Македонската диригентка, маестра Дијана Имери-Илкоска, гостуваше во Грузија, каде што работеше како асистент-диригент на италијанскиот диригент Клаудио Вандели. Овој нејзин ангажман следуваше по минатогодишниот успешен концерт што го реализираше со младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Грузија, од каде што доби покана повторно да соработува со ансамблот, кој се смета за еден од водечките младински оркестри во Европа. Поканата за маестра ...

Од 3 до 6 октомври, во Музејот на современата уметност (МСУ) во Скопје ќе се одржува четиридневен Фестивал на перформансот. Влезот е слободен. Фестивалот е составен од две програми. Главната програма е тридневен настан насловен „(Пост)југословенски наследства и тела: перформанс, критика и утопија”, куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски и Славчо Димитров и содржи проекции, предавања и перформанси. „Општата идеја на фестивалот е да се измислат ...

Уметницата Тања Таневска денеска (2 октомври) ќе ја отвори својата изложба „Време и простор 2001-2023” во 20 часот во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија. „Веќе со насловот на проектот, Тања Таневска ни посочува еден подолг период (2001-2023) од нејзиното домување, живот, радости и тага во коj ги создавала и чувала визуелните записи, за потоа да ги интерпретира и синтетизира во една целина што ја обопштува идејата за дом ...

Песните на „Битлс“ можат да звучат интересно и во џез аранжмани, а ги свиреше Националниот џез оркестар на концертот на летната сцена „Славиша Кајевски“ во МНТ. „Драго ни е што дојдовте оваа топла летна ноќ“, се пошегува диригентот Џијан Емин, познат по својот специфичен хумор и на претходните концерти на НЏО. Ова беше уште еден успешен и полн концерт на џезерите, со публика од генерацијата која главно пораснала со „Битлс“ или учела за нив од ...

Вечерва (2 октомври) од 20 часот, во малата сала на Филхармонијата ќе се одржи концерт на гудачкиот концерт „Атака“ со дела од македонски композитори. Ова е последниот концерт во рамките на годинашното издание на фестивалот Денови на македонска музика. Ќе бидат изведени дела на композиторите Ристо Аврамовски, Валентина Велковска-Трајановска, Гоце Гавриловски и Филип Иванов. Гудачкиот квартет „Атака“ е во состав Ева Богоевска и Марија Трајковска ...

Влатко Лозаноски-Лозано сними нова песна со наслов „Жолто црвено“, за која вели дека е напишана според вистинска животна приказна. Поп-пејачот додава дека новата песна ќе допре до многумина кои живеат во Македонија. „Песната е создадена според вистинска животна приказна. На една од моите турнеи минатата година се запознав со еден нашинец, кој во неврзан разговор ми ја раскажа неговата животна приказна. Во тој момент, освен што ја ислушав, не ѝ ...

Облакодер вреден една милијарда долари моментално се гради во Дубаи и притоа ќе собори неколку рекорди, како за највисок базен и за највисок ресторан на светот. Тој исто така ќе содржи бујна дождовна шума, која ќе се наоѓа на височина од 447 метри. Кулата наречена „Тајгер скај“, што ја гради „Тајгер пропертис“, ќе има 532 метри и 122 ката. Во зградата ќе има 849 станови по почетна цена од 680.000 долари, а во понуда ќе бидат и 18 ултралуксузни ...

Неколку пејачки ќе бидат гостинки на концертот на „Меморија“ закажан за 16 ноември во салата „Борис Трајковски“. На прес-конференцијата во Скопје, лидерот на бендот, басистот Петар Георгиевски-Камиказа, најави дека ова ќе биде женски концерт. „Ќе гостуваат Ружица Милошевска-Брчиоска од групата ‘Ареа‘ и нејзиниот сопруг Ивица Брчиоски. Потоа, Андријана Јаневска ќе ги пее ‘Параходот’ и ‘Македонско девојче’, а гостинка е и Дани Димитровска. Во ...

Култниот словенечки бенд „Лајбах“ се враќа во Македонија следната година и ќе одржи концерт во Филхармонијата на 4 март, објави „Пасворд продукција“. „Лајбах“ доаѓа во Скопје во рамките на светската турнеја „Opus Dei Revisited“, заснована врз албумот „Opus Dei“, кој оригинално излезе во 1987, а сега е ремастериран. Ова е албумот што му донесе меѓународна афирмација на бендот. Од „Пасворд“ најавуваат дека на концертот нема да се свират само ...

Актерот и шоумен Игор Џамбззов и гитаристот Игор Атанасовски (Гуру Харе) на 2 ноември ќе одржат концерт во Торонто, Канада „Заедно со мојот вечен блуз сопатник Гуру Харе ќе гостуваме преку океанот, во Торонто. Како што нѐ известија организаторите, влезниците се веќе распродадени“, вели Џамбазов. Концерот ќе се одржи во салата на МПЦ „Св. Климент Охридски“ Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ на 21 септември настапи на летната сцена „Славиша Кајевски“ во ...

