Францускиот стратег Лоран Блан веќе не е тренер на Ал-Итихад, клубот кој минатата сезона го одведе до титулата во Саудиска Арабија. Веста беше официјално потврдена еден ден по поразот со 0-2 од Ал-Наср. Клубот ја сподели информацијата на социјалните мрежи, каде што се наведува дека со тимот ќе раководи капитенот Хасан Халика, а негов прв асистент ќе биде досегашниот тренер на екипата до 21 година, Иван Караско. Тие ќе го водат Ал-Итихад сè до ...

Торонто и Интер Мајами одиграа нерешено 1-1 во дуел од регуларниот дел на сезоната во американската МЛС лига. Со освоениот бод Интер Мајами се доближи на четири бода од лидерот во Источната конференција, Филаделфија Унион. Сепак, иако проектот на Дејвид Бекам има натпревар помалку, веќе нема шанси да ја освои конференцијата во регуларниот дел, дури и ако го добие заостанатиот меч, и ќе мора да се надева на кикс на лидерот. Од друга страна, ...

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер. Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен ...

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз. Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат. Сепак, добра акција во финишот од мечот ...

Мика Муринен е нов кошаркар на Партизан, објави претседателот на клубт Остоја Мијаиловиќ. „Дозволете ми да ви се заблагодарам што дојдовте во овој број и тоа е добар знак. Големата вест се случи пред оваа сезона, а тоа е дека Мика Муринен потпиша договор на три сезони.“ Информацијата дека Партизан е заинтересиран за младиот Финец беше објавена во четврток вечерта, а 24 часа поодцна ја потврди претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ. ...

Вест Хем реши да се раздели со менаџерот Грем Потер, но брзо ја затвори оваа страница и веднаш најде ново решение. Само неколку часа по разделбата, од Лондон стигна вест дека Нуњо Еспирито Санто е назначен за нов тренер на „чеканите“. Со тоа Вест Хем добива искусен стратег кој добро го познава англискиот фудбал. Португалецот веќе има богато искуство во Премиер лигата. Ги предводеше Вулверхемптон, Тотенхем и Нотингем Форест, а сега ќе се обиде ...

Францускиот кошаркар Франк Ниликина, го напушти белградски Партизан и ќе ја продолжи кариерата во грчки Олимпијакос. Сагата околу неговиот трансфер од Србија во Грција траеше со денови, но челниците на црвено-белите попуштија и решија да му платат отштета на Партизан, па Ниликина ќе стане играч на Олимпијакос. „КК Олимпијакос објавува дека го ангажираше Франк Нтиликина. Францускиот бек потпиша двегодишен договор со нашиот клуб“. Ниликина ...

Mакедонскиот шампион Еурофарм Пелистер доживеа пораз во третото коло во Лигата на шампионите. ГОГ Гудме славеше во Битола со 31:28 и се изедначи на табелата со Пелистер. Двата тима имаат по победа и два порази. Фуриозно започна Пелистер, една серија од 6:1, му обезбеди предност од пет гола (10:5). Проблемите за Пелистер настанаа кога Данците започнаа во нападот да играат „седум на шест“. До полувремето ја анулираа предноста, а во вториот дел ...

Реал Мадрид доживеа убедлив пораз од 5-2 во дербито со Атлетико Мадрид, прв под водство на Чаби Алонсо. По мечот, тренерот призна дека тимот не бил на потребното ниво и дека проектот што го гради е сè уште во развој. „Одигравме лош натпревар, ниту колективно, ниту индивидуално. Не бевме на висина ниту со топка, ниту без неа. Ова е прв пораз сезонава, но ќе продолжиме напред. Нема оправдувања, поразот беше заслужен. Ова е дерби и навистина ...

Јувентус и Аталанта одиграа реми 1-1 во петтото коло на Серија А на стадионот „Алијанц“. И покрај очекувањата за динамичен дуел со голови, натпреварот мина во силна борба, со малку реализирани шанси. Во првиот дел, Аталанта ја имаше првата шанса преку Никола Крстовиќ, додека за Јувентус најопасен беше Аџиќ. Водството за Аталанта дојде во судиското надополнување на првиот дел, кога Камалден Сулејмана реализираше од одлична акција. Во вториот ...

Рекордерот по најбрзо постигнати 100 голови за клуб од топ 5 европски првенства, Хари Кејн, зборуваше по убедливата победа над Вердер со 4-0. Капитенот на Англија постигна нови два погодоци, со кои ги надмина достигнувањата на Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд, достигнувајќи ја бројката од 100 голови само за 104 натпревари.Капитенот на Англија го коментираше својот подвиг. „За мене ова е лудост. Чест е да достигнам 100 голови за овој голем ...

