Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Лиам Росениор е веќе поранешен тренер на Челси, а веќе се зборува полека за враќањето на Франк Лампард на клупата на “сините“. Тој е клупска легенда и јасно е зошто неговото име се споменува во контекст на Челзи. Сепак, како што растат шпекулациите, Лампард реши да стави крај на истите и јасно да стави до знаење дека неговата иднина не вклучува враќање во Лондон, барем не во моментов, бидејќи е целосно посветен на проектот што започна во ...
Баерн Минхен ги одбил понудите за трансфер од Реал Мадрид и од Манчестер сити за играчот од средниот ред Александар Павловиќ. Германскиот шампион нема намера да се раздели со 21-годишниот фудбалер, кој се покажа како стандарден првотимец во составот на тренерот Венсан Компани. Германскиот репрезентативец дебитираше во Бундеслигата за Баерн во октомври 2023 година, откако помина низ академијата на клубот, а неговиот договор е со важност до 30 ...
Фудбалерот на Сантос, Нејмар, не учествуваше на тренинг-сесијата на тимот во тренинг-центарот „Реј Пеле“, објави „ESPN“. Играчот требаше да работи со групата играчи кои беа изоставени од натпреварот од националното првенство против Баија (2:2), но не се појави и не ја наведе причината за неговото отсуство. Клубот го контактираше Нејмар и неговите застапници за да ја разјасни ситуацијата, но ниту Сантос ниту претставниците на играчот не ...
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, ќе го пропушти остатокот од сезоната 2025/26 поради повреда на тетивата заработена во поразот од 3:1 од Кристал Палас во англиската Премиер лига во 34. коло, објави Ројтерс, повикувајќи се на директорот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан. Триесет и тригодишниот Салах, кој го објави своето заминување од Ливерпул на крајот од сезоната, повеќе нема да игра за „Црвените“. -Тој има скината тетива и ...
Кошаркарската федерација на ФИБА донесе одлука која привлече големо внимание од спортската јавност, а тоа е дека Русија и Белорусија добија делумно враќање на меѓународната сцена. Имено, според официјалното соопштение, овие две земји добија дозвола да ги внесат своите репрезентации до 21 година во натпреварувањето на ФИБА – Лигата на младински нации 3×3, кое ќе се одржи во Кина и Малезија. Оваа одлука е донесена по препораката на Олимпискиот ...
Кошаркарите на Денвер загубија од Минесота со 112:96 и дојдоа на победа, до пласман во полуфиналето на Западната конференција. Минесота ја обезбеди победата на 90 секунди до крајот, а во последната секунда, МекДениелс реши да ги постигне поениј. Тоа не му се допадна на Никола Јокиќ, кој истрча кон играчот на Минесота од другиот крај на теренот. Србинот предизвика инцидент, набрзо беа вклучени голем број играчи, а сè заврши со исклучување на ...
Евролигата го објави името на најкорисниот играч, во лигашката фаза од сезоната. Оваа сезона, престижната индивидуална награда му припадна на крилниот центар на Олимпијакос, Саша Везенков. Ова е втор пат Бугаринот висок 206 см да ја освои наградата за најкорисен играч, претходно МВП беше во 2023 година. Официјалната веб-страница на Евролигата ги објави резултатите. Везенков освои 35 проценти од гласовите на капитените и тренерите на ...
РК Вардар официјално ја започна продажбата на билетите за реванш натпреварот против францускиот гигант Монпелје во Европската лига. Судирот кој одлучува за патникот на завршниот турнир ќе се одигра на 5 мај во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Навивачите можат да ги набават влезниците преку интернет мрежата на Тикеткс или директно на билетарницата пред самата сала во Аеродром. Цените се прилагодени за сите фанови а интересот е ...
Фудбалерите на Торино и Интер одиграа нерешено 2:2, во средбата од 34-то коло од Серија А. „Нероаѕурите“, испуштија предност од 2:0 на овој натпревар, во финишот, но овој кикс нема да ги чини на патото кон титулата. На четири кола до крајот, тимот на Кристијан Киву има 10 бода повеќе од второпласираниот Наполи и драстично подобра гол-разлика. Интер рутински, дојде до предност во Торино, прво Маркус Тирам постигна гол во 23-та минута, а потоа ...
Фудбалерите на Црвена звезда го победија Партизан, во 179-то градско дерби со 3:0 и ја освоија 37-та шампионска титула. Убедливо и ефикасно, тимот на Дејан Станковиќ ја потврди својата доминација, во српската Суперлигаи го освои деветтиот пехар во последните девет години. Играчите во црвено-бели дресови одиграа брилијантно против својот најголем ривал, ја презедоа иницијативата од самиот почеток и со три ефектни гола, четири кола пред крајот ...
