Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Никола Граховац го продолжи договорот со актуелниот ракометен шампион на Македонија откако од битолскиот тим објавија дека Граховац ќе биде во дресот на Е. Пелистер до 2028 година. „Потребни ни беа само неколку натпревари да го забележиме неговиот квалитет и да констатираме дека Никола Граховац и Е. Пелистер се создадени едно за друго. Затоа со задоволство ја запознаваме јавноста со новиот договор за сезоната 2026/27, со опција и за сезоната ...
Едно лице загина, а 47 се повредени, додека навивачи се собирале на јужната трибина на стадионот „Алехандро Вилануева“ во Лима, пред фудбалското дерби помеѓу Универсидад де Депортес и Алијанс Лима, соопштија властите. Инцидентот се случил вчера околу 18:00 часот за време на собир на навивачи познат како „бандеразо“, кога навивачите на Алијанс Лима мавтале со знамиња на стадионот познат како Матуте, во округот Ла Викторија, објави порталот ...
Чешкиот тенисер Јиржи Легечка го коментираше поразот од Италијанецот Јаник Синер во финалниот натпревар на Мајами опен. Чехот синоќа загуби со 2-0, во двата сета беше 6:4 за Синер. – Мислам дека натпреварите како денешниот ми покажуваат дека сè уште имам многу, многу, потенцијал за подобрување. Играв, според мене, многу добар турнир тука. Задоволен сум од моите настапи. Но, денес повторно видов дека можам подобро и дека навистина треба да ...
Возачот Мерцедес Кими Антонели победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија што се возеше на патеката Сузука. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари. Во финишот на трката Џорџ Расел вршеше голем притисок за третата позиција која Леклер сепак успеа да ја зачува. Расел од Мерцедес заврши на четвртото место, а шампионот Ландо Норис од Мекларен беше петти, додека Луис ...
Хаос е во фудбалска Италија. Една од најфудбалските нации во светот доживува фудбалска катаклизма. Дебаклот од поразот во Зеница во вторник вечерта го уништи италијанскиот фудбал во секоја смисла. Италијанците западнаа во нова криза што го тресе целиот нивни фудбалски систем. Особено загрижувачки е фактот што четирикратните светски шампиони нема да учествуваат на третото Светско првенство по ред, што претставува огромен удар, не само за ...
Сан Антонио спарс рано утрово го победи Голден Стејт вориорс на гостински терен со 127:113 во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, беше најефикасен на натпреварот со дабл-дабл ефект од 41 поен и 18 скока за 28 минути поминати на теренот. Сан Антонио е во серија од десет победи. Тимот има биланс 58-18 (победи-порази) за во моментов второто место во Западната конференција на НБА. Голден Стејт со ефект ...
Новиот менаџер на тимот на Тотенхем, Роберто Де Зерби има сериозна задача пред себе. А тоа е да го спаси овој легендарен клуб од испаѓање сезонава, нешто што никој не го замислуваше пред стартот на истата. Сепак, лошите резултати до говедоа Тотенхем, да стравува и за опстанокот, а Де Зерби е доведен како спасител. Дали италијанецот ќе успее во тоа ќе видиме, но едно станува јасно откако тој го потпиша петтгодишниот договор со клубот. Дури и ...
Победи на домашните екипи на Силекс и АБ Брера во денешните дуели од 25 коло во ПМФЛ, против Шкупи и Арсими. На натпреварот во Кратово, Силекс ја потврди улогата на апсолутен фаворит во дуелот со Шкупи и го совлада со убедливи 6-0. Домаќините поведоа уште во петата минута со голот на Алиќ. Веќе во 10-тата минута Португалецот, Пиреш со својот деветти сезонски гол, зголеми на 2-0. стрелец на третиот гол за кратовци беше Мирчевски во 32.минута ...
Манчестер Сити му понуди нов договор на најдобриот играч во светот, во 2024 година, Родри. Според Фабрицио Романо, Реал Мадрид покажува сериозен интерес за 29-годишниот репрезентативец на Шпанија, што на „граѓаните“ не им се допаѓа и поради тоа одлучија да го спречат првиот потег на шпанскиот клуб. Доколку Родри ја одбие новата понуда, клубот од Манчестер сепак ќе бара голема отштета уште ова лето, и покрај тоа што неговиот договор истекува ...
Легендата на македонскиот ракомет и РК Вардар, Стојанче Стоилов од новата сезона ќе го предводи суперлигашот Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони. Тој ќе го замени Горан Кузманоски, кој на крајот од сезоната заминува од клубот. – Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна ...