Монако претрпе тежок пораз на гостувањето кај Лориен со 3-1 во рамките на шестото коло од Лига 1. „Кнезовите“ останаа со играч помалку уште во 38. минута по црвениот картон за Тило Керер, што значително ја олесни задачата за домаќините. Само две минути подоцна, Бамба го отвори резултатот за Лориен, а во завршницата Пабло Пажис со два погодоци ја потврди доминацијата на својот тим. Единствената утеха за Монако беше погодокот на Ансу Фати од ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид го одиграа својот најдобар натпревар сезонава во Ла Лига и го победија Реал Мадрид со 5-2 во мадридското дерби. Тимот на Диего Симеоне конечно забележа две победи во низа, додека „кралевите“ доживеаја прв пораз по шесте последовни триумфи. Натпреварот започна со спектакл уште во првото полувреме, со четири гола. Ле Норман ја отвори серијата во 15. минута со гол со глава, а Реал возврати преку Арда Ѓулер и Мбапе, ...

Кристал Палас му го нанесе првиот пораз на Ливерпул во новата сезона од Премиер лигата, победувајќи со 2-1 на свој терен. Домаќинот обезбеди триумф со голот на Еди Нкетија во 97. минута. Претходно, Палас поведе со погодокот на Исмаила Сар во 9. минута, а Федерико Киеза израмни за Ливерпул во 87. минута. Во останатите натпревари, Челси загуби на „Стемфорд Бриџ“ од Брајтон со 1-3, Манчестер Сити убедливо славеше против Барнли со 5-1, додека ...

Борусија Дортмунд забележа победа на гостувањето кај Мајнц, совладувајќи го противникот со 0-2 во петтото коло на Бундеслигата. „Милионерите“ ја решија судбината на натпреварот уште во првото полувреме, кога за водство погодија Даниел Свенсон и Карим Адејеми. Во второто полувреме, Борусија Дортмунд ја контролираше играта без поголем напор, задржувајќи го водството и рутински го завери триумфот. Ова е четврта победа за тимот на сезонава, со ...

Нема крај на маките на тимот на Манчестер Јунајтед, кој со години ниту може да се справи со лошите игри, резултати и форма, ниту пак очигледно има визија како до тоа да стигне во иднина. На стартот на викенд програмата во Премиер лигата, Манчестер попладнево гостуваше кај Брендфорд, а домашниот триумф од 3:1 веќе никого не го изненадува. По само осум минути игра бразилецот Игор Тиаго успеа да му донесе водство на домашните од 1:0, а ако пак ...

Мадридското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид ќе ја раздвижи шпанската престолнина денеска, кога двата гиганти ќе се сретнат на стадионот „Ер Метрополитано“. Натпреварот од седмото коло на Ла Лига започнува во 16:15 часот и се очекува да биде еден од најинтересните судири на почетокот од сезоната. Тимот на Диего Симеоне ќе се обиде да го сопре залетаниот противник, кој досега покажува импресивна форма во првенството. Реал Мадрид ...

Вест Хем го отпушти тренерот Грем Потер по само осум месеци на клупата, откако тимот под негово водство забележа само шест победи во 25 натпревари. Одлуката следеше по поразот од Кристал Палас (1-2) на домашен терен, со што лондонскиот клуб падна на 19. место во Премиер-лигата со само три бода од пет кола. Оваа сезона Вест Хем прими 13 голови, а постигна само пет. Англискиот стручњак во јануари потпиша двегодишен договор и го наследи Хулен ...

Дисциплинскиот комитет на ФИФА донесе строги мерки против Фудбалската асоцијација на Малезија (ФАМ) и седум интернационални фудбалери – Габриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел – поради злоупотреба на документи и прекршување на Дисциплинскиот кодекс. Играчите имаат аргентинско, шпанско, бразилско и холандско потекло, а Гарсес настапува за шпанскиот тим Алавес од Ла Лига. ...

Француската ѕвезда Осман Дембеле, новиот добитник на престижната награда „Златна топка“ во изборот на „Франс Фудбал“, убедливо го победил Ламин Јамал, кој заврши на втората позиција. Иако дел од јавноста очекуваше израмнета трка меѓу двајцата, официјалните резултати покажаа значителна разлика. Дембеле освои вкупно 1380 гласови, додека Јамал собра 1059. Предноста од 319 гласа му обезбеди сигурна победа на Французинот. На третото место се најде ...

Џирона, некогашен тим на нашиот Бојан Миовски и некогашен хит во Ла Лига и натаму не знае што е победа на својот стадион. И вечерва тимот кој минатата сезона играше и во Лигата на Шампионите, одигра 0:0 против Еспањол. Колку за потсетување, Џирона нема победа на свој терен во Ла Лига од 5 мај кога славеше против Мајорка. Сепак не може да се каже дека беше здодевно на “Монтоливи“ вечерва во мечот од 7.коло во Ла Лига. Имаше шанси и на двете ...

