Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Реал Мадрид уште еднаш испиша историја во шпанскиот фудбал, откако стана клуб со најмногу досудени пенали во историјата на Ла Лига. „Кралевите“ го зацврстија првото место на вечната листа, оставајќи ги зад себе најголемите ривали и останатите шпански великани. Овој податок само ја потврдува долгорочната доминација на мадридскиот гигант во домашното првенство. Со години тимот игра офанзивен и напаѓачки фудбал, создава голем број шанси во ...
Одбранбениот фудбалер на Барселона, Жил Кунде, би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, кој покажува интерес за играчот. Според „ Topskills Sports UK“, каталонскиот клуб го смета Французинот за недопирлив, но „Блауграната“ се подготвени да разгледаат трансфер доколку му бидат понудени 60 – 80 милиони евра. За фудбалерот интерес пројавува и премиерлигашот Челзи. Кунде е во Барселона од 2022 година. Во сезоната 2025/26, тој одигра 36 ...
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше ремито 2:2 со Наполи во гостувањето синоќа во 25. коло од Италијанското фудбалско првенство. – Штета што резултатот испадна ваков. Честопати завршуваме со млади играчи во нападот. Тие треба да растат и да добијат време за игра. Имаат свежина и енергија. Можевме подобро да ги завршиме одредени шанси. Мален? Отсекогаш сум бил негов голем обожавател. Тој ги има најдобрите квалитети за ...
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, откри во кој настан би можел да се натпреварува на Зимските олимписки игри. – Мислам дека во боб. Во оваа дисциплина има еден возач и четири членови од екипажот – туркачи. Ќе ми требаат момци поголеми од мене, но јас би бил возач. Во тоа сум добар, изјави Леклер за веб-страницата на Ферари. Првата етапа од сезоната 2026 во Формула 1, Големата награда на Австралија, ќе се одржи во Мелбурн од 6 до 8 март. ...
Фудбалерите на Арсенал без никакви проблеми се пласираа во осминафиналето на ФА Купот. Лидерот на Премиер лигата и клубот што го освои ФА Купот рекордни 14 пати, вечерва го совлада третолигашот Виган со 4:0 на својот стадион. Сите четири гола беа постигнати во првиот дел од мечот, кога и падна одлуката за победникот. Мадуеке, Мартинели, Габриел Жезус и еден автогол на Хант беа доволни „топчиите“ брзо да го визираат своето место за ...
НБА Ол-Стар натпреварот 2026 се играше ноќеска во Инглвуд во салата на Лос Анџелес клиперс. Во финалето на мини-турнирот, „Старс“ ги победија „Страјпс“ со 47:21 Натпреварот траеше 12 минути. Најдобар стрелец на натпреварот беше бекот Тајрис Макси (од Филаделфија кој играше за „Старс“), постигна девет поени. Во групната фаза на Ол-Стар натпреварот, „Старс“ загубија од „Страјпс“ (40:42) и победија против „Ворлд“ (37:35 во продолжение). ...
Фудбалерите на Наполи и Рома ремизираа 2:2 на „Марадона“ во популарното „Дерби на сонцето“, кое се играше во рамките на 25-то коло од италијанската Серија А. Иако видовме одличен натпревар, тешко дека некој од двата табора е задоволен со по еден бод. Наполи сега е на третото место на табелата со 50 бода, заостанува 11 бода зад лидерот Интер и се чини дека останува без реални шанси во битката за одбрана на титулата. Нашиот елиф Елмас денеска ...
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига. „Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени. Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа. Главни протагонисти на победата ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги искажа впечатоците за синоќешното реми 2:2 со Рома на домашен терен од 25. коло од првенството во Серија А. – Фер е да им се заблагодариме на навивачите, бидејќи го ценат она што го правиме оваа сезона. Фактот дека тие признаа дека се бориме за Наполи, го почитуваме дресот и не се откажуваме е прекрасен сигнал за момците. Знам низ што поминаа и како успеавме да преживееме во последните неколку месеци. ...
Билбао славеше со 2:1 на гости кај Овиедо во 24-то коло од Ла Лига. Домашниот тим се надеваше дека по победата во последното коло над Џирона, ќе може да забележи уште еден триумф и да ја зачува надежта за опстанок, но ништо од тоа. Овиедо поведе во 30.минута која Чаира ја искористи асистенцијата на Винас и постигна гол од пречката за 1:0. Атлетик Билбао потоа се врати и го сврти резултатот. Во 58-та минута, Хаурегизар постигна еврогол, од 25 ...
