Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Фудбалската федерација на Сенегал објави дека Патрик Виеира е назначен за нов селектор на сениорската репрезентација. Виеира ќе ја преземе репрезентацијата на Сенегал од Папа Тјав, кој беше отпуштен по Светското првенство оваа година каде што Сенегал беше елиминиран во осминафиналето. „Овој стратешки избор претставува нов чекор во напорите на Фудбалската федерација на Сенегал да воспостави систем на професионална работа од врвен квалитет, кој ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ во интервју за клупската веб-страница на Милан го спореди италијанскиот клуб со гигантот Реал Мадрид. – Играв за најголемиот клуб во светот, Реал Мадрид, но мислам дека Милан е на исто ниво. За Милан не се зборува како за другите клубови. И кога ќе стигнете тука, разбирате зошто. Тоа е еден од најважните клубови во светот, а сето тоа е благодарение на луѓето што работат тука и навивачите. Разбирам зошто Милан е ...
Бруно Фернандеш ја одби понудата на Манчестер јунајтед за нов договор. Раководството на клубот од „Олд Трафорд“ му понуди нов договор на Португалецот, но не доволно примамлив за него, објави новинарот Саша Таволери. Се забележува дека понудата вклучувала зголемување на годишната плата од 500.000 евра, што не било доволно за да го убеди Португалецот да го продолжи договорот. Претходно, Галатасарај наводно покажал интерес за играчот од средниот ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше пред натпреварот со Малага, а едно од главните прашања беше за иднината на Хулијан Алварез. Аргентинскиот напаѓач е во центарот на вниманието поради шпекулациите за можно заминување од Мадрид, но Симеоне јасно стави до знаење дека клубот смета на него. „Мигел Анхел е сопственик на клубот. Не може да биде појасно од тоа. Како кога судијата дава пресуда – „нема основа“. Повеќе од јасно е што ...
Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, изјави дека би бил воодушевен ако ја освои Златната топка. Тој додаде дека е исклучително задоволен од минатата сезона. Англичанецот, исто така, коментираше за ситуацијата со неговиот договор, велејќи дека наскоро ќе разговара со раководството на Баварците. „Многу сум горд на сезоната што ја играв. Од индивидуална гледна точка, Златната топка е најголемата награда што може да ја добие еден играч, но одлуката не ...
Малцинските сопственици на Челзи, Тод Боели и Марк Валтер, преговараат со своите партнери во конзорциумот на клубот, „Клирлејк“, за продажба на своите акции. Мнозинскиот сопственик на Челзи, „Клирлејк Капитал“, поседува 61,5 отсто од клубот, додека Тод Боули и Марк Валтер држат по 12,8 отсто. Сепак, двајцата беа во преговори да ги продадат своите акции на „Клирлејк“, кој го предводат Бехдад Егбали и Хозе Фелисијано. Боели беше лицето на ...
Челзи бара 100 милиони фунти за португалскиот крилен напаѓач Педро Нето, според неколку извори, вклучувајќи ги Би-Би-Си, Дејли Меил и новинарот Бен Џејкобс. 26-годишникот веќе ги договорил личните услови со Ал-Хилал, а саудискиот клуб започнал разговори со Лондончани, но сè уште не дал официјална понуда. Манчестер Сити исто така е сериозно заинтересиран за него. Според Дејли Меил, Лондончани ја базирале оваа неочекувано висока цена на ...
Никлас Филкруг се враќа во Вердер Бремен, објавија „Билд“ и „Скај Спорт Германија“. Вердер и Вест Хем постигнаа договор за едногодишна позајмица без опција за откуп, а 33-годишниот германски напаѓач треба во текот на денот да ги мине медицинските прегледи, пред да го потпише договорот. Филкруг, исто така, се согласи на значително намалување на платата за да може да се врати во клубот за кој веќе играше двапати. Филкруг во школата на Вердер ...
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Ибрахим Мбај, ги договорил финансиските услови со Ливерпул, објави „RMC Sport“. Мбај има 18 години, е висок 175 сантиметри и игра на позицијата десно крило. Сенегалецот му беше приклучен на првиот тим на Пари Сен Жермен за сезоната 2024-25, откако настапуваше за тимот до 21 година на шампионите на Европа и Франција. Во претходната сезона, се етаблираше како постојан играч во првиот тим – одигра 29 натпревари – ...
Поранешниот играч на ПСВ од Ајндховен, Џои Верман е новото засилување на Борусија Дортмунд. Германскиот вицешампион ја плати откупната клаузула од 21,5 милиони евра. Верман има 27 години, висок е 185 сантиметри и игра на позицијата централен и заден играч за врска. Холандскиот интернационалец потпиша петгодишен договор. Со клубот од „Филипс Арена“, тој освои три титули во холандското првенство (2024, 2025 и 2026), два национални купа (2022 и ...