Голманот на Ливерпул, Алисон, нема да игра во следните неколку недели поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на шампионите на Англија, Арне Слот. Алисон (33) се повреди пред три недели, поради што не играше за Бразил на пријателските натпревари против Франција и Хрватска. „Алисон нема да биде дел од натпреварите против Пари Сен Жермен. Ќе биде надвор од терените уште малку. Во финишот на сезоната очекуваме повторно да биде ...
Џенаро Гатузо ја напушта својата работа како селектор на италијанската репрезентација. Одлуката е донесена, а формалните чекори ќе следат. Гатузо нема да продолжи по неуспехот да се квалификува на Светското првенство, односно по поразот од Босна и Херцеговина во плејофот. Наскоро се очекува официјално соопштение, како што објави „Скај Спорт Италија“. За време на својата тренерска кариера, легендарниот фудбалер ги предводеше Милан, Наполи, ...
Капитенот на Челзи, Енцо Фернандес, е отстранет од тимот за следните два натпревари, објави тренерот на „Сините“, Лиам Росениор. Англиските медиуми тврдат дека Фернандес е суспендиран затоа што пред неколку дена дал интервју во кое јавно ја изразил својата желба да се пресели во Реал Мадрид на крајот од сезоната. „Прво дакажам дека го почитувам Енцо како човек, личност и играч. Тој е фрустриран затоа што сака да бидеме успешни. Што се ...
Францускиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, откри дека сакал да ја напушти репрезентацијата по Европското првенство 2020. Пред почетокот на Светското првенство, вниманието повторно е насочено кон Килијан Мбапе, главната ѕвезда на актуелниот вицешампион на светот. Иако е клучен играч за Франција, Мбапе откри дека по неуспехот на Европското првенство во 2020 година, сериозно размислувал за повлекување од репрезентацијата. ...
Играчот од средниот ред на колумбиската репрезентација, Џејмс Родригез, беше итно префрлен во болница по поразот од Франција на пријателски натпревар со 3-1. Колумбиската фудбалска федерација издаде официјално соопштение во врска со состојбата на капитенот. „Преку својот медицински персонал и Одделот за национални тимови, Колумбиската фудбалска федерација ја информира јавноста и медиумите за здравствената состојба на капитенот на ...
Италија овие денови се соочува со вистинска спортска катастрофа, бидејќи фудбалската репрезентација на земјата нема да игра на СП третпат по ред. Критики има од сите страни, се бараат оставки, новиот селектор се чини дека е најмалиот проблем, а претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, додаде „масло на огнот“. Тој беше во Зеница и во живо го гледаше дебаклот на Италијанците против Босна и Херцеговина во финалето на плејофот за одење на ...
Германскиот стручњак Јоаким Лев е фаворит да го преземе кормилото на фудбалската репрезентација на Гана. Гана го отпушти селекторот Ото Адо 72 дена пред почетокот на овогодинешното Светско првенство. Како што објавија медиумите во земјата на „црните ѕвезди“, по интензивните преговори во последните 24 часа, постигнат е договор со Лев. Ова воедно го означува враќањето на светскиот шампион со Германија во 2014 година, кој не работел никаде од ...
Ракометарите на ГРК Охрид со победа од пет разлика (31:26) се вратија од гостувањето од Атина од првиот четвртфинален дуел од ЕХФ Европскиот куп против Олимпијакос. Реваншот охриѓани ќе го играат пред полни трибини на домашен терен. Спортскиот директор на ГРК Охрид Славчо Ристески се обрати до јавноста за фер и коректно навивање и поддршка за домашните ракометари. Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот! ГРК Охрид ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Чехот Јиржи Лехечка синоќа во финалето на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 34 минути и заврши со резултат 6:4 и 6:4. Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи една двојна грешка и реализираше две од 11 брејк топки. Неговиот 24-годишен противник (рангиран број 22 во светот) сервираше пет аса, не направи ниту една двојна грешка и не реализираше ниту ...
Вкупно 48 фудбалски репрезентации се квалификуваа за овогодинешното Светско првенство, кое за прв пат се одржува во три земји: Мексико, Канада и САД. Светското првенство ќе се игра од 11 јуни до 19 јули. Откако беше комплетиран списокот на учесници, специјализираниот портал „Трансфермаркт“ ја објави пазарната вредност на сите селекции. На врвот на таа листа е Англија, чија вредност се проценува на 1,62 милијарди евра. Следува Франција со 1,36 ...
