберто сметаше дека е одличен момент да изведе паненка, но тоа се покажа како ...
Генералниот менаџер на НБА Европа за Блискиот Исток, Јоргос Аваизоглу, навести кои тимови би можеле да се приклучат на проектот, кој се очекува наскоро да заживее и да биде легитимен конкурент на Евролигата. Грчкиот функционер разговараше со „Њујорк тајмс“, споменувајќи ги веќе етаблираните кошаркарски клубови, но и фудбалските клубови кои се заинтересирани за формирање кошаркарски секции, како и сосема нови тимови. „Постојните кошаркарски ...
Поради обилни дождови во тој регион на Шпанија, вечерашниот меч од Примера шампионатот, седмото коло помеѓу Валенсија и Овиедо е одложен за утре. Мечот требаше да се одигра денеска со почеток во 21:00 часот, но властите наредија меѓу другото и овој дуел да биде одложен. Веќе е донесена одлука да не работат сите образовни установи, како и многу други јавни институции. Претставници на двата клуба, Ла Лига и Кралската шпанска фудбалска ...
Хусреф Мусемиќ повеќе не е тренер на тимот на Сараево. Искусниот стратег кој што по шести пати во својата тренерска кариера го водеше овој легендарен клуб си заминува по само неколку месеци од местото, затоа што на истото седна на 10 август. Сепак, притисокот поради лошите резултати си го направи своето, и тој си заминува. Ова нас не засега затоа што во моментов во Сараево настапуваат Стефан Ристовски и Агон Елези, а Крске Велкоски е еден од ...
Од моментот кога го освои својот прв голем трофеј, Лигата на шампионите во 2004 година како тренер на Порто, па сè до денес, Жозе Мурињо секогаш е во центарот на вниманието. Фудбалската јавност ширум светот го познава под прекарот „Специјалниот“, најмногу поради неговиот цврст став и филозофија што ја променија фудбалската игра во еден момент. По неколку години во „егзил“ од најголемата фудбалска сцена во Европа, Португалецот се враќа во ...
Членот на Надзорниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, ги нарече шефовите на Њукасл идиоти откако се согласија да платат 85 милиони евра за да го доведат Ник Валтемаде од Штутгарт. Баерн се обиде да го доведе Волтемаде неколку пати ова лето и испрати неколку понуди, последната од околу 60.000.000 евра, но Штутгарт одби да го продаде својот играч за помалку од 75.000.000 евра. Кога се чинеше дека 23-годишниот фудбалер ќе остане во ...
Ал Хорфорд, 39-годишен кошаркар со 18 сезони во НБА зад себе, кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт Вориорс. Според изјавата на агентот на Хорфорд, Џејсон Глушон, Вориорс чекаат одлука од Џонатан Куминга, кој е ограничен слободен агент, за да ги финализираат деталите од договорот на Хорфорд. Самиот играч се збогува со Бостон Селтикс, каде што помина седум од последните девет сезони и ја освои титулата во 2024 година. Ал Хорфорд е само еден ...
Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер со победа го отвори 4.коло од Супер лигата. Битолчани без проблеми ја совладаа Струга со 45:24 (20:16). Неизвесно беше само во првите 18 минути, а потоа домашниот тим ја потврди фаворитската улога. Најефикасен на дуелот беше Рудолф Хакбарт со 9 голови, а Петар Атанасијевиќ постигна 8. Со оваа победа Е.Пелистер изби на чело на табелата со 7 бодови, еден повеќе од Вардар, но и натпревар повеќе. Сите други ...
Актуелниот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим ќе остане на таа позиција дури и по шокантниот пораз на неговиот тим од Бретфорд во последното коло од Премиер лигата. По тој неуспех, се шпекулираше за наводно отпуштање, но како што објавија островските медиуми, челниците на клубот од „Олд Трафорд“, предводени од од еден од сосптвениците Џим Ратклиф, го поддржаа португалскиот стручњак и покрај навистина лошите резултати. Очигледно, ...
