Австралиските актери Марго Роби и Џејкоб Елорди ги добија главните улоги во новата филмска адаптација на книжевниот класик „Оркански височини“ на Емили Бронте, што ќе го режира оскаровката Емерелд Фенел. Роби (34) ќе ја игра Кетрин Ерншо, а Елорди (27) ќе биде Хитфлиф и ваквата распределба на улогите наиде на критики на социјалните мрежи, каде што беше опишана како разочарувачка, ужасна и бизарна, имајќи предвид дека главните ликови во романот ...

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, изјави дека корисниците на нејзиниот четбот со вештачка интелигенција ќе можат да изберат гласови на повеќе познати личности. На годишната конференција на компанијата „Конект“, Закерберг откри дека четботот ќе може да зборува како актерите Џуди Денч, Кристен Бел, Оквафина и Киган-Мајкл Ки и борачот Џон Сина. Тој истовремено го претстави првиот работен прототип на очилата со аугментативна реалност ...

Наум Петрески заедно со „Синтезис“ ја отпеа „Ој девојче“, песната која групата оригинално ја има снимено со Тоше Проески. Фолк-пејачот беше еден од гостите на вчерашниот јубилеен концерт на етно составот во Филхармонијата, на кој прослави 30 години постоење. „Едни и единствени, ‘Синтезис’. Ми беше чест“, рече Петрески, кој одлично и во негов стил ја испеа народната песна која многумина ја поврзуваат со Тоше. „Синтезис“ за овие триесет години ...

Патрониот ден на Државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип ќе се одбележи утре (26 септември) од 17 часот со концерт во училиштето. Освен учениците, оваа година ќе настапат и професорите, како дел од училишната програма за мотивирање на учениците. „Предвидено е концертот да трае еден школски час и ќе биде во дворот на училиштето кој ќе биде простор за публиката. Самиот влез на училиштето ќе биде бина на која ќе настапат нашите ...

На 27 и 28 септември во скопската Општина Гази Баба ќе се одржи третото издание на Хип хоп фест. Настанот почнува во Домот на културата, каде што од 18 до 20 часот ќе има хип-хоп работилница со Кацар (фото). Утредента од 15 часот ќе се одржи работилница за стрип со Тонио Сан, па следува Хип хоп поетри слем од 18 часот. На плоштадот Коцка во Автокоманда од 19 часот ќе има фристајл сесии со Мартикс и Паки и настапи на диџеите Славе и Бугимен. ...

На неколку недели пред премиерата на вториот дел на „Гладијатор“, режисерот Ридли Скот навести дека сака оваа епска драма да стане трилогија. Скот го режираше првиот филм во 2000, кој доби пет Оскари, а сега и продолжението, кој во киносалите ќе игра од 15 ноември. Расел Кроу доби Оскар за најдобра машка улога за првиот филм, а во вториот дел играат Пол Мескал, Педро Паскал и Дензел Вашингтон. Мескал го глуми Лусиус, кој се бори за својот живот ...

Лејди Гага објави дека нејзиниот нов филм „Џокер: Лудило за двајца“, во кој глуми со Хоакин Феникс, ќе биде проследен и со албум. „Арлекин“ ќе излезе на 27 септември, неколку дена пред премиерата на филмот. Ќе има 13 песни, комбинација од обработки снимени за потребите на филмот и нов оригинален материјал. Во филмот, Гага ја глуми Харлин Квинзел, попозната како Харли Квин. Долгоочекуваното продолжение на „Џокер“ од 2019 е во режија на Тод ...

Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија по 27. пат се отвори во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Признанието „Васил Иљоски“ за особен придонес во комедиографијата оваа година го доби актерот Сашко Коцев, кој кариерата ја започна на сцената на Кумановскиот театар. „За театар се потребни двајца, едниот да игра на сцената, а другиот да гледа, тоа е публиката. Никогаш не би можеле да постоиме без вас. После ова, ...

На 11 и 12 октомври, во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи фестивалот „Песните на Тоше“, на кој ќе настапат пејачи од Македонија и од странство. Организатор на настанот е Марјан Катароски од Прилеп, промотор на македонски таленти во светот, организатор на музички фестивали во Македонија и актуелен директор на Светската асоцијација на фестивали. „Идејата за организирање на овој фестивал долго тлееше во мене и го чекаше вистинското ...

Важни се свесноста и прифаќањето на различните, а не која е родовата припадност на луѓето е една од пораките на кампњата „Во ист ритам“ на Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА, која ја организира со поддршка на Холандската амбасада во Македонија. „Холандија е убедена дека едно општество може да напредува и да се развива само кога вклучува колку што е можно повеќе различни групи. Како што велиме ние, секој придонесува со нешто единствено и ...

Актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски ќе одржат заедничко стендап шоу наречено „(Нат)просечен Македонец“ на 2 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. „Ова ќе биде првиот голем стендап одржан во голема сала во Македонија“, велат од „Авалон“, организаторот на настанот. Гостин ќе биде комичарот Стефан Николовски. Влезниците ќе бидат во продажба преку мрежата на ticketx.mk. Атанасовски и Костадиновски се познати како дуото Тино и ...

Седумнаесет бендови и музичари од шест држави ќе ја сочинуваат програмата на 14. издание на фестивалот на нова музика Здраво млади во Скопје. Ќе се одржи низ Младински културен центар на 11 октомври и влезот ќе биде слободен. Куратори на програмата се скопската издавачка куќа „Мртов коњ/Гола планина“ и издавачката куќа „Југофутуризм“ од Ротердам. И додека првите избраа главно домашни имиња, како Димиш, „Вагина корпорација“, „Занаду“ и „Пепи и ...

Големиот музички каталог на Шон Диди Комбс бележи пораст на стримувањето откако тој беше уапсен минатата недела и обвинет за трговија со луѓе, рекетирање, киднапирање и други кривични дела. Слушаноста на музиката на Комбс, издавана под разни имиња како Диди, Паф Деди и Пи Диди, пораснала за 18,3% минатата недела во споредба со една недела пред тоа, објави аналитичката компанија „Луминејт“. „Не сум изненаден од ваквиот пораст. Стримувањето е ...

Еден од водечките европски металкор бендови „Малеволенс“ (Malevolence) е најавен како главна ѕвезда на годинашното издание на фестивалот Востание, што ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје на 13 декември. Бендот од англискиот град Шефилд е основан во 2010 година и досега има објавено три албуми. Неговата музика е опишана како мешавина од хардкор, металкор и грув метал. Во Скопје доаѓа по големата летна северноамериканска турнеја со ...

На 5 октомври од 11 до 13 часот, Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје познат како Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“. Јанкуловски ги кани сите граѓани да му се придружат на прошетката која ќе започне од споменикот на Гоце Делчев, ќе се движи низ Градскиот парк до хотелот „Александар палас“. Целта на настанот, како што вели тој, е да им се даде поддршка на лицата со атипичен развој. „Можам ...

Мадона беше гостинка на последниот ден од Модната недела во Милано на ревијата на „Долче и Габана“. Поп-ѕвездата седеше во првиот ред заедно со Наоми Кембел и Викторија де Анџелис од групата „Манескин“. Покриена со црн превез, Мадона се обиде кришум да влезе на ревијата на „Долче и Габана“, додека моделите носеа креации во стилот на нејзиниот имиџ од 1990-тите. Моделите беа облечени во корсети со потпис на Доменико Долче и Стефано Габана, со кои ...

Од 23 до 29 септември, во Тетово по 13. пат ќе се одржи Тетовскиот интернационален филмски фестивал ТИФФ ОДА (TIFF ODA). Ќе бидат прикажани 50 краткометражни, документарни, анимирани и играни филмови кои доаѓаат од повеќе земји од речиси сите континенти. Филмовите ќе се натпреваруваат за една од повеќето награди кои ги доделува стручно жири на фестивалот. „Посебно сме горди што на 24 септември ќе се прикаже филмот ‘Живи и здрави’, кој е снимен ...

Оркестарот на Филхармонијата на 26 септември ќе гостува во Дубровник, со концерт на сцената во Кнежев двор. Како солистка ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Симфонискиот оркестар на Дубровник, а диригент е маестро Борјан Цанев (фото). На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Б-дур од Франц ...

Фестивалот Макфест годинава ќе се одржи на 25 и 26 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Наскоро ќе биде соопштена деталната програма на песните и пејачите на 39. издание на фестивалот, а уметнички директор е музичарот Роберт Саздов (фото). Дел од тимот е и продуцентот Јован Јованов, кој живее во Канада, а следниот месец треба да дојде во Македонија. Минатата година, Владо Јаневски беше ревијален гостин на фестивалот. Јаневски ...

Низ Америка и ширум светот, сѐ повеќе луѓе патуваат сами. Речиси една третина од оние кои изнајмуваат смештај во САД нудат еднокреветни соби, што е рекордно високо ниво. Во Европа, трендот е уште посилен, со околу 46% од Данците кои одат на одмор сами. Патници кои одат на одмор сами честопати се соочуваат со покачување на цената. Тазе разевдените Американци трошат до 20.000 долари за одмор. Луѓето денес се венчаат подоцна и поретко. Само 37% од ...

Легендарниот германски режисер Вим Вендерс е годинешниот добитник на наградата на Меѓународната федерација на филмски архиви (ФИАФ). Наградата му беше врачена за време на 7. Маратон на класични филмови во Будимпешта, на церемонијата во историското кино Уранија, една од најспектакуларните киносали во светот. Домаќин на фестивалот и на церемонијата е Националниот филмски институт – Филмски архив на Унгарија, а оваа значајна награда досега ја ...

