Виртуелен гостин, кој е голема интернационална ѕвезда, ќе се појави на концертот на групата „Меморија“ на 16 ноември во салата „Борис Трајковски“, кажаа членовите на бендот на прес-конференцијата во Скопје. „Можам само да ви кажам дека е музичар на чија изведба му се восхитува светот“, рече новинарот Антонио Димитриевски, кој е поранешен член на „Меморија“. Басистот и лидер на бендот Петар Георгиевски-Камиказа рече дека се користени вештачка ...

На 30 ноември од 20 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи концерт во чест на Милан Младеновиќ, фронтменот на култната белградска група „Екатарина Велика“. На концертот насловен „Како да беше пред 30 години – Милан Младеновиќ мемориал“ ќе настапи трубјут бендот „Деца из воде“ заедно со српскиот актер и музичар Срѓан Жика Тодоровиќ и Тања Јовиќевиќ од групата „Октобар 1864“. На 5 ноември се навршуваат 30 години од смртта на ...

Хорор стрипот „Џитерс“ (The Jitters) од Стефан Николовски ќе биде промовиран вечерва (31 октомври) од 20 часот во просториите на „ОРО Радио Бар Галерија“ во Скопје. Николовски е автор на сценариото и цртежот. Станува збор за жанровски антолошки стрип, збирка од четири приказни, во кои протагонистите ги занемаруваат последиците предизвикани од нивните исполнети желби. „Преку наивното вкусување на четири бонбончиња почнува серијата кошмарни ...

Поп-пејачката Ивона Јо имаше впечатлива изведба на годинашниот Макфест со песната „Себично“ и беше меѓу учесниците кои добија најголем аплауз од публиката. За оваа песна објави спот, кој е снимка од нејзиниот настап на фестивалот. Ивона Јо за баладата вели дека е надеж дека низ музиката можеме да најдеме сила да тргнеме напред. „Одејќи против себе, се казнуваме и си нанесуваме штета на себе. Носејќи го товарот од минатото, чувајќи сѐ во срцето, ...

Џони Деп ќе направи камбек во Холивуд со акциониот трилер „Day Drinker“, во кој ќе глуми со Пенелопе Круз. По судењето со бившата сопруга Амбер Херд, што го следеа контроверзи и медиумска помпа, Деп се повлече од Холивуд и работеше во Европа. Глумеше во француската историска драма „Jeanne du Barry“ и го режираше „Modi: Three Days on the Wing of Madness“, кој неодамна имаше премиера во Рим, но тоа не беа комерцијални филмови и беа поддржани од ...

Антониа Гиговска сними спот за песната „Жена“, која ја испеа на фестивалот Макфест. Автори на песната се Лазар и Магдалена Цветкоски. „Многу сум среќна што ‘Жена’ успеа да допре до многу луѓе, снимив песна како поддршка за сите жени. Искрено ме радува што добив комплименти од многу жени. Ова е многу посебна песна за мене, таква и ќе остане. Секоја жена треба да биде сакана, почитувана и заштитена. Ова не е само моја приказна, ова е приказна на ...

Од 1 до 5 ноември, во Скопје ќе се одржуваат меѓународните студентски средби Скомрахи на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) под мотото „Дионизија сега“. Отворањето е во Драмски театар со претставата „Кралот Иби“ од Алфред Жари, со студентите од ФДУ. Претставите ќе се играат во повеќе простори: Академската сцена на ФДУ, Драмски театар, Албански театар, Младински културен центар и „Котур кафе и филм“. Ќе се изведат претстави од Украина, ...

Утре (30 октомври) од 19 часот, во Камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи концертот „Ноктурно за Шопен“, на кој премиерно ќе бидат изведени 17 дела од современи композиторки напишани во чест на Фредерик Шопен. Ќе свират млади и талентирани ученици, меѓу кои и ученици со атипичен развој од основните и средните музички училишта во Скопје, Битола, Штип, Велес, Кочани и Струмица. Организаторка на концертот е Биљана Петрова-Таковска, професорка ...

Дани со песната „Пијана“ беше топло пречекана од публиката на Макфест, на кој се врати по пет години пауза. Музиката и текстот се на Весна Малинова, а аранжманот на Јордан Манов. „‘Пијана’ вибрира љубовно со позитивен пристап кон себе. Опиени од љубов и среќа е убаво ‘пијанство’ за да немам време да мразам и на луѓе да газам“, ни рече Дани Димитровска во Штип. Таа сними и спот заедно со „2by4 продукција“. Го монтираше Ени Вучидолова „Реални ...

Со изложбата на акварели насловена „Флора“, тетовската уметница Ивана Настески го одбележа јубилејот 20 години од нејзината прва самостојна изложба. Таа се претстави со 31 акварел на тема цвеќе, изработени за период од три години. Како што вели авторката, темата не е случајно избрана, бидејќи цвеќето е нешто што секојдневно ја опкружува, а изборот на сликарската техника акварел овозможува убавината на цветовите да ја добие својата вистинска ...

