Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Најдобриот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, одговори на прашање за можно враќање во Далас по отпуштањето на генералниот менаџер Нико Харисон, кој го смени Словенецот. -Далас, неговите навивачи, неговите играчи – сето тоа секогаш ќе има посебно место во моето срце. Мислев дека ќе останам таму засекогаш, но тоа не се случи. Значи, секогаш ќе биде посебно место за мене. Секогаш ќе го нарекувам дом. Враќање во Далас? Во моментов сум ...
По стартната победа над Данска во евроквалификациите, македонската женска кошаркарска репрезентација утревечер ја пречекува Грција во рамки на второто коло во квалификациската група Ф. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во средата во Скопје ја совладаа Данска со 79-78 и со победа ги почнаа квалификациите за пласман на Европското првенство. „Првата цел ја остваривме, но не застануваме тука. Пред нас имаме уште пет натпревари во кои ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина рутински ја победи Ангола со 2:0 во пријателски натпревар одигран во Луанда. Првиот гол го постигна Лаутаро Мартинез во 43. минута по асистенција на Лионел Меси, додека во 82. минута Меси го искористи несебичното проигрување на Мартинез за конечни 2:0. Аргентина ја контролираше играта од почетокот до крајот, а триумфот ја зацврсти репутацијата на „гаучосите“ како силна селекција пред претстојните ...
Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алисиме ја оствари првата победа на годинашново издание на Мастерсот во Торино. Тој во мечот групата го победи Американецот Бен Шелтон со 2:1 во сетови (4:6; 7:6(7) и 7:5) по 2 часа и 25 минути игра. Оже-Алисиме успеа да направи пресврт во мечот и по загубениот прв сет, во вториот иако го доби во тај брејкот противникот немаше ниту една меч топка. Во решавачкиот сет Оже-Алисиме во 12.тиот гем ја искористи третата ...
Северноамериканската професионална фудбалска лига, (МЛС), ќе го усогласи календарот со натпревари со врвните светски фудбалски лиги почнувајќи од лето 2027 година. МЛС ја нарече промената „едно од најзначајните случувања во историјата на лигата“ и посочи дека „продолжува да работи со Здружението на играчи на МЛС за да се финализира договор околу планот за транзиција“. „Усогласувањето на нашиот распоред со водечките светски лиги ќе ја зајакне ...
Фудбалската репрезентација на Финска доживеа големо изненадување, откако на домашен терен загуби од Малта со 1:0 во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Единствениот гол на натпреварот го постигна Џејк Греч во 81. минута, донесувајќи историска победа за Малта. Овој резултат претставува голем шок за финската селекција, која беше фаворит на натпреварот. Со овој пораз, Финска ги намали своите шанси за пласман на следното Светско ...
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, бурно реагираше по победата од 2:0 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство, откако дел од навивачите ги исвиркаа играчите во моменти кога резултатот сè уште беше неизвесен. Италија доминираше во текот на целиот натпревар и не дозволи ниту еден удар кон својот гол, но тоа не ги спречи дел од присутните да упатат критики и потсмев кон репрезентативците. Токму тоа најмногу го испровоцираше ...
Српскиот стратег Ален Тупајиќ е назначен за нов тренер на македонскиот фудбалски прволигаш Работнички, објави попладнево скопскиот клуб. Тупајиќ (50) седнува на клупата на Работнички на местото на Турчинот Алпарслан Ердем кому во вторникот му беше врачен отказ по серијата слаби резултати во домашното првенство. По 13 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Работнички е претпоследно пласиран со седум бодови, запишувајќи само една ...
Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е во стабилна состојба, но останува хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, во која беше примен откако се онесвести за време на тренинг во вторникот. Оскар колабираше за време на тренингот на прволигашот Сао Паоло и беше итно префрлен во болница каде му беше дијагностицирана вазовагална синкопа. Вазовагалната синкопа е губење на свеста предизвикано од невролошки индуциран пад на артерискиот ...
Актуелниот светски шампион во Формула 1 , Макс Ферстапен, призна дека шансите да ја одбрани титулата во оваа сезона се минимални. Возачот на Ред Бул истакна дека големата штета е направена уште во првиот дел од сезоната, кога тимот имаше повеќе проблеми со болидот и не успеа да ги искористи можностите. „Имавме неколку викенди каде едноставно не бевме доволно брзи. Подоцна успеавме да вратиме дел од бодовите, но тоа не беше доволно. Јасно е дека ...
Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети синоќа го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во меч на Завршниот АТП турнир во Торино. Натпреварот траеше 2 часа и 48 минути и заврши со 7:5, 3:6 и 7:5. Ова е прва победа за Мусети на турнирот. Дваесет и тригодишниот Италијанец сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше три од 12 брејк топки. Неговиот противник сервираше 10 аса, немаше двојни грешки и реализираше две од пет брејк топки. ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави денеска 11. кандидати за наградата „Пушкаш“, која се доделува за најдобар гол во сезоната. Победникот ќе биде избран со гласање на фудбалските помеѓу навивачи и професионално жири, во процент 50-50, а добитникот на наградата ќе биде објавен за време на доделувањето на годишните награди на ФИФА. Наградата, именувана по еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Ференц Пушкаш, се доделува за ...
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ја достигна границата од 400 голови во својата кариера, но рече дека тоа не е доволно импресивно достигнување за љубителите на фудбалот. Мбапе постигна 398 голови пред вчерашниот натпревар против Украина во мундијалските квалификации на кој напаѓачот на Реал Мадрид беше двоен стрелец во триумфот од 4-0. „400 голови не импресионираат луѓе. Ако сакам да предизвикам восхит, морам да постигнам уште 400. Границата ...
Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе биде телевизиски коментатор за МагентаТВ за време на Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, објави телевизискиот канал. „Навистина сакам да го доживеам ова Светско првенство од експертска перспектива. Во исто време, знам дека овој маратонски турнир ќе донесе свои уникатни предизвици“, рече Клоп. Германскиот стратег веќе има телевизиско искуство, ...
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо би можел да го пропушти првиот натпревар од Светското првенство 2026 доколку Португалија, како што се очекува, се квалификува за мундијалскиот турнир. Роналдо беше исклучен откако со лакт го удри ирскиот репрезентативец Дар О’Ши во 60 минута од квалификацискиот натпревар одигран во четвртокот вечер во Даблин, во кој Ирска победи со 2:0. Португалскиот напаѓач автоматски ќе ја отслужи суспензијата од еден ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, рече дека е задоволен од настапот на неговата репрезентација во првото полувреме во победата од 2-0 (1-0) над Србија синоќа во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. -Мислам дека 2-0 е реален резултат. Потребно беше време, многу трпение и напорна работа за да се победи. Мило ми е што не беше сè лесно, но се одвиваше онака како што сакавме. Се адаптиравме на противникот. Не знаевме многу за ...
Денвер рано утрово на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес клиперс на гостински терен со 130:116. Центарот на нагетс, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим со 55 поени, 12 скока и шест асистенции. Свој ден имаше и Стеф Кари кој постигна 46 поени во победата на Голден Стејт над Сан Антонио со 125:120. Во поразениот тим Виктор Вембањама оствари трипл-дабл со 31 гол, 15 асистенции и 11 асистенции. Денвер го доби својот деветти натпревар ...
Во автобус што превезувал навивачи на шпанскиот фудбалски клуб „Барселона“ во Бриж вечерва избувна пожар, но при инцидентот нема повредни, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис ВРТ. Пожарот избувнал додека автобусот со навивачите се движел кон стадионот „Јан Брејдел“, каде што вечерва се игра фудбалски натпревар рамките на Лигата на шампионите меѓу домашниот „Бриж“ и „Барселона“. Според полицијата, пожарот го предизвикал еден од навивачите ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, најави синоќа дека клубот планира да постави статуа на Лионел Меси пред реновираниот стадион „Камп Ноу“ за да му оддаде почит на својот најдобар стрелец на сите времиња. Триесетиосумгодишниот Меси, кој настапува за Интер Мајами, претходно оваа недела го посети стадионот на Барселона за прв пат по неговото заминување во 2021 година, а по тој повод испрати порака на социјалните мрежи дека се надева оти ...
Фудбалерот на Барселона, Френки де Јонг, играчот од средниот ред на Барселона, не смета дека треба да се пресели во Премиер лигата за да ја докаже својата вредност. – Имаше понуди, но јас сум среќен во Барселона. Англиската Премиер лигата е најдобрата лига во светот во моментов, без сомнение, исто како што беше Ла Лига пред десет години. Но, тоа не значи дека мора да одиш таму за да докажеш дека си одличен играч. Барселона е мој сон уште од ...
