Милан успеа да постигне договор со Торино во врска со трансферот на играчот од средниот ред Самуеле Ричи, објави Фабрицио Романо. Трансферната сума изнесува 23+2 милиони евра, а лекарските прегледи на играчот ќе се одржат на почетокот на следната недела. Така, Ричи ќе стане првото ново засилување на Милан ова лето. Клубот веќе потпиша со слободниот агент Лука Модриќ на почетокот на месецот, но тој ќе го комплетира својот трансфер дури по ...

Зенит упатил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, објави Џанлука Ди Марцио. Руските гиганти, исто така, подготвиле тригодишен договор за Англичанецот, со плата од 5 милиони евра по сезона, но според информациите, самиот играч нема желба да замине во Санкт Петербург и најверојатно ќе одбие таков трансфер. Абрахам е во сопственост на Рома, но минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, кој нема да го задржи трајно, ...

Македонскиот тенисер Калин Ивановски се пласираше во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Загреб, откако денеска во четвртфиналето го победи домашниот тенисер Вито Тонејц со 2-1 во сетови (6-4, 6-7(5), 6-2). Дуелот донесе голема борба за секој поен и одиграни вкупно 218 поени (117:101 за Ивановски) по три часа игра. Противник на Ивановски во утрешното полуфинале ќе му биде победникот од дуелот меѓу синот на Гран Ивановишеви, Емануел Иванишевиќ и ...

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Австрија. Британецот до третата пол-позиција оваа сезона дојде со брилијантен круг 1:03.971 минути. За речиси половина секунда го остави зад себе шарл Леклер од Ферари, а тимскиот колега Оскар Пајстри беше уште подалеку. Вторито ред за утрешната трка го комплетира Луис Хамилтон од Ферари. Зад него се Џорџ Расел (Мерцедес) и Лијам Лосон (Рејсинг ...

Ботафого во групната фаза приреди едно од најголемите изненадувања, го победи во Пасадена шампионот на Европа, Пари Сен Жермен, но овој пат не можеше против земјаците од Сао Пауло. Фудбалерите на Палмеирас први се четвртфиналисти на Клупското светско првенство што се одржува во Соединетите Американски Држави. Зелените од Сао Пауло беа подобри од црно-белите од Рио де Жанеиро во осминафиналето. Дуелот на два бразилска великанa на стадионот ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите пред учеството на претстојниот Гренд слем – Вимблдон. Ѓоковиќ има 24 Гренд слем титули, а новинарите беа заинтересирани дали токму Вимблдон е негова најголема шанса да дојде до 25 Гренд слем трофеј. „Дали е ова мојот последен танц? Не знам. Имам желба да играм уште неколку години! Би сакал да бидам физички здрав и ментално мотивиран да продолжам да играм на највисоко ниво. Тоа е мојата ...

Јирген Клоп, поранешен тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул и сегашен шеф на светскиот фудбалски оддел на Ред Бул, во интервју за „Ди Велт“ жестоко го критикуваше Светското клупско првенство, кое моментално се игра во САД. „Светското клупско првенство е најлошата идеја што некогаш е имплементирана во фудбалот. Луѓе кои никогаш немале никаква врска со секојдневната работа се задолжени да носат одлуки. Ги разбирам оние што велат: „Но учеството ...

Џејдон Санчо дефинитивно нема да остане во Манчестер јунајтед, но сепак, тој е во големи проблеми да најде нов клуб. Имено, интерес постои од бројни клубови, но речиси сите се откажаа од преговорите поради неговата голема плата. Санчо ја помина претходната сезона на позајмица во Челзи и играше неконзистентно. Се врати во Манчестер, но јасно е дека нема да се задржи на „Олд Трафорд“. Фенербахче отвори преговори со Санчо, но брзо ги затвори. ...

Трката за големата награда на Канада во Монтреал ќе остане во календарот на Формула 1 до 2035 година, откако се договори за четиригодишно продолжување на постојниот договор, соопшти Формула 1, објави агенцијата „Ројтерс“. Гранпри-трката одржана во минатиот викенд на патеката „Жил Вилнев“ беше 54-то издание, откако првпат се појави во шампионатот на Формула 1 во 1967 година. Патеката во Монтреал, именувана по великанот на Ферари и татко на ...

Улисес Бадио, физиотерапевт, и Марко Паники, тренер за кондиција, повеќе не се дел од тимот на Јаник Синер. Веста прв ја објави италијанскиот „Скај Спорт“, со што се потврди раскинувањето на соработката што не траеше ниту една година. Аргентинецот и Италијанецот се приклучија на тимот на Јаник во септември 2024 година, по неговата разделба со Умберто Ферара и Џакомо Налди поради скандалот со клостебол. Претходно, Бадио и Паники беа во тимот на ...

