Арсенал победи во Брајтон, а Манчестер Сити не успеа да слави против Нотингем Форест, во 29-то коло, во кое гостински победи забележаа Челзи и Вест Хем. „Топџиите“, во Брајтон, поведоа во деветтата минута, кога Сака влезе во средината и шутираше кон голот, а Фербруген лошо интервенираше, бидејќи топката му помина низ нозете наместо да забележи рутинска интервенција. Претходно, Брајтон можеше да поведе веднаш на почетокот од натпреварот, кога ...

Фудбалската федерација на Македонија ги одреди судиите за последните два дуела од 21.коло од Првата фудбалска лига што ќе се играат утре и имаат значење за изгледот на табелата. Вардар – Шкендија (Тренинг центар „Петар Милошевски“) Судија: Бафто Фармир помошен судија: Ѓорѓиевски Мишо помошен судија: Балевски Горан Четврти судија: Ѓоргиев Крумислав ВАР: Стојчевски Игор АВАР: Изеири Вјолца Оператор за повторување на снимка: Петар Муковски ...

На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ изречени се казните за исклучените фудбалери, тренери и членови на стручни штабови на клубовите од Првата и Втората македонска фудбалска лига. Исто така, беа донесени и следните одлуки: – Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија за натпреварот од 20. коло помеѓу ФК Шкендија и ФК Пелистер, поради слаба организација. Во текот на натпреварот од страна на домашната публика биле ...

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва од 20:45 часот го играат последен домашен натпревар од Лигата на шампионите, а противник им е ПСЖ. Пред полни трибини битолчани ќе играат против еден од најдобрите европски екипи, но екипа која имаше променливи резултати во ова натпреварување. Тренерот на Е.Пелистер Стевче Алуошвски со проверени сили и со новото зимско засилување Никола Граховац ќе игра против ПСЖ. – Ни гостува ...

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва го игра натпреварот од 3.коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Македонските ракометарки гостуваат на Белгија. – Ќе дадеме се од себе, а со борбена игра која треба да клучна на овој натпревар, но и на саботниот дуел во Куманово да стигнеме до позитивен резултат. Мора да одиграме добра одбрана и така да стигнеме до победа, изјави македонската репрезентативка Ива Младеновска. ...

Кошаркарскиот клуб Дубаи натпреварите од Евролигата, како и од АБА лигата ќе ги игра како домаќин во Сараево. Воената состојба на Блискиот исток има влијание и на спортските натпреварувања. Најголем удар има во Евролигата, каде веќе има одложени натпревари, а ќе има и промени во календарот. Одложен е натпреварот меѓу Партизан и Дубаи, кој требаше да се игра во Белград. Дубаи евролигашкиот натпревар против Басконија ќе го игра како домаќин на ...

Евролигашкиот натпревар меѓу Макаби и Хапоел или „дербито на Тел Авив“ нема да се игра на 9. март (понеделник). Првобитно натпреварот беше закажан за 5. март, но нема да се игра ниту во вториот термин. Проблем се појави во логистичките подготовки за дуелот. Клубовите со раководството на Евролигата преговараат за нов термин. Ова ќе им овозможи на клубовите за дополнителни подготовки за натпреварите кои ќе ги играат на 13. март (петок). До ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги одреди официјалните лица за плејоф натпреварот меѓу македонската и данската репрезентација што ќе се одигра на 26 март во Копенхаген, во рамки на баражот за пласман на Светското првенство. Главен судија на натпреварот на стадионот „Паркен“ ќе биде Германецот Феликс Цвајер, а негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија. Функцијата четврти судија ќе ја извршува ...

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска го победи тимот на Њу Орлеанс дома во натпревар од регуларната сезона на НБА со 110:101. Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ, кој забележа дабл-дабл со 27 поени и 10 скока. Словенецот имаше и седум асистенции. Лејкерси (37 победи, 24 порази) го добија својот трет натпревар по ред и се шести во Западната конференција на НБА. Њу Орлеанс (19-44) е 13-ти на Запад. Резултати на другите натпревари ...

Екипите на Тиквеш и Македонија ЃП освоија по три бодови во денешните дуели од 21.коло од Првата фудбалска лига. Тиквеш беше убедлив на гостувањето против Арсими и славеше победа со 0:5, додека во скопското дерби Македонија ЃП го совлада Работнички со 3:1, иако „романтичарите“ поведоа со 0:1. На вчера одиграните дуели: Брера – Струга 0:0 и Шкупи – Башкими 0:2. Утре се игра дербито на колото меѓу Вардар и Шкендија со почеток во 14 часот, додека ...

