Един Џеко (40) се врати на тренинзите откако се здоби со повреда на рамото на натпреварот против Италија на крајот на март. Закрепнувањето на Џеко оди според планот, а најдобар доказ за тоа е фактот што тој повторно тренира. Засега работи индивидуално, но најважно е процесот на рехабилитација да напредува според планираноот. Шалке се надева дека Џеко би можел да биде подготвен за натпреварот против Нирнберг на 9 мај. Со оглед на тоа што веќе ...

Објавени се првите прогнози за претстојното Светско првенство на ФИФА, кое ќе се игра од 11 јуни до 19 јули во Мексико, Канада и САД. Еден од најпознатите сајтови за фудбалска статистика и анализа „Опта Џо“ објави предвидувања за најголемите фаворити на Светското првенство на северноамериканскиот континент. На 48 дена до почетокот на турнирот, најголеми шанси за освојување на трофејот му се даваат на актуелниот европски шампион Шпанија (16,3 ...

Според грчките медиуми, плејмејкерот на Црвена Звезда, Коди Милер-Мекинтаер, е на чекор до трансфер во Олимпијакос. Преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза, а грчкиот клуб сака да го обезбеди неговиот потпис пред да стане слободен агент. Милер-Мекинтаер зад себе има одлична сезона во Евролигата, каде беше лидер по асистенции. Во меѓувреме, Звезда веќе бара замена, а главен кандидат е Крис Џонс од Хапоел Тел Авив. Сепак, израелскиот ...

Лидерот во Серија А, Интер веќе неколку недели работат на трансфер на дефанзивецот на Сасуоло, Тарик Мухаремовиќ. Босанецот е еден од најдобрите дефанзивци во лигата оваа сезона и се споменуваше како едно од новите имиња во дресот на Интер за следната сезона. „Газета дело Спорт“ објави дека Интер го направил првиот чекор кон потпишување на договорот со Мухаремовиќ. Тие сега имаат нацрт-договор за личните услови со играчот и неговата ...

Портпаролката на иранската влада, Фатемех Мохеџерани, ја потврди намерата на националниот фудбалски тим да игра на Светското првенство во 2026 година. „Министерството за млади и спорт објави дека нашата национална фудбалска репрезентација е целосно подготвена за учество на Светското првенство во 2026 година во САД, во согласност со наредбата на министерот. Преземени се сите потребни чекори за да се обезбеди дека нашите драги членови на тимот ...

По натпреварот со РК Алкалоид тренерот Иван Чупиќ ги сподели импресиите и беше задоволен од она што го видел од својот тим од натпреварот. „Благодарност до Алкалоид, затоа што ни излезе во пресрет, требаше да играме за викенд, но ни следи многу важен меч со Монпеље и за Вардар и за македонскиот ракомет, па затоа сакам јавно да се заблагодарам затоа што прифатија промена. Што се однесува на натпреварот, се гледа дека бевме малку уморни, ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за натпреварот меѓу Башкими и Струга. Поради однесувањето на домаќинот, неслужбените лица крај теренот и физички напад врз претставници и фудбалери на гостите е донесена одлука за казната. Башкими ќе биде санкциониран со забрана за играње на четири натпревари на домашен терен. Освен тоа, клубот ќе плати и парична казна од 5.000 евра поради слаба организација на ...

Карлос Алкараз конечно проговори за крајот на соработката со Хуан Карлос Фереро, што ја потресе тениската јавност во декември минатата година. По седум години заедничка работа, седумкратниот Гренд слем шампион, реши да му се заблагодари на својот тренер. Вториот светски рекет ја отвори душата и откри неколку детали, што придонеле за одлуката да се раздели со фереро. „Пораснав и созреав, па можам сам да носам одлуки. Порано, речиси сите мои ...

Спортски и владини функционери во Италија остро го отфрлија предлогот на американскиот претставник Паоло Замполи, Италија да го замени Иран на Светското првенство. „Не е соодветно. Квалификувајте се на теренот“, рече Андреа Абоди, италијанскиот министер за спорт, додавајќи дека верува оти таква промена од страна на ФИФА „би била невозможна“. Претседателот на Италијанскиот национален олимписки комитет (КОНИ), Лучијано Буонфиљо, го изрази ...

Македонскиот ракометен суперлига, Вардар 1961 потпиша со уште еден ракометар за следната сезона. „Црвено-црните“ го договорија трансферот на Матео Фадуил, ракометар кој влезе во сениорскиот тим на Франција на подготовките за Европското првенство (ЕП) во 2026 година. Се работи за 23-годишен среден бек кој целата кариера игра во Франција. „Можам да кажам дека утрово беше потпишан договорот со Мате Фадуил кој ќе биде последното засилување за ...

