Оклахома Сити ноќеска го победи Сан Антонио дома со 119:98 во натпревар од НБА-лигата. Најдобар стрелец на натпреварот беше плејмејкерот на домашниот тим Шеј Гилџус-Александер, кој постигна 34 поени. Бекот на Спарс, Стефан Касл со 20 поени е најефикасниот во поразениот тим. Оклахома Сити ја доби својата четврта победа по ред и останува на чело во Западната конференција на НБА. Сан Антонио го претрпе вториот пораз по ред и е трет на Запад. ...

Шкотскиот премиерлигаш Хартс објави вечерва дека не е загрижен од тврдењата на скопски Вардар дека прифатил понуда за продажба на репрезентативецот на Уганда, Роџерс Мато, на друг клуб во јануарскиот преоден рок. Реакцијата на шкотскиот тим доаѓа откако Вардар денеска објави дека ја прифатил понудата на американскиот Спортинг Канзас за услугите на Мато, наведувајќи дека станува збор за милионски трансфер. Ден претходно, Хартс објави дека Мато ...

Бразилскиот играч од средниот ред Лукас Пакета (28) сака да го напушти Вест Хем и да се врати во Фламенго во јануарскиот преоден рок, јавуваат англиските медиуми. На Пакета му преостануваат уште 18 месеци од договорот со лондонскиот клуб, но бразилскиот фудбалер сака да се врати во клубот каде што ја почна својата кариера. Според медиумите, Фламенго, наводно, е подготвен да плати околу 30 милиони евра за 28-годишниот играч од средниот ред, но ...

Актуелниот лидер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар, објави денеска дека прифатил милионска понуда од американскиот клуб Спортинг Канзас за трансфер на својот напаѓач и репрезентативец на Уганда, Роџерс Мато.a „ФК Вардар АД реши да ја прифати милионската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити, клуб што се натпреварува во најсилната МЛС фудбалска лига во САД. Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ...

Реал Мадрид го назначи Алваро Арбелоа за нов тренер. Алваро Арбелоа би можел да остане на чело на Реал Мадрид и следната сезона. Четириесет и двегодишниот Арбелоа го презеде тимот во понеделникот, по заминувањето на Чаби Алонсо од функцијата главен тренер. Според Marca, Арбелоа потпиша договор кој важи до крајот на сезоната 2026/27. Сепак, тој ќе остане на својата сегашна позиција и по завршувањето на тековната сезона, доколку раководството ...

Македонската ракометна репрезентација оствари победа на последниот контролен дуел во пресрет на Европското првенство што почнува на 15.јануари, а се игра во Данска, Шведска и Норвешка. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го совладаа данскиот прволигаш Митјиланд со 36:27 (14:13). Ова беше последната контрола, а на претходно македонските ракометари имаа пораз од Хрватска, победи против Бахреин и Украина и нерешен резултат против Швајцарија. ...

Еден од најдобрите играчи на Бостон Џејлен Браун е казнет со 35.000 долари поради критики упатени кон судиите на саботниот натпревар со Сан Антонио. – Уморен сум од се и ја прифаќам казната. Доста ми е од се особено кога играме против некоја добра одбранбена екипа. Судиите не судат лични грешки во наша корист, а на спротивната страна го судат секој контакт, како ние да играме прецврсто. Тоа навистина фрустрира. Се надевам дека некој ќе ...

Јувентус бара засилувања на бековските позиции и одлучи да се насочи кон фудбалер кој може да игра подеднакво добро како лев и десен бек. „Газета дело Спорт“ пишува дека главна цел на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25) од Манчестер Јунајтед. Станува збор за играч кој се пресели од Баерн во Јунајтед во 2024 година за 15.000.000 евра, а во Италија веќе го привлече вниманието благодарение на својата техника и способност значително да придонесе ...

Антоан Гризман (34) постигна речиси 350 гола во својата имресивна кариера, но оној што го постигна во осминафиналето на Купот на Кралот зазема посебно место. Атлетико Мадрид победи кај Депортиво Коруња со 1:0, а голот што го постигна Гризман во 61-та минута беше прекрасен. Гризман изведе слободен удар од околу 20 метри од голот, малку дијагонално од десната страна, така што со левата го префрли живиот ѕид и погоди кадеш што се спојуваат ...

