Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Најдобриот стрелец на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го пропушти последниот тренинг на „кралевите“, додека се подготвуваат за реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Причината за отсуството на Мбапе од тренингот на Реал е превентивна мерка, бидејќи Французинот има неколку конци на веѓата по ударот со лакт што го доби од Витор Реис на натпреварот против Џирона. Медицинскиот тим на Реал Мадрид одлучи да го изостави ...
Елиф Елмас и неговиот тим Наполи, извлекоа бод во ремито на гостински терен против тимот на Парма, во рамките од новото коло од Серија А шампионатот. Иако фаворит, Наполи од самиот старт на мечот имаше негатива откако Стрефеза погоди за домаќинот во првата минута. Скот Мектоминеј израмни во 60. минута на 1:1, и му остави доволно време на неговиот тим да дојде и до победа, но сепак тоа не се случи. Елмас денеска не се најде во стартиот тим и ...
Манчестер Сити убедливо го победи Челзи (3:0), во Лондон, во последниот натпревар од 32-то коло во Премиер лигата. Сити со натпревар помалку, пред меѓусебниот дуел со Арсенал има шест поени помалку. Сити, анемичниот Челзи го реши за само 17 минути, во второто полувреме. Во периодот од 51-та до 68-та минута, мрежата на Челзи ја тресеа О’Рајли, Гуехи и Доку. Челзи остана на шестото место, со мали шанси да се пласира во Лигата на шампионите ...
Благодарение на подобрата гол-разлика и високите порази на директните конкуренти од другите квалификациски групи, Македонија го обезбеди своето осмо, трето по ред, учество на европските првенства. Пивотот на нашата селекција, Ивана Гакидова беше меѓу поефикасните на мечот во Велење постигнувајќи три голови. – Искрено, игравме навистина лошо во овој натпревар и не бевме фокусирани на она што требаше да го направиме. Но, без разлика на сè, ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија е пред нов предизвик во квалификациите за ЕП, каде се среќаваат со селекцијата на Словенија. Очекувањата за натпреварот ги искажа репрезентативката Ивана Џатевска, која очекува тежок и сериозен натпревар против Словенија. – Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а ...
Женската македонска ракометна репрезентација и покрај поразот попладнево од Словенија со 27:18 во последното коло од квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2026 избори пласман Европското првенство што ќе се игра во Полска, Турција, Чешка, Словачка и Романија. Македонските ракометарки го освоија третото место во групата 3, зад Германија и Словенија, а пред Белгија, воедно успеаја да се изборат да бидат една од четирите најдобро третопласирани селекции од ...
Ракометарите на Охрид ја продолжи победничката серија во Супер лигата. Тие убедливо триумфраа во дуелот со Тиквеш, совладувајќи го тимот од Кавадарци со конечни 37-20. Иако гостите на почетокот поведоа со 0-2, охриѓани брзо воспоставија целосна контрола на теренот и континуирано ја зголемуваа својата предност пред домашната публика. Најголемата разлика на натпреварот беше постигната во самиот финиш, кога домашниот тим стигна до недостижни 17 ...
Тешки моменти за тимот на Тотенхем, кој што сезонава мака мачи да обезбеди опстанок, а како стојат работите можно е и да не се случи тоа. Предмалку во најновото коло од Премиер лигата Тотенхем загуби од Сандерленд на гости со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол на овој меч на Мукиеле во 61. минута. Кристал Палас пак со гол во последните секунди од мечот успеа да слави на домашен терен со 2:1. Осула погоди за Њукасл, а пресвртот го ...
Женската тениска репрезентација на Македонија со пораз од 2:0 од Австрија го заврши настапот во годинашново издание од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Бања Лука. Ова беше дуел за пласман откако двете репрезентации по натпреварите во групи го загубија пласманот во оваа зона и следната година ќе настапуваат во Третата Европска зона од БЏК купот. Во двата сингла меча за македонскиот тим настапија Ана ...
И тоа како голема победа за Севиља во борбата за опстанок, против учесниците во четвртфиналето на Лигата на шампионите, тимот на Атлетико Мадрид со резултат 2:1. Не се чекаше долго на првото возбудување. По еден аут од левата страна на Севиља, имаше голема гужва во шеснаесетникот, а Мартинез не реагираше добро и направи прекршок врз Ромеро, се покажа на крајот по преглед со помош на ВАР дека тоа е пенал за домашните. Адамс беше сигурен ...
Сензационална вест која ја лиферуваат познатите спортски медиуми во Европа. Имено топката што е вистинска икона на Лигата на шампионите, познатата топка со ѕвезди, повеќе нема да биде официјална топка на ова натпреварување. “Адидас“, кој беше производител на топки и имаше договор со елитното европско фудбалско натпреварување, го завршува својот договор и нив ќе ги наследи компанијата „Најк“. Значи, ова е крај на една ера во европскиот ...