Стевче Алошувски повеќе не е тренер на Еурофарм Пелистер. Тренерот поднел оставка по елиминацијата од Охрид, во полуфиналето на Купот. Алошувски го презеде Еурофарм Пелистер пред четири месеци, кога дојде на местото на Рубен Гарабаја. „РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му ...

Управата на РК Вардар 1961 најави нов силен партнер за следната сезона – Casinos Austria International, кој ќе биде меѓу главните поддржувачи на ракометниот тим. Соработката има за цел создавање поконкурентен тим и остварување на амбициозните цели на клубот, со уверување дека ваквите партнерства придонесуваат за развој на македонскиот ракомет. Официјалната промоција ќе се одржи на 23 април во СЦ Јане Сандански во Скопје, каде ќе се обратат ...

Винисиус Жуниор и во иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид. „Скај Спортс“, објави дека по обемни преговори, постигнат е принципиелен договор за нов долгорочен договор, и сè што останува е да се потврдат последните детали пред да биде потпишан. Иако неговиот тековен договор истекува во 2027 година, Бразилецот најави потпишување на нов пред повеќе од една година, но бидејќи тоа не се случи, шпекулациите за неговото заминување се засилија. ...

Во третиот натпревар од осминафиналето на НБА плејофот, Минесота лесно победи против Денвер – 113:96, за водство од 2:1 во победи. Веќе на почетокот на средбата беше јасно во кој правец ќе одат работите. Минесота поведе со 5:0, кратко потоа ја имаше својата прва двоцифрена предност (14:4), по само седум минути игра. Гостите не можеа да најдат решенија во нападот, Јокиќ беше брилијантно затворен, а дури и кога го најде својот ритам, немаше ...

Името на Јанис Адетокумбо се повеќе се поврзува со можно заминување од Милвоки, а сега во приказната се приклучи уште една франшиза, Феникс Санс. Според најновите информации што ги објави „Еурохупс“, Санс се споменуваат како една од потенцијалните дестинации за грчката суперѕвезда пред летото 2026 година, доколку дојде до конечна разделба со Бакс. Засега, сè е во доменот на шпекулации, но ситуацијата во Милвоки станува сè потензична. ...

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, беше гостин и презентер на престижната награда „Лаурес“ за спортист на годината. Наградата за најдобар во 2025 година ја понесе шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, а во таа пригода, Ѓоковиќ зборуваше со присутните медиуми за неговиот претстоен настап на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес. – Нема поголема чест од тоа да ја претставувам Србија, мојата земја, на Олимписките игри – рече Новак, кој го ...

Ситуацијата со повредата на Карлос Алкараз воопшто не е наивна, а новите информации дополнително ја комплицираат сликата пред Ролан Гарос. Поради повреда на зглобот, Алкараз се повлече од турнирите во Барселона и Мадрид, неговото учество во Рим речиси е откажано, а Ролан Гарос е исто така под знак прашалник, како што самиот изјави. Иако сè уште нема официјална дијагноза, специјалистот за повреди на рацете, д-р Марк Јувенспан, ги наведе ...

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија ја потврди промената на селекторот, откако Ерв Ренар беше отпуштен на помалку од два месеци пред почетокот на Светското првенство. На Мундијалот, Саудиска Арабија ќе ја предводи грчкиот стручњак Јоргос Донис. Одлуката беше официјално објавена преку каналите на Сојузот, со образложение дека промената е направена со цел „да се подобри квалитетот на националниот тим пред последните подготовки за Светското ...

Клаудио Раниери ја напушти Рома во голем стил на крајот од минатата сезона. Пристигна како „спасител“, во својот клуб, го водеше по трет пат во својата тренерска кариера, сите го молеа да остане, но тој рече реши да замине во пензија. Раниери, сепак остана во клубот, доби функција, беше задолжен за спортските прашања. Негови избор за нов тренер беше Џанпјеро Гасперини. Таа соработка меѓу нив двајца изгледаше многу ветувачка, сите што ја ...

Един Терзиќ ќе стане нов тренер на Атлетик Билбао на крајот од сезоната, кога Ернесто Валверде ќе ја напушти клупата, објави баскискиот весник „Онда Васка“. Претседателот на клубот, Јон Уријарте, наводно се договорил за сите услови со германскиот стручњак од хрватско потекло, кој беше неговиот прв избор за клупата. Терзиќ е без клуб од 2024 година и ја напушти Борусија Дортмунд, а и покрај бројните понуди работеше како телевизиски коментатор ...

Манчестер Сити размислува за летен трансфер на играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандез (25). Клупските челници се уврени дека Енци ќе биде идеална замена за Бернардо Силва. Сити се стреми да го зајакне својот среден ред и, иако Фернандез е клучен играч на „Стемфорд Бриџ“, интересот од клубот од Манчестер би можел да ја тестира решителноста на Челзи во претстојниот преоден рок. Според „Атлетик“, Манчестер Сити се појави како ...