Ајакс го објави потпишувањето на фудбалерот од средниот ред на Милан, Максимилијан Ибрахимовиќ. Фудбалерот се приклучи на холандскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Договорот вклучува опција за откуп. Деветнаесетгодишниот Максимилијан е син на поранешниот напаѓач на Милан и Шведска, Златан Ибрахимовиќ, кој моментално работи како советник на раководството на италијанскиот клуб. Оваа сезона, Ибрахимовиќ помладиот одигра 17 ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (среда) во утринските часови по македонско време ја очекува нов меч од квалификациите за Австралија опен. Во втората рунда македонската тенисерка за ривалка ја има Словенката Тамара Зиданшек. Противничката која има 28 години се наоѓа на 151. место на ВТА ранг-листата. Мечот е предвиден да се игра на теренот број 11 и како четврти по распоред. Како и на мечот од првото коло се очекува ...

Навивачи на Хаити, Иран, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал може ги пропуштат натпреварите на Светското првенство во 2026 година поради забраната за влез во САД за граѓаните на овие земји, објави „Фокс њуз“. Исклучоци се дозволени само за играчи, тренери и членови на официјални делегации. Натпреварите за сите горенаведени репрезентации ќе се играат во градови низ САД. Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од ...

До почетокот на Европското првенство остануваат уште два дена, а веќе се одредени судиите за дуелите од првото коло. Македонските судии со знакот на ЕХФ од Битола Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ги судат дуелите во групната фаза во Малме. Тие во првата рунда ќе го судат дербито меѓу ко-домаќинот Шведска и Холандија што се игра на 17.јануари во 20:30 часот во Малме. Во оваа група настапуваат уште репрезентациите на светскиот ...

Возачот на Кадилак, Серхио Перез го критикуваше пристапот на Ред Бул кон своите возачи. Тој го сподели своето искуство додека беше дел од Ред Бул и клупски колега на Макс Верстапен. – Кристијан Хорнер, поранешниот извршен директор на тимот на Ред Бул беше брутално искрен со мене за време на нашиот прв разговор. Тој рече: „Имаме два автомобила затоа што тоа е она што мора да го направиме. Но, овој проект е создаден за Макс – тој е нашиот ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција. „Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“. „Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што ...

Милан се соочи со голем проблем откако новиот напаѓач, Никлас Фулкруг (32), кој пристигна во клубот во катуелниот преоден рок, како позајмен од Вест Хем, се повреди. Германскиот напаѓач го скрши прстот на ногата на натпреварот против Фиорентина, што е значаен удар за тимот. Според првите проценки, Фулкруг ќе биде надвор од терените најмалку две недели. Повредата се случи во неговиот трет натпревар за Росонерите. Тренерот Масимилијано Алегри ...

Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс. Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи. Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и ФА на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска не ја поддржуваат идејата за промена на правилото за офсајд, објавува „The Times“. Претходно беше објавено дека Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) има намера да разгледа промена на правилата за офсајд на состанокот во Лондон на 20 јануари. Иницијативата ја иницираше поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, кој е раководител на ФИФА за ...

Тренерот на Манчестер сити, Жозеп Гвардиола, ги искажа впечатоците за победата од 2:0 над Њукасл синоќа во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Купот на Англија. – Сè е во ред. Тоа беше првиот чекор кон финалето. Настапот на Семењо? Знаеме дека Борнмут заврши неверојатна работа со него и секој пат кога топката ќе стигне до него, таа секогаш завршува на вистинското место. Вториот поништен гол поништен? Четири судии и ВАР не можеа да ...

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, го коментираше поразот од Торино во осминафиналето на Купот на Италија. – Видов многу добри работи. Двапати се вративме. Крајот беше разочарувачки, бидејќи мислевме дека ќе се оди на пенали. Не сум разочаран, многу сум задоволен од натпреварот. Единственото разочарување беше голот што го примивме во 90. минута. Но, задоволен сум од духот што го покажаа момците. Беше добар натпревар. Ако целта е да ...

Торино ја победи Рома со 3:2 во осминафиналето на Купот на Италија. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Олимпико“ во Рим. Че Адамс постигна два гола за Торино, а во двата наврати асистираше Никола Влашиќ. Емирхан Илхан исто така постигна гол за гостите. Марио Ермосо и Антонио Арена беа стрелци за домашната екипаисто така постигнаа голови за тимот од Рим. Рома е елиминирана од турнирот, а Торино ќе се соочи со Интер во четвртфиналето, ...

