Вечерва во 19:30 часот, во Паркот на поезијата во Струга се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“. Фестивалот ќе трае до 10 август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и на страницата www.dsff.mk. Влезот за сите настани е бесплатен. По церемонијата на отворањето на фестивалот, проекции на филмовите почнуваат во 20:30 ...

Виолинистката Пламенка Трајковска го објави својот најнов сингл „Балканска песна број 11“ (Balkan song No.11) , за која сними и спот. „Овој бисер, сниман со гудачки квартет, е вистински музички омаж на балканската традиција, инспириран од македонската народна песна ‘Билјана платно белеше“, вели Пламенка Трајковска, која е авторка и изведувачка на песната, заедно со Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра ...

Во полниот Антички театар во Охрид Јелена Томашевиќ ја испеа македонската народна песна „Македонско девојче“ на концертот кој го одржа сношти (6 август) и цела публика запеа заедно со неа. „Кога првпат го видов овој театар, знаев дека еден ден ќе пеам овде. Овој концерт е доказ дека желбите и соништата се остваруваат“, рече српската поп-пејачка. Пеејќи ги нејзините најголеми хитови, таа не пропушти да каже дека му е благодарна на македонскиот ...

Култниот рок бенд „Зијан” ќе одржи концерт вечерва (7 август) на градскиот плоштад во нивната родна Гевгелија (21 часот). „Благодарни сме што сме дел од Гевгелија-Град на културата 2025“, велат од „Зијан“. Бендот одржа концерт во ноември во Младински културен центар (МКЦ), прв во Скопје по 30 години пауза. Со тој концерт, бендот прослави 42 години постоење и свиреше во оригиналниот состав. Од победата на Гитаријадата во Зајечар до настапите со ...

Младиот музичар Андреј Јовановиќ-Дре и едни од пионерите на македонскиот рап „Пука козметика“ промовираа нова песна со наслов „Бољи живот”. Музиката и аранжманот се на Јовановиќ, а текстот е на „Пука козметика“. „На песната гостува и диџеј Славе, кој ги остави скречовите за да ја надополни оваа рап дружба. Снимана е во студиото ‘Алшар’ кај Ивица Јанкуловски, кој се погрижи за миксот и мастерингот. Мелодична музика со тврди рими кои ја ...

На 7 август во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Софија ќе се отвори изложбата „Простори на конјункција – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“ на кураторскит тим од Националната галерија на Македонија Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска-Михајловска. „Оваа изложба ја истражува кревката граница меѓу малите приказни од интимниот свет на индивидуата и големите ...

Лејди Гага (фото), Бруно Марс и Кендрик Ламар ги предводат номинациите за овогодинешните Ем-Ти-Ви видео музички награди (ВМА). Сабрина Карпентер и Аријана Гранде се исто така меѓу најноминираните. Бијонсе и Тејлор Свифт, кои се изедначени во најмногу добиени награди, имаат само по една номинација оваа година – и двете во категоријата уметник на годината. Ниедна од нив не издаде албум во изминатата година, но имаа успешни турнеи. Свифт беше ...

Поп-пејачот Александар Тарабунов ќе одржи концерт во Скопје на 10 декември во Филхармонијата. Taрабунов, кој е син на пејачот на народни песни Ванчо Тарабунов и вработен во хорот на Операта, вели дека концертот ќе биде остварување на неговата животна желба. „Ова ми е животна зелба и мислам дека сега е моментот за овој концерт, кој ќе биде почеток на нешто големо во мојата кариера. Ќе има 40 музичари на сцената и аудиовизуелно ќе биде сѐ по ...

Музика од македонскиот диџеј и продуцент Галоски се пушташе на фестивалот „Тумороуленд“, кој секое лето се одржува во Белгија. Ова е еден од најголемите фестивали на електронска музика во светот, познат по уникатна сценографија, на кој доаѓаат десетици илјади луѓе од целиот свет. Песната од Галоски, „Движење“ (Move), се најде во репертоарот на шведското хаус трио „Свидиш хаус мафија“. Галоски е активен на меѓународната сцена повеќе од десет ...

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Битола во Хераклеја на 16 август. Koнцертот е насловен „Господски во Хераклеја“, „По шест години повторно ќе имам чест и задоволство да настапам на прекрасната сцена во Хераклеја, место кое зрачи со неопислива енергија и каде што секој пат се чувствувам како да сум во некое друго време. Битола, секако прекрасен град и луѓе, како и цела Македонија воопшто, секогаш го правеле секој концерт ...

