По четири години активни настапи и регионални гостувања, Дина Јашари ова лето ќе ја одржи својата прва поголема турнеја низ Македонија, со концерти во седум градови. Откако на 2 јули настапија пред „Дјуран Дјуран“ во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Јашари и нејзиниот бенд продолжуваат на 11 јули во Кочани, 23 јули во Виница, 25 јули во Кичево, 5 август во Струга, 20 август во Битола, 4 септември во Вртешка и завршуваат на 17 септември ...

Од 4 до 8 август, во Струмица по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал Астерфест. Годинашната лауреатка на наградата „Астер“ е актерката и професорка на Факултетот за драмски уметности, Синоличка Трпкова. Годинава мотото на фестивалот е „Со отворени очи“, а програмата опфаќа 20-ина нови филмови од повеќе видови и жанрови. Специјална проекција ќе има македонско-швајцарско-американскиот документарно-игран филм „Железна ...

Ева Костиќ ја доби наградата за најдобра актерка на Интернационалниот филмски фестивал Тофифест во Торун, Полска, за улогата во дебитантскиот игран филм „17“ на режисерката Косара Митиќ. Филмот беше прикажан во главната натпреварувачка програма. Во наредниот период ќе се прикаже на фестивалите во Ерусалим и Мајорка. Во мај, „17“ освои две награди на фестивалот во Лас Палмас во Шпанија – награда од публиката и специјално признание од жирито за ...

Пијанистката и професорка Даница Стојанова одржа пијано рецитал во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Истанбул. Стојанова вели дека концертот бил богато музичко патување низ различни епохи. Пред бројната публика, таа изведе дела од Томислав Зографски, Николај Медтнер, Јана Андреевска, Благој Цанев и Енрике Гранадос. Од Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул велат дека Стојанова одржала концерт за восхит. „Искрено ѝ ...

Младиот поп-пејач Дарко Гроздановски се враќа на музичката сцена по тригодишна пауза со синглот „Понеделнички“, чиј автор е Игор Џамбазов. За песната е снимен спот, зад кој стои продукцијата „Фреш унион“. Во реализацијата на песната учествуваше Мите Димовски, кој го предводеше аудио-тимот. Огнен Шапковски е режисер на видеото, а моделот Моника Црнокрак ја игра главната женска улога. Во спотот се појавува и Игор Џамбазов. Авторот на текстот и ...

Тамара Тодевска го објави „Дива“, третиот сингл од новиот албум „Кукла жива“. Ова е брза, динамична летна песна, која има став и порака за слобода, самодоверба и женска сила, вели Тамара Тодевска. Додава дека главната порака на песната е да бидеш своја, без компромиси и без извинување за тоа што си. Музиката и текстот се на Коста Петров и Тамара Тодевска, а продукцијата е на Џијан Емин. Спотот е во режија на Мартин Трајановски и е снимен во ...

Мадона го издаде својот 15. албум „Признанија 2“ (Confessions II), продолжение на албумот „Признанија на подиумот за танцување“ (Confessions on a Dancefloor) од 2005. Критичарите го оценија како нејзино најдобро музичко издание во последните две децении. Ова е нејзиниот прв албум после „Мадам Икс“ од 2019. Пејачката повторно соработуваше со Стјуарт Прајс, кој беше копродуцент и коавтор на претходниот албум, при создавањето на овој денс-поп ...

Јубилејното, 30. издание на Вижн фестивалот годинава се одржа во Абрамс Артс Центарот на њујоршкиот Лоуер Ист Сајд, од 22 до 28 јуни, потврдувајќи го својот статус на едно од најзначајните светски случувања посветени на авангардниот џез, слободната импровизација и интердисциплинарната уметност. Под уметничко водство на Патриша Николсон, фестивалот понуди внимателно осмислена програма што ги обедини авангардниот џез, поезијата, современиот ...

Над 200 скејтбордери од сите континенти го претворија островот Штванице во Прага во вистински светски центар на скејтбордингот за време на 31. издание на Мистик скејт купот, еден од најстарите и најпрестижни европски скејт натпревари, кој традиционално е дел од Светскиот скејт куп. Она што го прави овој настан посебен не се само натпреварите, туку и атмосферата. Во текот на трите дена, натпреварувањата се одвиваа без прекин, а целиот простор ...

Со концерт на грчкиот ансамбл „Десетте бузуки на Домна“, на 16 јули во 21 часот во Хераклеја, ќе биде отворено 20. јубилејно издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“. На концертот ќе настапат музичари на 10 бузуки, гитара, контрабас, солисти и танчари. „Локум фест“ е единствен фестивал од ваков тип во Македонија, кој веќе дваесет успешно ги поврзува традиционалната градска музика, етно звукот и современата ...

