Во шумата „Силк Вуд“, во состав на ботаничката градина „Вестонбирт“ во Глостершир, Велика Британија, три архитектонските студија направија уникатно детско игралиште, изработено од дабово дрво од околната шума. Сместен на местото кое порано било каменолом, просторот е внимателно вклопен во шумскиот пејзаж. Наместо класични игралишта со стандарден инвентар, архитектите создале неформален простор што ја поттикнува детската имагинација, ...

Скопското панк трио „Мај тир“ го објави новиот сингл „Сонцето грее само над облаците“, прво издание во новата постава на бендот. Покрај Дени Крстев (вокал и гитара) во групата се Антони Анев од бендот „Преку ред“ на бас и вокал и Иван Димишков-Димиш на тапани. Песната е најава за истоимениот трет албум на бендот, кој треба да биде објавен до крајот на следната година. Музиката и текстот се на Дени Крстев, а аранжманот е на целиот бенд. „Мај ...

На седми јуни од 21 часот на отворената сцена во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи рок концертот на млади музички таленти насловен „We Will Rock You”. Со светски рок хитови, ќе настапат учениците од музичкото училиште „Ентерпрајз“ кое го води познатиот музичар и продуцент Валентино Скендеровски. Концертот е со бесплатен влез, ќе трае 120 минути и ќе се свират 25 кавери на најпознатите рок класици, секоја од различен бенд, и со ...

Студентите на Факултетот за музичка уметност- Скопје, на 1 јуни од 20 часот ќе одржат концерт во Музејот на македонската борба. Настанот е во чест на јубилејот, 60 години ФМУ. „Концертот се одржува во рамките на концертната серија ‘ФМУ-60 години’. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно подготвена музичка програма во изведба на младите уметници, студентите на ФМУ, кои преку својот талент, посветеност и уметнички израз го продолжуваат ...

Во Македонскиот народен театар се одржа завршниот ревијален концерт на „Музичка Фабрика“ со млади музички таленти, со што беше заокружена првата сезона од овој детски музички проект. На сцената настапија 170 деца: солисти, членови на хорот и танчари кои беа пречекани со голем аплауз. Се испејаа 20 нови авторски песни напишани специјално за концертот од повеќе од 30 познати македонски автори, композитори, текстописци и музички продуценти. ...

Од денеска (28 мај), во киното Синеплекс ќе се прикажува новиот филм на Педро Алмодовар, „Горчлив Божиќ“. Од следната недела ќе игра и во Центарот за култура во Битола и во Фино-кино во „Лабораториум“, вели дистрибутерот „МЦФ МКД“. Шест години по „Болка и слава“, Алмодовар се врати на Канскиот филмски фестивал, кој заврши на 23 мај. Снимен во Мадрид и во живописниот Ланзароте, „Горчлив Божиќ“ ги спојува Барбара Лени и Леонардо Сбарала во ...

Од 3 до 6 јуни во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски, соопшти Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“. „Ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Поповски бил сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност на полето на филмската уметност“, велат од Здружението. Куратор на програмата е ...

„Ареа“ ќе одржи концерт во Охрид во Античкиот театар на 31 јули во рамките на концертната програма на годинашниот „С.О.С. фестивал“, објави продукцијата „Фреш унион“. Влезниците се во продажба на wayin.mk. Минатата година „Ареа“ го преработи својот хит „Очи ангелски“, кој е снимен пред 26 години, овојпат во дует со младиот рапер и пејач Јанг Дади. По повод 25 години од албумот „Врати на имагинација“, рок бендот одржа концерт во Скопје. ...

Белградската публика со овации ја поздрави Дина Јашари на настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, што беше во рамките на 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби албум „Растенија без корен“, а Јашари симболично го одбележа моментот со трчање три круга околу бината, гест инспириран од традицијата на Денот на младоста и ...

Дваесет и петтото издание на Офф-фест во Скопје ќе се одржува од 3 до 6 јуни, а ќе има осум концерти. Ќе учествуваат музичари од 12 земји, со посебен акцент на Африка. Директорот на Скопскиот џез фестивал, Оливер Белопета (фото), вели дека иако се работи за јубилеј, не се амбицирале да направат нешто специјално или програмски да го прошират фестивалот поради тоа што буџетот е ограничен и не постојат инфраструктурни услови за концертите. На ...

„Ферари“ го претстави својот прв целосно електричен автомобил наречен „Луче“, чија цена е 550.000 евра. Новиот модел се оддалечува од изгледот на типичните „ферарија“ како првиот автомобил со пет седишта на италијанскиот бренд. Ривалите на суперавтомобили како „Ламборгини“ и „Порше“ ги намалија своите планови за електрични возила поради слабата побарувачка и интензивната конкуренција од кинеските брендови. Главниот извршен директор на ...

