Пред 33 години на денешен ден во сообраќајна несреќа на автопат во близина на германскиот град Инголштад загина еден од најдобрите светски кошаркари на сите времиња Дражен Петровиќ. Роден на 22 октомври 1964 година во хрватскиот град Шибеник, кошаркарскиот Моцарт почина на 29 годишна возрат, на врвот на својата играчка кариера. Дражен Петровиќ го одигра последниот натпревар против Словенија во квалификациите за Европското првенство во Вроцлав ...

Ливерпул му испрати на Брајтон понуда вредна околу 58 милиони евра за Јанкуба Минтех (22). Челниците на Брајтон експресно ја одбиле понудата, објавија „Гардијан“ и „Тајмс“. Гамбискиот интернационалец е отворен за преселба на „Енфилд“, па се очекува Ливерпул да испрати нова понуда. Според „Трансфермаркт“, Минтех вреди 45 милиони евра. Ливерпул бара двајца нови крилни играчи пред крајот на преодниот рок. Тој го гледа Минтех како опција на ...

Лионел Меси е под истрага од страна на Дисциплинската комисија на МЛС поради дуелот со Квин Саливан за време на натпреварот Интер Мајами-Филаделфија Јунион, кој заврши 2:2. Капитенот на Мајами се соочува со казна бидејќи беше снимен како удира противнички играч во задниот дел од главата. Средбата помеѓу Мајами и Јунион беше многу напната, а ситуацијата ескалираше во второто полувреме. Меси, кој постигна гол претходно, вербално влезе во дуел ...

Микел Артета, потврди дека новото засилување на Арсенал Бруно Гимараеш би можел да го пропушти натпреварот против Ковентри во петок. Бразилскиот репрезентативец, за кого „топчиите“ платија 75 милиони фунти на Њукасл, заработи повреда во дуелот за Суперкупот против Манчестер сити. „Неговото опоравување оди според планот, но ќе процениме дали ќе биде достапен за претстојниот натпревар“, изјави Артета. Микел Артета, потврди дека новото ...

Жоао Палиња е на пат да си замине од Минхен и е блиску до трансфер во Бенфика. Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, португалскиот клуб постигнал договор со Баерн Минхен за трансферот на играчот од средниот ред за 14 милиони евра, плус 5 милиони евра. Палиња веќе се согласил со трансферот, а клубовите ќе го формализираат договорот во следните 24 часа. Палиња минатата сезона ја помина на позајмица во Тотенхем. Жоао Палиња е на ...

Суд во Аргентина ја прекина истрагата за смртта на аргентинскиот фудбалер Диего Марадона за една недела поради грешка во медицинската документација, објави денес каналот ТН. Рошиштето требаше да продолжи денес, но судијата ја прекина седницата предвреме поради грешка откриена во извештајот за смртта на фудбалерот. Откриено е дека во извештајот се користени резултати од тестови од 2015 година, но дека тие му припаѓале на таткото на славниот ...

Фудбалерите на Брајтон одиграа нерешено без голови на гостувањето кај Тромсо во Норвешка во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на Европа. Натпреварот го обележа гестот на играчите на Брајтон. Повеќе од 400 навивачи патуваа во Норвешка. Тромсо е оддалечен 2.350 километри до Брајтон. Играчите покажаа дека знаат да го ценат тоа. Решија да им ги вратат парите за билетите на сите навивачи, но тоа не беше единственото изненадување за ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доживеа елиминација од Мастерсот во Синсинати. По овој неочекуван пораз на Сабаленка и „виси“ првото место на ВТА листата. Најдобрата тенисерка во светот беше елиминирана во осминафиналето од серијата ВТА 1000 во Синсинати од Сара Биелек. Чешката тенисерка, 35-та на планетата, ја победи Белорусинката со 2-0 во сетови, со резултат 7:6, 6:4. Натпреварот траеше еден час и 55 минути, а Бајлек ќе игра против ...

Амбициозниот проект на КК Соколи 1933 од Штип продолжува со ангажманот на нови имиња во составот на екипата за новата сезона. Од клубот денеска објавија дека Кам Хамилтон и Џеј Пал се новите засилувања. Хамилтон игра на позицијата плејмејкер, а има настапувано во Албанија, Кипар и Полска, додека Пал е високо крило и има настапувано во Грузија, Белгија и Мексико Во текот на овој месец управата на клубот ги ангажираше Марјан Србиновски како ...

Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготвил и посебна програма надвор од кошаркарскиот терен. Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал приватен авионски лет за 14 лица, додека по пристигнувањето играчите добиле пакети со подароци со словенечки производи. „Езерџиите“ пристигнаа во Љубљана овој четврток, каде што ќе останат до 24 ...