Со минимален триумф против Лидс (1:0), фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на ФА Купот. По неколку мрачни недели, навивачите на Челзи конечно добија причина за радост. „Сините“ ја прекинаа ужасната серија, најлоша во клупската историја, пет порази на пет натпревари, без постигнат гол. Тимот од Лондон ќе игра против Манчестер Сити, кој го елиминираше Саутемптон во саботата, во борбата за трофејот. Челзи, по отказот што го доби Лијам ...
Се поизвесно е дека следната сезона „кралевите“ нема да ги предводи Алваро Арбелоа, па клубот активно бара ново тренерско решение, додека паралелно се подготвуваат и промени во соблекувалната. Според шпанските медиуми, веќе неколку фудбалери се информирани дека не се во плановите за иднината, а Перез прави простор за нови имиња со кои сака да го врати клубот на врвот и да го намали притисокот од навивачите. Иако се шпекулира со повеќе ...
Во двата денешни натпревари во рамки на 29. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Вардар го декласираше Тиквеш на домашен терен со 7-0 и се зацврсти на врвот на табелата, додека Пелистер извојува значајна победа во битката за опстанок, триумфирајќи на гостувањето во Струмица над АП Брера со 1-0. Вардар уште по првото полувреме ги разреши сите дилеми околу победникот на дуелот на Националната арена „Тодор Проески“ и замина на пауза ...
Марк Маркез, на домашен терен во Херез, победи во спринт трката. Самата трка беше вистински спектакл, за што придонесе дождот, а Маркез победи и покрај тоа што го загуби водството од својот брат Алкес, а веднаш потоа и падна. Актуелниот првак, успеа да се врати на својот мотор, успеа да дојде до боксот, седна на мотоциклот со гуми за дожд и на крајот ја забележа втората спринт победа оваа сезона. Дукати, во Херез, успеа да одговори на ...
Тотенхем доби уште еден сериозен удар, откако Чави Симонс заработи тешка повреда на натпреварот од Премиер лигата против Вулверхемптон. Се работи за повреда на коленото и остана да лежи на тревата во болка. Иако накратко се обиде да се врати во игра, брзо стана јасно дека не може да продолжи и беше изнесен на носилки. Првичните проценки не се оптимистички – постои сомнеж за повреда на предните вкрстени лигаменти, што би значело пауза и до ...
Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја заврши сезоната поради повреда на тетивата, потврди директорот на египетската репрезентација, Ибрахим Хасан. Салах се повреди во саботата на натпреварот од 34-то коло од англиската Премиер лига против Кристал Палас (3:1). Египетскиот фудбалер беше заменет во 60-та минута. Светските медиуми објавија дека Салах го одиграл својот последен натпревар за Ливерпул вчера, бидејќи египетскиот фудбалер ...
Кошаркарите на Минесота го победија Денвер со 112:96, и се начекор до пласман во конференциското полуфинале. dobivaj vesti na viber Ова беше трета победа по ред на Тимбервулвс против Јокиќ и дружината во оваа серија. Централна фигура на вториот натпревар во Минеаполис беше, без сомнение, Ајо Досунму, кој го одигра натпреварот на својата кариера, и тоа како резерва, постигнувајќи дури 43 поени. Ова се најголем број на постигнати поени за ...
За само два часа се распродадоа сите билети за пријателскиот натпревар меѓу репрезентациите на Босна и Херцеговина и Македонија. Сите влезници за овој дуел се распродадени, потврдиле од ‘еvent.ba’ за босанските медиуми. Натпреварот ќе се одигра на 29 мај на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ со почеток од 18 часот, а атмосферата на Кошево уште сега ветува вистински спектакл. На Светското првенство, селекцијата на БиХ ќе настапи во групата Б ...
Атлетико Мадрид славеше против Атлетико Клуб со 3-2. Антоан Гризман и двата гола на Александар Сорлот го свртија резултатот и му ја донесоа победата на Атлетико. Спротивно на некои очекувања, тренерот Диего Симеоне не се одмори, туку ги испрати своите најсилни сили на теренот, исклучувајќи го Хулијан Алварез. Натпреварот започна со стандардни играчи како Антоан Гризман, Џулијано Симеоне, Маркос Љоренте и Марко Пубиљо. Победата може да биде ...
Николас Џексон по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челзи. Напаѓачот актуелната сезона ја игра во дресот на Баерн Минхен. „Дефинитивно нема да ја искористиме опцијата да го купиме Николас Џексон“, рече спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл пред камерата на „ZDF“, без да навлегува во детали. Баварците го ангажираа Сенегалецот од Челзи два дена пред затворањето на летниот преоден рок, се со цел да имаат алтернатива за Хари Кејн. Во ...
