Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Италијанскиот кошаркарски гигант, екипата на Виртус Болоња, наскоро ќе има нови сопственици. Масимо Занети, првиот човек на Виртус Болоња, објави дека наскоро ќе го продаде легендарниот клуб и ќе го предаде на нови сопственици. Виртус е во трка за скудетото оваа сезона, но е вистинско разочарување во Евролигата со само 14 победи и 24 порази за 17. место на табелата. Дури го отпушти тренерот Душко Ивановиќ и го замени со неговиот помошник, ...
Најдобрата епизода од кариерата на Џон Стунс траеше десет години и завршува во јуни. Стоперот на англиската репрезентација не играше многу оваа сезона поради повредите, а имајќи предвид дека неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, тој одлучи да го напушти Манчестер Сити и да тргне по друг пат. Овој 31-годишен фудбалер сега му е на располагање на Пеп Гвардиола и може да помогне до крајот на сезоната, сака да се збогува со клубот ...
Ибрахима Конате е многу блиску до продолжување на договорот со Ливерпул. Соработката на цврстиот дефанзивец со „црвените“ истекува на крајот од оваа сезона, а Реал се обиде да ја искористи таа ситуација и да го доведе бесплатно во летниот преоден рок. Сепак, атмосферата не се промени за Французинот и според него, двете страни се блиску до договор. „Многу се зборуваше, но долго време преговаравме со клубот и сме блиску до договор. Мислам дека ...
Ентони Гордон од Њукасл е прв пик на Баерн Минхен во летниот преоден рок, тврдат неколку релевантни германски и англиски медиуми. „Венсан Компани даде согласност за трансферот на Ентони Гордон. Тренерот апсолутно го поддржува доаѓањето на Англичанецот. Разговорите со претставниците на играчот веќе се во тек, но се уште нема контакт меѓу клубовите“, напиша новинарот Флоријан Плетенберг од германскиот „Скај Спорт“. „Њукасл ќе го продаде Гордон ...
Раководството на кошаркарската Евролигa соопшти дека се распродадени сите билети за овогодинешниот Фајнал Фор, кој ќе се одржи од 22 до 24 мај во Атина. Како што се наведува, последниот контингент билети бил пуштен денес и за кратко време бил распродаден. „По огромниот интерес за билети во првата, втората и третата фаза, од кои секоја резултираше со целосна распродажба, последната преостаната продажба на билети во четвртата фаза беше пуштена ...
Францускиот кошаркар Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дефанзивен играч на Американската професионална кошаркарска лига (НБА) во ноќта помеѓу понеделник и вторник, со што ги потврди очекувањата по добрата сезона во Сан Антонио. 22-годишниот центар стана најмладиот добитник на оваа награда, а наградата ја освои едногласно, што дополнително ја нагласува неговата доминација. Со само 22 години, Вембањама ги надмина сите претходни ...
Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени во вториот натпревар од серијата против Минесота Тимбервулвс со 119:114 во првото коло од НБА плејофот. Серијата сега е 1-1 и се сели во Минеаполис, каде што шесторангираниот тим на Западот ќе има предност во наредните два натпревари. Тешко е да се објасни како Денвер испуштија прендност од 19 поени. Одговорот лежи во фактот дека првите две ѕвезди, Никола Јокиќ и Џамал Мареј, одиграа ретко лоша ...
Ракометарите на Вардар 1961 го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако во драматично финале одиграно во Струмица со минимални 23-24 го совладаа жилавиот состав на Охрид. За тренерот на РК Вардар Иван Чупиќ ова беше прв трофеј како тренер. „Финалињата се секогаш тешки, со многу стресови и емоции. Уште претходно ги подготвувавме играчите на психолошки план, знаевме дека ќе има „црни“ моменти, но не смееме никако да паднеме по нив. ...
На 25 и 26 април, Бугарија се позиционира како вистински hotspot за љубителите на брзината и мотоспортот. Новоотворениот A1 Motor Park ќе биде домаќин на премиерното издание на Lara Racing Trackdays – дводневен Track Weekend што носи адреналин, перформанс и врвно тркачко искуство. Настанот обединува возачи од различни земји и нивоа на искуство, создавајќи динамична и инспиративна атмосфера каде страста кон брзината е заедничкиот јазик. ...
Фудбалскиот сојуз на Романија, попладнево објави дека го назначил Ѓеорѓи Хаџи за нов селектор на сениорската репрезентација. Според извештаите, Извршниот комитет на Романската фудбалска федерација го потврдил предлогот на Техничката комисија, а Хаџи се враќа откако ја водеше репрезентацијата во четири натпревари во 2001 година. Хаџи (61) потпиша договор за следните две квалификациски рунди, а на романската клупа ќе го наследи Мирчеа Луческу. ...
