Пејачот Драган Величковски-Тајзи ја промовираше новата песна насловена „Мама/Аба“, за која вели дека е посветена на семејните вредности и почитта кон родителите. Музиката и текстот се на негови, а аранжманот, миксот и мастерингот ги направи продуцентот Иван Јованов-Ивајо. За оваа песна, Тајзи сними и спот со негово сценарио, кој го режираше Даниел Јовески. Снимен е на неколку значајни културно-историски локалитети во околината на Охрид и ...
Охрид 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот музичар и автор Драган Величковски – Тајзи ја претстави својата најнова песна „Mama/Abba“, музичка приказна која, според авторите, допира до најдлабоките човечки вредности и потсетува на она што е навистина важно во животот. Велат дека песната ја носи пораката за значењето на семејството, почитта кон мајката и таткото како темели на секое здраво општество, но и за духовната поврзаност на човекот ...

