Одржувањето на „Финалисима“ меѓу Аргентина и Шпанија е доведено во прашање поради конфликтот на Блскиот Исток. Натпреварот е закажан за 27 март во Катар. „Финалисима“ е натпреварот помеѓу победниците на Копа Америка и Европското првенство. Во последните изданија на двете континентални натпреварувања трофеите ги освоија Аргентина и Шпанија. Неизвесноста доаѓа поради ситуацијата во Катар, една од земјите од Персискиот Залив каде што се сместени ...

Привремениот тренер Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, собра 23 бодови од девет натпревари во Премиер лигата. Под водство на Карик, „Црвените ѓаволи“ имаат седум победи и два нерешени резултата. Ова е најдобриот резултат од девет натпревари во историјата на натпреварувањето. Претходно таков биланс имаше Анџе Постекоглу, кој го предводеше Тотенхем. Манчестер јунајтед е четврти на табелата во англиската Премиер лига со 51 поен по 28 натпревари. ...

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, ги пофали своите фудбалери за упорноста и максималното залагање до самиот крај на синоќешниот натпревар со Рома од 27. коло на Серија А. Средбата во Рим заврши 3:3, а Рома водеше со 3:1 на 15-ина минути пред крајот. – Секогаш мора да бидете самоуверени, не само во фудбалот, туку и во животот. Имаше момент кога премногу работи не ни одеа, а немавме ниту среќа. Мојот тим демонстрираше неколку важни работи ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, постигна два гола ноќеска во победата од 4:2 над Орландо Сити во регуларната сезона на МЛС. На овој натпревар, Аргентинецот го постигна својот 70-ти гол во кариерата слободен удар и се израмни со трикратниот освојувач на Светското првенство, Пеле. Тие сега го делат второто место во историјата на фудбалот по најмногу голови од слободни удари. Бразилецот Жунињо Пернамбукано останува лидер на сите времиња ...

Кадилак ќе го именува својот прв автомобил од Формула 1 во чест на шампионот од 1978 година, Марио Андрети, објави денеска тимот. Новиот, 11-ти тим од Формула 1 објави дека нивниот автомобил ќе го носи името MAC – 26, што е скратеница од Марио Андрети Кадилак. „Трките беа радоста на мојот живот. Голем комплимент е што Кадилак ги смета тие години за значајни и достојни за оваа чест. Ја ценам можноста што ми ја дава да имам трајна поврзаност со ...

Првата ѕвезда на Голден Стејт Стеф Кари навести дека неговото враќање на теренот може да биде пролонгирано и да биде подоцна од најавите. Тој има повреда на коленото. Во интервју во завршницата на дуелот со Лос Анџелес Лејкерс, Кари најави дека наскоро ќе се врати на теренот и дека ќе мора да биде максимално подготвен бидејќи до плеј офот секој натпревар ќе биде исклучително важен. Тој последниот натпревар го одигра кон крајот на јануари, а ...

Во дуелот од новото коло од Серија А, тимот на Сасуоло попладнево на свој терен беше поуспешен од тимот на Аталанта со конечно 2:1. Првиот клучен момент на мечот се случи во 16. минута кога домашните останаа со играч помалку по исклучувањето на Пиамонти. Сепак, само неколку минути подоцна, во 23. минута Коне погоди за водство на Сасуоло. За нов гол се чекаше до 69. минута кога за домаќинот Торсведт реализираше за 2:0, а конечниот резултат го ...

Лидерот на Премиер лигата Арсенал го доби дербито со Челзи со 2:1 и ја задржа предноста од пет бодови во однос на вториот Манчестер Сити. Победата е секако добредојдена за менаџерот на Арсенал, Микел Артета особено што ова е втор триумф по двата нерешени дуела претходно со Вулверхемптон и Брентфорд. Ова е голема победа, многу сум среќен. Тимот играше на одличен начин, а беше непријатно на крајот бидејќи и тие имаат квалитетен тим. Не се ...

Фудбалерите на Арсенал го добија дербито на 28.коло од Премиер лигата откако попладнево го совладаа Челзи со 2:1. Сите три гола на дуелот беа постигнати по корнери. Со новите три бодови лидерот Арсенал има 64 бодови, или пет повеќе од Манчестер Сити, но и натпревар повеќе. „Топџиите“ поведоа во 21.минута со голот на Вилијам Салиба, а гостите изедначија во судиското надополнување од првиот дел (45+2) по корнер и беше автогол на Пиеро Инкапие. ...

Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид нема да биде на располагање на следните три натпревари во НБА лига за својот тим поради повреда на десниот мускул. Тој повредата ја доби на дуелот пред два дена на натпреварот против Мајами. Ембид ќе ги пропушти дуелите со Бостон, Сан Антонио и Јута. Во досегашниот дел од сезоната на 33 натпревари има просек од 26,6 поени; 7,5 скокови и 3,9 асистенции по натпревар. Неговата екипа Филаделфија се наоѓа на ...

