Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ја откри состојбата на повредениот Кол Палмер, во најавата за натпреварот од шестото коло од Премиер лигата на Стемфорд Бриџ против Брајтон. Мареска откри дека Палмер ќе биде надвор од теренот две до три недели. „Решивме малку да го заштитиме Кол, за да не се влоши ситуацијата. Решивме да го одмориме две до три недели, до репрезентативната пауза. Ќе видиме тогаш дали ќе биде 100 отсто подготвен“, рече Мареска. ...

Серу Гираси, е сериозен кандидат да го наследи Роберт Левандовски во Барселона, објавува германскиот „Билд“, напоменувајќи дека фудбалерот на Борусија Дортмунд е голема желба на тренерот Ханси Флик. Како што се најавува, каталонскиот гигант сигурно ќе биде без најдобриот полски фудбалер следното лето, а најновите информации велат дека тоа би можел да биде Гираси, човек кој блеска откако пристигна во Бундеслигата пред три години. Ништо не ...

Летниот преоден рок беше интересен, особено во Премиер лигата, а сигурно ќе бидат интересни и следните два. Особено кога ќе ја видите листата на дефанзивци чии договори во нивните сегашни клубови ќе истекуваат на 30 јуни 2026 година пред Светското првенство. Таа листа е долга дури и ако ги земеме само трите најсилни национални првенства: Премиер лигата, Бундеслигата и Ла Лига. Има дури осум дефанзивци во последната година од нивните договори ...

Лос Анџелес Лејкерс, објавија дека го продолжиле договорот со главниот тренер Џеј Џеј Редик. Сè уште нема официјални детали за новиот договор со 41-годишниот тренер. „Веруваме дека тој е одличен тренер, тренер со силен глас кој навистина ни помага да ја продолжиме културата на извонредност на Лејкерси“, рече Роб Пелинка, претседател на кошаркарските операции на франшизата, на прес-конференција. „Долгорочната визија ни помага да го изградиме ...

Италијанскиот калчолигаш Јувентус планира да го засили својот среден ред во јануарскиот трансфер период, откако клупското раководство увидело дека моменталната линија заостанува во споредба со ривалите во Италија. Според информации на „Тутоспорт“, „бјанконерите“ повторно ја насочиле целта кон поранешниот фудбалер на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Директорот на клубот, Дамиен Комоли, е решен да донесе нов централен играч за врска, при што ...

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека ќе му биде тешко да се пензионира од Формула 1 на крајот од 2026 година ако тимот не е конкурентен следната сезона. Договорот на 44-годишниот двоен шампион истекува на крајот од следната година, а Алонсо рече дека размислувал да ја напушти Формула 1. „Ако работите одат добро, мислам дека е многу добро време да престанам бидејќи бркам конкурентен болид и се тркам конкурентно многу, многу ...

Иако во англиските медиуми тврдеа дека Ливерпул ќе го казни напаѓачот Уго Екитике со одземање на две недели плата (што би изнесувало околу 570 илјади евра) поради црвениот картон што го доби во Лига купот против Саутемптон, Арне Слот го негираше тоа. Да ве потсетиме дека Екитике го заработи вториот жолт картон со соблекување на дресот откако го постигна голот за победа, заборавајќи дека веќе бил опоменат. „Не доби казна. Она што го направи не ...

Во Реал Мадрид сметаат дека бруто платата од 25 милиони евра, што ја добива Давид Алаба (33), е прекумерна со оглед на неговата моментална улога во тимот. Австриецот, кој заработува 12,5 милиони евра нето, стана редовна замена која ретко добива шанса да игра, а неговиот договор, потпишан по неговото доаѓање од Баерн без надомест, сега се смета за застарен во однос на неговиот придонес на теренот, пишува „Дефенса Централ“. Минатото лето, ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека сопствениците на клубот, „Фенвеј Спортс Груп“, целосно го исплатиле остатокот од договорот на семејството на Диого Жота по неговата трагична смрт на почетокот на јули. Португалскиот напаѓач загина во сообраќајна несреќа во Шпанија заедно со својот брат Андре Силва. Во времето на неговата смрт, Жота имаше уште две години од договорот со Ливерпул. Слот сега го потврди чинот на великодушност, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен, доколку биде потребно, да ги премести натпреварите од Светското првенство 2026 од градови кои ги смета за небезбедни. „Светското првенство ќе биде безбедно. Ако утврдаме дека не е безбедно натпреварите да се играат во одредени градови, ќе ги преместиме во други,“ им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, притоа особено критикувајќи ја статистиката за криминал во Чикаго, кој ...

