Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Англискиот репрезентативец, 28-годишниот Маркус Рашфорд, официјално се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед по цели 18 месеци отсуство, поради недоразбирањата со поранешниот менаџер Рубен Аморим и две успешни позајмици во Астон Вила и Барселона. Англискиот крилен напаѓач му се приклучи на тимот за тренинзите во Даблин, заедно со сонародникот Коби Мејну и Аргентинецот Лисандро Мартинез, потврди менаџерот на „Црвените ...
Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Родри, се очекува да потпише за Барселона, а Каталонците во рамките на преговорите го понудиле и Френки де Јонг! Каталонските извори тврдат дека спортскиот директор Деко сака да го вклучи Де Јонг во договорот со Сити, кој не сака да настапува за Барселона. Де Јонг би можел да се согласи на заминување, бидејќи Ханси Флик веќе нема иста доверба во него како порано. Во исто време, Де Јонг одбил да оди на ...
Шпанскиот фудбалер Серхи Роберто потпиша за Лос Анџелес Галакси Како што беше најавено, 34-годишниот играч од средниот ред пристигна како слободен агент од Комо и се обврза на едногодишен договор, со опција да остане до јуни 2028 година. „Серхи носи комбинација од лидерство, технички квалитет, тактичка интелигенција и шампионско искуство што малку играчи го имаат“, рече Вил Кунц, генерален менаџер на ЛА Галакси. „Тој беше клучен член на некои ...
Се е подготвено за 54-тото издание на меѓународниот традиционален ракометен турнир „Струга 2026“. Од 12 до 15 август РК Струга повторно ќе угости повеќе екипи кои низ турнирските натпревари ќе ја подигнуваат формата за претстојната, нова сезона. За да го задржи префиксот „меѓународен“ турнир, стружани годинава ќе угостат само една екипа од странство. Тоа е српскиот тим на Дубочица од Лесковац која заедно со домаќинот Струга и екипата на ГРК ...
Марк Касадо и Руни Бардагџи, исто како Роналд Араухо, нема да патуваат со првиот тим на Барселона на турнирот во Удине, што дополнително ги засили шпекулациите дека двајцата би можеле да го напуштат клубот. Касадо утрово се појавил во спортскиот комплекс „Жоан Гампер“, но ја напуштил базата пред тимот да замине за Италија. Според шпанските медиуми, Барселона сака да го продаде 21-годишниот играч за врска и да заработи значителна сума. Во ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер направил итни медицински тестови, само три недели пред почетокот на УС Опен, последниот гренслем-турнир во сезоната. Неочекувани проблеми го следат првиот тенисер во светот во текот на август, месец што требаше да помине многу помирно за Синер. Италијанецот го повикал својот лекар од доверба да се врати од одмор за да присуствува на прегледите. Засега не е познато дали станува збор само за превентивни ...
Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз во „Б“ дивизијата, на Евробаскетот во Гевгелија. Во дуел од 2.коло на Б групата, македонските кадети загубија од исландските со 75-87. Во првиот дел нашите надежи одиграа многу лошо. Воведната четвртина ја загубија со 13 поени разлика, а во втората надополнија шест под негативата. Затоа на паузата меѓу двете полувремиња Исланд замина со предност 28-35 Во третиот ...
Машката македонска кадетска ракометна репрезентација со победата над Португалија со 26:25 се избори и утре ќе игра во натпреварот за 9.место на Европското првенство во Белград. По трите порази во групата, македонските кадети во дуелите за пласман постигнаа четири победи против Италија, Турција, Фарски острови и Португалија. Денешниот натпревар мина во знак на македонскиот тим, иако во завршницата постоеше опасност и да го загубиме дуелот. Во ...
Со високи, убедливи, и заслужени 3:0, тимот на Челзи предмалку во Џакарта, во рамките од подготовките ова лето беше подобар од тимот на Милан. Пред преполните трибини, „Сините“ одиграа далеку подобар натпревар од противникот и стигнаа до убав триумф со головите на Педро на два пати односно Каиседо. Ова беше уште еден во серијата на мечеви кои европските гиганти ги играат на Далечниот исток или пак во Австралија, каде што се наоѓаат дел од нив ...
Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше на неодамна одржаното Светско првенство, го напушта Атлетико по само една сезона. За клубот што го тренира неговиот сонародник Диего Симеоне, одигра 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола. Алмада, кој игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред, а доколку е потребно и ...