Екипата на Силекс ја оствари 12.та победа во шампионатот откако попладнево го совлада Тиквеш како гостин со 1:0. Стрелец на единствениот гол во 62.минута беше Пиреш. Ова за него беше осми гол во првенството. Тимот од Кратово со новите три бодови ја намали разликата во однос на третопласираната екипа на Струга. На вториот натпревар од 20.коло одигран денеска во Гостивар, Арсими и Македонија ЃП одиграа без победник 1:1. Гостите поведоа во ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија триумф од 2:1 на домашен терен во дуелот со Кристал Палас, иако противникот поведе со 1:0. Јунак на триумфот беше словенечкиот репрезентативец Бенџамин Шешко, кој уште еднаш постигна гол за победа на својата екипа. Со новите три бодови Манчестер Јунајтед со 51 бод се проби на третото место колку што има и Астон Вила на четвртото место. Инаку, почетокот на дуелот не беше добар за Манчестер Јунајтед ...

Македонските кошаркари утре ги очекува нов натпревар од претквалификациите за Евробаскет 2029 на гости во Баку против Азербејџан. Еден од најистакнатите репрезентативци на досегашните три натпревари и најдобар стрелец е Андреј Јакимовски. Тој на трите дуели има просек од 22,7 поени, а против утрешниот ривал постигна 25 поени. – Го знаеме тимот на Азербејџан, против кого во Скопје остваривме убедлива победа. Ги познаваме нивните играчи и ...

Фудбалерите на Милан остварија победа од 2:0 на гостувањето против Кремонезе и успеа да се реваншира на оваа екипа за „домашниот пораз“ од 1:2. „Црвено-црните“ од Милано головите ги постигнаа во последните минути. За водство од 1:0 стрелец беше Страхиња Павловиќ во 90.минута, а Рафаел Леао беше стрелец во 90+4 минута. Најдобар играч на натпреварот беше голманот на Кремонезе Емил Аудеро, кој успеа да одбрани неколку одлични шанси на ...

Кристијано Роналдо имаше тешки моменти во победата на Ал Наср над Ал Фајха од 3-1 во натпревар од 24-то коло на Саудиската професионална лига. Гостите добија пенал во 11-тата минута. Кристијано беше тој што поведе и шутираше во долниот десен агол, но топката ја погоди страничната статива. ❌ Cristiano Ronaldo rate son penalty La frappe heurte le poteau et file en sortie de but, c’est rare venant de lui… 🫣 https://t.co/rS0fE42WDO ...

По елиминацијата во Лигата на шампионите екипата на Интер оствари синоќа ја продолжи низата од успешни настапи во домашното првенство и ја совладаа Џенова со 2:0. Со овој триумф играчите на Интер покажаа дека испаѓањето од Лигата на шампионите е веќе минато. Интер во Серија А последниот пораз го има доживеано од Милан кон крајот на ноември минатата година и е во серија од 14 победи од 15 натпревари без пораз со нерешен резултат со Наполи. ...

Македонските кошаркари по победата над Луксембург во петокот веќе се пред нов предизвик од претквалификациите за Евробаскет 2029 и гостинскиот натпревар против Азербејџан. Избраниците на македонскиот селектор Шпанецот Жозеп Марија Берокал утрово го имаа и првиот тренинг во Баку во салата каде утре ќе се игра натпреварот. Македонскиот национален тим е прв во групата со три победи од исто толку натпревари, а на првиот натпревар во Скопје го ...

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ги одложи сите натпревари од групите Ц и Д од азиските квалификации за Светското првенство во Катар 2027 година. Оваа одлука е донесена по случувањата на Блискиот исток и со цел за запазување на мерките за безбедност на играчите, тренерите и официјалните лица. Во соопштението е наведено дека се одложени дуелите кои требаше да се играат во понеделник 2.март и ќе биде одреден нов термин. Одложени се ...

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс оставри убедлива победа на гостувањето кај Голден Стејт со 129:101. Предводници во убедливиот триумф беа словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, кој постигна 26 поени, со шест скокови и осум асистенции, додека ветеранот Леброн Џејмс постигна 22 поена со седум скокови и девет асистенции. Уште три други кошаркари на „езерџиите“ имаа двоцифрен број поени. Победата ЛА Лејкерс ја најавија во првиот период кога ...

Еден од организаторите на Светското првенство САД во текот на вчерашниот ден изврши напад над Иран, па постои можност фудбалската репрезентација на оваа земја да донесе одлука за бојкот на Светското првенство во фудбал. Претседателот на Фудбалската федерација на Иран изјави дека не настапувањето е сè пореална опција. – Со ова што се случи и со нападот на САД тешко е да се гледа кон претстојното Светско првенство. Кoнечната одлука ќе мора да ...