Романот „Ехото на акробатите“ на Владимир Јанковски ја доби наградата „Пегаз“ за 2024, а доделувањето и промоцијата на делото се најавени за 8 октомври од 20 часот во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор) и ...

Ивана и Јована Николовски од Скопје ја објавија новата песна со наслов „Зборови”, за која снимија и видеоспот. Музиката и текстот се на Сашо Николовски, аранжманот е на Васил Ангелов, а видеото го режираше Дарко Јовановски. Илина и Јована се сестри на возраст од 14 и 12 години. Илина е деветто одделение во ОУ „Невена Георгиева-Дуња” во Скопје, а Јована седмо. Потекнуваат од музичко семејство и од рана возраст изучуваат музика. Двете се ученички ...

Кинотеката на Северна Македонија ќе одбележи важни јубилеи во домашната кинематографија во својата програма за следниот месец. Таа ќе потсети на неколку домашни играни и документарни остварувања кои оваа година бележат јубилеи од своите премиери, почнувајќи од 30 години на „Пред дождот“ (фото) на Милчо Манчевски. „Пред половина век Столе Попов го сними ‘Оган‘, а пред 45 години и ‘Дае’, кој беше југословенски кандидат за Оскар во категоријата на ...

Рефик Анадол, угледниот уметник кој твори со вештачка интелигенција (ВИ), објави дека ќе го отвори првиот музеј на светот посветен на уметност создадена со ВИ, што ќе се наоѓа во Лос Анџелес. Тој вели дека музејот ќе го нагласи пресекот помеѓу човечката имагинација и креативниот потенцијал на машините. Наречен Даталенд, високотехнолошкиот музеј треба да се отвори следната година и ќе се наоѓа близу Музејот на современата уметност, музејот Броуд ...

По вечер посветена на Џо Кокер, „Рене пее блуз“ е вториот кураторски проект на Котон блуз фестивал за оваа година. Овој концерт ќе се одржи на 11 октомври во скопскиот клуб „Маракана“ и ќе биде последна најава на главниот настан на петтото издание на фестивалот, што ќе се случи во ноември. Бендот го предводи пејачката Рената Симоновска, која ќе ја придружуваат гитаристите Владко Симоновски и Кристијан Магденовски, Коста Стевановски на бас и Иле ...

Краткиот игран филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски вечерва (29 септември) ќе ја има својата македонска премиера, што ќе се одржи во Киноверзум во Кисела Вода од 20 часот. Светската премиера на „Мала шега“ се случи неодамна на Меѓународниот филмски фестивал во Оденсе (ОФФ), каде што се прикажа со 147 филмови од 39 земји. „Мала шега“ е продукција на „ДНФ филмс“ и копродуциран од ИРЛ од Македонија и „Изван фокуса“ од Хрватска. Филмот е ...

Данското архитектонско студио „БИГ“ ќе прошири поранешен супермаркет во Северен Јитланд, Данска и ќе направи музеј со покрив во форма на листови хартија. Музејот за хартиена уметност има за цел да ја одбележи историјата на овој вид уметност во Данска. Поранешниот супермаркет на површина од 900 квадратни метри ќе биде трансформиран во музеј од 2.300 квадратни метри. Покривот потсетува на лист хартија кој како да паѓа врз објектот. Старата зграда, ...

Првата седмица на октомври во Велес ќе ја одбележи новото издание на Фестивалот на античка драма Стоби. Ќе се одржува по 21. пат во периодот од 30 септември до 5 октомври. Публиката ќе има можност да види пет претстави во натпреварувачката категорија, плус една во придружната програма. На доделувањето на наградите (фото) на 10 октомври ќе настапи ансамблот „Танец“. „Фестивалот се потврдува како еден од најважните естетички полигони, на кој ...

Ни се ближи небесен настан што ќе може да се види со голо око, бидејќи кометата Ц/2023 А3 позната како Цушиншан-АТЛАС ќе се појави на небото оваа есен. Новооткриената комета поминува покрај Земјата и луѓето во јужната хемисфера веќе имаат можност да видат комета која патувала милиони години за да стигне до нас. Кометата би можела да биде светла како Венера, со што би била една од најсветлите во северната полутопка во последните 100 години. ...

Мурал кој ја слави шпанската керамика е насликан на еден од ѕидовите на Театар Комедија во Скопје. Автори на муралот се Викторија Митева и Орхан Камилов, кои на овој начин го продолжуваат проектот „Дијалози“, што се реализира во соработка со здружението за културно-уметнички дејности „Одоната“, под покровителство на Амбасадата на Шпанија и со поддршка од Македонското модно здружение. „Македонските уметници ја доловија својата визија за ...

