Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Музичарот Игор Јагуриноски од Прилеп, поранешниот пејач на групата „Бен Хур“ на музичките платформи ја промовираше новата песна „Блуз во душата“. „Напишав молски блуз кој буди тага и носталгија, а инспирацијата за доаѓа од искрена љубовна приказна на близок пријател“, вели музичарот. Јагуриноски, како поранешен пејач на групата „Бен Хур“, е вклучен и во Македонската рок енциклопедија. Денес е пејач и гитарист на групата „Рок блуз бенд“ и ...
Култната група „Архангел“ новиот видеоспот за песната „Дни оловни“ го сними во зградата на Централната пошта во Скопје. Спотот денеска (9 јуни) беше промовиран на прес-конференција по повод концертот „Срцевина“, што ќе се одржи на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Фронтменот на „Архангел“, Ристо Вртев, рече дека изборот на локацијата не бил случаен, туку длабоко поврзан со атмосферата на песната. „Се одлучивме за локација со амбиент на ...
„Јас сум дете кое верува“, вели Слаткаристика во песната „Верувај“ која ја сними заедно со рап дуото „Зи бомб“ а ќе биде искористена во документарниот филм „Слушни ме“ чија премиера ќе биде до крајот на годината. Хип-хоп музичарот одржа прес-конференција со дел од гостите на концертот на 2 август на стадионот „Билјанини ивори“ во Охрид, со кој ќе прослави 20 години кариера. Калиопи, Тони Зен, „Некст Тајм“, Пајак, „Дупер“, Тајзи, Зи Бомб, ...
Денеска (9 јуни) од 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе биде промовиран новиот роман „Понекогаш се враќаат“ од писателот и сликар Димитрие Дурацовски. За романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе зборуваат Ангелина Бановиќ-Марковска, Ненад Јолдески и Оливера Ќорвезироска. „Понекогаш се враќаат“ е роман за сеќавањето, домот, враќањето кон корените и за приказните што остануваат да ...
Словонечката трап пејачка Сенидах и скопското дуо „2Бона“ ќе бидат гости на концертот на Рита Ора кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. „Покрај светската поп-ѕвезда Рита Ора, настапува и Сенидах, една од најпопуларните пејачки на регионалната сцена како и македонското хип-хоп дуо ‘2Бона’, кои се доста популарни кај младата публика“, велат од продукција „Прагма“. Сенидах има снимено три албуми, а актуелна е со ...
Поп-пејачката Антониа Гиговска одржа уникатна промоција на нејзиниот нов албум „Жена“ со девет нови песни, вчера (7 јуни) во Сули Ан во Скопје. „Жена“ е песна која стана голем хит откако Гиговска ја испеа на Макфест во 2024, и во 2025 беше прогласена за најслушана песна помеѓу двата фестивала. Поп-пејачката рече дека песните се во различни стилови, работени со повеќе автори, а на секоја од нив посветено работела со тимот зашто секоја песна за ...
Вечерва (8 јуни) од 18.30 часот, на сцената Школка во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи концерт на Нотингемширскиот оркестар на Кралските инженери и Воениот оркестар на македонската армија. Концертот е по повод одбележувањето на роденденот на Кралот Чарлс трети, а го организира Британската амбасада во соработка со Армијата на Македонија, „Целта на настанот е заедничко одбележување на роденденот на британскиот монарх, и прослава на ...
Шефот на студиото „Лајонсгејт“ кое стои зад биографскиот филм за Мајкл Џексон изјави дека се подготвува продолжение и дека новиот филм можеби нема хронолошки да продолжи таму каде што заврши „Мајкл“. Приказната за животот на Мајкл Џексон, кого го игра неговиот внук Џафар Џексон, досега заработи 715 милиони долари на киноблагајните ширум светот. Филмот заврши со натписот „Неговата приказна продолжува“, што навести дека ќе се снима продолжение. ...
Шоу по теркот на големите светски ѕвезди одржаа Јован Јованов и Елвир Мекиќ на заедничкиот концерт во арената „Борис Трајковски“, што беше камбек на дуото популарно во 2000-тите. Актуелноста на хитовите на Мекиќ и Јованов и денес не е намалена. Повозрасните се сетија на времето кога скокале во клубови на „Магија “ или „Некаде после два“, а помладите играа на истите песни кои и денес се хитови на социјалните мрежи и на музичките платформи. ...
Јубилејното 25. издание на Офф-фест се затвора вечерва (6 јуни) со два концерта во Младинскиот културен центар во Скопје. Како што почна, така и завршува: со африканска вечер. Од 22 часот настапува Мачуме Занго, мајсторот на тимбила, односно традиционален дрвен ксилофон. Неговиот аудиовизуелен концерт е насловен „The Native Practices of Mozambique“ и содржи обновена верзија на песни, танци и ритуали на Банту народите од Мозамбик. Проектот се ...