Израел и САД денеска го нападнаа Иран, а тоа направи проблеми и за другите држави во регионот. Аеродромот во Дубаи е затворен, а откажан е и турнирот во јуниорската Евролига. Затворањето на аеродромот е хендикеп за КК Партизан откако двајца негови играчи Шејк Милтон и Дилан Осетковски останаа „заглавени“. Тие се безбедни и се бараат алтернативи за да ја напуштат земјата. Тие одморот од клубот го користеа во Дубаи, но ситуацијата ги изненади. ...

Ситуацијата на Блискиот исток е исклучително тензична по нападот на Израел над Иран, а и земјите во регионот се во состојба на готовност. Во Абу Даби се играше турнирот за јуниори, кој Евролигата го откажа, откако најпрво натпреварот меѓу Монако и Арис беше прекинат од безбедносни причини. Салата каде што се играа натпреварите е во непосредна близина на воените бази, кои беа цели на бомбардирањето. „Квалификацискиот турнир на јуниорската ...

Манчестер Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал, откако го победи Лидс со 1:0 на гостински терен во 28-то коло од Премиер лигата. Сити ја забележа шестата последовна победа во Премиер лигата и шеста последовна во меѓусебните дуели. Лидс беше поконкретен на почетокот и пропушти две одлични шанси преку Доминик Калверт-Луин и Бренден Аронсон, кој излезе сам пред Донарума но не успеа да го совлада. Сити, до здив дојде по 30-та минута, а во ...

Ханс-Дитер Флик денеска го имаше својот 100-ти натпревар како главен тренер на Барселона. Денес каталонскиот тим го победи Виљареал со 4-1 во 26-то коло од Ла Лига. Под водство на германскиот тренер, Барса победи на 75 натпревари, одигра девет нерешени дуели и загуби на 16. Тимот во досегашната „ера“ на Флик постигна 281 гол, а прими 119. Играчите кои одиграа најмногу натпревари за Барселона под водство на Флик се Жил Кунде (92 натпревари), ...

Фудбалерите на Баерн Минхен ја победија Борусија во Дортмунд со 3:2 во „Дер Класикер“, кој се играше во рамките на 24-то коло од Бундеслигата. Баерн на врвот на табелата сега има 11 поени повеќе од „милионерите“. Натпреварот започна добро за Борусија. Нико Шлотербак донесе водство по одличниот слободен удар на Даниел Свенсон во 26-та минута. Максимилијан Баер и Јан Куто исто така имаа шанси, во првиот дел. Баерн во првото полувреме, речиси да ...

Лидерот во шпанската Ла Лига Барселона во дербито на 26.коло го совлада Виљареал пред своите навивачи со 4:1. Најдобар поединец на дуелот беше Ламин Јамал кој постигна хет-трик. Со неговите два гола Барселона на полувреме водеше со 2:0, а головите беа постигнати во 28.та и 37.та минута. Гостите од Виљареал намалија на 2:1 со голот на Пепе Геје во 49.минута. Но, Барселона постигна уште два гола. Јамал по третпат го совлада противничкиот голман ...

На трите натпревари одиграни попладнево во рамки на 28.коло од Премиер лигата беа постигнати вкупно 19 голови или повеќе од шест по натпревар. На два дуела победија гостите, а единствената победа ја оствари првакот Ливерпул. На Енфилд „црвените“ го совладаа вест Хем со 5:2, а гостински победи остварија Евертон против Њукасл со 3:2 и Брентфорд против Барнли со 4:3, иако на овој натпревар домашните постигнаа гол за 4:4 и по прегледувањето на ...

Првото дерби од плеј офот од Супер лигата се игра попладнево во Автокоманда, каде Алкалоид е во улога на домаќин на лидерот Вардар. Овие две екипи играа и претходниот викенд во последното коло од регуларниот дел, а новиот распоред сакаше со нов натпревар да го стартуваат и плеј офот. За играчите на Кирил Лазаров (Алкалоид) само победа е опција за продолжување на шансите за титулата, додека за тимот на Иван Чупиќ (Вардар) евентуален триумф ќе ...

Ситуацијата на Блискиот исток директно ги погоди евролигашите од Тел Авив Макаби и Хапоел. Клубовите и претходно дел од натпреварите што следуваат ги презакажаа за нови-стари локации. Така Макаби се враќа како домаќин во Белград, а Хапоел во Софија. Управите на клубовите сега забрзано работат на евакуирање на играчите и тренерите поради тензиите меѓу Израел и Иран. Во Хапоел Тел Авив планираат комплетниот тим да биде преместен во Софија за ...

Комо го победи Лече на домашен терен со 3:1 во 27-то коло од италијанската Серија А. Екипата на Цеск Фабрегас е хит на сезоната, но не сакаат да застанат тука, ќе се обидат да се борат за место во Лигата на шампионите. Со овој триумф, Комо стигна до 48 бода на своето конто, го престигна Јувентус на петтото место, а четвртопласираната Рома и третопласираниот Наполи заостануваат два бода. Гостите одлично го отворија овој натпревар и поведоа во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
65%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
81%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
88%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Калај

43.91

Паладиум

44753.84

Родиум

353658.21

Платина

61858.04

Кобалт

3.86

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78