Македонскиот првак Вардар со победа од 39:27 (21:11) над грчки Олимпијакос го стартуваше меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Ова беше втора победа на „црвено-црните“ во 24 часа откако вчера ја совладаа Војводина во дуел од Регионалната лига. Победникот беше решен во првиот дел кога во финишот ракометарите на Вардар веќе имаа двоцифрена предност. Во таква ситуација тренерот Иван Чупиќ имаше шанса да ги провери играчите ...

Екипата на Барселона попладнево и официјално објави дека нејзин нов член е Жоао Кансело. Кансело пристигнува на Ноу Камп како слободен играч и потпиша договор со верност до 2029 година. Искусниот португалец има огромен број на мечеви во нозете на највисоко можно ниво, затоа то веќе има 32. години, а низ годините беше член на Бенфика, Валенсија, Јувентус, Манчестер Сити, Интер, Баерн Минхен, а ова секако му е и второ враќање во Барселона ...

И тоа човек кој што беше дел од најголемиот успех на оваа селекција во историјата, а тоа е секако елиминационата фаза од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Умберто Бетенкор, кој што има пасош на Зеленортски острови, но и на Португалија беше помошник на досегашниот селектор Педро Леитао Брито попознат како Бубиста. Тој пак по историскиот успех замина да биде тренер во Мароко во тимот на Беркане. Прва задача на новиот селектор секако ...

Бразилскиот фудбалер Габриел Жезус ќе го напушти шампионот Арсенал и во новата сезона ќе настапува во Ипсвич. На тој начин ја завршува својата кариера, без многу натпревари и минути во дресот на Арсенал, но сепак со шампионска титула. Трансферот во Ипсвич ќе треба да биде реализиран следната недела. Жезус имаше и преговори со Наполи каде требаше да биде замена на Ромелу Лукаку, но сепак се реши да остане во Англија и во Премиер лигата. Инаку, ...

Ник Кирјос е суспендиран од тенисот откако допинг-контролата покажа дека е позитивен на кокаин. Голем скандал го потресе светскиот тенис, Ник Киргиос беше суспендиран откако беше позитивен на кокаин. 31-годишниот Австралијанец го даде примерокот на 22 јуни за време на турнирот АТП 250 во Љорет де Мар/Мајорка, Шпанија. На 17 јули, лабораторија акредитирана од Светската антидопинг агенција потврди присуство на бензоилекгонин, метаболит на ...

Иако неговиот договор со Реал Мадрид, беше објавен уште на 18 јуни, сепак, „Кралевите“ дури денеска го официјализираа трансферот на еден од своите најголеми засилувања ова лето. Ибрахима Конате и официјално е играч на Реал Мадрид до 2030 година, а ќе го носи дресот со број 16 оној што фосега му припаѓаше на Гонзало Гарсија до сега. Конате секако пристигнува од Ливерпул каде што со импресивните игри досега заслужи и трансфер во најголемиот ...

Познат е распоредот и натпреварувачките парови од 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, согласно пласманот на екипите во натпреварувачката сезона 2025/26. Во оваа фаза ќе се одиграат 15 натпревари, додека Силекс, како освојувач на Купот на Македонија за сезоната 2025/26, е слободен во 1/16-финалето и директно ќе настапи во 1/8-финалето. ДВОЈКИ – 1/16-ФИНАЛЕ: Овче Поле Свети Николе – Вардар Победа Валандово – Струга Трим ...

Италијанскиот фудбалски клуб Наполи, се уште со големо внимание ја следи ситуацијата околу бразилскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Габриел Жезус. Искусниот напаѓач сигурно ќе ја промени средината до крајот на летниот преоден рок. Цената на трансферот ќе изнесува 20 милиони евра. Италијанскиот фудбалски клуб Наполи, се уште со големо внимание ја следи ситуацијата околу бразилскиот интернационалец од ...

Пејтон Вотсон повеќе не е играч на Денвер Нагетс. Како што известува Шамс Чаранија, челниците на Денвер Нагетс, Кливленд Кавалирс и Лос Анџелес Клиперс постигнаа договор и Пејтон Вотсон сега е нов член на Кавс. Пејтон ќе потпише четиригодишен договор со Кливленд вреден 88 милиони долари, последната година од договорот е опција која ја активира кошаркарот. Минатата сезона Вотсон бележеше 14,6 поени и пет скокови по натпревар. Денвер Нагетс ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, изјави дека не би го потпишал напаѓачот на Барселона, Ламин Јамал. – Не би го донел Јамал во Реал. Тој е одличен фудбалер, нема сомнение за тоа. Има огромен потенцијал да се подобри. Различен е, но… Имаме одличен состав, а јас немам потреба никој друг да го додадам во мојот тим… Моите играчи се најдобри. Барселона на Флик? Ми се допаѓа. Тие работат многу добро со Деко и имаат многу добри играчи, изјави ...

