Над 100.000 луѓе присуствуваа на повратничкиот концерт на корејската поп сензација „Би-Ти-Ес“, што се одржа во историскиот центар на Сеул. Тоа беше првиот концерт на корејската седморка од октомври 2022, откако во меѓувреме членовите мораа да го одработат задолжителниот воен рок. Тие настапија на плоштадот Гвангвамун, одржувајќи едночасовен концерт, на кој изведоа и песни од новиот албум „Arirang“, што беше објавен вчера. Според ...

Кралот Чарлс Трети отвори нова пешачка патека што се протега долж целиот брег на Англија. Долга 4.327 километри, тоа е најдолгата крајбрежна пешачка рута во светот, според „Натурал Ингланд“, владиното тело кое ја создаде. Патеката „Кралот Чарлс Трети“, која почна да се развива пред 18 години, ќе овозможи да се прошета целото крајбрежје на Англија. Ќе поминува низ некои од најубавите и најразновидни предели во земјата, од солени мочуришта и ...

Долината на Смртта во Калифорнија, најжешкото место на Земјата и најсуво место во Северна Америка, овој месец е покриена со диви цвеќиња во најдоброто цутење во последната деценија. Службата за национални паркови на САД официјално ја категоризираше оваа година како година на натпросечно цутење, со цвеќиња на ниска надморска височина низ целиот парк. Делови од пустината се трансформирани и покриени со златна и виолетова флора. Ова беше ...

Повеќе модни дизајнери зборуваа на темата „Како до одржлива модна и текстил индустрија“ на форумот „Мода-едукација-технологија“ во Скопје. Форумот е во организација на здружението „Добредојде Македонија-Welcome Center“, под покровителство на Амбасадата на Словенија, во рамките на проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаети и одржливост“. „Горди сме на поддршката на иницијативи каква што е овој проект, кој претставува ...

„Јуниверзал“ потврди дека ќе снима биографски филм за „Бон Џови“. Филмот ќе се фокусира на раните години на рок-бендот, следејќи го неговиот подем од скромните почетоци во Њу Џерси до распродадените стадиони во 1980-тите. Филмот ќе го продуцираат Кевин Џ. Волш („Manchester By the Sea“, „House of Gucci“) и Готам Чопра, кој го режираше документарецот од четири дела „Thank You, Goodnight: The Bon Jovi Story“ од 2024 година. Засега нема ...

Леонардо ДиКаприо е ѕвездата на новиот филм на Мартин Скорсезе, „What Happens at Night“, а првата фотографија од снимањето откри зошто славниот актер носеше мустаќи на неодамнешната церемонија на доделување Оскари. Филмот се најавува како психолошка семејна драма, а покрај ДиКаприо, во главната улога е и Џенифер Лоренс. Скорсезе и ДиКаприо истовремено ја споделија првата фотографија од филмот, во кој уште играат Мадс Микелсен, Патриша ...

Кинеската компанија за играчки „Поп Март“ и „Сони“ објавија дека популарните кукли лабубу наскоро ќе добијат свој игран филм. Филмот „Лабубу“, кој ќе комбинира глума и компјутерски генерирана анимација, е во рана фаза на развој, соопштија двете компании. Филмот ќе го режира Пол Кинг, кој, меѓу другото, ги сними „Вонка“ и „Падингтон“. Не е познат датумот на излегување. Куклите лабубу станаа глобална сензација во последните години, а продажбата ...

Концертна промоција на новиот албум „Еден свет“ на „Конкеринг лајон“ ќе се одржи на 21 март во клубот „Јавна соба“ во Скопје од 21 часот. „Конкеринг лајон“ е даб/реге/кросовер состав од Тетово, формиран во 2007. Првиот албум „I“ го објави во 2009, по што следуваa „Know Your Wisdom“ (2011) и „Revelation“ (2013), со кои се наметнa како еден од поактивните реге бендови во регионот. Во текот на годините настапи во повеќе европски земји на иста ...

На 29 март од 18 часот во рамките на „Моден викенд Скопје“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи промоција на книгата „Облеката и модата од праисторијата до денес“ од костимографката и модна креаторка Зорка Тодорова-Младеновиќ. Лидија Георгиева, модната дизајнерка и професорка на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје вели дека многу научила од Младеновиќ која ѝ била професорка. „Авторка на книгата ‘Облеката и модата од праисторијата до ...

На 26 март од 19:30 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи концертот „Австриска вечер на камерна музика“. Настанот е посветен на делата на тројцата големи композитори од виенската класична школа: Волфганг Амадеус Моцарт, Јозеф Хајдн и Франц Шуберт. Под мотото „Контрастрингс и кларинет“, публиката ќе слушне изведби на камерна музика, со акцент на гудачките инструменти и кларинетот. Концертот е во организација на Австриската амбасада ...

