Претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, Аурелио Де Лаурентис, денес изјави дека ќе му дозволи на тренерот на тимот, Антонио Конте, да ја преземе италијанската репрезентација. „Доколку Конте ме замоли да му дозволам да се врати во репрезентацијата, мислам дека би се согласил. Но, бидејќи е многу интелигентен и сè додека нема сериозен кандидат, што досега не се случило, не мислам дека би се замислил себеси на чело на целосно неорганизиран ...

Македонските тенисерки претрпеа пораз од 3:0 од Египет во првиот дуел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се игра Бања Лука. Во првиот меч на двете второрангираните тенисерки од репрезентациите Јасмин Езат ја совлада Ана Митевска со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2). Во мечот на прворангираните тенисерки имаше повеќе неизвесност и траеше 1 час и 50 минути. Во првиот сет Сара Митевска имаше водство од 3:2 во гемови, но ...

Премиер лигата ќе има најмалку пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона, откако ја освои оваа привилегија втора година по ред благодарение на коефициентот. Петтото место во Лигата на шампионите за Премиер лигата беше потврдено синоќа вечерта со победата на Арсенал против Спортинг во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. УЕФА им доделува дополнително место на двете лиги кои имаат најдобар годишен ...

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, ќе го пречекс Ливерпул, во првиот четвртфинален натпревар. Овие тимови се сретнаа во осминафиналето минатата сезона, а Париз победи на крајот по изведувањето на пенали во исклучително напнат двомеч. Тој триумф се покажа како пресвртница за брилијантна серија резултати што кулминираше со трофејот за тимот на Луис Енрике на крајот од сезоната. Тој натпревар, исто така, ја започна ...

Барселона вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид, во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Ова ќе биде вториот чин од 10-дневната трилогија меѓу овие тимови. Во саботата, играа во Мадрид, во домашното првенство, а реваншот ќе се одигра наредниот вторник. Победата на Барселона, во саботата (2:1), беше драматична и котроверзна. Атлетико играше без неколку ваѓни играчи: Облак, Љоренте, Кардосо, Бариос, Алварез, Лукман…и ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Спортинг во Лисабон со 1:0 во првиот натпревар од 1/4 финалето на Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол беше резервистот Каи Хаверц во втората минута од судиското продолжение на асистенција на Габриел Мартинели. Да не беше голот на германскиот фудбалер, ова ќе беше еден од оние натпревари што бргу се забораваат. Имаше, моменти што вреди да се споменат. Гредата се тресеше двапати, по еднаш на ...

По заминувањето од Партизан, Жељко Обрадовиќ ретко се појавува во јавноста, а сега најави дека одлуката за својата иднина ќе ја донесе во јуни. Трофејниот стратег истакна дека е задоволен од својата 35-годишна кариера и дека моментално е на пауза. „Во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам со тренерска работа. Ако работам, тоа значи дека сум нашол мотивација“, изјави Обрадовиќ. Тој не откри дали има понуди ниту каде би можел да ја продолжи ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ги пофали своите играчи по нивниот пораз од 2:1 од Баерн во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. -На полувремето разговаравме за одржување на компактна структура, но набргу по почетокот на второто полувреме го примивме вториот гол. Понекогаш премногу ја бркавме топката. Треба подобро да го поддржиме играчот што ја има топката, да го задржиме поседот, да ја контролираме посигурно ...

Монако доби одлични вести пред клучните натпревари во Евролигата – Мајк Џејмс се враќа на терените. Најдобриот играч на тимот веќе тренира индивидуално и се очекува да биде подготвен за двојното коло оваа недела. „Кнезовите“ прво ќе играат против Асвел, а потоа и против Барселона, во мечеви важни за пласман во плејинот. Поврзани вести: Монако доби одлични вести пред клучните натпревари во Евролигата – Мајк Џејмс се враќа на терените. ...

Јувентус во официјално соопштение ги објави резултатите од медицинските прегледи на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, по вчерашниот натпревар против Џенова во италијанското првенство. Клубот објасни дека Влаховиќ почувствувал болка во левиот лист за време на загревањето пред второто полувреме, додека се подготвувал да влезе во Играчот оваа утро бил подложен на детални медицински прегледи во центарот „Ј Медикал“, каде резултатите покажале ...

Бразилската фудбалска репрезентација конечно најде долгорочно решение за селекторската функција. Карло Анчелоти ќе го продолжи договорот и ќе остане селектор до крајот на Светското првенство во 2030 година, со рекордна плата од 10 милиони евра по сезона. По турбулентниот период од Светското првенство во Катар во 2022 година, кога Бразил беше елиминиран во четвртфиналето, а потоа смени дури четири селектори, челниците Федерацијата, одлучија ...

