Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Групата „Ареа“ го преработи нивниот хит „Очи ангелски“, кој е снимен пред 26 години, овојпат во дует со младиот рапер и пејач Јанг Дади. „‘Очи ангелски’ е песна која уште во 1999 беше пред своето време, песна која во секое време звучи безвременски. Денес, таа добива нов живот и нова димензија“, велат од „Авалон“, организаторот на концертот на „Ареа“ на 8 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Продукцијата на песната е на „Такат студиос“, ...
Вечерва (30 октомври) од 20 часот, на фестивалот на античка драма „Стоби“ на сцената на Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Калигула“, во продукција на Кумановски театар. Претставата е работена по текст на Албер Ками, а е во режија на Ѓорѓи Ризевски. „Калигула од претставата е слободен човек, уметник, кој се бори и твори во името на слободата. Удира со главата во ѕид и го руши. Не го прифаќа секојдневието во животот и војува за промени. ...
Угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја состави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување во 2026, која овојпат се состои од 25 места што мора да се посетат и 25 најдобри искуства во следната година. Меѓу попознатите места на листата се Мексико Сити, Боцвана, Перу, Тунис, Финска, Сардинија, Барбадос, Утрехт и Кадис, како и помалку познати како Соломонски Острови, Реунион, Сием Реап во Камбоџа, Џафна во Шри Ланка, ...
Вечерва (29 октомври) од 20 часот, на големата сцена на Велешкиот театар ќе се игра претставата „Агамемнон – кругот на крвта“, продукција на експерименталниот театар „Ла Мама“ од Њујорк. Co неа ќе биде отворен 22. Фестивал на античка драма „Стоби“. Концептот, адаптацијата и режијата во претставата се на Рефика Чавише, која и е сама на сцената како единствен актер. Овој сценски проект спојува класична драматургија, политичка дискурзија и ...
Македонија се најде на мапата на светската турнеја на фестивалот Егзит, кој следната година нема да се одржи на својата традиционална локација во Нови Сад, туку во нов формат во повеќе држави. Првата станица ќе биде Умаг во Хрватска, а Егзит ќе дојде во Македонија во јуни. „Јуни започнува со фестивалот во Македонија, додека август носи фестивалска авантура на повеќе атрактивни локации на Малта“, најавија организаторите. Во октомври, Егзит се ...
Македонскиот диџеј и продуцент Александар Галоски на покана на познатиот холандски диџеј и продуцент Тиесто сними сет за неговата издавачка куќа „Мјузикал фридом“. Сетот беше емитуван на aмериканската радиодифузна мрежа „СириусХМ“, а сега е достапен и на Јутјуб. „Многу сум им благодарен на тимот на Тиесто и на неговата издавачка куќа за поканата и поддршката“, вели Галоски. Тој е активен на меѓународната сцена повеќе од десет години со настапи ...
Поп-пејачите Јован Јованов и Елвир Мекиќ снимија заедничка песна насловена „Адреналин“. Дуетот доаѓа 16 години по нивниот претходен заеднички сингл „Слаба точка“. Мекиќ и Јованов објавија тизер за песната, која ќе се промовира на 1 ноември во 15 часот на дигиталните платформи, а автори се двајцата. „Ќе почнете да играте во нејзин ритам уште на првото слушање на песната“, велат пејачите, кои се и приватно добри пријатели. Јован Јованов долги ...
Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ ќе прослави 40 години кариера со концерт во Скопје на 29 ноември во салата „Борис Трајковски“ од 21 часот. Фронтменот Дражен Жериќ-Жера на прес-конференција во Скопје рече дека му е драго што во концертите еднакво ужива и помлада и повозрасна публика. „Без оглед на овие нови трендови, тинејџерите се исти и во 1980-тите и во 2025. Јас сум старомоден човек кој верува во емоциите кои луѓето ги доживуваат на ...
Пијано триото „30 прсти“ од Скопје во состав Марија Вршкова, Весна Ангелова-Христов и Петар Макариевски одржа концерт во Македонскиот културен центар во Загреб. „Со својот шестрачен пијано концерт, триото приреди единствено музичко доживување за загрепската публика“, велат од македонскиот КИЦ во Загреб. Триото во последните три години одржа 13 концерти, од кои десет во Македонија и по еден во Австрија, Бугарија и Србија. Минатата година, за ...
Битолската група „Фолтин“ ќе одржи концерт во Скопје на 22 ноември, во Филхармонијата од 20 часот, објави бендот на социјалните мрежи. „Фолтин“ се основани во 1995 и овој концерт е прослава на нивната 30-годишна работа. Познати се по миксот на традиционална музика, електроника, рок и елементи на кабаре и перформанс и имаат снимено десетина албуми и музика за бројни театарски претстави и филмови, како „Плати и жени“, „Исцелител“, „Медена земја“ и ...