Кошаркарот на НБА лигашот Бостон, Џејсон Тејтум, ќе се врати на теренот на 6 март, откако целосно закрепна од тешката повредата во текот на минатата сезона. Според американските медиуми, се очекува Тејтум да биде во тимот на Бостон на дуелот на домашен натпревар против Далас, за прв пат откако ја скина Ахиловата тетива во првото коло од плејофот минатата сезона. Тејтум веќе некое време тренира со полн интензитет со клупските колеги. Бостон и ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) одлучи да ја забрани продажбата на билети на навивачите на Галатасарај за натпреварот на гостински терен од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул, објави прес-службата на организацијата. Забраната е предизвикана од однесувањето на навивачите на турскиот тим за време на реваншот од плејофот против Јувентус (2:3 на гости), кој се одржа на 25 февруари во Торино. За време на натпреварот, ...

Арбелоа ги замоли играчите на Реал Мадрид да вложат дополнителен напор. Тренер на „Кралскиот клуб“ одржа итен состанок со фудбалерите на тренинг-центарот на клубот, објави „COPE“. Средбата се одржа по поразот од Хетафе со 1:0 во понеделникот во Ла Лига. Арбелоа прво разговараше со капитените, а потоа со целиот тим и тренерскиот штаб. Арбелоа изјави дека нема „никакви замерки“ за играчите. Во исто време, тој ги замоли да „вложат дополнителен ...

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување. На Ракометната федерација на Македонија ѝ е доверена организацијата на Светското првенство за играчи до 21 година, објави денес РФМ. Мундијалот ќе се одржи во периодот 23 јуни – 4 јули 2027 година. – Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како ...

Ракометарите на Вардар 1961 обезбедија пласман во плејофот во Лига Европа, откако вечерва на домашен терен ја совладаа Бенфика со 33-27 и ја забележаа третата победа во четвртиот натпревар во рамки на групата 3. Со вечерашниот триумф „црвено – црните“ го обезбедија второто место во групата пред завршниот натпревар против Мелсунген на 10 март на кој со евентуална победа или реми ќе завршат првопласирани и ќе обезбедат директен пласман во ...

Реал Мадрид е заинтересиран да го назначи Масимилијано Алегри од Милан за главен тренер доколку Алваро Арбелоа биде отпуштен во текот на летото. Според „Кориере дело спорт“ раководството на Реал направило два обида да го потпишат италијанскиот менаџер – во 2019 и 2021 година. Самиот Алегри е задоволен од својата работа во Милан, кој го презеде по втор пат во јули 2025 година, иако тој би сакал да го подобри составот за меѓународни предизвици. ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, изрази поддршка за напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, кој е повреден. Вчера беше објавено дека на 25-годишниот Бразилец му е дијагностициран скинат преден вкрстен лигамент на десното колено и латерален менискус. – Со тебе сме на секој чекор од твојот камбек. Остани силен, Родриго, напиша Анчелоти на социјалните мрежи. Фудбалерот ќе го пропушти остатокот од сезоната и Светското ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид. Каталонците синоќа го победија Атлетико Мадрид со 3:0 во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот. -Разочаран сум бидејќи имавме многу шанси да постигнеме повеќе голови. Сепак, одигравме одличен натпревар. Горд сум на моите фудбалери. Тие дадоа сè од себе на теренот и беа прекрасни. По натпреварот, секако, штета е што не стигнавме до ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер се подготвува за завршниот натпревар на домашен терен во Лигата на шампиони во кој в среда во Битола го пречекува францускиот гигант ПСЖ. „Се подготвуваме како и за секој натпревар во Лигата на шампиони. Ни гостува гигантот ПСЖ кој оваа година во првата полусезона не играше според очекувањата. Станува збор за тим составен од голем број француски репрезентативци и интернационалци кои се едни од ...

Битолската спортска јавност утревечер ќе го проследи ракометниот дуел меѓу македонскиот и францускиот шампион Еурофарм Пелистер и ПСЖ. Во пресрет на натпреварот кај домашниот тим се подгреваат надежите дека последниот настап пред своја публика може да заврши со успех бидејќи, како што велат, против французите секогаш добро и успешно играат. -Ова е последен домашен меч за нас во Лигата на шампионите. Ние ќе дадеме се од себе и затоа ја ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доби предлог за брак од своето момче. Атлетичарката е во врска со грчко-бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис од 2024 година. Светскиот рекет број на своите социјални мрежи соопшти дека ја прифатила понудата за брак. – Ти и јас, засекогаш – напиша Сабаленка. Белорусинката во текот на својата кариера освои четири Гренд слем турнири. Дваесет и седумгодишната Сабаленка има 22 титули во поединечна ...