Во воведниот натпревар од денешната програма во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Тиквеш попладнево извојува висока победа на гостувањето во Куманово над Башкими со 5-0 (2-0). До својата втора победа во новата сезона, кавадаречкиот прволигаш дојде со головите на Висдом (36 минута), Лавал (42, 72), Попзлатанов (81) и Ацковски (88). Саботната програма вечерва ќе ја заокружат Брегалница и Арсими. Вчера, Шкендија Арачиново и Силекс ги ...
Симеоне зборуваше за медиумите во Сеул и, како што се очекуваше, се задржа на иднината на Хулијан Алварез во клубот. “Ситуацијата е многу јасна, клубот донесе одлука која Мигел Анхел добро ја објасни. Многу сме задоволни од Хулијан. Од спортска страна ќе му помогнеме да продолжи да расте, да се подобри и повторно да ни го даде она што ни го даде во овие две години, што беше извонредно.” “Поминавме низ неколку ситуации, видовме што се случи со ...
Ромелу Лукаку се поврзува со трансфер во Фенербахче. Информацијата ја објави италијанскиот новинар Матео Морето, кој наведува дека Лукаку ја прифатил можноста за трансфер во истанбулскиот клуб. Лукаку моментално е член на Наполи, но неговото време во италијанскиот клуб би можело да заврши ова лето. Откако белгискиот напаѓач даде согласност, сега следува клучниот дел од работата меѓу двата клуба. Наполи и Фенербахче треба да седнат на ...
Македонскиот тенисер Калин Ивановски со пресврт обезбеди пласман во второто коло на ИТФ турнирот во Олерсбах, Австрија, откако го совлада Русинот Александер Чајка со 2-1 во сетови. Првиот сет му припадна на Чајка, кој славеше со 9-7 во тај-брејкот. Вториот сет Ивановски го доби убедливо со 6-2, а во третиот беше подобар со 6-4 за пласман во следната рунда. Во осминафиналето Ивановски го очекува осмиот носител на турнирот, Словенецот Бор ...
Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни дека за победа над Ѓоковиќ било неопходно да ...
Организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината УС опен ја објавија листата на пријавени играчи и на неа се наоѓа името на Карлос Алкараз. Шпанските медиуми пренесуваат информации дека тенисерот не е подготвен за враќање, а дека не е подготвен ниту за Мастерсот во Синсинати што се игра од 13 до 23. август. Карлос Алкараз ја брани титулата на УС опен, а турнирот стартува на 30. август и трае до 13. септември. Тој е надвор од ...
Мастерсот во Монтреал доживеа тежок удар уште пред да биде утвдрен редослеот. Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер официјално го откажаа учеството на канадскиот турнир од серијата 1000, кој ќе се одржи од 3 до 10 август. Водечките тенисери на светот во овој период свесно го жртвуваат канадскиот турнир за да се одморат и целосно подготвени да го дочекаат US Open. Со откажувањето, Синер го прекина импресивната низа од шест последователни мастерс титули, ...
Вимблдон 2026 постигна рекордна посетеност од 550.151 гледачи во текот на двете недели, што е малку повеќе од минатогодишниот вкупен број, објави ESPN, повикувајќи се на „Ол Ингланд клубот за тенис и крокет“. Зголемувањето на посетеноста на 139-то издание на Гренд слем турнирот на трева беше олеснето од фактот дека првенството беше без дожд за прв пат од 2019 година. Вкупната посетеност ја надмина бројката од 2025 година за 1.381 гледач. Во ...
Најдобрите тенисери во светот го потврдија учеството на егзибицискиот турнир кој оваа година ќе се игра во Саудиска Арабија под името „Слем на шест кралеви“. Ријад повторно ќе биде домаќин на овој турнир со тениски ѕвезди, а потврдено е учеството на Ѓоковиќ, Синер и Алкарас. Покрај нив, своето место на престижниот турнир го заслужија Александар Зверев, Тејлор Фриц и Алекс де Минор. „Слемот на шесте кралеви“ ќе се одржи на 21, 22 и 24 октомври ...
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ, потврди дека оваа година ќе се натпреварува на Мастерс турнирот во Синсинати. Натпреварувањето ќе се одржи од 13 до 23 август. – Со задоволство објавувам дека оваа година ќе играм во Синсинати за прв пат од 2023 година. Тогаш играв едно од најдобрите финалиња на Мастерс турнири во мојата кариера. Едвај чекам да се вратам и да настапам за вас, го цитираше прес-службата на турнирот Ѓоковиќ. ...
Најдобриот тенисер во историјата, 24-кратниот Грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ, предложи промена во форматот на тениските натпревари. Предлогот на 39-годишниот Србин ќе значи избегнување маратонски мечеви. – Треба да го промениме системот за бодување. Сетовите треба да се играат на четири гема наместо на шест и натпреварите да се одржуваат во рок од два часа. Тоа би било најдобро за сите, изјави Ѓоковиќ за „Tennis Up To Date“. Сличен систем ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако попладнево со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 64) ја совлада Анастасија Фирман од Украина. Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути. Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно денеска со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк. ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз официјално се откажа од Мастерсот во Синсинати. Се претпоставува дека причината се повредите, односно дека не ја залечил доволно повредата на раката што ја доби на турнирот во Барселона во април. Сега го доведе во прашање и своето учество на УС Опен, а доколку не игра на последниот Гренд слем во годината, може да ја заврши сезоната без да одигра ниту еден натпревар. ...
Еден од најголемите гласини за трансфери во сезоната сега е официјален: Фабио Куартараро се сели во Хонда. Светскиот шампион од 2021 година потпиша за тимот на Хонда ХРЦ, бидејќи новата ера на МотоГП од 850 кубни сантиметри започнува следната година, потврдена со фабриката за 2027 и 2028 година. 27-годишникот се приклучи на премиер класата во 2019 година и веднаш го привлече вниманието на публиката. По рекордите во тогашниот меѓународен ...
Официјално е: Хонда Рејсинг Корпорејшн го објави потпишувањето на договорот со Давид Алонсо од 2027 година. Колумбиецот има повеќегодишен договор со јапонските гиганти, но сè уште не е потврдено со кој тим ќе се трка – тимот Хонда ХРЦ или тимот ЛЦР. Алонсо го сврте вниманието кон себе во падокот откако заврши трет како почетник во Мото3 во 2023 година, пред да доминира во класата следната година. Моментално во својата втора сезона во ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ги освои квалификациите за 11. трка од шампионатот во Формула 1 во 2026 година во Унгарија. Неговото најдобро време на круг беше 1 минута и 17,207 секунди. Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше втор со само 0,012 секунди зад Норис. Третото место во квалификациите го освои уште еден возач на Ферари, Шарл Леклер (+0,238). Четвртото место го освои лидерот во шампионатот, Андреа Кими Антонели (+0,272) во ...
Формула 1 возачот Луис Хамилтон ќе стартува од петтата позиција на ГН на Унгарија, откако доби казна од три стартни места поради попречување на Оскар Пјастри во завршниот дел од квалификациите. Возачот на Ферари првично го освои второто место во квалификациите, но по одлуката на стјуардите ќе мора да тргне од петтата стартна позиција. Одлуката беше донесена по сослушувањето на двајцата возачи, како и на претставниците на Ферари и Мекларен. ...
Формула 1 и ФИА потврдија дека Големата награда на Бахреин во 2026 година ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија. Трката ќе се одржи од 2 до 4 октомври, помеѓу Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Сингапур, додека остатокот од календарот останува непроменет. Настанот официјално ќе се нарече Големата награда на Бахреин во Малезија, а договорот сè уште треба да добие конечно одобрение од Светскиот совет за мотоспорт. ...
Возачот на Мекларен, Ландо Норис,победи на трката „Хунгароринг“, која се возеше за ГН на Унгарија, вкупно единаесетта од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет заврши возачот на Мерцедес, Кими Антонели. Трката ја одбележа и борбата за подиум на Луис Хамилтон. Рекордерот по број победи на „Хунгароринг“ доби казна поради пребрзо влегување во боксот, па на крајот заврши на ...
Големата награда на Бахреин за 2026 година нема да се вози на Блискиот Исток, туку привремено се сели директно на легендарната патека „Сепанг“ во Малезија. Челниците на Формула 1 и ФИА официјално потврдија дека е постигнат уникатен договор меѓу владите на Бахреин и Малезија, со што се спасува одржувањето на трката. Настанот официјално ќе се вика „Формула 1 Галф Ер Голема награда на Бахреин во Малезија“ и ќе се одржи од 2 до 4 октомври 2026 ...