Македонската ракометна репрезентација ги стартуваше првите активности на Европското првенство и дел од ракометарите и стручниот штаб ги минаа првите активности поврзани со новинарите известувачи. Секако во центарот на вниманието беше селекторот на македонскиот национален тим Кирил Лазаров. – Го играме првиот натпревар против најдобриот тим на светот во последните десет години – Данска. Тие се домаќини и ќе биде тешко против нив, но ние немаме ...

Капитенот на премиерлигашот Кристал Палас Марк Геи е еден од најбараните играчи од одбраната во овој преоден рок. Последните информации од германските медиуми се дека првакот на Бундес лигата Баерн е во постојан контакт за негов потенцијален премин. Геи во јуни е слободен играч што му дава шанса за преговори. Во трка за потпис се наоѓаат и премиерлигашите Ливерпул и Манчестер Сити. Доколку трансферот се случи зимава неговиот клуб ќе може да ...

Поранешниот светски рекет број 4, Кеи Нишикори, се откажа од квалификациите за Австралија Опен. Јапонскиот тенисер денес требаше да го игра својот прв натпревар против Кимер Копејанс. Тој беше заменет од домашниот играч Омар Јасика кој загуби со 6:7 и 0:6. Минатата недела, Нишикори се откажа од натпреварот во првото коло на Челинџерот во Канбера поради проблеми со грбот. Грен слемот во Мелбурн ќе се игра до 1 февруари. Фото: ЕПА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...

Легендата на НБА лигата Леброн Џејмс ќе носи специјализиран беџ на својот дрес почнувајќи од дуелот со Сакраменто Кингс. Беџот ќе ја одбележува неговата 23. сезона во НБА лигата, на која ќе се наоѓа и неговата силуета, како и бои на дресовите за екипите за кои настапувал. Посебна симболика има и во тоа што Леброн Џејмс својот прв натпревар го одигра токму во Сакраменто во 2003 година. Во 41. година од својот живот односно сезонава Леброн има ...

Канадскиот тенисер Милош Раониќ (35) одлучи да ја заврши кариерата. Раониќ, освои осум титули од турнири од пониски категории. Играше во финалето на Вимблдон во 2016 година, а се бореше за титулите на Мастерс турнирите во Синсинати, Индијан Велс, Париз и Торонто. „Дојде моментот… Се повлекувам од тенисот. Ова е моментот за кој знаете дека еден ден ќе дојде, но некако никогаш не се чувствувате целосно подготвени за него. Тенисот ми беше љубов ...

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз се согласија за сите услови во врска со продолжувањето на соработката. Новинарот Матео Морето, денес потврди дека сè е подготвено Фабијан Руиз да потпише до летото 2029 година. Репрезентативецот на Шпанија беше поврзан со бројни клубови, го канеа во Турција, дури и Реал Мадрид беше споменат претходно, но впечатокот е дека на Руиз му е најдобро во Париз. Тој пристигна во ПСЖ, во летото 2022 ...

Македонската ракометна репрезентација во првото коло на Европското првенство во петок игра против ко-домаќинот Данска. Европската ракометна федерација веќе ги делегираше и судиите за првата рунда. Дуелот меѓу Данска и Македонија на 16.јануари (петок) од 20:30 часот во Хернинг ќе го судат браќата близнаци Игор и Алексеи Ковалчиус од Молдавија. Фото: РФМ МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Македонската ракометна репрезентација во првото ...

Ракометната репрезентација на Словенија има сериозни проблеми пред почетокот на Европското првенство, а словенечките медиуми ситуацијата ја карактеризираат како „катастрофална“. Селекторот Урош Зорман се соочува со големи број на повредени играчи. На Европското првенство нема да играат: Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек. Дополнително на листата на повредени е и голманот ...

Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. – Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
9.26
62%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
93%
1004
weather icon

Софија

8ᴼ / 1ᴼ
2.57
80%
1016
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.91
89%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1004
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
4.92
75%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
55%
1007
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.0
87%
1008
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
4.02
80%
1016
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
4.12
97%
1008
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
71%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Алуминиум

3.06

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Цинк

3.37

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Сребро

3663.67

Родиум

339190.38

Бакар

12.10

Злато

159322.70

Калај

49.78