Лидерите во Источната и Западната конференција, Детроит и Оклахома, забележаа победи нд Орландо, односно Феникс, во вторите натпревари во плејоф сериите. Детроит изедначи на 1-1 против Орландо, додека Оклахома води 2-0 против Феникс. По поразот во првиот дуел, тимот на Детроит Пистонс одговори на предизвикот, но малкумина можеа да го предвидат она што се случи на теренот. По изедначено прво полувреме, на почетокот од третата четвртина ...

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, ја заврши сезоната, објави клубот. Јамал доживеа повреда на „зданата ложа“, на левата нога против Селта. Се повреди кога го шутна пеналот, што беше единствениот гол во натпреварот. Тој ќе биде подложен на третман, ќе го пропушти остатокот од сезоната, но се очекува да биде подготвен за Светското првенство. „Тестовите потврдија дека играчот од првиот тим, Ламин Јамал, има повреда на задниот дел од левата ...

Фудбалерите на Реал Мадрид, Арда Гулер и Едер Милитао, ќе отсуствуваат од теренот до крајот на сезоната поради повреди, објави денес шпанскиот весник „Марка“. Гулер има проблем со тетивата на десната нога, а Милитао со левата нога, а двајцата играчи се повредија на натпреварот против Алавес во вторникот. Клубот, објави дека повредата на Милитао е „позагрижувачка“ и дека неговиот настап на овогодинешното Светско првенство за Бразил сега е ...

Кошаркарот на Сан Антонио, Келдон Џонсон, беше прогласен за најдобар шести играч во НБА. Џонсон е првиот кошаракар на Сан Антонио, по Ману Џинобили, добитник на наградата за најдобра резерва во лигата. Џонсон играше во сите 82 натпревари оваа сезона, вистински раритет е што сите ги започна од клупата. Дополнително, тој стана првиот играч во историјата на франшизата кој постигна повеќе од 1.000 поени во една сезона како резерва. „Порано бев ...

Фудбалскиот клуб Челзи успеа да избегне плаќање на дури 24 милиони фунти отштета по отпуштањето на тренерот Лиам Розениор, благодарение на паметно вметната „брејк“ клаузула во неговиот договор. Розениор беше отпуштен во среда по катастрофалната серија од пет последователни порази во Премиер лигата без постигнат гол. Тешкиот пораз против Брајтон (3:0) беше последната капка што ја прелеа чашата, оставајќи го Челзи на осмото место и во длабока ...

Јошко Гвардиол нема да се врати во тимот на Манчестер Сити за натпреварите од Премиер-лигата оваа сезона. За потсетување, хрватскиот репрезентативен дефанзивец е надвор од терените од јануари откако заработи фрактура на тибијата на десната нога. Гвардиол беше опериран по повредата, и иако имаше надежи дека ќе може да се приклучи на тренинзите на тимот пред крајот на сезоната, сега е поверојатно дека ќе биде целосно подготвен за ...

Искусниот стратег е еден од најсериозните кандидати за тренерското место во тимот на Фиорентина за следната сезона. Ова е сосема извесно да се случи, затоа што клубот од Фиренца сезонава игра очајно, но ете некако собра доволно бодови до овој момент, за да излезе од зоната за испаѓање и што се вели да „дише полесно“. Паоло Ваноли е во моментов кормилар на тимот, но тешко дека ќе му биде доделена довербата и следната сезона. Клубот има ...

Крилниот напаѓач на Лајпциг, Јан Диоманде (19), е исклучително заинтересиран за преселба во Ливерпул, а личните услови не треба да бидат пречка за евентуален трансфер, пишуваат англиските медиуми. Репрезентативецот на брегот на Слоновата коска, стана една од главните летни цели на „Црвените“, кои се подготвуваат за ерата по заминувањето на Мохамед Салах. Ливерпул го следи Диоманде повеќе од една година, а нивните скаути го забележаа неговиот ...

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Кертис Џонс, сака да го напушти клубот по 16 години. Џонс, локално момче и дете на клубот, не е задоволен од фактот што оваа сезона целосно падна во втор план и верува дека заслужува поважна улога, па затоа ги разгледува своите опции во Премиер лигата. Наводно, Астон Вила покажала најголем интерес за него, но се споменува дека и Тотенхем ќе се стреми кон неговиот потпис ако обезбеди опстанок во елитата. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.6
33%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
56%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
36%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.29
43%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
5.14
45%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
38%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
39%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
8.94
48%
1010
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
51%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Родиум

319899.93

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Иридиум

253540.09