Гитарското дуо „Дениција“ ќе одржи концерт вечерва (26 мај) на Факултетот за музичка уметност во Скопје (ФМУ) од 19:30 часот. На репертоарот се дела од македонските композитори Шахов, Иванов, Андовска и Спироски, како и дела од Каванах и Брауер. Утре (27 мај) од 13 до 15 часот, членовите на дуото ќе одржат работилница во малата сала на ФМУ, која е отворена за студентите по гитара и учениците од средните музички училишта, но и за сите млади ...

Христијан Настевски-Пајак, Јован Јованов и Елвир Мекиќ ја промовираа песната „Делириум“, која е најава за концертот на Мекиќ и Јованов, што ќе се одржи на 6 јуни во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Трап пејачот ќе биде меѓу гостите на концертот. Автори на песната се Пајак, Јован Јованов, Иван Јованов, Таско и Елвир Мекиќ, а режисер на видеоспотот е Гордан Божиновски. „После нашиот концерт, Пајак ќе промоцира нов албум, на кој со него и ...

„Виенска фантазија“ е насловен концертот на Филхармонијата, кој ќе се одржи на 28 мај во 20 часот. Како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика” Доли, роден во Елбасан, Албанија, ...

Младата пејачка Теа Трајковска во Црна Гора доби признание за позитивно медиумско влијание во Македонија. Наградата ѝ беше врачена во рамки на манифестацијата „Бизнис бит конференс 2026“, во организација на УМПЦГ. Посебен момент на вечерта беше нејзината изведба на „Македонско девојче“, со која, како што велат од тимот на пејачката, добила голем аплауз. Таа неодамна во дует со Христијан Тасковски-Таско го објави синглот „Луда“. „’Луда’ е ...

Рекордни 274 планинари го искачиле Монт Еверест на 20 мај, најмногу во еден ден досега од непалската страна. Највисокиот врв на светот (8.849 метри) се наоѓа на границата на Непал и кинескиот регион Тибет и може да се искачува од двете страни. Операторите на експедиции велат дека оваа година никој не се качувал од тибетската страна зашто кинеските власти не издале дозволи. „Ова е најголемата бројка на алпинисти во еден ден досега. Претходниот ...

Џенифер Лопез е многу тивка и ненаметлива, велат менаџерите на луксузниот хотел „Регнум краун“ во Белек во популарната турска туристичка област Анталија. Хотелот е отворен во јули 2025, а латиноамериканата поп-ѕвезда беше поканета да пее на отворањето откако во 2019 одржа концерт во хотелот „Регнум карија“, кој се наоѓа во истиот комплекс. „Таа беше сместена во ексклузивната ‘Краун Вила’. Сакавме да ѝ овозможиме приватност, персонализирана ...

Поп-пејачката Бојана Скендеровски ќе одржи концерт вечерва (22 мај) во Тетово, во Домот на култура „Иљо Антевски Смок“ од 20 часот. Концертот е под мотото „Глас што се чувствува, вечер што се памети“, а поп-пејачката ќе ги испее своите најголеми хитови. „По прекрасните дружби со публиката во Скопје и Штип, едвај чекам да запеам и со тетовската публика. Секој концерт носи посебна енергија, а верувам дека во Тетово нè очекува вечер исполнета со ...

Хит-серијата на „Нетфликс“, „Емили во Париз“, завршува со шестата сезона. „Ви благодариме што ни дозволивте да бидеме дел од вашите животи, инспирирајќи ги вашите соништа за патување и вашата љубов кон Париз“, рече креаторот Дарен Стар. Популарната серија ја следи извршната директорка од Чикаго, Емили Купер, која ја игра Лили Колинс, додека се справува со работата, романсата, пријателството и модата во Париз. „По шест незаборавни години ...

Велешанката Адријана Арлен, која живее и работи во Малме (Шведска), сними преработка со клавир и виолончело на музичката тема од филмот „Неверна“ на Адријан Лaјн. Спотот е снимен во Велешкиот театар. „Навистина сум среќна што конечно ја остварив мојата желба и направив емотивен аранжман на една од моите омилени филмски теми“, кажа Арлен. Таа најави дека наскоро ќе излезе уште еден спот, за авторската музика „Time for Goodbye“, повторно во ...

Интернационалниот пијано натпревар „Пијанофест“, што во Битола се одржа по осми пат, обедини млади таленти, врвни уметници и љубители на класичната музика од земјава и странство. „На натпреварот имаше учесници од 12 држави: Македонија, Германија, Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Грција, Албанија, Косово, Кипар, Кина и Ерменија, што го прави еден од најзначајните и најпрепознатливи меѓународни натпревари во регионот“, рече организаторот ...