Фудбалерот на Баер Леверкузен, Патрик Шик, се повреди на натпреварот против Сент Паули и ќе биде надвор од теренот до средината на октомври, објави клубот. „Баер Леверкузен ќе мора да игра без напаѓачот Патрик Шик во следните натпревари“, се наведува во соопштението за медиумите на клубот, во кое се прецизира дека чешкиот репрезентативец има повреда на мускулот на задниот дел од левата нога. 29-годишниот стрелец на голови треба да се врати за ...
Милан славеше во дербито на „Сан Сиро“ против Наполи со 2-1, нанесувајќи му го првиот пораз оваа сезона во Серија А на актуелниот шампион. Елиф Елмас влезе во игра за последните 30 минути за тимот на Антонио Конте, но Наполи не успеа да израмни. Милан започна силно и поведе уште во третата минута со голот на Салемакерс, а предноста ја удвои Кристијан Пулишиќ во 31. минута. Домаќинот остана со играч помалку од 57. минута поради исклучувањето ...
МЗТ Скопје повторно го крена пехарот во мак-баскетот, овојпат во Суперкупот на Македонија, совладувајќи го Кожув со 71-64. Иако важеше за аутсајдер, тимот од Гевгелија одигра храбро и му зададе многу проблеми на фаворитот, па исходот се решаваше во последните минути. За „штрковите“ ова е осмо трофејно одличје во натпреварувањето што ја отвора новата сезона. Кожув одлично влезе во мечот и првата четвртина ја заврши со водство 11-18, а и на ...
Ливерпул и Манчестер Јунајтед би можеле да влезат во ново големо ривалство – овојпат на трансфер-пазарот. Според информациите на англискиот медиум „Мирор“, актуелниот шампион на Англија се приклучил во трката за дефанзивецот на Евертон, Џерeд Братвајт. 23-годишниот стопер сезонава е еден од најстабилните играчи на „карамелите“ и веќе подолго време е на радарот на големите клубови. Претходно беше блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, но ...
Се чини дека крајот на Евробаскетот не значи и крај на расправиите – барем не меѓу селекторот на Турција, Ергин Атаман, и МВП на турнирот, германскиот плејмејкер Денис Шрудер. Сè започна кога Атаман изјави дека е „најдобриот тренер во последните десет години“. На тоа реагираше Шрудер, а турскиот стратег возврати со коментар дека Германецот е „проблематична личност“. „Германија победи во натпревар кој мислеше дека ќе го изгуби, па играчите ...
Капитенот Дани Карвахал се повреди и ќе отсуствува од теренот најмалку четири недели, објави денеска шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид. Карвахал се повреди на саботното градско дерби против Атлетико во кое Реал загуби со 5-2. Триесетитригодишниот Карвахал беше надвор од теренот девет месеци поради повреда на коленото и се врати во составот на Реал за полуфиналето на неодамнешното Светско клупско првенство во САД. „Денеска, медицинскиот тим ...
Барселона со пресврт успеа да стигне до триумф против Реал Сосиедад, славејќи со 2-1 и преземајќи го врвот во Ла Лига со 19 бодови. Гостите први се радуваа на овој дуел. Алваро Одриозола во 31. минута ја погоди мрежата на Барса и донесе предност за Реал Сосиедад. Каталонците возвратија пред паузата. Жул Кунде по изведен корнер од левата страна со прецизен удар со глава израмни на 1-1. Во продолжението, тренерот Ханси Флик го внесе Ламин ...
Арсенал приреди вистинска драма на „Сент Џејмс Парк“ и со гол во судиското продолжение успеа да слави против Њукасл со 1-2. Херој на „топчиите“ беше Габриел, кој во 96. минута со прецизен удар со глава по корнер од десната страна ја затресе мрежата на Ник Поуп и го искачи својот тим на второто место на табелата, веднаш зад лидерот Ливерпул, со само два бода негатива. Домашниот тим прв стигна до предност благодарение на Ник Волтемаде, кој ...
Фелипе Маса започнува правна битка за скандалот од 2008 година, барајќи дури 82 милиони долари отштета за познатиот Афера „Крашгејт“ што ја потресе Формула 1 во 2008 година. Поранешниот возач на Формула 1 со 11 победи во кариерата ќе се појави пред Високиот суд во Лондон на 28 октомври. Маса одлучи да поднесе тужба по коментарите на Берни Еклстоун за германскиот Ф1 Инсајдер во врска со инцидентот во Сингапур. Да ве потсетиме дека тимот на ...