Француската фудбалска репрезентација го завери своето место на Светското првенство 2026 триумфирајќи синоќа над Украина, додека Португалија испушти шанса да стане третата европска репрезентација со обезбеден мундијалски настап, откако загуби од Ирска и остана без својот капитен Кристијано Роналдо, кој доби директен црвен картон на гостувањето во Даблин. Франција го обезбеди првото место во квалификациската група Д со победата над Украина со 4-0 ...
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година претрпе убедлив од соодветната шведска селекција со 4:1. На дуелот одигран вечерва во Битола од 5. коло од Групата Е во квалификациите за Европското првенство, Македонците први дојдоа во водство со голот на Елези во 12. минута. За Шведска головите ги постигнаа Оморова (два), Сонко и Боудри. На табелата водат Полска и Италија со по максимални 12 бода, Црна Гора и Шведска имаат по 6, Македонија 3, ...
Без победник и без постигнат гол (0:0) заврши вечерашниот контролен натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Летонија. На средбата одиграна на Национална арена „Тодор Проески“ пред околу 3.500 гледачи, двете репрезентации имаа свои моменти, но не ги искористија шансите. „Црвено-жолтите“ следниот натпревар ќе го имаат во Кардиф против Велс во квалификациите за Светското првенство 2026. Оваа средба е закажана за 18 ноември. Фото: ФФМ ...
Последниот, одлучувачки чекор кон новиот договор на турскиот репрезентативец во дресот на Јувентус, Кенан Јулдиз се покажа покомплициран од очекуваното. Јувентус и Кенан Јилдиз не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката до 2030 година. Како што пишува „Газета дело Спорт“, преговорите се во застој, а сега страните повторно размислуваат за следните чекори. Недостасува компромис за бројките околу новата плата на Јилдиз, па дури ...
Роберто Манчини има нов ангажман. Тоа е тимот на Ал Сад од Катар кој што денеска и официјално ја објави новата соработка со искусниот стратег. Поранешниот селектор на Италија потпиша две и полгодишен договор со својот нов клуб Неговиот ангажман како селектор на Саудиска Арабија заврши неодамна, а тој ете се одлучи повторно да се впушти во авантура наречена Блиски Исток. Ал Сад е најуспешниот клуб од Катар и има 18 освоени титули. Сепак, во ...
Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, планира да продаде дел од својот удел во тимот, чија вредност според најновите проценки изнесува околу 6 милијарди американски долари. Волф моментално поседува приближно 33 % од акциите во тимот Мерцедес-AMG Petronas F1, а според светските медиуми, се разгледува продажба на помал дел од уделот со цел да се обезбеди капитал и да се прилагоди сопственичката структура. И покрај тоа, Австриецот ќе остане на ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, изјави дека би претпочитал да го освои Светското првенство во 2026 година, отколку да освои уште една Златна топка. – Уште едно Светско првенство или уште една Златна топка? Уште едно Светско првенство. Да поседувам клуб или тренер? Би рекол да поседувам клуб, го цитира Меси, инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа „X“. Триесет и осумгодишниот Аргентинец освои осум награди „Златна топка“ во ...
Фудбалерот на Лил, Итан Мбапе, би можел да биде повикан во алжирската репрезентација, објави „WinWinAfrique“. Алжирската фудбалска федерација се надева дека ќе го додаде помладиот брат на капитенот на Франција, Килијан Мбапе, во својата репрезентација. Итан, кој има 18 години, не е повикан во француските младински селекции. Мбапе помладиот постигна два гола на пет натпревари од француското првенство оваа сезона. „Трансфермаркт“ ја проценува ...
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се најде во центарот на вниманието во Шпанија, откако неговите изјави предизвикаа незадоволство кај раководството на Валенсија. Димитриевски, кој летово пристигна на „Местаља“ како едно од засилувањата во тимот, јавно зборуваше за условите во клубот и за својата минутажа, што не им се допадна на челниците. Според шпанските медиуми, особено весникот Супердепорте, изјавите биле оценети како ...
Најголемата ѕвезда на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо зборуваше за очекувањата пред квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година против Република Ирска. Натпреварот ќе се игра вечер во Даблин со почеток во 20:45 часот. – Многу сум среќен. Имам одличен однос со селекторот Роберто Мартинез и сакам да продолжам во овој дух. Целта ни е добро да ги завршиме квалификациите и сме многу позитивни. ...