Составот „Кафе де Анатолија“ потпиша глобален договор со „Сони мјузик паблишинг“ за нивните музички изданија. „Ова е значаен момент не само за брендот, туку и за целата музичка сцена во Македонија и Источна Европа, поставувајќи нови стандарди за глобален успех“, велат од „Кафе де Анатолија“. „Сони мјузик МЕНА“ ја потврди соработката преку своите официјални канали на социјални медиуми, објавувајќи ја пораката „Добредојдовте дома“. МЕНА означува ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, освои награда за најдобар анимиран филм на Меѓународниот филмски фестивал во Аријано, Италија. „Филмот успеа да нè маѓепса со своите нескротлива креативност, зачудувачки стил и способност да ги истражува чудата и тајните на вселената. Секој кадар е триумф на имагинацијата – со ликови со чудни сличности и пејзажи исполнети со необични ...

Танцувајќи со македонското знаме, францускиот диџеј и продуцент Хугел сношти (4 август) настапи со својот голем хит „Те обожавам“ (I Adore You) во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Она што беше најубаво на настапот на Хугел е неговата близина и поврзаност со публиката, која среќна танцуваше околу него и се сликаше со него. „Многу се радувам што се вратив во Македонија“, рече диџејот, кој гостуваше во Охрид и пред неколку години. Она што го ...

Музичка еуфорија приреди кралот на електронската и транс музика Армин ван Бурен на синоќешниот настап на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. По неговите минатонеделни гостувања на Ибица, тој допатува во Битола, каде што успеа да собере над 10.000 публика од Македонија и поширокиот регион. Тие имаа несекојдневна можност околу два часа да уживаат во неговите споеви на најпопуларните транс траки, а настанот со други гости траеше и подолго. ...

Забавен, духовит и непосреден со публиката, Сергеј Ќетковиќ одржа уште еден одличен концерт во Македонија, во Античкиот театар во Охрид сношти (3 август), по двата во Скопје во Филхармонијата во јуни. Го следеа бенд и Битолскиот камерен оркестар, со кој диригираше Владимир Димовски. Пријателството и соработката на црногорскиот кантавтор со диригентот и оркестарот трае неколку години, откако заедно настапија во Битола на настанот „Поп симфонија“. ...

Џон Красински ќе биде режисер, сценарист и продуцент и на третиот дел од филмот „Тивко место“. Премиерата е закажана на 9 јули 2027 во киносалите, соопшти „Парамаунт“. Првиот филм, кој излезе во 2018, постигна голем успех на киноблагајните, заработувајќи околу 341 милион долари низ целиот свет со буџет од само 17 милиони долари. Исто така, го етаблираше Красински, кој глумеше заедно со неговата сопруга Емили Блант во постапокалиптичниот хорор, ...

Поминаа повеќе од две децении откако комедијата „Откачениот петок“ за размена на тела, која ги доловуваше сложените односи мајка-ќерка, стана светски хит. Сега во „Почуден петок“ Џејми Ли Кертис и Линдзи Лохан повторно се среќаваат во продолжение кое ги истражува истите теми од многу различна фаза од животот. Филмот продолжува со ликот на Лохан, Ана, која има своја ќерка. Семејната динамика станува уште почудна бидејќи има четирикратна размена ...

Американската аренби ѕвезда Џејсон Деруло приреди светско шоу сношти (2 август) во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“. Со екипа професионални танчари и богати сценски ефекти, Деруло ги испеа своите најголеми хитови со милионски прегледи на музичките платформи и на социјалните мрежи. „Можевте да бидете било каде вечерва, но вие одбравте да сте тука со нас. Најдобрата забава на светот е сега и овде, во Македонија“, ѝ рече Деруло на публиката. ...

Серијата „И едноставно така“ (And Just Like That), продолжението на хит-серијата од 1990-тите „Сексот и градот“ ќе заврши после третата сезона, објави „Ејч-Би-О“. Продуцентот Мајкл Патрик Кинг на Инстаграм објави дека додека ја пишувал последната епизода, сфатил дека тоа е совршен момент да заврши серијата. Именувана по препознатливата фраза на нејзината хероина Кери Бредшо, комедијата-драма ги следи животите на три од четирите оригинални ликови ...

Се радувам што моите песни им помогнале на луѓето да ги пребродат најтешките моменти или да се радуваат со нив, вели американската аренби ѕвезда Џејсон Деруло, кој на 2 август ќе одржи концерт во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. „Најблагодарен сум што сум мал дел од животите на луѓето. Фановите ми пишуваат дека моја песна им помогнала полесно да го поминат раскинувањето или дека ја запросиле својата девојка со ‘Омажи се за мене‘ (Mаrry Me) ...

Сакам да ја видам цела Македонија на моето шоу на 3 август во Охрид, порача францускиот диџеј Хугeл, кој ќе има настап на стадионот „Билјанини извори“. „На 3 август ќе се вратам во Македонија за големо шоу. Македонија ја носам во срцето и навистина сакам да ве видам сите на мојот настап“, кажа Хугел во видеопораката, која ја објави продукцијата „Прагма“ на нивниот инстаграм профил. Од продукцијата велат дека тимот на Хугел побарал тој да ги ...

„Силви бенд“ прослави 35 години на сцената со концерт во Античкиот театар во Охрид сношти (31 јули). Вечерта почна со песната „Летни гулабе од Охрид“ и балетска точка, по која Силвана Мучиќ-Плевнеш пушти гулаб да одлета од сцената. Концертот беше сеќавање на сите песни на дуото, кое публиката го засака во емисијата „Оваа сабота“ на МТВ во 1990-тите, кое почнуваше со нивната песна „Македоламбада“. „Уредник на таа емисија беше Димитар Масевски, за ...

Денеска и утре (1 и 2 август), на Споменикот на слободата во Кочани ќе се одржи хуманитарниот фестивал „Расплет“, кој го организираат млади кочанчани заедно со локалниот бенд „Корка“ (фото). „Главна цел на настанот е да подигнеме свест дека донациите не треба да се намалат и се потребни исто како во првите денови на формирањето на ‘Супорт Кочани‘. Донациите стивнуваат. Ние сме овде да ве потсетиме дека донациите не смеат да запрат, бидејќи им се ...

Сергеј Ќетковиќ во придружба на Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт во Охрид на 3 август во Античкиот театар. Од oркестарот велат дека ова не им е прва соработка со црногорскиот кантавтор, кој претходно има настапувано со нив во Битола. Овојпат, тоа ќе биде во едно од највпечатливите места во Македонија, Античкиот театар во Охрид, За нас како оркестар, ваквите проекти се посебно доживување. Да се спојат топлината и романтиката на Сергеј ...

Кантавторот Борис Цветановски познат како Рис Флауер по две години сними нова песна насловена „Сомот“ (Velvet), која му ја посвети на гитаристот Кристијан Волчев, кој почина неодамна. Цветановски е од Скопје, а последниве две години живее и работи во Ротердам, Холандија. Тој беше еден од финалистите на македонскиот избор за Песна на Евровизија во 2022, кога победи Андреа Коевска. Вели дека новата песна е најава за новиот албум, „Циклус“, кој ќе ...

Хит-серијата „Венздеј“ на „Нетфликс“ го проширува светот на семејството Адамс, враќајќи се на екраните речиси три години по премиерата во ноември 2022. Втората сезона имаше светска премиера во лондонски Вестминстер, при што актерите и креаторите шетаа по виолетов тепих пред Централната сала и Центарот на кралицата Елизабета Втора. Во новата сезона, Венздеј Адамс, која ја игра Џена Ортега, се враќа во академијата „Невермор“ како херој, на нејзино ...

Поради најавите за лоши временски услови, концертот на гитаристот Дамјан Пејчиноски вечерва (31 јули) ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 21 часот, место во предворјето на црквата „Света Софија“, како што беше најавено. Концертот на охридскиот гитарист е во рамките на музичкиот дел од програмата на Охридско лето. Пејчиноски ќе настапи заедно со Дејан Милосављевиќ на ударни инструменти, Зоран Јасгоридовски на перкусии, ...

Спектакуларен концерт синоќа во Хераклеја одржаа Битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ и гостинките, светски познатата виолончелистка Ана Руцнер од Хрватска (фото), оперската певица од Косово Зана Абази-Рамадани и македонските оперски пејачки Виолета Арсовска, сопран со богата музичка кариера и Јаворка Витанова, млада оперска дива. На концертот „Цветна симфонија“ Хераклеја беше преполна до последно место, а гостите од Македонија и странство ...

Дуото „Силви бенд“ ќе прослави 35 години на сцената со концерт во Охрид денеска (31 јули) во Античкиот театар од 21 часот. Силвана Мучиќ-Плевнеш и Влатко Плевнеш најавуваат концерт со нивни популарни песни, а ќе ги придружува симфониски оркестар. „Сакавме јубилејот да го прославиме токму овде, во мојот роден град, недалеку од семејната куќа каде што го поминуваме секое лето. Многу ми е драго што ќе настапиме со симфониски оркестар, со внимателно ...

Националниот џез оркестар ќе настапи на фестивалот Сплитско лето денеска (30 јули), на плоштадот Перистил, во организација на Хрватскиот народен театар. „Овој концерт ја отвора новата сезона на интернационални гостувања, со кои оркестарот ја зацврстува својата позиција на меѓународната музичка сцена“, велат од НЏО. За публиката во Сплит е подготвена уникатна програма што го поврзува современиот џез со традиционалното португалско фадо. Ќе гостува ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1028
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
1.03
78%
1027
weather icon

Загреб

14ᴼ / 9ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
87%
1028
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.15
62%
1027
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.0
97%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.12
61%
1022
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
67%
1023
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
48%
1024
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1026
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.53
85%
1025
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
45%
1023
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976