Кошаркарот на Париз Баскет, Надир Хифи, отворено изјави дека неговата цел е да ја продолжи кариерата во НБА лигата. Тој истакна дека повеќе нема право да се пријави на драфтот, но очекува можност да потпише договор како слободен агент. Хифи зад себе има одлична сезона во Европа, каде што се наметна како еден од најдобрите играчи во својот тим и привлече внимание со своите настапи. Неговите партии дополнително го зголемија интересот од ...
Францускиот тенисер Артур Фис го освои престижниот АТП 500 турнир во Барселона, откако во финалето го совлада Андреј Рубљов со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-6(2), по еден час и 40 минути игра. Со овој успех, 21-годишниот Фис ја освои четвртата титула во кариерата, прва по 2024 година и прва по враќањето од тешката повреда. Воедно, ова е и негов прв трофеј откако започна соработка со Горан Иванишевиќ. Победата има и дополнителна симболика, ...
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, полека се рехабилитира во Шпанија, од каде што доаѓаат добри вести за ЛА Лејкерс. Според инсајдерот Јован Буха, враќањето на Лука треба да се очекува меѓу третиот и четвртиот натпревар во серијата. „Обично, повреда на тетивата од втор степен трае од три до шест недели. Постои можност да се врати на средина од серијата. Значи, идејата е дека би можел да се врати меѓу третиот и четвртиот натпревар, но без ...
Американскиот тенисер Бен Шелтон го освои АТП турнирот во Минхен, откако во финалето го совлада Флавио Коболи со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 7-5. Мечот траеше еден час и 31 минута, а Шелтон уште еднаш ја потврди својата одлична форма и позицијата меѓу најдобрите во светот. Ова беше нивни шести меѓусебен дуел, а Шелтон стигна до четвртата победа во тие пресметки. Со триумфот во Минхен, тој ја освои својата петта титула во професионалната ...
Германскиот репрезентативец Антонио Ридигер (33) е блиску до потпишување на нов договор со Реал Мадрид. Според весникот „АС“, Реал е исклучително задоволен од игрите на искусниот стопер и неговата физичка состојба, па затоа верува дека продолжувањето на договорот за една година би било најлогично решение во овој момент. Тековниот договор на Ридигер истекува на крајот од оваа сезона. Реал со тоа продолжува со практика слична на случаите на ...
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, вели дека дефанзивецот на Арсенал, Габриел, требало да биде исклучен поради обидот за удар со глава. Сити го победи Арсенал со 2:1, во натпреварот од 33-то коло од Премиер лигата, а победничкиот гол го постигна Халанд, кој го надмудри Бразилецот во таа ситуација. После тоа, двајцата влегоа во конфликт, Габриел ја потпре главата на напаѓачот на Сити, но не беше исклучен, доби само жолт картон. ...
По вчерашниот пораз од Манчестер Сити на гости со 2:1, Арсенал полека ја загуби предноста на врвот во Премиерлигата. Сепак, шпанскиот стратег на клупата на „топчиите“, Артета, го нагласи фактот дека последната фаза од сезоната ќе биде одлучувачка за конечната распределба на местата. -Битката за титулата практично повторно започнува. Тие имаат натпревар помалку, ние водиме со три бода, а остануваат уште пет натпревари. Сè е во тек и ништо не ...
Сандро Тонали би можел да биде еден од најголемите трансфери во претстојниот летен преоден рок. Според Матео Морето, Италијанецот ќе биде баран во текот на летото, а тој би можел да го замени црно-белиот дрес на Њукасл со светло сина или црвена боја. Сити и Јунајтед се вклучија во трката за неговиоттрансфер, а во овој момент „Црвените ѓаволи“ имаат мала предност пред својот градски ривал. Проценките велат дека обештетувањето за поранешниот ...
Верона, вчера, загуби од Милан (0:1), а по натпреварот, Гифт Орбан беше во центарот на вниманието, се тепаше со навивачите. Напаѓачот на Верона беше незадоволен по поразот, како и навивачите. 🚨🚨 مهاجم هيلاس فيرونا غيفت أوربان، بعد الهزيمة أمام ميلان، كان متوترًا جدًا ورفض التوقف مع الجماهير لالتقاط الصور، لكن أحد المشجعين قام بضرب سيارته، مما دفع المهاجم النيجيري إلى النزول من السيارة والدخول في شجار معه والاعتداء عليه ...