Супермоделите му оддадоа почит на Роберто Кавали на вториот ден од Миланската модна недела на главно женска облека за пролет-лето 2025. Кадри од супермодели од 1990-тите и 2000-тите, вклучувајќи ги Ева Херцигова, Џоан Смолс и Алекс Век, ја зголемија моќта на ревијата на Роберто Кавали облечени во винтиџ фустани во знак на почит на починатиот дизајнер. За време на финалето, дизајнерот на „Кавали“, Фаусто Пуглиси, ја покани на сцената поранешната ...

Марта Кофман и Дејвид Крејн, креаторите на сријата „Пријатели“, заедно со извршниот продуцент на серијата, Кевин Брајт, неодамна разговараа за претстојната 30-годишнина од почетокот серијата на 22 септември, и како смртта на Метју Пери го промени начинот на кој тие ја гледаат. „Тоа е огромна загуба. Тоа ја прави 30-ката некомплетна“, кажа Кофман. Таа додаде: „Тој нѐ смееше секој ден, Дејвид Швимер за него секогаш велеше дека е најсмешниот човек ...

Вечерва, (21 септември) на плоштадот Автокоманда во Скопје ќе се одржи фестивалот „Бајкерфест“ кој почнува од 16 часот. Најавени се настапи на бендовите „Ноу сигаретс“ кои настапуваат први од 16.30, а по нив се „Сол ночиво“ од 17.15. Во 17.45 следи мото дефиле низ Општина Гази Баба, а од 18.15 ќе настапи бендот „Растеинд“. „Кросроуд блуз бенд“ се на програмата од 19.10, „Културно уметнички работници“ од 20.45, а настанот ќе го затвори концерт на ...

„Чудото од дете сега е чудо од човек“, коментираа во публиката по концертот на српскиот виолинист со светска слава Стефан Миленковиќ, на 20 септември во Филхармонијата, со македонскиот камерен оркестар „Профундис“. На популалрните класични дела кои Миленковиќ ги има свирено безброј пати и понатаму со големо внимание и страст им се посветува, а од друга страна личи како тоа да го прави со голема леснотија. Неговото беспрекорно свирење одлично го ...

Оваа есен, Земјата на кратко ќе добие втора месечина. Според студија објавена оваа недела, астероид со должина на градски автобус ќе биде заробен во гравитациското влечење на Земјата и ќе орбитира околу неа, станувајќи минимесечина. Тој ќе биде близу Земјата од 29 септември до 25 ноември, пред да се врати дома, во астероиден појас кој се врти околу сонцето. „Објектот што ќе нѐ посети му припаѓа на астероиден појас Арџуна, секундарен појас ...

Околу три часа на ден траела трансформацијата на Колин Фарел во ликот на Пингвин за истоимената ТВ-серија на Ејч-Би-О, вели шминкерот Мајк Марино, кој работел на филмови како „Бетмен“, „Џокер“ и „Црниот лебед“. Фарел го игра Пингвин, главен играч во подземјето на Готам, во спиноф серијата за Бетмен, која се прикажува од 19 септември. „Сè на него е направено рачно, а потоа се обликува и фрла во супермек силиконски материјал. Откако тој ќе се ...

По неколку години шпекулации, долгоочекуваното продолжение на „Пасија“ (The Passion of the Christ) ќе почне да се снима во 2025. Режисер повторно ќе биде Мел Гибсон, а во главната улога ќе се врати Џим Кавиезел. Насловен „Пасија: Воскресение“ (The Passion of the Christ: Resurrection), филмот ќе ја продолжи приказната за распнувањето на Исус и ќе се фокусира на настаните по неговата смрт. Италијанските медиуми објавија дека Гибсон бил на Малта за ...

Вечерва (20 септември) во мултимедијалниот простор „Котур“ во Скопје ќе се одржи настан со диско музика, наречен „Диско принцпип“. Во живо настапуваат Македонка, дуото Пепи и Шабан и Тодор Караколев, а музика ќе пуштаат Јоана Ристеска и Стефан Алијевиќ. Колективот „Партизанска штампа“ ќе се претстави со интервенција во простор насловена „Ненаситен дисколаж“. Настанот го организира Гете институтот во Скопје, во соработка со „Партизанска штампа“, ...

Поп-ѕвездата Кајли Миног ја најави својата најголема светска турнеја во последните десет години, како и продолжение на нејзиниот лански албум „Тензија“. Новите 13 песни од албумот „Тензија 2“ ќе бидат објавени на 18 октомври, што е нејзиното 17. студиско издание во кариерата. „Многу сум возбудена што ќе можам да ја прославам ерата ‘Тензија‘ со фановите“, рече Миног. Досега се потврдени 21 датум од турнејата, но Миног најави дека ќе има уште. ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
36%
1019
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
45%
1020
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
42%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.75
71%
1018
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
56%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
2.57
52%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
78%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
64%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.12
55%
1019
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
41%
1022
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
78%
1016
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60