Оперативниот директор на ФИФА, Кевин Ламур, инаку еден од најблиските соработници на претседателот на кровната фудбалска институција во светот, си замина од функцијата односно си поднесе оставка. Потегот се случува по серијата скндалозни одлуки и потези на Инфантино, со кои што не се согласува речиси никој, и полека но сигурно сите кои што беа блиски соработници со него, си заминуваат. Портпаролот на ФИФА во изјава за „Атлетик“ изјави: -ФИФА ...
Во единствениот меч од денешката Примера програма екипата на Депортиво Ла Коруња на домашен терен не успеа да ја искористи предноста на својата публика и одигра 1:1, со тимот на Елче. Домаќинот дојде во водство во 21. минута со голот на ветеранот, Аубумејанг и таа предност ја имаше се до 76. минута. Тогаш на сцена стапи Марк Агуадо кој што изедначи за гостите и ја анулираше негативата. До крајот Ла Коруња не успеа повторно да реализира и да ...
Новак Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати, велејќи дека во последните две години не се чувствувал подобро по Гренд слем. Ѓоковиќ се врати во Синсинати за прв пат од 2023 година, кога одигра едно од најспектакуларните финалиња во својата кариера токму на овој турнир кога го победи Карлос Алкарас. Српскиот тенисер потоа загуби сет и брејк, ја спаси меч-топката во тај-брејкот од вториот сет и ...
Џејмс Харден сè уште е без договор, но најновите информации укажуваат дека искусниот бек би можел да ја продолжи соработката со Кливленд кавалирс. Според новинарот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, двете страни се во постојан контакт и разговараат за нов договор со траење од две или три години. Кливленд во исто време работи и на дополнително засилување на ростерот и покажува интерес за крилните играчи Пејтон Вотсон и Џонатан Каминга, додека ...
Родри пристигна во Барселона, каде што треба да ги заврши последните детали пред официјално да го комплетира трансферот во каталонскиот гигант. Шпанскиот фудбалер веднаш по слетувањето се огласи пред присутните новинари и не го криеше задоволството што е во Барселона. – Сон ми е што дојдов тука. Ќе одиме да го освоиме секој трофеј“, изјави Родри. Се очекува трансферот да биде официјализиран, по што Родри и формално ќе го облече дресот на ...
Клубот потврди уште едно домашно засилување. Нов член на кумановскиот состав е Алек Петкоски, кој пристигнува од Маџари. Петкоски има 21 година, а во изминатиот период настапуваше за Маџари ГБ во Првата лига и Суперлигата, додека претходно беше дел и од ТФТ и Феникс 2010. Новиот кошаркар на Куманово има и репрезентативно искуство, бидејќи настапуваше за младинските селекции на Македонија. „Со големо задоволство го пречекуваме Алек Петкоски во ...
Алкалоид продолжува со подготовките за новата сезона во која покрај домашните обврски ќе настапи на две меѓународни сцени, ЕХФ Европскиот Куп каде испиша историја како прв македонски тим кој го освоил овој трофеј, и во Регионалната лига. Тренерот Кирил Лазаров и неговите избраници го одиграа вториот пријателски натпревар, за противник го имаат тимот на Египет, кого го совладаа со 33-31. Оваа репрезентација во Скопје се подготвува за ...
Македонскиот ракометен шампион Вардар со победа го започна својот настап во новоформираната Регионалната ракометна лига (РРЛ). Во првиот меч во ова натпреварување, Вардар ја победи српската Војводина со 36-30. Љевар и Да Силва постигнаа по 6, а Георгиевски, Малус и Фадуиле по пет гола за Вардар. Во групата А на РРЛ ќе настапуваат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен и Дубочица. Тимовите што ќе завршат на првите две места, ќе играат ...
Манчестер Јунајтед нема да го продаде Бруно Фернандеш ова лето по никоја цена, објави „Скај Спортс“. Галатасарај е заинтересиран за 31-годишниот капитен на Јунајтед, кој, според турските медиуми е подготвен да даде голема понуда, но од „Олд Трафорд“ стигна јасна порака дека Португалецот не е на продажба. Фернандеш влегува во последната година од договорот, но Јунајтед има опција автоматски да ја продолжи соработката за уште една сезона. „Скај ...
Поразот од Арсенал покажа дека Сити во моментов не е на нивото на актуелниот англиски шампион, а една од причините е што остана и без еден од клучните играчи. Но, финансиската моќ на премиерлигашите ќе стапи на сцена и во оваа ситуација, па Сити подготвува двојно засилување, за што ќе потроши над 200 милиони евра. Преговорите за Ајуб Буади од Лил се одамна започнати и францускиот клуб очекува околу 100 милиони евра за Мароканецот, додека ...