Македонскиот металкор бенд „Карма скејл“ (Karma Scale) ќе настапи на годинашното издание на фестивалот „Хилс оф рок“ (Hills of Rock) во Пловдив, што ќе се одржи од 24 до 26 јули. Овој фестивал секоја година може да се пофали со врвна програма и ексклузивни настапи за регионот. Главните ѕвезди оваа година се Мерилин Менсон и „Гадсмек“, а меѓу учесниците се и „Секс пистолс“ (со пејачот Френк Картер), „Лемб оф гад“ и „Блејк лејбл сосаети“. ...

Скопје синоќа беше музички центар на светот. Легендарните „Дјуран Дјуран“ одржаа фантастичен концерт во арената „Борис Трајковски“ во организација на „Авалон“, пред преполна сала и публика која пееше во еден глас. Од самиот почеток атмосферата беше еуфорична, а настанот со одличен настап го отвори Дина Јашари со својот бенд. Шармот и појавата на пејачот Сајмон Ле Бон беа доволни за почеток на концертот. Ако на тоа се додадат неговиот ...

Дуото Дац и Александар денеска (2 јули) ја промовираше својата прва плоча „Уште ми фалиш“, за која претходно кажа дека е со црвена боја, во знак на љубовта. Плочата му ја посветија на легендарниот радиоводител и диџеј Драган Б.Костиќ, кој почина во декември. „Мој музички ментор секогаш бил Драган Б. Костиќ. тој многу ќе се радуваше да беше овде, но, за жал, не ја дочека оваа промоција. Затоа, плочата му ја посветуваме нему и ќе ја подариме на ...

Младиот пејач Борјан Диневски дебитира со синглот „Трофеј“. Диневски има 18 години и е ученик во четврта година во скопската гимназија „Орце Николов“. „’Трофеј’ е поп/афробит песна со свеж, модерен звук и летна атмосфера, создадена да внесе нова енергија и да понуди нешто поинакво на музичката сцена во периодот што следи. Автор и продуцент на песната е Александар Масевски“, вели Диневски. Тој додава дека има желба да создава музика што ќе ...

„Стотројка“ го објави „Дома“, најновото минииздание на пејачот, автор и продуцент Тодор Караколев. Албумот содржи три композиции: инструменталната „103“, насловната „Дома“ и „Сеедно“, за кои авторот вели дека носат атмосфера што се движи помеѓу немир, интроспекција и смиреност. Спотот за „103“ го направи Дамјан Цветков-Димитров и е изработен преку 3-Д скенирање на студиото на „Стотројка“. Музиката е целосно авторство на Караколев, мастерингот ...

На 3 јули во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 20.30 часот ќе се одржи концерт на НУ „ТАНЕЦ“. На 6 јули на истото место настапува хрватскиот фолклотрен ансамбл „Ладо“, со кој „Танец“ често соработува. Двата познати фолклорни ансамбли потоа ќе имаат два заеднички концерти, на 8 јули на античкиот локалитет Хераклеја во Битола и на 10 јули во Скопје, во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје. „Овој незаборавен аудио-визуелен ...

Пеејќи песни од Владо Јаневски, стотици фанови се собраа пред Арената „Борис Трајковски“ во Скопје за да му оддадат почит на кантавторот кој почина на 28 јуни во Скопје, по кусо боледување. На настанот кој го иницираа фановите на Јаневски, а го поддржа продукција „Прагма“, дојдоа и негови колеги и пријатели кои со години соработувале со него. Пеејќи го евергринот „Некогаш и негде“ заедно со водителот Марко Марк, фановите направија ѕвездено ...

Претставата „Анна“, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија и „Перипетија продукција“, ја доби Гран при наградата на 27. издание на меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Актерката Маја Љутков беше наградена за главна женска улога за својата изведба на Анна. По Умаг, следната фестивалска изведба на „Анна“ е на меѓународниот фестивал на камерна драма „Ристо Шишков“ во Струмица. Претставата е ...

Вечерва (30 јуни) од 19 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи гала оперски концерт во рамките на проектот „Жените во музичката уметност низ вековите“. Настапуваат сопранистките Магдалена Алексовска (фото) и Тина Ристеска, мецосопранот Даница Станојоска, Ивона Давидовска на контрабас и Наташа Калајџиева-Здравева на пијано. Уметнички соработник е Милан Јанкулоски. Влезот за публиката е слободен. „Концертите имаат за цел ...

Актерот Том Харди се подготвува да го издаде својот деби рап албум. Тој соработува со „Царфејс“, супергрупата од Источниот Брег, на албумот „Czarface Meets Frankie Pulitzer“. Френки Пулицер е раперското алтер-его на Харди. Гости на албумот се и Метод Мен и Баста Рајмс. Харди веќе го објави првиот сингл од албумот насловен „Brothers Grimm“. Харди долго време се занимава со рап, а во 2011 откри дека склучил договор за снимање кога имал 15 ...