Голема прашина кренаа американските медиуми во последните денови, откако интензивно ја објавуваат наводната изјава на новинарот Сем Амик дека Никола Јокиќ би можел да оди во Милвоки за да му се придружи на Јанис Адетокумбо. Но, „веста на годината“ се покажа како невистинита. Без разлика дали тоа било поради реакцијата на Јокиќ, неговиот агент, Денвер, или, едноставно, затоа што имало забуна во пренесувањето на информациите – Амик ја разјасни ...
Најуспешниот македонски тренер во историјата, Емил Рајковиќ, со својот тим Тофаш вечерва приреди сензација во турската кошарка, победувајќи го првакот на Евролигата, Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен. Победничкиот кош за Тофаш дојде буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој ги постигна своите први поени на натпреварот токму во решавачки момент. Голема заслуга за триумфот има Рајковиќ, кој на само една ...
Шкендија го совлада Силекс со 2-0 и им го нанесе третиот пораз по ред на кратовци. Во 50. минута, Бесарт Ибраими со прекрасен удар ја погоди мрежата и донесе водство за домаќините, кои подоцна го потврдија триумфот со уште еден погодок во судиското продолжение. Во друг меч, на арената во Скопје, Работнички и Брера приредија вистински фудбалски спектакл, кој заврши со тесна победа на гостите од Струмица со 3-4. Брера поведе уште во петтата ...
Реал Мадрид е клуб со големи амбиции и секогаш размислува за нов нареден трансфер. Иако зимскиот трансфер прозорец е сè уште далеку, веќе почнаа шпекулациите за трансфери кои би можеле да се случат на „Бернабеу“ во наредниот преоден рок. Шпанските медиуми објавија вистинска „бомба“ поврзана со ѕвездата на ПСЖ, Витиња. Португалецот е многу заинтересиран да го замени Париз со Мадрид, односно да прејде од ПСЖ во Реал. Но, пречка за овој трансфер ...
Атлетико Мадрид го декласира Реал Мадрид со 5-2 во градското дерби од седмото коло на Ла Лига, постигнувајќи пет гола против ривалот за првпат по речиси 75 години. Ова е едвај четврти пат во историјата „душекчиите“ да постигнат најмалку пет погодоци против „кралевите“. Последното слично достигнување се случи во ноември 1950 година, кога Атлетико славеше со 6-3. Овој пораз е прв за Реал Мадрид сезонава под водство на Чаби Алонсо, откако тимот ...
Карло Анчелоти откри како Роман Абрамович му го отежнал животот во Челси и зошто на крајот го остави без тренерската позиција. Карло Анчелоти е еден од најуспешните фудбалски менаџери во историјата, но признава дека неговото време во Челси било поинакво од сите други ангажмани. Славниот италијански тренер открива во својата нова автобиографија дека животот под рускиот олигарх Роман Абрамович бил постојана борба, која имала малку врска со ...
Руди Фелер ќе ја напушти функцијата спортски директор на германската фудбалска репрезентација по истекот на сегашниот договор, кој трае до крајот на ЕВРО 2028. Тој ја презеде функцијата по елиминацијата на тимот во групната фаза на Светското првенство во Катар. „Двапати го продолжував договорот, но по летото 2028 ќе се повлечам“, изјави Руди Фелер за списанието „Штерн“, цитирано од ДПА. Фелер го освои Светското првенство како играч во 1990 ...
Во рамките на шестото коло од англиската Премиер-лига, Челси, Ливерпул и Манчестер jунајтед претрпеа порази истиот ден – редок случај кој статистичката платформа „Опта“ го бележи за првпат во овој век. Сличен настан се случил последен пат на 16 април 1994 година, пред повеќе од 31 година. Тогаш Јунајтед загуби со 0-1 од Вимблдон, Челси исто така со 0-1 од Арсенал, а Ливерпул падна со 0-2 од Њукасл. Интересно е што три децении подоцна има ...