Реал Мадрид одлучи да го врати Нико Паз од Комо ова лето и веќе го информираше италијанскиот клуб и самиот играч за својата намера. Иако официјалниот рок за активирање на откупната клаузула истекува на 30 мај, „Лос Бланкос“ ја донесоа одлуката порано, поттикнати од одличните настапи на аргентинскиот играч од средниот ред за време на неговиот двегодишен престој во Серија А. Паз е производ на младинската академија на Реал, одигра осум ...
Феникс го потврди испаѓањето од македонска кошаркарска Суперлига, откако загуби на гостувањето кај Чаир со 76-63 и така го комплетираше триото клубови кои следната сезона ќе се натпреваруваат во понизок ранг, заедно со Гостивар и Ангели додека Работнички се спаси од најлошото. Најдобри поединци кај Чаир беа Билингсли со 22 поени и 12 скока, Саити со 21 поен и Тачи со 14 поени и дури 16 асистенции. Поврзани вести: Феникс го потврди ...
Во последниот дуел од денешната програма од Примера шпанскиот фудбалски шампионат, тимот на Алтетико Мадрид успеа да слави на свој терен со конечни 3:2, над тимот на Атлетик Билбао. Во исклучително интересен и неизвесен дуел, гостите први поведоа преку Паредес во 23 минута од мечот. Сепак, Атлетико Мадрид на стартот на второто полувреме со два брзи гола направи комплетен пресврт. Гризман во 49. минута погоди за 1:1, а Сорлот пет минута ...
Поранешниот италијански арбитар Џанлука Роки се најде под лупа на обвинителството во Милано, поради сомнежи дека вршел притисок врз ВАР-судиите во изминатите две сезони. По завршувањето на кариерата во 2020 година, Роки доби висока функција во Фудбалскиoт сојуз на Италија, каде што беше задолжен за делегирање судии во првиот и вториот ранг на италијаскиот фудбал. Сепак, токму таа позиција, според истрагата, можеби ја користел за да влијае ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс, поредводени од Леброн Џејмс, славеа во Хјустон и сега една победа ги дели од пласман во конференциското полуфинале. Изминатата ноќ во НА плејофот, ри брејк направија Сан Антонио и Бостон, на гостувањата во Портланд, односно Филаделфија. Леброн Џејмс, уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите во историјата на кошарката. 41-годишникот ги предводеше Лејкерси до победата во Хјустон, по едно продолжение со ...
Тимот на Рома попладнево успеа да забележи уште една победа во домашниот Серија А шампионат. „Волчицата“ триумфираше со 0:2, на гостувањето кај Болоња, со головите на Мален во седмата односно Ел Ајнауи во судиското продолжение од првиот дел. Потоа, домаќинот немаши ниту сила, ниту капацитет да се враќа резултатски. Рома со оваа победа дојде до 61. бод во 34 мечеви, и се наоѓа на петтата позиција на табелата, која што секако обезбедува ...
Чуварот на мрежата на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски со својот тим Валенсија предмалку успеа да извојува значајна победа на домашен терен од конечни 2:1, против тимот на Џирона. Нашиот интернационалец стандардно беше дел од почетните единаесет во триумфот кој што го донесоа Рамазани, односно Садик со головите во 50. односно 59. минута. Гостите намалија преку Рока во 63. минута но тоа беше се од нив на овој меч. ...
Турција повторно ќе биде домаќин на трка од Формула 1, откако стана јасно дека Истанбул Парк се враќа во календарот од 2027 година, во договор што ќе трае најмалку пет години. Веста означува кулминација на повеќегодишната кампања на Турција за враќање во светот на најпрестижнот натпреварување во мотоспортот. Иако деталите за договорот не беа веднаш достапни, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира официјално да го објави договорот на ...
Ракометарите на ГРК Охрид со негатива еден гол ќе влезат во полуфиналниот реванш, во Европскиот ЕХФ куп. Вечерва во Целје, ГРК Охрид загуби со 27:26. Вистински ролекостер одиграа охриѓани во Целје. Одлично влегоа во натпреварот, не му дозволија на противникот да постигне гол во првите 10 минути и остварија предност од 5:0. Домаќинот полека го фаќаше ритамот, ја топеше предноста на противникот, а потоа ја искористи ужасната игра на Охрид во ...
Ракометарите на Вардар цврсто чекорат кон шампионската титула сезонава откако славеа против Алкалоид со 30-27 во 28. коло од плеј-оф разигрувањето во Суперлигата на Македонија. По денешниот триумф на одбележувањето на 65-годишниот јубилеј, „црвено-црните“ сега дојдоа на само бод од потврда на шампионскиот трофеј. Најефикасен во победата на Вардар беше Јака Малус со осум гола, а Воркапиќ заврши со пет погодоци. Одличен на голот беше Валах со ...