На 28 октомври од 19 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе биде промовирана книгата „Поетики на современата европска драма и театар“ од Деспина Ангеловска, театролог и професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје. Издавач на книгата е „Темплум“, а ќе ја промовираат Бесфорт Идризи, декан на ФДУ, Лада Стевановиќ, научна советничка на Етнографскиот институт во Белград и писателот Гоце Смилевски. „’Поетики на современата ...
„Подгответе си туце марамчиња. Сигурна сум дека ќе се расплачете, но не од тага, туку од среќа“, рече Калиопи на прес-конференцијата по повод трите акустични концерти, кои ќе се одржат на 14 ноември, 6 и 7 декември во Филхармонијата. Таа најави дека концертите ќе бидат нешто посебно и ќе има многу изненадувања зашто досега немала акустичен концерт во оваа сала. „Ќе бидат збогатени со дувачи и гудачки квартет, а за репертоарот ништо нема да ...
Новата книга „Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ од проф. д-р Ева Ѓорѓиевска и проф. д-р Јована Караникиќ-Јосимовска ќе биде промовирана на 29 октомври од 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промоторка на изданието на „Арс Ламина“ ќе биде проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, а на настанот ќе се обрати и уредничката Цветанка Стоилова. Промоцијата е во рамките на 25. Недела на ...
Бриџит Џонс, лик создаден од писателката Хелен Филдинг што во четири филма го играше Рене Зелвегер, ќе добие бронзена статуа во централен Лондон. Таа ќе биде откриена на 17 ноември, придружувајќи се на други легендарни филмски ликови на плоштадот Лестер, каде што се наоѓаат четири киносали. „Мислам дека ова е одлично зашто Бриџит е соодветна лондонска хероина и идејата таа да биде засекогаш присутна во централен Лондон е навистина возбудлива“, ...
Ана Петановска испеа брза песна во стилот на Витни Хјустон на Макфест во Штип, на втората вечер на 24 октомври. Григор Копров ја напиша музиката за песната „Со тебе до ѕвездите“, таа е автор на текстот, а аранжманот е на нејзиниот брат Стефан Петановски. „По баладите кои ги испеав на фестивалите изминативе месеци, оваа песна ми дојде како освежување. Многумина коментираа дека е како Витни Хјустон на почетоците од кариерата, што ми е многу драго. ...
На 29 октомври од 20 часот, во „Јавна соба“ во Скопје ќе се одржи настанот „Поетроника за млади“, дел од уметничкиот проект „Поетроника“, кој е спој на поезија и електронска музика. Автори на „Поетроника“ се актерот Оливер Митковски и диџејот и продуцент Андреја Салпе, а во „Поетроника за млади“ им гостува српската поетеса Радмила Петровиќ. „Проектот произлезе од идејата да ги научиме младите да ја сакаат поезијата, не преку книжевни анализи, ...
На 27 октомври во 12 часот, во Кинотеката ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на филмот „Мис Стон“ на режисерот Живорад Жика Митровиќ од 1958, во чест на одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. До крајот на октомври во вечерните термини ќе се прикажуваат наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј. Од 27 до 31 октомври ќе се прикажат „Денови на искушение“ на Бранко Гапо, ...
Фестивалот за детски и забавни песни „Јаболчиња“ од Тетово оваа година прославува јубилеј, 30 години од постоењето, со што го става во редот на детски фестивали со најдолга традиција во Македонија. Во сите овие изминати години, па дури и во времето на конфликтот од 2001 и ковид-пандемијата тетовските „Јаболчиња“ наоѓаа начини и сили да не ја прекинат традицијата на фестивалот. Основач на фестивалот е тетовецот Никола Димовски-Т’мница, а од 2019 ...
За најслушана песна од минатиот до годинашниов фестивал Макфест во Штип, е прогласена композицијата „Жена“ на младата пејачка Антониа Гиговска. Пејачката од Општина Штип доби ваучер од 120.000 денари (околу 1.900 евра). Тоа е единствената парична награда која се доделува во изминатите неколку години, откако престана практиката за избор и награди за прво, второ и трето место и организаторите одлучија да се бира само најслушана песна. Синоќа (24 ...
Поп-пејачот Сашо Спасовски познат по хитот „Пијан и млад“ беше гостин на фестивалот Макфест вчера (24 октомври) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Спасовски речиси дваесет години не пее, но уште се занимава со музика, работи како професор по пијано. Многумина го препознаа и се сликаа со некогашниот миленик на тинејџерките кој на Макфест не настапил од 2002, со песната „Дај ми прилика“. Овојпат, тој дојде на фестивалот како гостин во ...