Тамара Тодевска ја сними песната „Драма квин”, со која го најави новиот албум „Кукла жива”. Песната ја напишаа Коста Петров и Тодевска, а аранжманот е на Емин Џијан во соработка со ансамбл од над 50 музичари и хор. Спотот е снимен во студиото „Такат“, во режија на Мартин Трајановски. „Кукла жива” е албум со 10 песни. „Ова е само мал дел од она што следува, албум на кој работат некои од најдобрите музичари во Македонија, комплетно сниман со ...
Ученици од музичките училишта од Македонија одржаа успешен концерт насловен „Младите доаѓаат“, вчера во Филхармонијата во Скопје, во придружба на оркестарот на Филхармонијата. Младите таленти од Скопје, Битола и од Штип ја воодушевија публиката која ги врати на бис по концертот. Настапија пијанистите Софија Михајловска и Јане Петровски од Битола, Ива Амелија Микулчиќ од Скопје и Јана Јованова од Штип, виолончелистите Ева Малиновска, Ада ...
На 7 јуни од 20 часот во фоејето на Националната опера и балет ќе се одржи традиционалниот концерт „Вивалдијада“ со млади музичари кои ќе севират дела од Антонио Вивалди. На концертот ќе настапи оркестарот на „Полифонија“, а ќе диригира Кристофер Мускат од Малта. Настапуваат солистите Илина Ристова (флејта), Теона Павлова (флејта), Михаела Васковска (флејта), Албина Бојко (флејта), Илија Богоев (виолина), Теодор Трајковски (виолина), Уна ...
Продукциската куќа од Виница „Кафе де Анатолија“ која стана светски популарна, го најави првиот дводневен фестивал во Виница, на 10 и на 11 јули во „Александар парк“ во центарот на градот. Од „Кафе де Анатолија“ велат дека фестивалот е ново искуство кое ги спојува афро хаус и органик хаус музиката со уметноста, гастрономијата и винската култура. Дводневната програма ќе се одржи од 20 до 3 часот по полноќ, а ќе вклучува настапи на ...
Пејачот Јанг Дади на 12 септември ќе го одржи својот прв солистички концерт, во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Трап пејачот во изминатиот период стана доста популарен, а најактуелен е со хитот „Лидија“. Настанот е во организација на „Авалон“, а за концертот се најавува настап со бенд, засилена продукција и визуелен концепт што ќе ја следи неговата музичка естетика. Ќе има и гости, музичари со кои Јанг Дади соработува од почетоците. ...
Основното музичко училишпте „Стефан Гајдов“ од Велес одбележува 80 години постоење и 120 години од раѓањето на патронот. Тоа ќе се случи со два концерта, првиот вечерва (4 јуни) на кој ќе настапат ученици од учебната година 2025/26 година. Вториот е на 8 јуни, на кој ќе настапат ученици од досегашните генерации завршени основци, а се познати во македонската музичка јавност. И двата концерта се бесплатни и ќе се одржат во салата на Велешкиот ...
Денеска (4 јуни) од 20 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на Џез стрим фестивалот. Ќе диригира маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на НЏО во Струмица. „Џез стрим е нов фестивал што ќе донесе квалитетна џез програма и свежа музичка енергија во градот“, велат од НЏО. Концертот е со бесплатен влез, а билетите ...
По африканскиот прв ден, јубилејниот 25. Офф-фест музички се сели во Европа. Двата концерта од вториот ден се во Националната опера и балет. Од 20 часот настапуваат норвешките музичари Нилс Екланд (хардангер фидл, виолина, виола) и Сигбјерн Апеланд (хармониум, пијано). Музиката не Екланд (фото) се движи помеѓу локалната традиционална народна музика, современата музика, џезот и слободната импровизација, а во Скопје ќе настапи соло или во дует ...
На 8 август од 20:30 часот, на Ракометното игралиште во Битола ќе се одржи С.О.С. фестивал, кој е дел од БитФест 2026. Организаторите го најавуваат фестивалот како музички собир со внимателно избрана програма, но и како симболичен повик против турбофолкот, шундот и кичот, идеја што ја споменува и актерот Игор Џамбазов. Меѓу првите најавени учесници се „2Бона“ (фото), „Кун“ и Тонито, препознатливи на домашната трап сцена. С.О.С. фестивалот е ...
Денеска (3 јуни) од 20 часот, во киното „Мис Стон” во Прилеп ќе се одржи проекција на новиот филм „Железна тврдина” во режија на Митко Панов, во продукција на „Пиреј филм“. Актерската екипа е составена од штитениците на Центарот за рехабилитација на Психијатриската болница во Демир Хисар и гости, меѓу кои и Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски и Атиџе Муратова. Филмот е снимен во соработка со ...