Кристијано Роналдо постигна гол, а Ал-Наср ги демонстрира своите шампионски амбиции со победа од 0-2 како гостин против главниот конкурент за титулата во Саудиска Арабија, Ал-Итихад, со што се искачи самостојно на врвот на табелата. Португалската ѕвезда се запиша во листата на стрелците во 35. минута и сега има вкупно 946 голови во својата кариера. Друг херој за Ал-Наср беше Садио Мане. Сенегалецот го отвори резултатот уште во деветтата ...

Хари Кејн сруши уште еден неверојатен рекорд , станувајќи најбрзиот играч што стигнал до 100 гола за клуб во првите пет европски лиги од 1992 година. Капитенот на Англија постигна два гола во убедливата победа на Баерн од 4-0 над Вердер. Тимот на Венсан Компани поведе со голот на Џонатан Тах, Кејн го дуплираше водството кон крајот на првото полувреме откако реализираше пенал. Неговиот втор гол, неговиот 100-ти во дресот на баварскиот гигант, ...

Аукцијата се одржа за време на викендот на Големата награда на Италија во специјалниот простор „Шумахер Лаунџ“ на патеката Монца. Дел од приходите одат во хуманитарни цели преку „Фондацијата Продолжи да се бориш“. За време на Големата награда на Италија, колекција од скапоцени предмети поврзани со Михаел Шумахер привлече големо внимание од колекционерите. Највредниот експонат беше тркачкото одело на Ферари од 2000 година. Токму во таа сезона ...

Како што пренесуваат медиумите на Островот, конзорциум од 12 инвеститори имаат намера да го купат Тотенхем. Тие веќе доставиле понуда од рекордни 4,5 милијарди фунти, сума со која ако дојде до продажба, ќе биде рекордна ако се знае дека досега најскапа беше продажбата на Челзи која чинеше 4,25 милијарди фунти, кога Тод Боли го презеде Челзи од рускиот тајкун Роман Абрамович. Понудата за Тотенхем била иницирана од Бруклин Ерик, поранешен диџеј ...

Капитенот на ПСЖ, Маркињос поради повреда нема да настапува во следните неколку недели. Тоа значи дека ќе пропушти неколку важни натпревари. На тој начин Маркињос ја зголеми листата повредени во тимот на Луис Енрике, а од претходно се наоѓаат: Усама Дембеле, Дезире Дуе и Жоао Невеш. ПСЖ игра натпревар против Оксер од домашното првенство, а во среда на 1.октомври ја пречекува Барселона во Лигата на шампионите. Маркињос со сигурност ќе ги ...

Легендарниот фудбалер Серхио Бускетс Бургос најави дека се повлекува од фудбалот после завршувањето на сезоната во МЛС лигата, каде во моментов игра за Интер Мајами. Бускетс, кој е еден од најлегендарните играчи на каталонскиот клуб Барселона, ја завршува својата професионална кариера со многубројни достигнувања, вклучувајќи 3 титули во Лигата на шампионите, 9 трофеи во Ла Лига, 7 Копа дел Реј, 3 УЕФА Суперкупови и успеси со шпанската ...

Челниците на Јувентус немаат доверба во Душан Влаховиќ и покрај тоа што тој на пет натпревари оваа сезона, постигна четири гола. Влаховиќ е џокерот од клупата, бидејќи сезонава ниту еден гол не постигнал кога започнал во дстартната постава. Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде напаѓачот во зимскиот преоден рок. Причината е што договорот на Влаховиќ истекува на крајот од оваа сезона, а вистинска аукција за таков ...

Бареселона во раната фаза од сезоната се соочува со бројни повреди. Откако Гави беше опериран, нов удар за тимот е повредата на Рафиња. Бразиелцот заработи повреда на тетивата и клубот официјално објави дека ќе биде надвор од фудбалот околу три недели. Ова значи дека Рафиња ќе го пропушти дербиот во Лигата на шампионите против ПСЖ на 1 октомври. По шест лигашки натпревари, Барселона има пет победи и едно реми, односно два бода помалку од ...

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му оддаде почит на својот поранешен играч, Кајл Вокер, пред неговото враќање на „Етихад“ во редовите на Барнли. Шпанскиот стручњак истакна дека го рангира 35-годишниот англиски бек рамо до рамо со легенди како Кафу, Хавиер Занети и Лилијан Тирам. „Апсолутно. Тој е еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња. Кога требаше да го контролираме тимот со најдобрите крила, спиев како бебе знаејќи дека ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
65%
995
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.03
99%
999
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
66%
1002
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
91%
1000
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
995
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
52%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

11.66

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Родиум

336779.07

Злато

157055.75

Цинк

3.33

Иридиум

221848.72

Паладиум

53434.54

Алуминиум

3.07

Калај

48.47

Платина

83354.78

Сребро

2457.28