Англиските медиуми сè уште вадат цитати од од гостувањето на Вејн Руни во подкастот на поранешниот соиграч, Рио Фердинанд. Поранешниот англиски напаѓач зборуваше за борбата со алкохолизмот додека сè уште беше активен играч и за неговиот комплициран однос со Немања Видиќ, но и за тоа зошто го претпочита Лионел Меси пред Кристијано Роналдо, иако Португалецот му беше соиграч во Манчестер Јунајтед. Многумина мислат дека на овој начин Руни сака да ...

Скоти Пипен, легендарниот крилен играч на Чикаго Булс и член на оригиналниот Дрим Тим, беше во Шпанија како амбасадор на Фондацијата Санитас, каде што во ексклузивно интервју за „Марка“ зборуваше за својот однос со Мајкл Џордан, ја спореди денешната и поранешната кошарка и коментираше за ѕвезди како Лука Дончиќ и Никола Јокиќ. Кога беше прашан за споредба на неговата ера со денешната, Пипен беше јасен. „Не мислам дека е можно да се направи ...

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти. „ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната. Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги ...

Евролигата влезе во ера на супер богати договори – платите на кошаркарите достигнуваат нивоа што до неодамна изгледаа незамисливи. Најновата листа на веб-страницата „Eurohoops“ открива дека за место меѓу десетте најплатени, потребно е да се заработат речиси три милиони долари нето годишно. На самиот врв е Василије Мициќ, кој по враќањето од НБА потпиша рекорден договор со Хапоел Тел Авив. Трофејниот српски плејмејкер ќе инкасира 5,6 милиони ...

Само две недели откако го замени Жозе Мурињо на клупата на Фенербахче, италијанско-германскиот стручњак Доменико Тедеско би можел експресно да го напушти клубот од Истанбул. Како што објавува турскиот портал „Т24“, поразот од 3:1 против Динамо Загреб во Лигата на Европа дополнително ја потресе неговата позиција, која беше оценета како нестабилна и пред тоа. Тедеско го презеде Фенербахче на 8 септември, откако португалскиот тренер Жозе Мурињо ...

Ливерпул жестоко ќе го казни Уго Екитике, за црвениот картон во натпреварот против Саутемптон. Францускиот репрезентативец, го постигна голот за победа во третото коло во Лига купот, за да прослави го соблече дресот и доби жолт картон. Бидејќи веќе имаше еден, мораше да го напушти теренот. Екитике нема да биде во протоколот за натпреварот со Кристал Палас во Премиер лигата. Англичаните тврдат дека Ливерпул ќе го казни со одземање на две ...

Рио Нгумоха и се претстави на пошироката фудбалска јавност со победничкиот гол за Ливерпул против Њукасл. Затоа не е изненадување што шампионите на Премиер лигата побрзаа да му понудат професионален договор. Момчето кое започна во академијата на Челзи е во Ливерпул од минатата година. Оваа сезона, тој веќе одигра четири натпревари и покажа дека може да се смета на него. Тој моментално е член на репрезентацијата на Англија до 19 години и играл ...

Фудбалерите на Барселона победија како гости кај Реал Овиедо со 3:1 во шестото коло од Ла Лига, по пресвртот во второто полувреме. Стрелец на голот за тимот на Вељко Пауновиќ беше Алберто Реина во 33-та минута, од речиси половина терен, по глупоста на голманот на Барса, Жоан Гарсија, кој скапо плати за ноншалантната игра на околу триесет метри од својот гол. Тој беше строго казнет. Во вториот дел апсолутната доминација Барселона ја крунис со ...

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни призна дека имал проблем со алкохолизам. Руни со години беше кошмар за противничките дефанзивци и голамни во дресот на Манчестер јунајтед, Во подкаст со поранешниот соиграч Рио Фердинанд, тој призна дека долго време се борел со голем проблем. „Ставав капки за очи и џвакав мастика пред тренинг за да не се забележи. Знаев дека ќе пијам без престан два дена, а потоа ќе доаѓам на натпревар и ќе постигнувам ...

На големо разочарување на Реал Мадрид, Вилијам Салиба реши да остане во Лондон. Арсенал успеа да постигне договор со стоперот од Франција и да ја продолжи соработката до 2030 година. Реал Мадрид го таргетираше францускиот репрезентативец, со цел да го доведе следната сезона за малку пари, со оглед на тоа што неговиот договор со Арсенал истекуваше во 2027 година. Сепак, „Топџиите“ реагираа брзо и му обезбедија на Салиба нов, петгодишен ...

По речиси две и пол години правна битка, познатиот германски фудбалер Фреди Бобиќ конечно ја доби пресудата од Окружниот суд во Берлин. Судот одлучи дека Херта Берлин мора да му плати повеќе од 4 милиони евра, што го направи Бобиќ повторно победник во неговиот правен спор против клубот. „Многу сум среќен што е донесена јасна и фер одлука. Се надевам дека ова е крај, но на Херта е да одлучи дали ќе биде крај. Ова можеше да биде решено многу ...