Африка е во фокусот на јубилејното, 25. издание на Офф-фест, што се отвора вечерва (3 јуни) и ќе трае до 6 јуни. Првите три вечери се во Националната опера и балет, а последната во Младинскиот културен центар. На програмата се музичари од Мали, Гвинеја, Јужна Африка, Норвешка, Шпанија, Италија, Бенин, Конго, Мозамбик и Танзанија, а од Македонија ќе настапи дуото „Добрила и Дориан“. Годинашниот фестивал се отвора во 20 часот со триото „Гитари ...
Eкипа од Канал 103 ќе учествува во програмата „Радио дом“ со сестринското радио „Кашмир“ од Берлин. „Програмата се развива како отворен процес на слушање, учење и истражување, обликувана низ живи и претходно снимени емисии, спонтани радиомоменти, разговори и теренски снимања. Започнува со воведно вклучување на 2 јуни во 19:30 часот, кое ги поврзува Скопје и Берлин, а завршува на 10 јуни со заедничка програма“, велат од Канал 103. За време на ...
Слаткаристика ги промовираше новите песна и спот „Здраво“ (Hola). Спотот е снимен за време на неговото неодамнешно патување во Шпанија, каде настапи пред студенти од Македонија и од регионот. Музиката ја напишаа Марко Маринковиќ-Слаткаристика и Иван Јованов-Ивајо, текстот е на Слаткаристика, а продукцијата, миксот и мастерингот се на Јованов. Женските вокали ги отпеа Лина Пејовска, а спотот го реализираа Кристијан Теодоров, Дарко Јовановски и ...
Младиот македонски продуцент и диџеј Анастас е избран во програмата „Антолд креаторс“, организирана од фестивалот „Антолд“ во Романија. Во конкуренција на 11.366 апликации од целиот свет, македонскиот диџеј се најде меѓу 25-темина кои добија можност да бидат дел од интернационалната програма. Во рамки на програмата, учесниците работеа и учеа од реномирани продуценти и ментори од електронската сцена, а како финален продукт снимија авторски ...
Вечерва (1 јуни) од 20 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи јубилеен концерт на учениците од отсекот традициски играч-пејач на ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. „Повод за концертот е 25 години постоење на одделот за традиционална музика и игра. Ќе настапат сегашни и поранешни ученици кои денес се професионалци во НУ ‘Танец’“, велат од училиштето. Следните два дена, „Луј“ продолжува со завршните концерти. Утре (2 јуни) од 20 часот, ...
Со „Сестри“ на Дина Дума (фото), денеска (1 јуни) започнува јунскиот циклус на бесплатно прикажување македонски филмови во Синеплекс. Агенцијата за филм го промовираше овој проект минатиот месец и предвидува бесплатни проекции на македонски филмови секој понеделник од 18 часот. Влезот е по принципот „прв дојден, прв услужен“, без претходна резервација на билети. Во текот на овој месец ќе можат да се гледаат и документарецот „Плати и жени“ на ...
Хрватската поп-ѕвезда Северина вчера (30 мај) одржа концерт во Гевгелија, кој имаше рекордна посетеност од над 25.000 луѓе од целата земја и регионот. Настапот на поп-пејачката беше главен музички настан на отворање на новиот комплекс „МЕГА Шопинг Парк“. „Со својата препознатлива харизма и хитови, Северина приреди незаборавна вечер и го исполни просторот до последното место“, велат организаторите. На социјалните мрежи, Северина го најави ...
Дрејк го сруши рекордот што претходно го држеше Мајкл Џексон за најмногу први места на топ-листата на Билборд. Со 14 први места, Дрејк се изедначи со Ријана и со Тејлор Свифт. Дрејк постави уште еден рекорд со 42 песни на топ-листата во една недела, надминувајќи го претходниот рекорд на Морган Волен од 37 песни. Воедно, стана и првиот пејач со повеќе од 400 настапи на Билборд. Во топ 10, канадскиот музичар и актер освои девет позиции, а ...
Хрватската поп-пејачка Вана ќе одржи концерт во Скопје на 5 јуни на покривот на „Сити мол“. Ова е нејзино прво гостување во Скопје, Концертот е во рамките на четвртото издание на „Џин лејн фестивал“.Настанот ќе започне во 19 часот, со настап на македонската поп група „Рингтонс“. „Вечерта ќе започне со музичко изненадување на зајдисонце, по што ќе настапи македонскиот бенд, а потоа ќе следува настапот на Вана. Вечерната програма ќе се одвива ...
Поп-пејачката Марија Спасовска ја промовираше „Скопје го сакам ради тебе“, една од песните од нејзиниот актуелен албум „Седатив“. Автор е Марија Спасовска, која ги напиша музиката и текстот, а аранжманот е на Николче Мицевски. За песната е снимен и видеоспот, како продолжение на најавата што пејачката ја даде на промоцијата на албумот, дека за секоја песна ќе биде снимен и спот. „Во оваа песна навистина најмногу верувам и мислам дека е еден ...