Канадскиот режисер Денис Вилнев откри дека речиси направил пауза пред да го заврши „Дина: Трет дел“, заклучокот на неговата епска научно-фантастична трилогија, но се премислил откако видел како публиката ги прифатила првите два филма. „Во меѓувреме требаше да снимам друг филм, но почувствував апетит за третиот дел што не го очекував“, рече Вилнев на претпремиерата на трејлерот за филмот во Лос Анџелес, кој официјално излезе вчера. Филмот ...

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев го одложи концертот во салата „Јане Сандански“ во Скопје за 24 април, откако првично требаше да се одржи на 20 март. Пејачот вели дека концертот се одложува поради пропуст на неговиот тим. Георгиев рече дека го поместил концертот поради тоа што не бил информиран дека во неделата кога требаше да се одржи се одбележува годишнината од пожарот во Кочани, во кој загина 63 луѓе. „Оваа недела не е во ред да ...

Две нови единки на балкански рис се снимени на територијата на Националниот парк „Шар Планина“. Оттаму велат дека со ова нивниот број пораснал на пет. „На нашите трап-камери неодамна се регистрирани две нови единки на балкански рис. Тие се забележани при вршење редовен мониторинг, во делот од паркот кој административно припаѓа на Општина Врапчиште“, соопштија од НП „Шар Планина“ на Фејсбук. Тие додаваат дека двете единки се во добра ...

Бендот „Парусион“ го објави новиот сингл насловен „Бебе во лулка“, во соработка со пејачката Каја Корен (фото) и повеќе познати музичари. Музиката и аранжманот за песната се на Михаил Парушев, а текстот го напиша Каја Корен. Продукцијата и снимање ги направи Ивица Јанкуловски. Во песната, Каја Корен ги пее вокалите, Мишел Трајковски е на хармоника, Јован Цветковиќ на пијано, Зоран Костадиновски на гитара, Благој Маротов свири бас, а Михаил ...

Црногорскиот музичар Рамбо Амадеус две вечери по ред одржа концерти во Скопје, во „Јавна соба“ и направи како што претходни најави, трибјут на самиот себе. Концертот вчера (15 март) почна кратко по 18 часот, по што Рамбо кажа: „Добредојдовте на ова матине. Ви благодарам што сте тука и што ме каните. Ова е господска работа. Отсега, концертите ќе ги почнувам порано, нема ефект по 22 часот, тогаш се сите пијани, сега се трезни“. Иако вели дека ...

Палета на силни бои доминираше на црвениот килим на Оскарите, кои по 98. пат се доделија во Лос Анџелес, а ѕвезди како Ренате Реинсве и Чејс Инфинити воодушевија со впечатливи фустани кои дадоа модерен пресврт на традиционалниот стил на облекување за ваква церемонија. Реинсве носешe светлоцрвен фустан без прерамки oд „Луј Витон“ со длабок страничен шлиц. За својата прва церемонија на доделување Оскари, Инфинити избра фустан во сирена стил со ...

Мегахитот на „Нетфликс“, „К-поп ловци на демони“, освои два оскара и дополнително го зацврсти својот статус на глобален феномен. Филмот за женската поп група „Хантрикс“ која го брани светот од зли сили беше прогласен за најдобар анимиран филм, а музичкиот хит „Златна“ (Golden) доби Оскар за најдобра оригинална песна. Канадско-корејската режисерка Меги Канг кажа дека е горда што создала филм кој ги претставува Корејците. „Многу ми е жал што ни ...

„Помирување“ (Closure) на полскиот автор Михал Марчак ја освои наградата Златен Александар во главната натпреварувачка селекција на 28. Филмски фестивал за документарци во Солун, доби и парична награда од 12.000 евра, а победата му носи директна квалификација за трката за Оскарите во 2025. „Помирување“ ја следи потрагата на Даниел по неговиот 16-годишен син Крис, кој взори на 27 мај 2023 избегал од дома и се качил на автобус за Варшава. ...

Студентите од Факултетот за музичка уметност од Скопје, утре (16 март) од 20 часот во концертната сала на ФМУ ќе одржат концерт во чест на нивната професорка Сара Пројковска која лани на 16 март загина во пожарот во Кочани. За спомен на професорката Пројковска која пееше придружни вокали на групата „ДНК“ во Кочани, на концертот насловен „За Сара“ ќе настапат студентите по корепетиција и практика. На 26 март во 2025, шеесет бели балони, во ...

„Млада сум на 64 години и многу сакам да танцувам“, рече хрватската поп-ѕвезда Дорис Драговиќ вчера (14 март) на заедничкиот концерт со Петар Грашо во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Елегантна, непосредна и весела, сплитската пејачка речиси два часа играше на високи потпетици со истиот жар и непроменет глас како пред 40 години, кога на Евровизија во Норвешка во 1986 ја претставуваше поранешна Југославија со „Желбо моја“ (Жељо моја). „Не ...