Откако Италија не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, се очекува селекторот на репрезентацијата, Џенаро Гатузо, да се повлече од клупата на националниот тим. Легендарниот Фабио Капело го повика да почека до следните два натпревари пред да донесе конечна одлука, нагласувајќи дека неуспехот е резултат на индивидуална грешка. Откако претседателот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) Габриеле Гравина и шефот на ...
Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими го прекина молчењето по драмата што се случи по финалето на Африканскиот куп на нации. Десниот бек се појави во подкастот „The Bridge“ заедно со Орелијан Чуамени и Килијан Мбапе, каде што за прв пат зборуваше за финалето, кое Сенегал го доби со 1:0, но два месеци подоцна титулата, Африканската конфедерација му ја додели на Мароко. Без оглед на методот, Хакими го прифаќа таквиот исход. „Многу сме среќни. ...
Белгискиот голман Симон Мињоле објави дека ќе ја заврши својата професионална кариера на крајот од сезоната, во која го носеше дресот на Ливерпул шест години. Мињоле (38), кој игра за Клуб Бриж од 2019 година, ќе го игра последниот натпревар во својата кариера на 24 мај дома против Гент, во последното коло од плејофот на белгиската лига. „Конечниот резултат не е целосно во мои раце, но мојата посветеност, волја и решителност ќе бидат присутни ...
Сосема неочекувано, денес од сигурни извори стигна веста дека откупната клаузула за Маркус Рашфорд повеќе не важи. Оваа вест ја прошири каталонскиот новинар Нил Сола, кој тврди дека Барселона и Манчестер Јунајтед имале договор дека до крајот на март ќе се знае дали ќе се активира откупната клаузула за Маркус Рашфорд. Барселона не го информираше Јунајтед дека ќе ги плати договорените 30.000.000 евра и сега останува сосема нејасно што ќе се ...
Очекувано. Габриеле Гравина, првиот човек на Фудбалската федерација на Италија попладнево си поднесе неотповиклива оставка. Велиме очекувано ако се знае дека оваа земја не успеа да се пласира и на третиот Мундијал по ред, за 2018, за 2022 по вина на Македонија, и сега за 2026 по поразот од БиХ во Зеница. Изборите за назначување на негова замена ќе се одржат на 22 јуни. На вонредниот состанок на FIGC присуствуваа претседателот на Серија А, ...
Навивачите и медиумите го нарекуваат третиот последователен неуспех на италијанската репрезентација во квалификациите системска криза и бараат радикални промени. На оваа тема зборуваше и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. „Најголемиот проблем на италијанскиот фудбал е односот помеѓу фудбалската политика и класичната политика. Кога сите би работеле во ист правец, наскоро повторно би биле шампиони на Европа и светот“, рече Чеферин во ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ја коментираше лошата форма во која се наоѓа играчот на Манчестер Сити, Фил Фоден. Германецот го повика во репрезентацијата за пријателските натпревари со Уругвај и Јапонија за да се обиде да се наметне за претстојното Светско првенство, но се чини дека тоа не вроди со плод. „Тој го даде својот максимум. Би рекол дека беше добар на тренинзите, но се мачеше да го покаже тоа на ...
Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е предводник на својот тим и во оваа сезона и веќе имаат обезбедено плејоф. Но, аналитичарката во НБА лигата Рејчел Николс има свое видување за игрите на словенечкиот репрезентативец. Таа истакнува дека Дончиќ не е главен кандидат за наградата МВП и објаснува. „Мора да играте на двете страни на теренот во текот на сите осум месеци. Тој напредува, но одбрана не е одговорен како ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, објави дека напаѓачот Александар Исак се враќа на тренинзите. Дваесет и шестгодишниот Швеѓанец заздрави по повредата на скочниот зглоб. Напаѓачот ја претрпе повредата во декември 2025 година за време на натпреварот против Тотенхем. – Враќањето во тимот кој обично создава многу шанси, и можеби не од првата минута, но неговото враќање во последните два месеца, мислам, ќе биде многу корисно за нас. Алекс е во ...
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, со проценета бруто месечна плата од 1,5 милиони евра, и неговиот тренер, Шпанецот Луис Енрике (1 милион евра) се најплатенит меѓу играчите и тренерите во Лига 1 во 2026 година, објави „Лекип“. Меѓу играчите, 13 од највисоките плати во лигата ги исплаќа ПСЖ, од Дембеле до голманот на француската репрезентација Лукас Шевалие (500.000 евра бруто месечно). Бруто месечните плати од над еден милион евра ...