Утре (30 јуни) од 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се организира настан во чест на кантавторот Владо Јаневски, кој почина вчера (28 јуни) по кусо боледување во Скопје, објави продукцијата „Прагма“. „Ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски. Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не ...

Популарната британска група „Ајдлс“, која настапи на третата вечер од годинашниов Д фестивал, во Штип пристигна со три шлепери опрема, иако организаторот веќе имаше инсталирано бина со комплетна опрема, со која во претходните два дена настапија останатите учесници. „Тоа е група која сака висок професионализам и затоа секаде каде гостува, настапува со своја опрема. Бараа од нас да овозможиме пристап на камионите за да ја инсталираат. Групата ...

Кинотеката за јули најави филмска програма составена од омажи, ретроспективи и современи македонски филмови. Програмата започнува со омаж на Горан Стефановски, еден од најзначајните македонски драмски автори и сценаристи. Во негова чест ќе биде прикажан филмот „До балчак“, во режија на Столе Попов, на 1 јули од 20:30 часот. Посебен сегмент од програмата е посветен на Стефан Сидовски-Сидо, професор по филозофија, предавач по теорија на филм и ...

Манчестер Јунајтед го обезбеди поголемиот дел од земјиштето потребно за изградба на новиот стадион со 100.000 седишта, соопшти клубот. Јунајтед минатата година ги објави плановите за изградба на стадионот вреден две милијарди фунти, кој ќе биде најголемиот во Велика Британија. Новиот стадион ќе се гради веднаш до постојниот „Олд Трафорд“. „Можноста да градиме толку блиску до ‘Олд Трафорд‘ ни овозможува да ги зачуваме наследството, традициите ...

Планираниот биографски филм за Мадона, најавен во 2020, пропаднал поради несогласувањата околу висината на буџетот и предлогот да се снима во Србија, откри славната пејачка во интервју за магазинот „Интервју“. Овој филм требаше да го режира самата Мадона, по сценарио на оскаровката Дијабло Коди. „Се појавија несогласувања помеѓу мене и студиото ‘Јуниверзал‘ околу буџетот. Имав исклучителен живот. Мојот живот беше огромен, па затоа ми беше ...

Канада дојде чекор поблиску до учество на Евровизија откако Европската радиодифузна унија објави дека канадскиот национален јавен радиодифузер „Си-Би-Си/Радио Канада“ станал полноправен член на групата. Учеството на блескавото европско музичко натпреварување е една од целите на канадскиот премиер Марк Карни откако ја презеде функцијата во 2025 година. Буџетот на неговата влада вклучуваше 150 милиони канадски долари за финансирање на Си-Би-Си ...

Поп-пејачот Стефан Величковски ја промовираше својата нова песна „Имам сѐ“, балада за која вели дека е посветена на родителската љубов и поддршката за децата. Текстот го напиша неговата сопруга Ана Николовска-Величковски како роденденски подарок за нивната ќерка Зорана, а Стефан Величковски е автор на музиката. На песната работеше и Иле Спасев како аранжер, а Драган Ристевски го режираше видеоспотот, во кој главната улога ја има ќерката ...

Момчило Бајагиќ-Бајага, германскиот техно диџеј Борис Брејча и британскиот бенд „Ајдлс“ ќе бидат меѓу учесниците на тридневниот Д фестивал во Штип, што трае од денеска (26 јуни) до 28 јуни. Главната бина е на Градскиот стадион, а ќе има вкупно шест сцени, некои на пешачката патека покрај реката Брегалница. Како и лани, влезот е бесплатен. „Музичките вибрации ќе бидат збогатени и со настапот на Јура Стублиќ и групата ‘Филм‘ и повеќе странски ...

Од 26 до 28 јуни во Кисела Вода ќе се одржи „Културно лето“, со тридневна музичка, културна и забавна програма по повод 71. роденден на најстарата скопска општина. Настаните ќе се одржуваат на неколку локации низ општината, со содржини наменети за сите генерации. Фестивалот започнува кај крстот во Драчево во 20 часот со настапи на КУД „Китка“, Андријана Петрушевска, „Љубојна“ и Никола Станишиќ. На 27 јуни програмата продолжува во паркот ...

Квентин Тарантино и Кајли Миног ќе глумат во нов филм заедно, објави „Вараети“. Станува збор за драмата „Tangled Up in Blue“, во режија на Британецот Џејми Адамс. Деталите за дејството не се познати, но Тарантино и Миног се видени на снимање во велшкиот град Порткол. Во филмот глумат и Софија Бутела и Џејсон Ајзакс, кој играше во третата сезона на „Белиот лотус“. Тарантино веќе соработуваше со Адамс, на филмот „Only What We Carry“, кој имаше ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Злато

130856.75