„Ангелски здив“ е новата песна на Мето Ди Флеш и Ана Петановска, заедно со продукцијата „Ејнџелс тим“, посветена на младите кои загинаа во пожарот во Кочани на 16 март лани. Музиката, текстот и аранжманот се на Методи Поповски, кој вели дека ја напишал песната „во еден здив, со длабока почит кон младите кои прерано починаа“. „Оваа песна едноставно сакаше да излезе од мене. Додека ја пишував, имав чувство како секој збор сам да се појавува. ...

Специјално од Солун за СМАРТ СДК.МК: Марина КОСТОВА „Јас мислев дека филмот е уметност на умирање“, низ смеа рече француската оскаровка Жилиет Бинош во Солун, одговарајќи на прашањето што мисли за изјавата на холивудскиот актер Тимоти Шаламе дека операта и балетот се уметности на умирање. Шаламе, кој е номиран за Оскар за „Марти Величествениот“ изјави: „Не сакам да работам во балет или во опера или работи за кои велат ‘одржувајте го ова во ...

Познатиот готвач на славните Волфганг Пак го подготви менито со над 70 јадења за филмските ѕвезди и уметници за Гувернерскиот бал, кој се одржува по доделувањето на Оскарите. Годинава, свеченото доделување на наградите на Академијата за филмска уметност и наука е закажано на 16 март. Пак и неговиот тим, кои по 32. пат се задолжени за кетерингот на официјалната забава по Оскарите, составија мени што нуди вкусови од целиот свет за 1.500 гости ...

Американската женска група „Пусикет долс“ објави дека ќе се обедини како трио за нов сингл и светска турнеја. Никол Шерцингер, Ешли Робертс и Кимберли Вајат го објавија синглот „Клупска песна“ и ќе започнат со настапите во јуни. Ова доаѓа шест години откако планираното обединување беше попречено од ковид-пандемијата и правен спор. Вајат за Би-Би-Си рече дека обединувањето е „најневеројатната работа што можеше да се направи по 20 години“, ...

Кејт Винслет ќе се придружи на екипата на новиот филм „Господар на прстените“, во, како што кажаа извори за сајтот „Дедлајн“, главна женска улога. Режисер на „The Lord of the Rings: The Hunt for Gollum“ ќе биде Енди Серкис, кој во оригиналната трилогија го глумеше Голум. Изворите велат дека Серкис и Питер Џексон долго време ја убедувале Винслет да глуми во филмот, што значи дека таа ќе мора да се пресели во Нов Зеланд заради снимањето на ...

Влатко Стефановски го сними новиот авторски албум „Мускулна меморија“ (Muscle Memory), кој ќе биде во продажба од 20 март како цеде и дигитално издание. За љубителите на винили, „Кроација рекордс“, матичната дискографска куќа на гитарскиот виртуоз, подготвува и плоча. „Новиот студиски албум има девет нови песни, кои стилски се движат помеѓу прогресивен рок и фјужн, со препознатливите виртуозност и емотивна изразност, што со децении го ...

На 18 и 19 април, во Националната опера и балет по 23. пат ќе се одржи детскиот фестивал „Поточиња“. Ќе се одржат шест претстави, по три во двата дена, од 11, 13 и од 19 часот. „Омилените Поточиња, заедно со водителот Поки (актерот Мартин Јорданоски), подготвија нова фестивалска приказна и со нови 17 песни ќе се погрижат децата да се забавуваат, да танцуваат и да пеат. По успешното издание ‘Поточиња 2025‘ и гостувања на детски манифестации во ...

Утре (7 март) од 11 часот, на малата сцена во Националната опера и балет ќе се одржи премиерата на детската интерактивна претстава „Металковци патуваат“, дел од проектот „Фамилија Металковци“. Втората изведба е од 13 часот, а следните на 14 март. Претставата е наменета за деца од 4 до 10 години, во изведба на брас квинтет составен од музичари од Националната опера и балет. Трае речиси еден час и комбинира музика во живо, сценска игра и ...

Од денеска (11 март) во скопското кино Синеплекс ќе игра американско-македонскиот филм „Уште една игра“ (One More Game), во режија на Холанѓанецот Ник Јансен. Продуцент е Никола Китановски, кој од 2008 живее во Лос Анџелес, продукцијата е на „Моушн креатив“ од САД, а сценариото и монтажата се на Јансен. Филмот е снимен со американски пари, а снимањето било во 2023 во Македонија со голема македонска екипа. „За нас е важно што, без разлика дали ...

Специјално од Солун за СМАРТ СДК.МК: Марина КОСТОВА Филмови што раскажуваат длабоко лични и емотивни приказни кои се универзално релевантни се главното обележје на 28. Фестивал на документарци во Солун, еден од најголемите во регионот чии победници се квалификуваат за оскаровската трка. Јапонскиот режисер Шинго Ота во „Јавен базен Нумакаге“ го истражува прашањето што е разликата меѓу човекот и јавниот простор? Општинските власти на Нумакаге ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
58%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
50%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.66
75%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.34
62%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
68%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
35%
1012
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
4.63
79%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
53%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
86%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Родиум

353658.21

Калај

43.91

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Бакар

10.65