Групната фаза на Светското клупско првенство на ФИФА ја обележа малата посетеност на стадионите низ САД. Капацитетите на стадионите, на ки се играат натпреварите (вкупно 48 во фазата по групи) биле исполнети 56,7 проценти. На некои натпревари, како оние во Орландо, присуствуваа само 3.412 и 6.730 гледачи, а сличен случај беше и со Синсинати (5.282 и 8.239 гледачи). Според податоците од ФИФА, вкупната посетеност била 1,67 милиони, од можни 2,95 ...

Давид Алаба (32), вториот најплатен играч на Реал Мадрид, повторно е надвор од терените. Клубот објави дека австрискиот репрезентативец претрпел повреда на мускулот на левата нога и ќе биде надвор од терените три недели, односно до крајот на Светското клупско првенство. Алаба имаше операција на менискусот во април, а новата повреда доаѓа веднаш по неговото закрепнување од сериозната повреда на лигаментите на коленото минатата сезона. Ова е ...

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион објави дека успешно ја завршил постапката за финансиска ревизија со УЕФА, што му овозможува да учествува во Лига Европа следната сезона, под услов да остане во Лига 1. Веста доаѓа само неколку дена откако Лион беше административно исфрлен во Лига 2 од страна на француското тело за финансиска контрола на клубовите (ДНЦГ) поради несогласувања во врска со буџетот. Клубот објави дека ќе се жали на одлуката. Во ...

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео. Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во ...

Со денешниот натпревар помеѓу Палмеирас и Ботафого (18 часот) стартува плејоф фазата на Светското клупско првенство. По бразилското дерби, од 22 часот силите ќе ги одмерат Бенфика и Челзи. Распоредот ќе биде идентичен и на вториот ден од викендот, кога први ќе играат ПСЖ и Интер Мајами, а потоа Фламенго и Баерн Минхен. Останатите натпревари ќе се играат следната недела. Парови за осминафиналето на Светското клупско првенство: Палмеирас – ...

Голманот Алисон Бекер нема намера да го напути „Енфилд“. Бразилецот повторно одбил профитабилен трансфер, тврди италијанскиот новинар и инсајдер Николас Шира. Овој пат понудата дошла од клуб од Саудиска Арабија, но како и со претходниот интерес на Галатасарај, Бразилецот одлучил да остане во Ливерпул. Тој има намера да го одработи договорот што важи до летото 2027 година. Во сезоната 2024/25, тој одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, на ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, ја одби понудата на франшизата за продолжување на договорот. Лејкерси му понудија на Ривс 89,2 милиони долари за четири години. Бекот ја одби таа понуда со надеж дека како слободен агент во летото 2026 година, ќе може да избори побогат договор. Според „Алетик“, Ривс формално го одбил продолжувањето на договорот. Инаку Лејкерси му го понудиле максималниот договор според важечките правила на лигата. ...

Оливие Жиру порано ги тресеше мрежите во Лигата на шампионите, но на залезот на кариератс одлучи да оди во МЛС лигата. Сепак, како што стојат работите ветеранот е подготвен да се врати во Европа. Жиру е во Лос Анџелес веќе една година, но очигледно сè уште му недостасува најквалитетниот европски фудбал. Поради оваа причина, Жиру е на прагот да се врати во родната Франција, каде што ќе потпише договор со Лил. Доколку тоа се случи, Жиру ќе се ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите во пресрет на ждрепката на групната фаза во Лигата на шампионите за новата сезона (2025/26). Македонија и во новата сезона ќе има свој претставник во елитата, откако Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за ново учество во групната фаза. Битолскиот тим е сместен во третиот шешир што значи дека ќе добие противници од Германија, Франција, Унгарија или Полска. Во третиот шешир покрај Еурофарм ...

Калин Ивановски успеа да избори пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучрсот во Загреб откако во мечот од 2.коло го совлада вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија со 2-1 во сетови. Во мечот што траеше 2 часа и 8 минути, Ивановски успеа да направи пресврт и да се избори за утрешното четвртфинале, во кое ќе игра против домашниот тенисер Вито Тонејц. Ивановски поведе во мечот, но во третиот гем на сервис на македонскиот тенисер Обрадовиќ направи ...

Легендарниот плејмејкер и неодамнешен играч на Црвена звезда, Милош Теодосиќ, се збогува со кошарката со емотивна објава. Долгогодишниот српски репрезентативец и поранешен играч на ФМП, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Лос Анџелес Клиперс, Виртус и Црвена звезда се збогуваа со спортот што го сака во јавно писмо исполнето со искрени емоции. „Драги пријатели, почитувани фанови и познавачи на кошарката, Прво на сите, ви благодарам за 30 години заедничка ...