Натпреварот од италијанската Серија А помеѓу Милан и Комо ќе се игра во Австралија, бидејќи стадионот „Сан Сиро“ ќе биде зафатен поради отворањето на Зимските олимписки игри во 2026 година, а натпреварот од шпанската Ла Лига помеѓу Барселона и Виљареал ќе се игра во Мајами. Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин, зборуваше за оваа тема пред повеќе од еден месец, а сега реши да го изнесе својот став во официјална форма. Како што ...

Поранешниот германски селектор Јоаким Лев (65) остро ги критикуваше плановите за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации. „Тотално преувеличено“, изјави Лев за телевизиската станица „Нитро“. „Пред половина година слушнав дека ФИФА зборува за ова и дека ги туркаат таквите планови. Првенство со 48 репрезентации го намалува квалитетот. Здравјето и квалитетот на играчите секогаш мора да бидат на прво место. Оваа ...

Иако имаше гласини дека Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе ги исклучи израелските тимови од своите натпреварувања, тоа не се случи. Израел може да здивне, објавуваат локалните медиуми, бидејќи по неколку недели притисок од разни држави, предводени од Катар, нема да има исклучување од натпреварувањето на УЕФА. Барем не засега. Како што пишува „Израел Хајом“, исклучувањето на Израел – репрезентацијата и клубовите – од натпреварувањето на УЕФА ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Рајо Ваљекано 3:2 во шестото коло од Ла Лига. Апсолутен херој на Атлетико беше Хулијан Алварез, кој го постигна првиот хет-трик во дреост на „органџиите“. Голот за победа во 88-та минта беше спектакуларен, со што го поништи торпедото на Пеп Чаварија во финишот на првото полувреме. Атлетико надмоќно влезе во натпреварот со градскиот ривал, Алварез го отвори резултатото во 15-та минута. Аргентинецот ...

Вечерва започна новата сезона во Лига Европа. Регионалните великани Динамо Загреб и Црвена звезда играа дома. „Модрите“ го победија Фенербахче со 3:1, а црвено-белите играа 1:1 со Селтик. Динамо до троимфот над вицепрвакот на Турција дојде со головите Дион Дрено Беља во 21-та и 51-та минута и Монсеф Бакрар во 95-та минута, додека единствениот гол за Турците го постигна Себастијан Шимански. Црвена звезда против Селтик имаше подобри шанси, ...

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси продолжи да блеска во МЛС лигата. Меси беше клучен играч на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Њујорк Сити, кој тимот од Флорида го доби со 4:0. Со оваа победа, Интер официјално се квалификуваше за плејофот во МЛС, со скор од 16 победи, шест нерешени резултати и седум порази. Со асистенција во првото полувреме, Меси стана првиот играч во историјата на МЛС кој имал најмалку 35 гола (голови + асистенции) во две ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, имаше напредок од девет места на ВТА-листата и од овој понеделник е рангирана на 198. место. Иако минатата недела, на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија, заврши во четвртф-финалето, сепак, освои нови бодови. Таа го подобри своето салдо со нови 16 бода, па сега има 358. Инаку, нејзиното најдобро рангирање беше на 12 јули 20217 година, кога се најде на 170. позиција. Што се однесува до ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го истакна своето задоволство од атмосферата во тимот по неговата победа викендот на Големата награда на Азербејџан. – Доживеавме многу одлични моменти заедно. Не е пријатно да се поминува низ тежок период. Но, сега кога повторно победивме, сè е подобро. Атмосферата е фантастична, ни дава самодоверба. Луѓето гледаат светлина на крајот од тунелот и мислат дека иднината изгледа посветла. Но, ќе мора да ...

Нерешено 33:33 заврши вечерашното дерби во „Автокоманда“ меѓу Алкалоид и шампионот Еурофарм Пелистер. Дуелот од 3. коло на македонското ракометно првенство донесе драматична завршница. Алкалоид на две минути пред крајот имаше предност од два гола и двајца ракометари повеќе, но и тоа не беше доволно за конечна победа. Битолчани до бод дојдоа со голот на Хосни во последната секунда. За Алкалоид ова е втор нерешен резултат, и двете реми се на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
65%
995
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.03
99%
999
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
66%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
91%
1000
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
52%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.47

Цинк

3.33

Сребро

2457.28

Паладиум

53434.54

Кобалт

64.04

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Алуминиум

3.07

Родиум

336779.07

Платина

83354.78

Злато

157055.75

Бакар

11.66