Барселона синоќа го победи Атлетико Мадрид со 3:0 во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот. Натпреварот се одигра на стадионот „Камп Ноу“ во Барселона. Сепак оваа победа не им беше доволна на Каталонците за вкупен триумф, па Атлетико оди во финалето. Фудбалерот од средниот ред Марк Бернал го отвори резултатот во 29. минута. Крилниот напаѓач Рафиња реализираше пенал кон крајот на првото полувреме за да го дуплира водството на домашниот ...

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, изрази доверба во способноста на тимот да се натпреварува за шампионската титулата во 2026 година, и покрај слабите резултати од претсезонските тестирања. Британецот повика на претпазливост. – Тестирањето не откри многу. Сите се криеја зад нивото на гориво во резервоарите. Разговарав со Тото Волф од Мерцедес и Зак Браун од Мекларен за да се обидам да разберам што откриле, но не добив никакви резултати, изјави ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Адем Мекиќ верува дека вчерашната победа (78:70) над Азербејџан на гостински терен ќе биде доволна да се поминат претквалификациите. – Ова е исклучително важна победа за нас бидејќи, реално, не припаѓаме во ова друштво и мораме тоа да го докажеме на теренот. Влеговме во грч, не отворивме како што посакувавме, едноставно ни недостасуваше енергија. Од друга страна, домаќинот, понесен од поддршката од ...

Бразилскиот 25-годишен репрезентативец Родриго претрпе сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено, што ќе го оддалечи од Светското првенство ова лето. Родриго влезе во игра во 55. минута од натпреварот на Реал Мадрид против Хетафе во понеделникот и кратко потоа се повреди, иако остана на теренот до крајот на натпреварот. Лекарските прегледи денеска го покажаа најлошото, а магнетната резонанца потврди дека Бразилецот ги ...

Саудискиот фудбалски клуб Ал Наср демантираше вечерва дека Португалецот Кристијано Роналдо ја напуштил Саудиска Арабија со својот приватен авион по иранскиот напад со беспилотни летала на американската Амбасада во Ријад. Паралелно со ова, добро информираниот новинар Фабрицио Романо, исто така, ги нарече неточни информациите дека Роналдо заедно со семејството го напуштил Ријад и се вратил во Мадрид. Романо објави дека станува збор за лажна ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оти воопшто не е загрижен доколку Иран донесе одлука да го бојкотира настапот на Светското фудбалско првенство кое ова лето ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Иранската фудбалска репрезентација беше меѓу првите кои се квалификуваа за Светското првенство, но по координираните американско – израелските напади врз Иран, прашање е дали земјата ќе настапи на мундијалскиот турнир. Паралелно со ова, ...

ФИФА соопшти денеска дека во првите две фази од продажбата на билетите за натпреварите од Светското првенство што ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико се продадени речиси два милиони влезници. Побарувачката е огромна, а според ФИФА, само апликациите за купување билети се за 3,4 пати поголеми од вкупниот број гледачи што присуствувале на 964 натпревари во последните 22 мундијалски изданија севкупно од 1930 година. Најмногу билети се ...

Кошаркарската Евролига објави денеска натпреварите од 30 коло меѓу Партизан – Дубаи и Макаби – Хапоел Тел Авив се одложени. Како што се наведува во соопштението, одлуката е донесена поради моменталната безбедносна состојба на Блискиот исток и неможноста за патување по привременото затворање на воздушниот простор. Евролигата објави дека, во соработка со засегнатите клубови, ќе ги разгледа најдобрите можни опции за дополнително одигрување на ...

Ден по триумфот од 8-0 над Мадуреира и пласманот во финалето на првенството Кариока, бразилскиот фудбалски гигант Фламенго му врачи отказ на тренерот Филипе Луис. „Фламенго сака да му се заблагодари на поранешниот играч и тренер за сè што направи за време на неговиот престој во Фламенго. Клубот му посакува успех и среќа во продолжението на неговата професионална кариера“, се вели во клупското соопштение. Фламенго освои вкупно седум трофеи со ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
65%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
81%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
66%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
70%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
56%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
88%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Злато

144593.23

Калај

43.91

Родиум

353658.21

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19