Македонската младинска ракометна репрезентација продолжува со настапите на Светското првенство кое се одржува во Полска, а следниот предизвик е натпреварот за 25. место на турнирот. Селекторот Раде Стојановиќ и неговите избраници го дознаа противникот за овој дуел – репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Американците против Бахреин извојуваа триумф од 29-26 и со тоа закажаа дуел со нашата младинска селекција. Натпреварот е закажан ...

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе добие статуа во комплексот Вимблдон. Мареј, кој го заврши 77-годишниот пост на Британците на Вимблдон, ќе биде почестен на теренот на Ол Ингланд Клубот. Мари го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во 2013 година, а ја освои титулата во 2016 година со триумф над Милош Раониќ. Тој се повлече од тенисот минатото лето, по Олимписките игри во Париз. Деби Џиванс, директорка на Ол Ингланд Клубот, вели дека планот е ...

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е нов кошаркар на Панатинаикос, објави денеска грчкиот тим. Шорц (27) потпиша двегодишен договор со Панатинаикос во кој доаѓа од редовите на Париз. Новиот плејмејкер на клубот од Атина изминатата сезона му помогна на Париз во својата прва сезона во Евролигата да дојде до четвртфиналето во кое беше поразен од Фенербахче. Шортс беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во плејофот во Евролигата, а во ...

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо (40) официјално го продолжи договорот со Ал Наср. Саудискиот клуб тоа го потврди со видео во кое португалскиот играч едноставно кажа: „Ал Наср засекогаш.“ Иако Роналдо потпиша нов договор, не се објавени никакви информации за деталите од новиот договор, освен дека ќе трае до 2027 година. Сепак, се очекува дека Роналдо за две години ќе инкасира 200 милиони евра, колку што заработуваше и со претходниот ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го повика Нејмар добро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, нагласувајќи дека тој е „многу важен играч“ и покрај бројните повреди. „Тој мора добро да се подготви и да има доволно време за тоа“, рече Анчелоти во интервју за Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Триесетитригодишниот Нејмар во вторникот се договори со бразилски Сантос да остане во ...

Далас Маверикс го избраа првиот избор на драфтот како што се очекуваше, а улогата на носител на тимот ќе ја преземе Купер Флег. Минатата сезона стручњаците во САД најмногу внимание му посветија на крилениот играч од Универзитетот Дјук. За Купер Флег се вели дека е „генерациски талент“. Во Далас треба да биде прва ѕвезда и заштитно лице на франшизата по заминувањето на Лука Дончиќ. Далас го испрати Дончиќ во ЛА Лејкерс во замена за Ентони Дејвис ...

Приказните за трансфер пазарот стануваат сè почести, а шпанските медиуми објавуваат спектакуларна шпекулација во режија на Јувентус и Барселона. Според „Диарио Спорт“, „Старата Дама“ нуди 50 милиони евра за „капиталистот“ на Барселона – Роналд Араухо. Каталонците направија силен потег за Нико Вилијамс, но за да ги поминат сите прописи околу трансферот без никакви проблеми, некој ќе мора да го напушти клубот. Веќе некое време се зборува за ...

По одигрувањето на завршното коло синоќа во Групата Х, познати се сите 16 учесници и осумте осминафинални парови на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД. Четири бразилски клубови, Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе, се квалификуваа во осминафиналето, во кое место изборија и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бенфика, Јувентус, Интер, Монтереј, Манчестер Сити, Челзи, ПСЖ, Ал Хилал и Интер Мајами. 28 јуни: ...

Иван Перишиќ имаше феноменална сезона во ПСВ. Со тоа го привлече вниманието и на клубови како Барселона. Во текот на изминатите недели се шпекулираше дека Барса сака да го ангажира Хрватот кој има 36 години. Каталонците го гледаа Иван како можно решение за крилните позиции. Сепак, бидејќи сите свои напори ги насочија кон Нико Вилијамс, Перишиќ немаше намера да ги чека. Хрватскиот фудбалер одлучи да потпише нов двегодишен договор со ПСВ. Сè уште ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.06
26%
1015
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
4.63
37%
1020
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
3.09
42%
1022
weather icon

Софија

37ᴼ / 33ᴼ
5.66
28%
1018
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
2.65
15%
1015
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
51%
1022
weather icon

Атина

36ᴼ / 34ᴼ
10.8
25%
1011
weather icon

Тирана

38ᴼ / 38ᴼ
1.54
13%
1012
weather icon

Подгорица

38ᴼ / 38ᴼ
3.6
21%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
7.72
40%
1017
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
1.54
39%
1022
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 31ᴼ
9.77
35%
1015
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326