На 4 октомври во „Станица 26“ во Скопје од 20:30 часот концерт ќе одржи тапанарот Михаил Парушев со неговиот бенд наречен „За арно за убаво”. Парушев ќе свири заедно со Зоран Костадиновски на гитара, Јован Цветковиќ на пијано, Иван Бејков на бас, Трајче Велков на труба, Петар Колевски на саксофон и Петар Христов на сопран саксофон. Драган Трајковски е вокал, а Елена Васова е вокал и перкусии. „На концертот ќе има уште неколку гости кои ќе бидат ...

Третото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес ќе има седум програмски дена, распределени од 29 септември до 27 октомври. Фестивалот основан и финансиран од Општина Велес и оваа година ќе има меѓународен карактер, а учесниците доаѓаат од Франција, Германија, Финска, Грција, Австралија и Македонија. На отворањето в недела, поетско-музичко-театарски перформанс ќе имаат Џејмс Вајли од Австралија и Егли Кацики од Грција, кој ...

„Колдплеј“ ќе одржи десет концерти на стадионот „Вембли“ во Лондон следното лето, со што ќе го собори рекордот на Тејлор Свифт и „Тејк дет“. Англискиот бенд првично најави шест концерти, но додаде уште четири датуми во септември поради огромниот интерес за карти. Турнејата во 2025 ќе го следи излегувањето на десеттиот албум „Moon Music“, кој ќе биде објавен на 4 октомври. Покрај „Вембли“, „Колдплеј“ ќе има и два концерта на стадионот во Хул и ...

Македонскиот државен ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со успех ја заврши својата концертна турнеја низ регионот, со настапи во Подгорица (Црна Гора), Љубљана (Словенија) и Загреб (Хрватска). „Секоја изведба беше поздравена со громогласни ракоплескања и стоечки овации. Публиката беше почестена со разновиден репертоар кој ги прикажуваше сложените ритмови и моќните изворни гласови кои на автентичен начин ги донесоа македонските напеви од ...

Вечерва (27 септември) пред Културно информативниот центар (КИЦ) ќе се одржи настанот „Звукот на Скопје 2024“. Од 21 часот, концерт ќе одржат „Кулпарк“, Зарина Првасевда (фото) и „Калевала“. Во „Салон 19:19“ од 20 часот ќе има проекција на филмот „Non-Aligned: Scenes from the Labudovic Reels“. Во салите „Империјал I“ и „Империјал II“ и во продажниот салон на КИЦ од 20 часот ќе можат да се разгледаат три изложби: „Портрети од темната комора“ – ...

Англискиот рок бенд „Кјур“ ја објави првата нова песна по 16 години пауза. Насловена „Alone“, таа е најава на долгоочекуваниот нов албум на групата, кој ќе се вика „Songs of a Lost World“ и треба да излезе на 1 ноември. Тоа ќе биде 14. студиски албум во 46-годишното постоење на „Кјур“ и прв по „4:13 Dream“ од 2008. Новиот албум се правеше неколку години. Во 2019, бендот откри дека снимил 19 нови песни, но најавеното излегување на албум за таа ...

На 8 октомври во Скопје почнува снимањето на турско-македонската копродукција „Мала грешка“, во режија на Чејда Ашар од Турција, по сценарио на Гокан Тирјаки. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија со 3,7 милиони денари на конкурсот во 2022 во втор рок. Ова е копродукција на „ПИК продукција“ од Македонија, „Гокан Тријаки продукција“ и „Ротанет“ од Турција. Главната улога ја игра германско-турскиот актер Мехмет Куртулуш, познат по ...

Либанскиот виолинист со ерменско потекло Ара Маликиан ја свиреше „Јовано, Jованке“ пред концертот во Скопје, кој ќе се одржи на 18 октомври во Филхармонијата, во организација на продукцијата „Прагма“. Маликиан во текот на својата кариера имал концерти во 40 држави во светот, меѓу кои и на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид. Има снимено 30 албуми за период од 25 години и настапувал со над 40 светски познати музичари, како Стинг, Лондонски ...

Дизајнерот од Либан, Фуад Саркис, кој има соработувано со Џенифер Лопез, ќе биде дел од жирито на изборот на Мис на Македонија за Мис Универзум, што ќе се одржи на 8 октомври во Националната опера и балет. Во жирито ќе бидат и Стефан Пиес, актер кој живее и работи во Лондон, турската актерка со македонско потекло Ебру Дестан и македонскиот пластичен хирург д-р Роберт Стојовски. Девојката која ќе победи на изборот меѓу 20-те финалистки, освен ...

Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов на 29 септември ќе се прикаже на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Проекцијата е закажана од 14:30 часот во Националната галерија. По проекцијата, предавање ќе одржат кураторите на изложбата „Ниедно чувство не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во соработка помеѓу Кунстхале во Виена, Националната галерија во Прага и Музејот на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
33%
1019
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
45%
1020
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
52%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
42%
1020
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.75
71%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
56%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
52%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
78%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
54%
1018
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
38%
1022
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
78%
1016
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60