„Ми требаше многу сила и концентрација да испеам песна за Дуле“, ни рече Никола Јанков- Коки кој беше дел од втората фестивалска вечер на Макфест вчера (24 октомври) во Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Јанков ја испеа песната „Виолина и…“ која ја напишаа Јован Јованов и Дамјан Лазаров, а во неа, тој пее за колегата и другар, Душан Љубисављевиќ кој почина од рак во 2013. „Ниту песна рана затвара, кога и да запеам на тебе сѐ ме потсеќа. ...
Петтиот албум на Пиколомини насловен „Може и така, драги“ ќе биде промовиран денеска (25 октомври) од 12 часот во музичката продавница „Ре:старт“ во Градски трговски центар. Промоцијата на албумот во издание на „Шарла рекордс“ ќе биде слушачка. Комплетен автор на материјалот е Давид Ангелевски, а пост-продукцијата е работена во студиото „Кларион“ од страна на Дејан Ангелевски. „По пауза од шест години, Пиколомини се враќа со музички материјал ...
Утре (25 октомври) од 12 часот, во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје ќе има тура со водичот Бојана Јанева низ трите самостојни изложби во музејот: „Самостојна изложба на Ибрахим Махама“ (фото), „Билни прилагодувања“ на Оливер Мусовиќ и „Музеј отворен до понатамошно известување“ на Џем А. Влезницата чини 150 денари. По завршувањето на „МСУ водич“ следи музички блок со Дарко Јорданов. Кураторка на изложбата на Ибрахим Махама од Гана е ...
Штипскиот пејач Зоран Илиев ќе настапи на Макфест со последната песна што ја напишал музичарот Филип Стевановски, кој загина во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март како клавијатурист на групата „ДНК“. Стевановси беше тромбонист, композитор и директор на Центарот на култура во Штип. „По трагедијата во Кочани, во која загина и нашиот пријател и колега Филип Стевановски, ми се јави неговата сопруга и ми кажа дека Филип речиси ја ...
„Љубов“ е новиот сингл на поп-пејачот Александар Тарабунов-Тара, за кој вели дека е неговата најинтимна, најзрела и најкомплетна песна досега. Тарабунов додава дека ја напишал песната во еден здив, во дождливо попладне. Видеоспотот е снимен на негова идеја, а го режираше Никола Марковски. „Сите кои ја слушнаа песната пред да се објави беа искрено воодушевени. Секој ја доживеа на свој начин, но сите се согласија во едно: дека ова е песна што ...
Утре (25 октомври) од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се изведе премиерата на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус Втори. Втората изведба е на 28 октомври од 20 часот. Ќе диригира Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на Марија Пупучевска, кореограф е Саша Евтимова, хор-мајстор е Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Дизајнер на светло е Милчо ...
Вечерва (24 октомври) од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ во Скопје ќе се одржи музичкиот фестивал Октомвриски музички поход 2025. Ќе настапат „Калико“ и Димиш, а диџеј сетови ќе имаат Раста Грл (фото), Чарли и Анчи Саунд Ст. Организатор на фестивалот е „Култи ватор“, во соработка со КЦ „Јадро“, а влезот е слободен. „Калико“ е млад македонски инди/рок бенд кој зад себе има десетина синглови и десетици концерти во Скопје и низ Македонија. ...
Денеска (24 октомври) од 20 часот, во Камерната сала на Филхармонијата полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во придружба на пијанистот Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен. Леонардо Димоски е роден во 2004 во Битола. Музичкото образование го започнал на шест години во Прилеп, средното музичко го завршил во Битола, а студирал во Виена. Добитник е на бројни ...
Групата „Дрим тим“ од Скопје ги преработи најголемите хитови на неколкумина македонски пејачи и ги сними како проектот „Дрим тим и пријателите – Музика за душа“, кој беше промовиран вчера (22 октомври) во Скопје. Групата сними неколку видеа со песни од Дани Димитровска, Ѓоко Танески, Александар и Дац, Полина Тасева. Наум Петрески, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Миле Кузмановски и други. „Оваа промоција требаше да се одржи многу порано, но ...
„Вечерашнава прва фестивалска од вкупно трите на Макфест ќе биде посветена на млади пејачи, за да и да им се даде шанса музички да се дефинираат“, рекоа од уметничкиот одбор на фестивалот кој почнува вечерва (23 октомври) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Макфест традционално започна со фестивалското знаме кое го кренаа пејачите Лара Иванова, Валдера и Зоран Илиев. (фото) На прес-конференцијата, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов ...