Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Со настапот на реномираното трио „Аперто“, во состав Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова-Христов (пијано), македонскиот КИЦ во Загреб вечерва (19 мај) ја отвора концертната програма за оваа година. Триото „Аперто“ во изминатите години имаше успешни концерти во повеќе градови во Македонија, како и во Тирана, Истанбул и Њујорк. „На концертот ќе се свири внимателно избрана програма, која опфаќа различни ...
На 23 јули во Античкиот театар во Охрид ќе се одржи концертот „Намб – Трибјут за Пинк Флојд“, зад кој стојат познати музичари. Организаторите најавуваат музичко уживање за обожавателите на легендарните „Пинк Флојд“ и велат дека посебен акцент е ставен на врвниот звук и сценскиот изглед. Настанот е дел од програмата на „С.О.С. фестивал 2026“, во организација на „Фреш јунион“. Влезниците се продаваат преку мрежата на wayin.mk. Сличен концерт се ...
Со мјузиклот „Као какао“ ја вративме душата на старото Скопје, рече режисерот Дејан Пројковски на денешната прес-конференција пред првите изведби на 2 и 3 јуни во Македонскиот народен театар (МНТ). Екипата на мјузиклот, кој е работен по музиката на Влатко Стефановски, една година посветено се подготува за премиерата и за следните изведби на 12 и 13 јуни. Авторскиот и актерскиот тим рече дека имаат уникатен производ создаден со многу љубов, ...
На 20 мај од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот насловен „Пролетни поздрави од Австрија-Бисери на класичната музика“. Оркестарот ќе свири дела на двајца великани на класичната музика, Франц Шуберт и Јозеф Хајдн, а ќе настапат уметници од Австрија. Ќе диригира австриската диригентка Елизабет Атл (фото), а како солист ќе настапи виолончелистот Јеремијас Флидл. Концертната програма започнува со увертирата „Волшебната харфа“ во ...
Познатиот готвач со словачко-австриско потекло Филип Ондрушек од 19 до 26 мај ќе престојува во Македонија и како гостин на „Слоу Фуд Македонија“ ќе ги истражува автентичните македонски вкусови, локалните производи и традиционалната кујна. Наместо луксузни ресторани, Ондрушек ќе ги посети локалните пазари, производители и селски домаќинства во Охрид, Битола, Преспа и Мариово, со цел да го открие потенцијалот на македонската кујна како современ ...
Познат непалски водич се искачи на Монт Еверест по 32. пат, подобрувајќи го сопствениот рекорд поставен минатата година. Ками Рита Шерпа (56) се искачи на врвот висок 8.849 метри додека ги водеше своите клиенти. Во исто време, 52-годишната Непалка Лахпа го искачи највисокиот врв на светот по 11. пат, што е светски рекорд за жена. Рита, чиј татко бил меѓу првите шерпаски водичи, првпат се искачил на Монт Еверест во 1994 и оттогаш го повторил ...
Филхармонијата го најави својот традиционален концерт на отворено, на кој оваа година ќе биде изведено едно од најпознатите дел од класичната музика, „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Концертот ќе се одржи на 20 јуни на добро познатата локација во скопскиот Градски парк од 21 часот. Диригент ќе биде Најден Тодоров од Бугарија. „Кармина Бурана“ е сценска кантата што германскиот композитор Карл Орф ја компонирал меѓу 1935 и 1936. Се заснова на 23 ...
Автосаемот во Пекинг, што се одржа минатиот месец, покажа како хиперконкуренцијата во Кина доведе до тоа цените на новите автомобили на најголемиот пазар на автомобили во светот да бидат само дел од нивното ниво во САД, вториот најголем пазар. Контрастот е остар. Просечниот нов автомобил во САД во март имаше цена од 51.456 долари. Во Кина, има повеќе од 200 модели на батерии, вклучувајќи хибридни, кои се продаваат за помалку од 25.000 долари. ...
„Нетфликс“ соопшти дека филмот „Narnia: The Magician’s Nephew“ на Грета Гервиг ќе има широка кинодистрибуција следната година и ќе се прикажува повеќе од 45 дена, што е прв таков потег на стриминг гигантот. Напишан и режиран од Гервиг, филмот е првата адаптација на книгата на К. С. Луис од 1955 која го истражува потеклото на Нарнија. Ќе биде објавен во кината на 12 февруари, а достапен на „Нетфликс“ од 2 април. Ова е значително отстапување за ...
Пробиштип денеска (16 мај) ќе го организира првото издание на панк-рок фестивалот „Хаос фест“, со учество на пет домашни бенда. Настанот ќе се одржи во клубот „Бункер“, а свирките почнуваат во 18 часот. На првото издание ќе настапат „Сајд квест“ од Прилеп, „Прв ред“ од Пробиштип и скопските групи „Флукс“ (фото), „Лоши деца“ и „Дископс“. Влезот е 500 денари. Пробиштип исто така е домаќин на метал и рок фестивалот „Рудар фест“, чие 12. издание ...
Анталија повеќе од 20 години е најбезбедна туристичка дестинација, велат хотелските менаџери од популарното турско летувалиште. Според Ѓок Турк, менаџер за сместување во хотелот „Сиам елеганс“ во Белек, поради воените конфликти во Газа и Сирија, на почетокот од годината тој и неговиот тим очекувале послаб интерес од редовните гости. „Драго ми е што се излажавме, затоа што освен нашите редовни гости што секоја година со радост ги пречекуваме, ...
Македонски филмови ќе се прикажуваат на фестивалот „Кочани под ѕвездите“, кој почнува вечерва (15 мај) и ќе биде на отворено, кај Споменикот на слободата, дело на Глигор Чемерски. Од 18 часот ќе се прикаже анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ (фото), а од 21 часот е документарецот „Медена земја“. Утре од 18 часот е проекцијата на „Диџеј Ахмет“, па следниот ден се „Година на мајмунот“ (18 часот) и „Трето полувреме“ (21 часот). ...
Две нови изведби на мјузиклот „Као какао“ ќе се одржат на 11 и 12 јуни во Македонскиот народен театар (МНТ), објави „Баги комуникации“. По неколкумесечни подготовки, македонскиот мјузикл „Као какао“ ќе ги има првите изведби на 2 и 3 јуни во МНТ од 20:30 часот. Мјузиклот е инспириран од музиката на Влатко Стефановски, за чии композиции се подготвени нови аранжмани. Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во 1970-тите, каде што ...
Поп-ѕвездата Делта Гудрем (фото) значително ги зголеми шансите на Австралија за победа на Евровизија во Виена, по извонредната изведба на моќната балада „Помрачување“ во вчерашното второ полуфинале. Гудрем, која се прослави во австралиската ТВ-серија „Соседи“, сега е втор фаворит за победа, зад Финска, на која долго време ѝ се даваат најголеми шанси да го крене трофејот. Австралија настапува на Евровизија од 2015 и досега нема победа. Покрај ...
Поп-рок групата „Меморија“ го најави следниот концерт на 23 октомври во арената „Јане Сандански“ во Скопје, како и снимањето на документарен серијал посветен на бендот и развојот на македонската рок музика низ децениите. Музичкиот новинар, водител и некогашен член на бендот, Антонио Димитриевски, на прес-конференција кажа дека целиот проект ќе биде концептуално насочен не само кон историјата на „Меморија“, туку и кон корените на македонската ...
Енергична забава со хитовите на „Продиџи“ и „Рамштајн“ направи битолскиот оркестар „Дива“ на концертот „Индустриска симфонија“ во Младински културен центар во Скопје. Јасна Димитровска, Огнен Димовски и Жарко Јакимоски заедно со оркестарот на оригинален начин ги изведоа хитовите на кои цела сала скокаше. Несекојдневниот, алтернативен проект на „Дива“, кој секогаш прави уникатни концерти, доби заслужен бис на крајот. Интересно беше што ...
Турскиот диџеј и продуцент Махмут Орхан ќе има настап на 25 јули на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, пбјави продукцијата „Прагма“. Еден од најпопуларните диџеи и продуценти на светската електронска сцена, Орхан зад себе има настапи на фестивали како Тумороуленд, Коачела и Егзит, како и на Ибица. По успешниот албум „Пангеа“ од 2024, Орхан продолжува да ја освојува публиката со својот препознатлив спој на современи електронски ритми и ...
Хрватска, Србија и Израел се меѓу земјите кои се пласираа во финалето на Евровизија во Виена по првата полуфинална вечер. Пет земји, вклучувајќи го седумкратниот победник Ирска, ја бојкотираат годинашната Евровизија поради учеството на Израел. Настапот на Ноам Бетан изнуди мешани реакции од публиката. Оттаму можеа да се слушнат и свирежи и антиизраелски слогани, додека други го извикуваа името на пејачот во знак на поддршка. Австриската ...
Во организација на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, од 12 до 14 мај ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот за современа музика, како промоција на светското и домашното музичко творештво. Програмата содржи три камерни концерти, на кои ќе настапат реномирани странски и домашни уметници. „Акустичниот простор на Уметничката галерија ‘Безистен‘ на отворањето ќе го облагородат звуците на камерниот состав ‘Трио ...
Триесет и еден отсто од возрасните и 80 отсто од светската адолесцентна популација не ги исполнуваат препорачаните нивоа на физичка активност, вели Светската здравствена организација (СЗО) во чест на 10 мај, Светскиот ден на физичката активност. Извештајот го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), каде што стои дека, според проценките на СЗО, околу пет милиони смртни случаи годишно се поврзани со недоволната физичка активност и затоа ...
Култниот македонски рок бенд „Архангел“ ја објави првата песна од својот нов албум, прв по пауза од повеќе од две децении. Со синглот „Дни оловни“, за кој музиката и текстот ги напиша фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува и самостојниот концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје. Снимањето, миксањето и мастерингот на песната се правени во студиото „Клиник саунд“ на Нино Спиркоски во Скопје. На ...
На 11 мај од 20 часот, во Сули Ан во Скопје ќе биде претставен „Resonant Earth: Collective Ritual“, нов музички проект на Јордан Костов. „Проектот се темели на слободна интеракција помеѓу музичарите, водена од едноставна структура и неколку основни мотиви, што овозможува секоја изведба да се развива органски и да создава секогаш нова и неповторлива форма“, вели Костов. На сцената ќе настапи осумчлен меѓународен состав: Јапинг Ванг (јангџин), ...
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја откри официјалната песна на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, до чиј почеток останува нешто повеќе од еден месец. Песната насловена „Dai Dai“ се најавува како химна на претстојниот Мундијал, на кој за првпат ќе играат 48 репрезентации. Песната и официјално ќе биде промовирана на 14 мај, а во неа учествува и нигерискиот пејач Бурна Бој. Ова е втора соработка на Шакира со ФИФА откако таа ...
Диригентот на Битолскиот оркестар „Дива“ Владимир Димовски ќе настапи денеска (7 мај) на концертот со хитовите од детскиот фестивал „СИ-До“, што ќе се одржи во Центарот за култура во Битола. Со концертот ќе се одбележат 30 години постоење на детскиот фестивал. Владимир Димовски денес работи како диригент, продуцент и аранжер и е основач на Камерниот оркестар на Битола. Тој вели оти малкумина знаат дека тој во 1995 ја испеал песната „Кети, ...
Двата нови албума на легендарниот гитарист Влатко Стефановски ќе бидат промовирани утре (7 мај) од 12 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Тој ќе ги претстави „Guitar Sings“ (инструментален албум) и „Muscle Memory“ (нов студиски албум), издадени за „Кроација рекордс“. Скопската промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит, во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Порин“. Стефановски доби специјално ...
На 8 мај во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул ќе се отвори изложбата „Архивски документи“ на професорката и уметница Жанета Вангели. Ова е нејзино прво самостојно претставување пред турската публика и содржи 41 дело во техника принт на плексиглас и аудиоматеријали. Кураторката Маја Крстевска вели дека оваа изложба на Вангели е сублимација на главните интересни зони кои се во нејзиниот фокус. На 8 мај во македонскиот ...
Групата „Нокаут“ на 9 мај во арената „Јане Сандански“ во Скопје ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со славенички концерт, најавен како вистински аудио-визуелен спектакл. Настанот, како што беше кажано на вчерашната прес-конференција, ќе биде со најсовремено озвучување и продукција, со цел публиката во целата сала да има еднакво и квалитетно доживување. За првпат, „Нокаут“ ќе настапи на кружна сцена од 360 степени, со што, како што велат ...
„Одисеја“ ќе биде еден од најепските филмови на Кристофер Нолан, но нема да биде и најдолг. Тој потврди дека неговиот нов филм ќе биде пократок од „Опенхајмер“, кој му ги донесе првите оскари во кариерата. „Тоа е епски филм, како што налага темата, но е пократок“, рече Нолан. „Опенхајмер“, биографската драма за Роберт Опенхајмер и создавањето на атомската бомба за време на Втората светска војна, траеше 180 минути. И покрај тоа, филмот стана ...
Помина најголемата и најекстравагантна ноќ во модата. Познати личности пристигнаа на Мет гала 2026 со нивниот пристап кон годинашната тема костимографија, при што организаторите ги замолија гостите да експериментираат со раскошниот и чуден кодекс на облекување. Токму затоа, ѕвездите не играа на сигурно, туку дефилираа носејќи уметнички дела по нарачка во чест на кодексот на облекување „Модата е уметност“. Годишниот настан служи за собирање ...
Хорот „Света Злата Мегленска“ ќе одбележи 30 години постоење со концертот насловен „Воскресение твое“. Тој ќе се одржи на 8 мај од 20 часот во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да ужива во внимателно избран духовен репертоар кој го отсликува богатото музичко наследство и традиција. На концертот ќе диригира Летка Полизова-Димовска, која вели дека концертот е значајна пресвртница за хорот, кој ...