Јувентус со 0:1 успеа да слави на гости кај Аталанта во меч од 32-то коло на италијанската Серија А. Тимот на Лучијано Спалети ја продолжи серијата добри резултати, а со вечерашниот триумф, барем привремено стигнаа до зоната што води кон Лигата на шампионите, прескокнувајќи го Комо, кој утре ќе го игра својот дуел со Интер. Аталанта подобро го отвори дуелот подобро, и прва се закани преку Запакоста, потоа Залевски, а не долго потоа, Скалвини ...
Вчера на Сан Сиро, Милан претрпе тежок пораз од 0:3 од Удинезе, а тренерот Масимилијано Алегри не побара алиби по натпреварот. Тој призна дека тимот е во лош период и дека одбраната е неорганизирана, нагласувајќи дека промената во формацијата не е причина за проблемот. -Во лоша серија сме, загубивме три од последните четири натпревари. Не постигнуваме голови, што воопшто не е добро. Денес се браневме неорганизирано и мора да се собереме ...
Унион Берлин, член на германската Бундеслига, ќе испише историја во европскиот фудбал. По поразот од 1:3 против Хајденхајм и серијата лоши резултати во вториот дел од сезоната (само две победи во 14 натпревари), челниците го отпуштија тренерот Штефен Баумгарт (54). Неговото место изненадувачки го зазема Мари-Луиз Ета (34), која пишува историја како прва жена, главен тренер на клуб во Бундеслигата и воопшто во клуб од една од петте најсилни ...
Барселона направи голем чекор кон шампионската титула и сега има можност да ја круниса сезоната на најсладок можен начин, со победа против својот најголем ривал во Ел Класико. Каталонците ги искористија двата последователни неуспеси од Реал Мадрид и со победите над Атлетико Мадрид (2:1) и Еспањол (4:1) избегаа на девет бода предност, поради што сега се на чекор до 29-ти трофеј во клупската историја. Доколку и Барселона и Реал ги добијат ...
Кошаркарите на Денвер ја победија Оклахома со 127:107 во НБА лигата. Натпреварот во Колорадо го пропуштија неколкумина кошаркри на двата тима, меѓу кои и најдобрите Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер. Домашниот тим водеше во текот на целиот натпревар, а го реши натпреварот во своја корист на почетокот од последната четвртина кога изгради двоцифрена предност и конечно оствари убедлива победа. Денвер ја забележа својата 11-та последователна ...
Во дербито на колото во германската Бундеслига, екипата на Баер Леверкузен победи на гостински терен против Борусија Дортмунд со резултат од 1:0, а Андрих го постигна решавачкиот гол на крајот од првото полувреме. Хајденхајм го победи Унион Берлин со резултат од 3:1, а Ајнтрахт славеше на гостински терен против Волфсбург, беше 2:1 за гостите. Во еден од најинтересните натпревари екипата на Лајпциг успеа да слави над екипата на Борусија (М) ...
Каков Баерн? Страшен, монструозен Баерн! Нека му ја мисли Реал Мадрид во среда. “Баварците“ и дефинитивно посегнуваат по 35-тата титула шампион на Германија, а вечервашниот натпревар против Ст. Паули на гостински терен ќе се памети и по новиот рекорд што го постави Баерн за бројот на голови во една сезона во Бундеслигата. Сега рекордот е 105 голови, ама секако дека ќе биде подобрен ако се знае дека до крајот тимот на Винсент Компани има да ...
Сопственикот и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, упати сериозни обвинувања против Италијанската фудбалска асоцијација и сите оние кои беа дел од механизмот за одлучување кој добива покана за настап во националниот тим. Новинарот Николо Шира ја објави на социјалната мрежа „X“, изјавата што Де Лаурентис ја даде за американската мрежа „CBS“, во која ги обвини стручните штабови дека земаат пари во замена за повици во ...
Фудбалерите на Ливерпул го победија Фулам со 2:0 во 32-то коло од Премиер лигата. Ливерпул ја прекина серијата од три порази во сите натпреварувања и направи важен чекор кон квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона. „Црвените“ сега имаат четири бода и натпревар повеќе од петтопласираниот Челзи, и се два бода зад Астон Вила и три зад Манчестер Јунајтед. Прашањето за победникот беше решено во првото полувреме, односно за само ...