Третиот и последен натпреварувачки ден на финалниот турнир од кошаркарскиот куп „Благоја Герогиевски-Буштур“ во Куманово, е резервиран за големото финале. Во него ќе се соочат домаќинот на турнирот МКК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром. Тимот од Аеродром сака продолжение на доминацијата која реално и ја имаат во последната деценија, дури и повеќе одд тоа. Имаат три последувателни триумфи во финалните натпревари од Купот, кој од пред пет години ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие вечерва во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70. Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале. Најдобар играч на натпреварот беше Меквин Смит со 23 поени. Воедно тој го доби признанието МВП. Во ...
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, се надева дека напаѓачот Мохамед Салах ќе продолжи да игра за „Мерсисајдерс“ следната сезона, бидејќи е важен играч за тимот. Вчера, 33-годишниот Египќанец реализира пенал и асистираше во победата од 3:0 во четвртото коло на ФА Купот над Брајтон. – Мо е сè уште лидер и како капитен, важно ми е да го имам со нас. Тој секогаш носи повеќе во тимот отколку само голови. Очигледно, во моментов, целото ...
Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард, кој не одигра ниту еден натпревар оваа сезона додека се заздравува од скинатата Ахилова тетива, го освои натпреварот за тројки на НБА Ол-стар викендот во Инглвуд. Лилард ја освои наградата по трет пат во последните четири години, придружувајќи им се на Лари Берд и Крег Хоџис како трикратни победници. Во последниот круг, бекот на Блејзерс постигна 29 поени, надминувајќи ги Девин Букер од Феникс (27) и ...
Фудбалерите на Лидс обезбедија пласман во следното коло на ФА Купот откако го елиминираа Бирмингем по пенал-серија. Натпреварот заврши 1:1 по редовните 90 минути и продолженијата, а пласманот на Лидс беше решен со изведување удари од белата точка. Лидс поведоа со гол на Лукас Нмеча, но домаќините изедначија преку Патрик Робертс на крајот од натпреварот. Во пенал-серијата, играчите на Лидс беа поуспешни и со конечен резултат 4:2 обезбедија ...
Во натпревар на поранешните македонски фудбалски шампиони, Вардар попладнево како гостин го победи Работнички со убедливи 3:0. Ова беше 15 победа сезонава за „црвено-црните“ во 18 натпревари од Првата македонска фудбалска лига. На вториот денешен натпревар од 18. коло, Струга на свој терен загуби од Силекс со 2:3. Стружани водеа во два наврата, но на крајот останаа со празни раце. Табела: Вардар 48 бода (18 натпревари), Шкендија 42 (18), ...
Ливерпул рутински ја совлада екипата на Брајтон со 3:0 и се пласираше во осминафиналето на ФА Купот. Избраниците на Арне Слот одиграа навистина одличен натпревар и постигнаа 5 погодоци од кои два им беа поништени. Куртис Џонс го постигна првиот гол на мечот во 42-та минута и ја најави доминацијата на „црвените“. Во вториот дел Ливерпул ја запечати судбината на Брајтон со головите на Собослај во 56-тата и Салај во 68-та минута од пенал. Својот ...
Претседателот на Африканската фудбалска конфедерација, Патрис Мотсепе, официјално објави дека Африканскиот куп на нации (КАН) во 2027 година ќе се одржи во јуни и јули. Турнирот ќе биде организиран од Кенија, Танзанија и Уганда, при што Мотсепе цврсто ги отфрли гласините за можно одложување или преместување на настанот, опишувајќи ги како „целосно неосновани“. И покрај сомнежите за подготвеноста на инфраструктурата во трите земји, ...
Домаќинот на турнирот, Куманово ќе му биде противник на МЗТ Скопје Аеродром во финалето на купот „Благоја Георгиевски-Буштур“. Ова е епилогот по вечерашниот втор полуфинален натпревар, во кој Куманово го победи ТФТ со 87:79. Кумановци во неизвесен натпревар и со голема поддршка од своите навивачи ја исполнија целта. Најефикасни во победничкиот тим беа Николиќ со 31 поен (7/9 за три поени), пет асистенции и пет скока, Луковиќ со 17 поени (и ...
Фудбалерите на Њукасл се пласираа во осминафиналето на ФА Купот откако ја елиминираа Астон Вила на „Вила Парк“ победувајќи ја со 1:3. Домаќините тргнаа одлично и во 14-тата минута ново-старо засилување Тами Абрахам погоди за 1:0. Играа одлично и во продолжението, се до финишот на првиот дел кога голманот Марко Бизо очајно реагираше и го собори Џејкоб Марфи на 40 метри од својот гол и доби директен црвен картон. Од тој момент, Њукасл го здроби ...