Периодот на доминација на Јукон Хаскис во колеџ кошарката заврши изминатата ноќ. Мичиген Вулверинс се шампиони на НЦАА за прв пат од 1989 година. Мичиген Вулверинс ги победија Јукон Хаскис во големото финале на НЦАА со 69:63 и со тоа му донесоа на својот колеџ титула на која чекаа 37 години. Јукон освои две титули за три години, но овој пат Мичиген, тим кој ги загуби претходните четири финалиња, беше подобар од тимот на Боб Харли. Елитон ...

Кошаркарот на Фенербахче и поранешен француски репрезентативец, Нандо де Коло, изјави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната. „Не реков дека ќе се пензионирам ако ја освојам Евролигата со Фенербахче. Но, да бидам целосно искрен, ова ќе ми биде последна сезона. Размислувам за тоа веќе некое време. Од почетокот на сезоната имав идеја дека ова може да ми биде последна година“, изјави Де Коло за францускиот „Бебаскет“. Францускиот ...

Ракометарите на Охрид обезбедија пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп откако во четвртфиналната фаза со две победи го елиминираа грчкиот Олимпијакос. Следен предизвик за македонскиот претставник ќе биде словенечкиот тим Целје кој пак беше подобар во двомечот со Бузау од Романија. ГРК Охрид објави дека првиот натпревар против Целје ќе го игра на 25 април во Словенија, а реваншот е закажан за 2 мај во салата „Билјанини извори“. Во ...

Фудбалскиот свет вечерва е погоден од смртта на легендарниот романски стручњак Мирчеа Луческу, кој почина на 80-годишна возраст. Според информациите на романските медиуми, Луческу ја загубил битката по неколку дена поминати во болница. Искусниот тренер минатиот петок доживеа срцев удар, по што итно беше хоспитализиран и ставен во состојба на индуцирана кома. И покрај напорите на лекарите, неговата здравствена состојба се влошила, а докторите ...

Малку им се проблемите со Иран како и со наметнатите давачки од Доналд Трамп за одредени земји, сега организаторот а пред се ФИФА се соочува со нови проблеми. Пред се тука се мисли на заканите со штрајк на околу 2000 работници на стадионот во Инглвуд (ЛА) каде ќе се играат неколку натпревари. Синдикатот на готвачи, келнери и шанкери, кој брои 2.000 членови на стадионот СоФи во Инглвуд, во близина на Лос Анџелес, се закани со штрајк доколку ...

Баерн Минхен има предност од 1-2 по првото полувреме на дуелот против Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Баерн имаше шанса преку Упамекано, направија серија напади, Гнабри во 26. минута не ја искористи грешката на Питарч, а потоа – гол. Во 41. минута, Гнабри фантастично го проигра Луис Дијаз постигна гол. Само што почна второто полувреме, во 46. минута Хари Кејн веќе донесе и предност од 0-2 за Баерн ...

По настапот во Австралија Опен, српскиот тенисер продолжи со турнирот во Индијан Велс, каде беше елиминиран во осминафиналето. Поради повреда на рамото, Ѓоковиќ беше принуден да го пропушти турнирот во Мајами, а според последните информации, нема да настапи ниту на мастерсот во Монте Карло, кој традиционално го означува почетокот на сезоната на земјена подлога. Сепак, позитивни вести пристигнуваат од Мадрид, каде директорот на турнирот ...

Јасно е дека кога играат титаните Реал Мадрид и Баерн Минхен, има и тоа како “закачки“. Се изјавува се и сешто, но се чини дека некогашниот дефанзивец на “баварците“ и репрезентацијата на Германија, Маркус Бабел отиде предалеку. Тој јавно кажа дека воопшто не може да го смисли “кралскиот“ клуб: „Реал Мадрид е најомразениот клуб во Европа и би било одлично ако Баерн оди натаму“. Поранешниот фудбалер го објасни својот став подетално. „Нивното ...

Капитенот на Челзи, Енцо Фернандез, е сè уште надвор од теренот, но соблекувалната сега упати посебен апел до тренерот Лиам Росениор и раководството на клубот. Аргентинска новинарка Вероника откри од свои сигурни извори дека играчите на Челзи го замолиле Лиам Росениор да го врати Енцо Фернандез во тимот пред дербито со Манчестер Сити. Енцо беше отстранет од тимот поради несоодветни изјави во неговата татковина, каде што јавно им кажа на ...

Арон Ремзи, еден од најважните фудбалери во историјата на велшката репрезентација и човек кој остави трага играјќи во Арсенал, одлучи да ја заврши својата професионална кариера. Овој 35-годишен фудбалер ја завршува својата кариера како играч на фудбалскиот клуб од Мексико, Пумас. . Рамзи беше еден од клучните фудбалери во репрезентацијата на Европското првенство во 2016 година кога Велс играше во полуфиналето и кога беше избран во иделниот ...