Српскиот кошаркар Никола Калиниќ одлучи да ја заврши кариерата. Веста дека 34-годишниот кошаркар се повлекува од активната кариера дојде како гром од ведро небо. „Луѓе, ја завршувам кариерата. Станувам помошник тренер во Звезда. Поради мојата животна ситуација, сакам да бидам блиску до Белград. Ви благодарам на сите што бевте дел од лудото возење“, напиша Калиниќ на социјалните мрежи. Калиниќ ги помина изминатите две сезони во Црвена Звезда и ...
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром го означи почетокот на подготовките за новата сезона, која ќе биде една од најзаситените во историјата на клубот. „Металците“ ги очекуваат настапи во македонската Суперлига АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот. Амбициите остануваат непроменети, МЗТ Скопје сака да ги освои сите домашни трофеи и да направи што е можно подобар резултат на меѓународната сцена. До крајот на август екипата ќе работи во Скопје, по што следува ...
Скопје и Гевгелија беа домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години, Дивизија Б, а Македонија доби позитивни оценки за начинот на кој го организираше шампионатот. За успешно реализираното првенство, Кошаркарската федерација на Македонија доби специјална плакета. Дополнително признание пристигна и од претседателот на ФИБА Европа, Хорхе Гарбахоса, кој за време на престојот во земјата ја пофали организацијата. Гарбахоса оцени дека ...
Кошаркарската секција на Реал Мадрид официјално објави на својата веб-страница дека е постигнат нов договор со Ели Ендиаје. Сенегалскиот крилен центар, а доколку е потребно и центар, ќе биде играч на Реал Мадрид во следните две сезони, односно до летото 2028 година. Ели играше за Реал Мадрид четири сезони, од 2021 до 2025 година, и освои осум трофеи. Титулата шампион на Евролигата, три титули во шпанското првенство, Кралскиот куп и три ...
Од 18 до 22 август во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид ќе се одржи петтото, јубилејно издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. На турнирот ќе играат осум екипи поделени во две групи по четири екипи. Во групата А се екипите на: Охрид, Загреб (Хрватска), Египет У20 и Војводина (Србија), додека во групата Б се: Вардар, Нексе (Хрватска), Олимпијакос (Грција) и Тримо Требње (Словенија). Турнирот ќе се игра од вторник до сабота ...
Интер оваа недела повторно ќе разговара со Ливерпул, за трансферот на играчот од средниот ред Кертис Џонс, објавија италијанските медиуми. Според „Кориере дело Спорт“, „Тутоспорт“ и „Спорт Медијасет“, англискиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во Интер, но двата клуба сè уште не нашле заеднички јазик во врска со обештетувањето. Ливерпул бара 40.000.000 евра за 25-годишниот играч од средниот ред, додека Интер не е подготвен да ја плати ...
Серхио Бускетс се врати во Барселона, каде што ќе биде помошник тренер на резервниот тим на каталонскиот клуб. Поранешниот играч од средниот ред ќе се приклучи на тренерскиот штаб на Барселона Атлетик, предводен од Хулијано Белети. Ова ќе биде негов прв ангажман по завршувањето на кариерата, а во исто време ќе работи на стекнување на потребните тренерски лиценци. Бускетс се пензионираше на крајот од сезоната 2025 во МЛС по две и пол години во ...
Фудбалскиот клуб Милан го договори трансферот на Диего Мореира. Клубот од „Сан Сиро“ на Стразбур ќе му плати 45 милиони евра, дополнителни пет милиони францускиот клуб може да заработи преку бонусите. Мореира беше меѓу најбараните играчи во текот на целиот преоден рок. Германски и италијански клубови сериозно се бореа за неговите услуги. Рома упати официјална понуда од фиксни 35 милиони евра, со 10 милиони преку бонуси и 10 отсто од следната ...
Францускиот кошаркар Оливие Сар е нов играч на Реал Мадрид, откако потпиша двегодишен договор со шпанскиот клуб. Сар минатата сезона настапуваше за Кливленд Кавалирс во НБА лигата, каде што просечно постигнуваше 3,5 поени и 2,8 скока. Во Развојната лига имаше просек од 13,7 поени и 7,3 скока. Кариерата ја започна на Универзитетот Вејк Форест, а настапуваше и за Кентаки и Оклахома. Реал Мадрид новата сезона во Евролигата ќе ја започне на 24 ...
Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје повторно ќе биде дел од Суперлигата откако ги подмири финансиските обврски кон кошаркарската Федерација, а како тим кој пријатно изненадува и на регионален план, целта е ростерот да биде уште подобар и поосвежен во новата сезона. ТФТ покрај Григориј Ѓорѓевиќ, денеска беше потврден и ангажманот на Матеј Митревски. – Нов играч на КК ТФТ е Григориј Ѓорѓевиќ, еден од најголемите македонски кошаркарски таленти! ...