Пеејќи песни од Владо Јаневски, стотици фанови се собраа пред Арената „Борис Трајковски“ во Скопје за да му оддадат почит на кантавторот кој почина на 28 јуни во Скопје, по кусо боледување. На настанот кој го иницираа фановите на Јаневски, а го поддржа продукција „Прагма“, дојдоа и негови колеги и пријатели кои со години соработувале со него. Пеејќи го евергринот „Некогаш и негде“ заедно со водителот Марко Марк, фановите направија ѕвездено ...
Кантавторот Владо Јаневски, кој почина на 28 јуни по кусо боледување на 65 години, денеска беше погребан на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Блиското семејство и многуте колеги музичари, соработници и пријатели го испратија со неговите најголеми хитови. „Никој не пишуваше љубовни песни како него“, рекоа соработниците на Јаневски. Последниот настап за кој објави на социјалните мрежи е од март, кога ѝ беше гостин на хрватската пејачка ...