Поранешната фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Барселона и Милан, Роналдињо, пристигна во италијанскиот регион Ромања. Тој слета со приватен лет од Милано во 11:50 часот на аеродромот Ридолфи во Форли, а потоа се упати кон Равена со својот тим, пишува „goal.com“. На аеродромот го пречекаа претставници на клубот и околу триесет навивачи. Бразилецот накратко застана за да се фотографира со публиката и да даде автограми. Презентација на плажа пред ...

Поранешниот напаѓач на Наполи, Ромелу Лукаку, кој му се придружи на турскиот гигант Фенербахче, беше жестоко критичен кон својот поранешен клуб. „Минатата сезона беше најлошата година во мојата кариера“, призна белгискиот репрезентативец. Минатата сезона, напаѓачот одигра само 102 минути во трите натпреварувања на Наполи и постигна само еден победнички гол во натпреварот против Верона. Лукаку ја издржа смртта на својот татко оваа година, ...

Денвер Нагетс разгледуваат опцика да го доведе во своите редови Демар Дерозан. Инсајдерот од НБА, Марк Штајн, наведува дека Денвер, заедно со Мајами и Вашингтон, покажале интерес за 37-годишниот ветеран, кој зад себе остави 17 сезони во најсилната лига во светот. „Визардс, во меѓувреме, ги променија своите намери да доведат уште еден ветеран ова лето, покажувајќи интерес за Демар Дерозан, вршејќи притисок за доведување на поранешниот крилен ...

Долгогодишниот босански судија Бојан Макариќ од Бијелина бил тешко претепан за време на турнирот во мал фудбал што се одржал во Брезово Поље. Макариќ, кој е и на Б-листата на судии за Премиер лигата во Босна и Херцеговина како помошен судија оваа сезона, го судеше турнирот во Брезово Поље, кога беше нападнат од играч чие име не е објавено. Напомена: Фотографијата е со вознемирувачка содржина Порталот „ПравдаБЛ“ објави вознемирувачка ...

Манчестер Сити би можел да се вклучи во трката за фудбалерот на Рома, Ману Коне, откако Манчестер Јунајтед се откажа од трансферот поради цена од околу 60 милиони евра. Во текот на летото, Коне значително ја зголеми цената со одличните игри во Серија А, но и со настапите за Франција на Светското првенство, каде што беше едно од најголемите откритија. Интер и Манчестер Јунајтед покажаа интерес, но во меѓувреме се повлекоа поради високата цена ...

Фудбалерот на Барселона Гави (22) ја отфрли можноста за преселба во Манчестер Јунајтед. „Гардијан“ потврдува дека шпанскиот репрезентативец нема намера да го прифати повикот од „Олд Трафорд“ и дека негов приоритет е да остане во Барселона. „АС“, повикувајќи се на „Дејли Мирор“, пишува дека Јунајтед бил подготвен да плати 40 милиони евра, сума што Барселона би ја побарала за играчот од средниот ред. Сепак, Гави не е заинтересиран за трансфер. ...

Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Малага со 2:0 во првото коло од Ла Лига. Атлетико успешно ја започна новата сезона од шпанското првенство против Малага, која се врати во Ла Лига за прв пат од сезоната 2017/18. На „Метрополитано“, навивачите беа сведоци на два спектакуларни гола. Гостите долго време добро се држеа и им одолеваа на нападите на Атлетико, кои не беа многу ефикасни. Причината е и комбинираниот состав со кој Чоло Симеоне ...

Возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, наводно ќе ја пропушти трката за Големата награда на Холандија оваа недела поради повреда на зглобот, а официјалната потврда се очекува наскоро. „Де Телеграф“ прв ја објави веста дека францускиот возач се повредил во текот на летната пауза, за време на тренинг во теретана, поради што неговото учество во Зандворт е во голем знак прашалник. Истите извори наведуваат дека најверојатната опција е Хаџар да не вози ...

Повеќекратниот кошаркарски шампион Работнички претстави уште едно засилување за новата сезона. Во редовите на тимот од Градски парк пристапи Кристијан Николов. Македонски репрезентативец кој ќе треба да биде квалитетно засилување за Работнички на бековските позиции. Николов е искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на својата кариера настапувал во повеќе европски клубови и има настапувано и за повеќе возрасни категории ...

Езри Конса, дефанзивецот на Астон вила, утре треба да ги помине медицинските прегледи и потоа да потпише долгорочен договор со Арсенал. Неговиот трансфер би можел да биде комплетиран во следните денови, но речиси сигурно нема да биде навреме регистриран за првиот натпревар на „топџиите“ во новата сезона. „Топџиите“ денеска постигнаа договор со Вила за сума од околу 50 милиони фунти, откако Конса оваа недела се врати на тренинзите по ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Злато

130856.75