Чезаре Прандели, технички директор на италијанската репрезентација, зборуваше за Душан Влаховиќ со одбрани зборови. Поранешниот стратег на Фиорентина во Фиренца работеше со српскиот напаѓач. Во интервју за „Газета дело Спорт“, Прандели , на челниците на Јувентус им порача да му понудат нов договор на напаѓачот. „Не би имал ни најмал сомнеж, кога станува збор за продолжување на договорот на Душан. По продолжувањето на соработката со Спалети, ...
Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на теренот на стадионот „Башкими“ во Куманово по инцидентот на вчерашниот натпревар со Струга Трим Лум. Воедно, против ФК Башкими 1947 Куманово и лицето Бурак Хида се покренува дисциплинска постапка, а предметот се доставува на понатамошно постапување пред Дисциплинската комисија на ФФМ. – Фудбалската федерација на Македонија најостро ги осудува сите форми на насилство и ...
Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, наскоро ќе ја круниса својата љубов со брак, и тоа пред телевизиските камери. Во мај, Шумахер ќе се ожени со својот партнер Етјен Бускет-Касањ, со кого е во врска од јули 2024 година, а целиот настан ќе биде претворен во телевизиско шоу. Двојката неодамна ја потврди веста за свадбата на Инстаграм, а поканите за тридневната маратонска прослава веќе се испратени. Сега е откриено дека свадбата ќе ...
На 19.04.2026 во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга. -Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле ...
Фудбалерот на Наполи, Ромелу Лукаку, во текот на вчерашниот ден пристигна во Неапол од Белгија, објави „CalcioNapoli24“. Во март, 32-годишниот Белгиец остана во својата татковина за време на репрезентативната пауза и не се врати во Италија. Наполи одговори со парична казна. Во сезоната 2025/26, Лукаку постигна еден гол на седум натпревари. Тој пропушти повеќе од 30 натпревари на Наполи поради повреди. Договорот на напаѓачот со италијанскиот ...
Дијас постигна гол кој ќе беше поништен според старите правила, но во овој случај беше признат токму поради експерименталната примена. First ever goal from Wenger's 'Daylight' rule being trialed in the Canadian Premier League. Interesting one. Video courtesy of OneSoccer/Canadian Premier League. pic.twitter.com/MeXNft04JJ — Simon Evans (@sgevans) April 18, 2026 Потенцијална промена и критики Концептот, кој поранешниот менаџер на Арсенал ...
Барселона има задача: да ја дефинира иднината на Роберт Левандовски. На полскиот напаѓач му истекува договорот, а неговото останување или заминување ќе има големо влијание врз реконструкцијата на нападот за следната сезона. По три одлични години, неговите бројки опаднаа, а го надминаа дури и соиграчи како Ламин Јамал и Феран Торес. Повредите дополнително влијаеја врз неговиот континуитет. Во ваков контекст, клубот нуди продолжување на ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој важи за еден од фаворитите за нов селектор на Италија, во саботата ја отфрли таа можност, истакнувајќи дека се гледа долгорочно во „росонерите“, кои се трети во Серија А. „Мојата кариера зборува сама за себе, честото менување клубови не е дел од мојата ДНК. Сакам да работам во клуб кој функционира како компанија и треба така да се управува“, изјави Алегри на прес-конференцијата пред утрешниот ...
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина го освои трофејот на ВТА турнирот во Штутгарт, откако во финалето ја победи Каролина Мухова од Чешка со 2-0 во сетови, 7-5 и 6-1. Рибакина ја заврши работата за само еден час и осумнаесет минути, не препуштајќи ѝ на ривалката никакви шанси за изненадување. Турнирот во Штутгарт се играше за награден фонд од еден милион евра. Рибакина е втора на ВТА листата, додека Мухова се наоѓа единаесет позиции ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ турнирот што се игра во словенечкиот град Порторож и е со награден фонд од 60.000 долари. Таа во мечот од второто коло денеска загуби од Катарина Завацка од Украина со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0) за 69 минути игра. Ѓорческа водство имаше само на стартот од мечот го освои првиот гем, кога воедно успеа да направи и брејк, но потоа следуваше и серија од четири гема за ривалката која ...
Денвер Нагетс ги победија Минесота Тимбервулвс во првиот натпревар од воведното коло од плеј-офот за шампионската титула во НБА. Нагетси славеа на домашен терен со 116:105, а повторно во фокусот на вниманието беше Никола Јокиќ. Српскиот центар, дуелот го заврши со троен ефект, постигнувајќи 25 поени, на кои додаде 13 скока и 11 асистенции. И овојпат Јокиќ имаше поддршка од Џамал Мареј , кој беше прв стрелец 30 поени, како и Арон Гордон кој ...