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец’’ организира едукативни часови за млади од 18 до 23 години. „Можат да се пријават оние кои учат или имаат завршено средно музичко/балетско училиште на насоката за традиционална музика и игра или се на академски студии во чии што програми се изучува музичко-сценскиот фолклор, како и оние кои се здобиле со солидни знаења преку членување во културно-уметнички друштва“, велат од „Танец“. ...

Поп-пејачката Теа Трајковска и раперот Таско снимија спот за песната „Сатурн“, што ја испеаја на фестивалот Макфест. „Сцените во спотот се како од акционен филм во кој Теа и Таско се главните улоги“, велат од тимот на пејачите. „Со Таско нѐ спои ‘Сатурн’, а идејата и одлуката да учествуваме на Макфест беше многу случајна и спонтана бидејќи многу ни се допаѓаше песната“, рече Трајковска. Песната се снимаше во студиото на Лазар Цветкоски, кој е ...

По американскиот музичар Алвин Јангблад Харт, Котон блуз фестивал го објави второто странско име за своето јубилејно петто издание, што ќе се одржи во салата на културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје на 28 ноември. Станува збор за триото на австралискиот гитарист Роб Тоњони, кој го вклучи и Скопје во својата актуелна светска турнеја, на која го промовира новиот албум. Шеесет и тригодишниот Тоњони важи за еден од најдобрите блуз ...

Аренби дуото „ДНК“ ја промовираше новата песна со наслов „Чаршија”, во која гостуваат хармоникашот Мишел Трајковски и перкусионистот Бока Конга. Песната потсетува на претходните „Ако утре ме нема“ и „Животе брате“. „Со авторот Лазар Цветкоски уште еднаш успеавме да направиме нешто што ќе ѝ се допадне на публиката. Очигледно е дека го сака овој звук и навистина ни е драго што е така”, рекоа Панчо и Андреј од „ДНК“. Видеоспотот е снимен во ...

Денеска (28 октомври) во 19 часот во Музејот на македонската борба во Скопје почнува меѓународниот фестивал на класична гитара „Тремоло”, кој по 15. пат го организира Детскиот културен центар „Карпош”. На првиот концерт ќе настапат најдобрите млади класични гитаристи. Утре од 19 часот во Филхармонијата концерт ќе одржат гитаристи од Шпанија, групата „Ел Сонидо де ла вида“ и Карлос Санчес. На 30 октомври во Музејот на македонската борба ќе ...

Кинотеката на Македонија денеска (28 октомври) ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со презентација на проектот за дигитална реставрација на филмот „Писмо“ на филмскиот и театарски режисер Васил Христов-Вуси. Среднометражниот игран филм „Писмо“ е реализиран во 2000 година во холандска продукција. „Благодарение на Националниот филмски архив на Холандија, неодамна и Кинотеката на Македонија доби копија од филмот, бидејќи ...

Дарио доби најголем аплауз од сите учесници на Макфест по настапот во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип на 26 октомври. Кантавторот, кој 26 години не бил на Макфест, ја испеа „Засекогаш млад“, која ја напишал за себеси и за својата генерација, нарекувајќи се Петар Пан. Штипската публика му ракоплескаше од почетокот до крајот на веселата песна, која брзо влегува во уво. „Не можам да се сетам точно која песна ја пеев последно на Макфест. Не ...

Со две интересни изложби, шведска и британска сношти (25 октомври) во креативниот центар „Лабораториум“ започна традиционалниот Моден викенд Скопје. Амбасадата на Шведска ја прикажа изложбата „Модата засекогаш“ (Fashion.Forever). Изработена од Шведскиот институт, преработена облека, дизајнирана и произведена од текстилни средни училишта во Македонија, потоа ќе ја носи амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џеин. „Изложбата го истакнува шведското ...

Во Варшава се отвори новиот музеј на современата уметност и пред посетителите да ги видат изложените дела внатре, самата зграда остава впечаток дека ќе биде нов културен центар на Полска. Дизајниран од американскиот архитект Томас Фајфер, Музејот на современата уметност во Варшава е минималистичка светла структура која треба да биде симбол на отвореноста и толеранцијата, додека градот се обидува да се ослободи од своето комунистичко наследство. ...

Сопругите на амбасадорите од повеќе земји кои се на функција во Македонија, и уште неколку жени од јавниот живот беа модели на ревијата со која се отвори Моден викенд Скопје, сношти (25 октомври) во едукативниот центар „Лабораториум“. На модната ревија на Македонскиот центар „Добредојде“, насловена како „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ видовме уникатни креации на жени кои оделе на курсеви по кроење, шиење и везење, со ...