Фудбалерите на Удинезе го декласираа Милан на „Сан Сиро“ со 3:0, во 32-то коло. Екипата од Удине прв пат во историјата во една сезона, во Милано ги победи Милен и Интер. Во првиот дел од сезоната го победија Интер со 2:1. dobivaj vesti na viber Масимилиајно Алегри реши да испроба нова тактика против Удинезе, Милан излезе во формација 4-3-3, со Рафа Леао како лажна деветка. „Само се надевам дека ја одбрав вистинската постава“, изјави тренерот ...
Барселона во градското дерби го победи Еспањол на домашен терен со резултат од 4:1 во натпреварот од 32-то коло на шпанската Примера. Вечерва „Блауграна“ ја оправда улогата на фаворит во градското дерби, а на крилата на расположениот Ламине Јамал и Феран Торес успеа да го победи тимот на Маноло Гонзалез, со што ја зголеми предноста на Барса на врвот на табелата, каде што сега имаат девет бода повеќе од вториот Реал. Тимот на Ханси Флик брзо ...
Фудбалерите на Елче ја победија Валенсија на домашен терен со 1:0 во натпреварот од 31-то коло на шпанската Примера. Тимот на Едер Сарабија денес извојува исклучително важна победа во борбата за опстанок во елитните редови на шпанскиот фудбал, а по сè што се случуваше, гостите ќе имаат за што да жалат. Валенсија ја имаше првата сериозна можност преку Белтран, чиј удар заврши над голот, додека гостите и покрај тоа што го имаа поседот, не ...
Луис Енрике ќе потпише нов договор со Пари Сен Жермен, неколку извори потврдија дека преговорите се при крај, и дека Шпанецот треба да потпише нов договор пред крајот на тековната сезона. Актуелниот договор на шпанскиот тренер истекува во летото 2027 година, па ПСЖ сакаше навреме да спречи какви било понуди од други клубови и му понуди договор со важност до летото 2030 година. Со новиот договор, Енрике ќе стане еден од најплатените тренери ...
Екипите на Вардар и Силекс постигнаа минимални победи на денешните натпревари од 27. коло. Вардар во дуелот на градските ривали го совлада Работнички со 1:0, а стрелец на голот беше Стефан Цветковиќ во 23. минута. Со новите три бодови Вардар има вкупно 65 и се наоѓа на првото место на табелата. Во Кратово, Силекс со голот од пенал стигна до триумф во дуелот со Башкими. Сигурен реализитор на ударот од белата точка беше Дарко Додев во 69. ...
Македонската женска тениска репрезентација претрпе пораз и во четвртиот дуел од групата Б од Втората Евро-африканска зона на Били Џин Кинг купот, кој се игра во Бања Лука. Нашиот тим загуби од Мароко со максимални 3-0. Со овој пораз Македонија го освои последното место во групата што значи и испаѓање од оваа зона и следната година нашиот тим ќе игра во Третата Европска зона. Преостанува да се одигра и мечот за пласман. Во вториот дуел од ...
Лидерот на табелата во Премиер лигата Арсенал им приреди непријатно изненадување на своите навивачи со поразот денеска од Бурнемут од 2:1 на домашен терен. Со поразот Арсенал остана на +9 во однос на второпласираниот Манчестер Сити, но со два натпревара повеќе и следното коло има гостување кај Манчестер Сити. Гостите во два наврати водеа. Првиот гол го постигна Ели Жуниор Крупи во 17.минута, а Арсенал изедначи од пенал во 35.минута. Стрелец ...
Карлик Џонс, кошаркарот на Партизан, го продолжи договорот со црно-белите, официјално потврди клубот. Црно-белите се огласија на социјалните мрежи по поразот од Жалгирис во Евролигата (74:83) и открија дека одличниот плејмејкер потпишал нов договор со клубот. По неколкумесечни преговори, Џонс се согласи да ја продолжи соработката до 2028 година. Се шпекулира дека за две години од клубот ќе добие пет милиони долари. Оваа сезона во Евролигата, ...
Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп е најсериозниот кандидат за тренерското место на Реал Мадрид. Тој по завршувањето на Светското првенство ќе ја напушти селекторската позиција на „триколорите“ и со тоа ќе заврши неговиот 14 годишен мандат. Како што пренесува „РМК Спорт“ тој е во најтесниот избор за тренерската позиција на „кралскиот клуб“. Во Реал Мадрид постои незадоволство од причина што имаат криза на резултати и постои шанса ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ВТА 125 турнирот во Мадрид откако во четвртфиналето загуби од Лиса Пигато од Италија со 2-0 во сетови (6-4 и 6-2) за 84 минути игра. Ѓорческа за пласманот во четвртфиналето ќе добие 3.000 евра и 27 поени со кои ќе напредува на ВТА ранг-листата. Македонската тенисерка мечот го започна одлично и поведе со 4-0 во гемови, но потоа дојде до пресврт во мечот и Пигато ја презеде контролата ...