Реал Мадрид заработи најмногу пенали во најдобрите пет фудбалски лиги во Европа во сезоната 2025/26. „Кралскиот клуб“ доби 13 пенали во 24 натпревари од шпанската Ла Лига. Баерн (Германија) заработи девет, додека Мајнц (Германија, Брентфорд (Англија) и Брест (Франција) заработија по осум. Во победата од 4:1 над Реал Сосиедад синоќа во 24. коло од Ла Лига, Реал Мадрид реализираше два пенала, двата ги претвори во гол Винисиус Жуниор. Клубот од ...
Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен покажува сериозен интерес за напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен. Според информациите во турските медиуми, 27-годишниот Нигериец се смета за потенцијално напаѓачко засилување на баварскиот клуб. Баерн ја следи ситуацијата и ја проценува можноста за трансфер. Други европски клубови исто така покажуваат интерес за Осимен. Оваа сезона, напаѓачот постигна 15 гола и имаше девет асистенции во 22 ...
Актуелниот македонски кошаркарски МЗТ Скопје Аеродром, шести пат по ред и 19. пат во својата историја ќе игра во финалниот натпревар од националниот куп. „Сино-белите“ од Аеродром вечерва во првиот полуфинален меч на турнирот во Куманово, беа многу подобри од екипата на Кожув и славеа победа со 76:58. Иако ослабени со неиграњето на капитенот Бојчев, екипата од Гевгелија делуваше како доста рамноправен ривал во првиот полуфинален натпревар. По ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги пофали своите фудбалери по успехот во синоќешното дерби со Јувентус. Интер на свој терен победи со 3:2 во меч од 24. коло од Италијанското фудбалско првенство. – Бевме ограничени во нашите постапки и во она што сакавме да го понудиме. Игравме против голем тим кој ни создаде многу предизвици. Тие заслужуваат комплименти. Но, благодарение на нашиот карактер и она што ни требаше, успеавме да победиме. Во ...
Реал Мадрид е незапирлив со Алваро Арбело на клупата. „Кралскиот клуб“ ја забележа осмата победа по ред во Ла Лига. Во натпреварот од 24-то коло, Реал Мадрид го победи Реал Сосиедад со 4:1 (3:1). Мбапе не играше, а три од петте гола беа постигнати од 11 метри. Серијата на голови ја отвори Гонзало Гарсија во петтата минута. Ојерзабал изедначи од пенал во 21-та минута, а само четири минути подоцна, исто така од пенал Винисиус му ја врати ...
Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, постигна гол на денешното гостување во 22. коло од Премиер лигата на Саудиска Арабија против Ал-Фатех. Четириесет и едногодишниот Португалец го отвори резултатот во 18. минута со додавање од Садио Мане. Ова беше неговиот 962. гол во кариерата. Роналдо играше за прв пат откако заврши неговиот штрајк поради незадоволство од политиката на Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија (PIF) кон Ал-Наср. ...
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0. Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд. ...
Во 186-то „Дерби дела Италија“ одиграно на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано, Интер го победи Јувентус со 3:2. Лидерот во Серија А го слави Пјотр Зјелински, кој во 90-та минута го постигна голот за победа. По април 2024 година и дури 11 натпревари, само во Серија А, против трите најголеми конкуренти Јувентус, Милан и Наполи, Интер конечно успеа да добие еден дерби натпревар. По победата 3:2 во дербито, Интер има капитални осум бода во однос ...
Исак Бонга остана во Партизан и покрај интересот за него што го пројавуваат неколку екипи од НБА-лигата.Според „Меридијан Спорт“, четири НБА тимови му се обратиле на Партизан за потпишување на германскиот репрезентативен кошаркар. Сепак, управата на српскиот клуб донесе одлука да не се раздели со еден од своите најстандардни играчи во текот на тешката сезона за „црно-белите“, и покрај атрактивните финансиски услови. Бонга има просек од 9,6 ...
Хрватскиот тренер Игор Тудор ја даде првата изјава по неговото назначување за главен тренер на Тотенхем. Спарс денес го промовираа 47-годишниот тренер како нивни предводник до крајот на сезоната 2025/26. Се очекува Тудор да го спаси Спарс од испаѓање. – Голема чест ми е да се приклучам на овој клуб во важен момент. Ја разбирам одговорноста што ми е доверена, а мојата цел е јасна: да постигнеме поголема стабилност во нашата игра и да се бориме ...