Сања Тодоровиќ, Д Солушн, Мирјана Митрева, Тамара Волческа и Калина Александар се петмината дебитанти кои синоќа (25 октомври) на првата фестивалска вечер на Макфест во Штип, се пласираа за денешното (26 октомври) финале. Тие заедно со уште неколку дебитанти кои се избор на жирито ќе настапат во конкуренција на повеќе музички звезди од Македонија, како што се, Дарио, Дани Димитровска, Антонија Гиговска, Елена Ристеска и Павле Камиловски кои прв ...

Националниот џез оркестар вечерва (25 октомври) го отвора фестивалот „Џез хр“ во Загреб, во клубот „Театар Комедија-Контеса“ во 19:30 часот. Македонските џезери ќе одржат заеднички концерт со солисти од регионот. Ова е прв нивни настап на овој џез фестивал. „Голема чест и задоволство е да го отвориме Хрватскиот џез фестивал. Ветуваме уште еден незаборавен концерт со разновидна и богата програма. Возбудени сме и мотивирани од атмосферата со која ...

Угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја состави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување во 2025, на која овојпат се најдоа десет града, десет држави и десет региони. Од соседството, на листата се најде единствено бугарскиот зимски центар Банско. „Меѓу градовите, првото место на листата е Тулуз во Франција, совршено место за викенд одмор, вистински лавиринт од уметнички галерии, доградени индустриски објекти и ...

Лијам Нисон вели дека неговата кариера како ѕвезда на акциони филмови се ближи кон крајот. Тој најави повлекување од овој жанр, што обележа речиси половина од неговата актерска кариера. Неговата улога во филмот „Грабната“ (Taken) го трансформираше во современа акциона икона и иако е во свои 70-ти години, и натаму самиот ги изведува боречките сцени, со мала помош од долгогодишниот соработник, каскадерот Марк Ванселоу. „Имам 72 години и тоа мора ...

Вечерва (25 октомври) почнува 39. издание на Макфест во Домот на културата во Штип и ќе има две вечери. На прес-конференцијата во Штип, тимот на Макфест објави дека песната „Сафир“, која лани ја испеаја Таско и Малена, е прогласена за најслушаната песна меѓу двата фестивали. „Драго ми е што по 39. пат успеваме да се носиме со предизвикот. Штип е домаќин на многу гости кои викендов ќе бидат дел од Макфест. Она што ме радува е што и оваа година ...

Вечерва (25 октомври) во Велешкиот театар продолжува програмата на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика. Настап имаат составите „Third World Quartet“ од Скопје, „Zoe’s Shanghai“ од Франција (фото), кој свири фанк и џез и кантри групата „The Hatchetiations“ од Германијa. Утре се концертите на „Калата“, неофолк бенд од Скопје и на дуото Филип Динев и Мартин Ѓаконовски-Шпато. На 27 октомври настапуваат „Луфтанза“ од Скопје и Данчо Саздов од ...

Венеција следната година ќе го удвои бројот на деновите во кои еднодневните туристи ќе треба да платат влезница за градот, по пробата која беше опишана како успешна. Градоначалникот Луиџи Бруњаро кажа дека целта останува иста: да се обесхрабрат туристите да го посетуваат градот во ист ден, за да можат да му ја искажат заслужената почит. Еднодневните посетители кои предвреме го букираат доаѓањето ќе треба да платат пет евра за влез во Венеција во ...

Кејт Буш изјави дека посакува да сними нов албум, додавајќи дека поминало многу време од последниот. Во ретко интервју дадено за „Би-Би-Си Радио 4“, 66-годишната англиска пејачка кажа дека има многу идеи што сака да ги продолжи. „Едвај чекам да се вратам во тој креативен простор. Долго време помина“, изјави Буш. Таа се прослави со дебитантскиот албум „Wuthering Heights“ од 1978 и потоа имаше серија хитови во 1980-тите. Со нова генерација фанови ...

Култниот гевгелиски рок бенд „Зијан” ќе одржи концерт на 7 ноември во Младински културен центар (МКЦ), прв во Скопје по 30 години пауза. „Зијан“ последен пат настапил во МКЦ во раните 1990-ти. Со концертот, бендот ќе прослави 42 години постоење и ќе свири во оригиналниот состав. Од победата на Гитаријадата во Зајечар до настапите со бендови како „ЕКВ“, „Партибрејкерс“ и „Електрични оргазам“, „Зијан“ останува важен дел од музичката историја на ...

Американскиот музичар Алвин Јангблад Харт е најавен како главната ѕвезда на петтото издание на Котон блуз фестивал, што ќе се одржи на 28 ноември во салата на културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Шеесет и едногодишниот Харт ја доби наградата Греми за работата на албумот „Beautiful Dreamer“ во 2005, а покрај гитара, свири и бенџо и мандолина. Тој се смета за еден од најзначајните изведувачи на кантри блузот на својата ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
3.09
44%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
38%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
45%
1019
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
33%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
6.46
60%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
43%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
46%
1013
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
51%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
50%
1016
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
48%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
6.69
33%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
69%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60