Манчестер Јунајтед, претпладнево потврди дека му го продолжиле договорот на Хари Мегваер за уште една сезона, со можност за продолжување за уште една година. Хари Мегваер игра добро откако Рубена Аморим беше заменет од Мајкл Карик во Јунајтед. Добрата форма му овозможи да се врати во англиската репрезентација. Договорот на 33-годишниот Мегваер со „Црвените ѓаволи“ истекува на крајот од оваа сезона, а клубот сега потврди дека е договорена ...

Екипата на Вардар продолжува со максимален ефект во плејофот од Суперлигата, откако на гостински терен убедливо го совлада Тиквеш со 35-24. „Црвено-црните“ уште од самиот старт покажаа дека се поквалитетен ривал, отворајќи со серија од 4-0. До паузата веќе имаа сигурна предност од 17-11, а дилемите околу победникот ги решија на почетокот на второто полувреме со нова серија од 6-0. До крајот, домаќинот не успеа ниту да се доближи на ...

Кошаркарите на Денвер победија дома против Портланд по продолжение со 137:132. Екипата на Дејвид Аделман го оствари деветтиот последователен триумф, а Никола Јокиќ повторно беше најзаслужен за победата против Портанд. Јокиќ на теренот мина 43 минути, што повторно беше доволно за трипл-дабл, негов 33-ти оваа сезона, а натпреварот го заврши со 35 поени, 14 скока и 13 асистенции со пет украдени топки. Тој е првиот играч од сезоната 1973/1974 со ...

Вечерва во Лисабон, во првиот четвртфинален натпревар , во Лигата на шампионите, Споритнг ќе го пречека Арсенал. Полни со самодоверба, фудбалерите на Спротинг влегуваат во пресметката со фаворисираниот лидер во Премиер лигата. Со елиминацијата на Боде/Глимт, „лавовите“ од Лисабон го израмнија својот најдобар резултат во ова натпреварување. Оптимизмот дополнително им го подгрева фактот дека сезонава имаат максимален учинок на домашен терен. ...

Пресметката меѓу Реал и Баерн е дербито на четвртфиналето на Лигата на шампионите. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ ќе започне нова епизода од ривалството кое трае половина век. Целта на Баерн, овој двомеч да има поинаков епилог од оној пред две години, кога Реал со два гола на Хоселу во финишот, избори пласман во финалето на „Вембли“, а потоа против Борусија Дортмунд ја освои титулата. Тренерот на Баерн Венсан Компани, со тим кој делува ...

Вечерва и утре на програмата се првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампионите. Реал Мадрид – Баерн Минхен и Спортинг – Арсенал се среќаваат вечерва во 21:00 часот, а во среда во исто време ПСЖ – Ливерпул и Барселона – Атлетико Мадрид. Доколку заработат жолти картони, дури 30 играчи би можеле да ги пропуштат реваншите следната недела, иако некои со картони нема да играат поради повреди, како што се Родриго од Реал Мадрид, Конор ...

Антонио Конте, актуелниот тренер на Наполи, се споменува како можен наследник на Рино Гатузо на клупата на италијанската репрезентација. Самиот Конте ги подгреа тие гласини по победата на неговиот тим против Милан, велејќи дека доколку тој е на чело на Федерацијата, би се сметал себеси како кандидат за таа позиција. Неговиот Наполи го победи Милан со 1:0 на стадионот „Марадона“ со голот на Матео Политано, со што ги прескокна „Росонерите“ и ...

Една од ѕвездите на претстојниот летен преоден рок ќе биде Бразилецот Ерик Беле. 19-годишното момче се смета за најголем талент во Бразил во моментов, поради што го привлече вниманието на најсилните европски клубови. Од Парма први се јавија, но кога Ливерпул се вклучи во трката, а потоа и европскиот шампион Пари Сен Жермен, стана јасно дека млекарите немаат што да бараат. Профилот на Ерик Беле особено му се допаѓа на актуелниот европски ...

Наполи го победи Милан со 1:0 во дерби колото од италијанската Серија А и со тоа го прескокна на второто место на табелата. Матео Политано го постигна одлучувачкиот гол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во 79-та минута. Екипата на Антонио Конте сега е седум бода зад лидерот Интер, додека Милан на Макс Алегри е девет бода зад градскиот ривал. Тренерот на Милан по натпреварот коментираше дека неговиот тим е елиминиран од борбата за ...

Мајкл клејтон

58 минути - МРТ

Фини момци

59 минути - МРТ
weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
28%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
31%
1011
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 23ᴼ
2.06
26%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.15
38%
1013
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
92%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
42%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
46%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
37%
1014
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
8.23
40%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
48%
1016
Currency

61.635

Currency

52.7137

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Бакар

12.06

Паладиум

48883.97

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Злато

166450.52

Рутениум

51376.89

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09