По пет години пауза, Македонија се враќа на Евровизија, која во 2027 ќе се одржи на Бугарија, кажа новиот директор на МРТ, Зоран Ристоски. Младата поп-пејачка Дара ѝ ја донесе првата победа на Бугарија на Евровизија со песната „Бангаранга“ во Виена. На јавната седница на Програмскиот совет на МРТ, Ристоски рече дека имал средби со претставници од Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и дека со сигурност може да каже дека Македонија ќе испрати ...

Поп-пејачката Драгана Костова од Струмица ја промовираше својата прва авторска песна насловена „Адио“. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а авторка на текстот е Магдалена Ена Цветковска. За песната е снимен и спот во режија на Стеди Флоу. Младата пејачка најавува дека активно ќе работи на нови музички проекти и ќе се труди да донесе нешто ново и свежо на македонската музичка сцена. „Ова е мојата прва авторска песна и навистина сум ...

Вечерва (21 мај) од 19:30 часот, во „Аудиокултура“ во Скопје ќе биде промовиран новиот албум на Добрила Грашеска (вокал, вокални лупови) и Дориан Јовановиќ (ут, лупер, електроника, програмирање), насловен „Wind To Blow” (Ветер да подујне). Концертната промоција на албумот е закажана на 4 јуни во Националната опера и балет во рамките на 25. Офф-фест. После „Апокриф“ и „Пиле шарено“, „Wind To Blow” е третиот албум на дуото Добрила и Дориан. ...

Холивудскиот актер со кубанско потекло Енди Гарсија го претстави својот долгогодишен проект „Дијамант“ на Канскиот филмски фестивал, речиси две децении откако првпат ја добил идејата додека ѝ помагал на својата ќерка со училишна задача да напише кратка ноар-приказна. Филмот се прикажа надвор од официјалната конкуренција. Гарсија е режисер и ја игра главната улога во филмот инспириран од ноар-жанрот. Во филмот играат и Бил Мaреј и Дастин ...

Хорот на ООУ „Кузман Јосифовски-Питу“ од Скопје освои прво место на меѓународниот хорски фестивал во Лидо ди Јесоло во Италија, а неговите солисти освоија четири први, четири втори и четири трети места. Учениците и диригентката Вера Ангеловска велат дека се горди на овој извонреден успех. „Втора година по ред македонската песна најсилно одекнува на европската сцена, што претставува огромна гордост за целата земја. Со внимателно избрани ...

Вечерва (20 мај) од 20 часот, во Центарот за култура во Битола концерт ќе одржи Битолскиот дувачки оркестар, посветен на „Битлс“. Насловен е „Сѐ што ти треба е љубов“ (All You Need is Love) по големиот хит на легендарната англиска група. Оркестарот симболично за овој концерт се вика „Битолси“. Специјални гости се Бранислав Николов од групата „Фолтин“, Сашо Паркет од „Паркети“ и Горан Петков. Водител на концертот е актерот Рубенс Муратовски. ...

Бугарија ги започна подготовките за организација на Евровизија 2027, по победата на младата пејачка Дара (фото) со песната „Бангаранга“ во Виена. Министерот за култура Евтим Милошев изјави за бугарската национална телевизија БРТ дека подготовките веќе се во тек. Софија, Бургас, Пловдив и Варна веќе покажале сериозен интерес да бидат домаќини на најголемиот музички спектакл во Европа, а конечната одлука ќе ја донесе Европската радиодифузна ...

Денеска (20 мај) излегоа последните две песни од новиот албум на Коки Јанков, „Навикни на промени“. Со промоцијата на песните „Еден пат за еден живот“ и „Едно мирно топло лето“, виолинистот го заокружува албумот со 20 преработки на песни кои ги свиреше со дуото „Дуле и Коки“ и со групата „Тајфата“. „Секој понеделник во изминативе два месеца излегуваа по две песни и два спота, кои ги снимавме во Велешкиот театар. Овојпат, со екипата музичари ...

Хорот „Драган Шуплевски“ при Факултетот за музичка уметност во Скопје учествуваше на меѓународниот фестивал „Университас Кантат“, форум на најдобрите универзитетски хорови во светот, кој се одржува во Полска. „Ова беше трета покана за учество на хорот, што претставува големо признание за неговата долгогодишна работа и квалитет. Првиот концерт на хорот се одржа во полскиот град Калиш, во катедралата ‘Свети Никола’. По концертот, домаќините ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.58
30%
1019
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
49%
1020
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.78
35%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.22
41%
1022
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
2.99
36%
1020
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
1.34
55%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
5.81
35%
1019
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.99
42%
1020
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.19
39%
1020
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 28ᴼ
1.34
39%
1020
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.34
35%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
6.13
64%
1020
Currency

61.6417

Currency

53.7211

Currency

71.0707

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Бакар

12.73

Алуминиум

3.40

Злато

133769.08

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Паладиум

39866.93

Сребро

2087.39

Калај

53.45

Платина

53498.84

Иридиум

253540.09