Kонцертот на Националниот џез оркестар на 25 март во Националната опера и балет сепак ќе се одржи, беше објавено на неговата официјална Фејсбук страница. На концертот ќе гостува Марија Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија, а настанот ќе биде хуманитарен. „Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Во фоајето ќе бидат поставени и кутии за донации во ...

Мајкл Фасбендер си ги упропастил шансите да стане Џејмс Бонд откако на аудиција предложил друг актер за легендарната улога – Даниел Крег. Гостувајќи на еден подкаст, ирскиот актер се присети на средбата со продуцентката на „Џејмс Бонд“, Барбара Броколи, кога бил на аудиција за улогата. На состанокот, тој го спомнал Крег. „Не знам зошто го промовирав него, требаше себеси да се промовирам“, се пошегува Фасбендер, додавајќи дека никогаш ...

Оскаровецот Вил Смит ѝ се враќа на својата прва љубов – музика. Актерот кој прво се прослави како рапер објави дека ќе издаде нов албум. „Официјално е! Мојот нов албум ‘Based On A True Story‘ излегува на 28 март“, објави Смит на социјалните мрежи. Неговиот последен албум излезе во март 2005. На новиот албум ќе има и гости, од кои неизбежен е Диџеј Џези Џеф, со кого Смит, тогаш под името Фреш Принс, сними пет албуми во периодот од 1987 до ...

Поминаа речиси 40 години откако Емилио Естевез првпат запука од револвер како Били д Кид во сега веќе култниот вестерн „Млади пиштолџии“ (Young Guns). Тој сега објави дека ќе се врати во новото продолжение на серијалот како режисер и актер. Покрај него, од оригиналната актерска екипа повторно ќе ги видиме и Лу Дајмонд Филипс и Кристијан Слејтер. Како и првите два филма, и „Young Guns 3: Dead or Alive“ ќе се снима во Ново Мексико. Сега ...

Гледачите и критичарите се со пофалби за новата драма на Нетфликс „Адолесценција“, која многумина ја нарекоа значајна ТВ-серија. Британската серија од четири епизоди беше објавена минатата недела и беше најгледана на платформата ширум светот изминатиов викенд. Том Пек од „Тајмс“ ја опиша серијата како „целосно совршенство“, ставот што го повтори и Луси Манган од „Гардијан“, која рече дека „тоа е најблиску до ТВ-совршенството во последните ...

Националниот џез оркестар го одложи концертот кој требаше да се одржи на 25 март во Националната опера и балет поради пожарот во дискотеката во Кочани и седумдневната жалост. Како гостинка беше најавена Марија Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија. И камерниот оркестар „Профундис“ (фото) го одложи својот концерт под свеќи кој требаше да се одржи на 22 март во Филхармонијата. Како гостин требаше да настапи младиот ...

Конан О’Брајан ќе биде водител на Оскарите и вгодина, на 98. издание на 15 март 2026, соопштија Бил Крамер и Џенет Јанг, извршниот директор и претседателката на Академијата за филм. Користејќи го својот препознатлив хумор, О’Брајан се потсмеваше со неговото враќање на Оскарите: „Единствената причина поради која ќе бидам домаќин на Оскарите и следната година е тоа што сакам да го слушнам Ејдриен Броди како го завршува својот говор“, кажа тој, ...

Стриминг гигантот „Нетфликс“ објави дека ќе се снима втора сезона на серијата „Плејмејкерка“ (Running Point). Серијата имаше премиерата на 27 февруари. Ѕвездата на серијата Кејт Хадсон во соопштението кажа: „Добриот газда на кошаркарски тим знае кога да ги слуша навивачите. Така, ве слушаме, а исто така и ‘Нетфликс’ ве слуша. ‘Плејмејкерка’ официјално се враќа за сезона 2! Премногу се радувам затоа што вие сте причината што можеме да се ...

Наградуваната серија „Тед Ласо“ се враќа на телевизија со четврта сезона, објави стриминг платформата „Епл+“. Главната ѕвезда Џејсон Судеикис повторно ќе го глуми тренерот на измислениот англиски фудбалски клуб Ричмонд, иако во третата сезона се враќа во САД. Други глумци не се потврдени. „Додека продолжуваме да живееме во свет каде што толку многу фактори нѐ условуваат да погледнеме пред да скокнеме, во четвртата сезона луѓето од АФЦ Ричмонд ...

Ума Турман, Џон Литгоу, Питер Динклиџ и Нил Патрик Харис се актерските ѕвезди кои ќе се појават во новата серија за серискиот убиец Дектер Морган, насловена „Декстер: Воскресение“ (Dexter: Resurrection). Таа ќе биде продолжение на „Декстер: Нова крв“, која се фокусираше на неговиот син Харисон. Серијата моментално се снима во Њујорк, а премиерата ќе биде летово на „Шоутајм“ и стриминг платформата „Парамаунт+“. Мајкл Си Хол се враќа во улогата ...

Трите концерти на Здравко Чолиќ во Скопје кои требаше да се одржат на 18, 19 и 21 март се одложени поради пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа најмалку 59 луѓе. Владата прогласи седумдневна жалост. Ве замолуваме, пред сѐ, да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество, а следниот понеделник, по завршувањето на деновите на жалост, ќе објавиме повеќе информации за овие концерти“, вели ...

Културните институции почнаа да ги откажуваат настаните за наредните денови, поради страотната несреќа која се случи утринава (16 март), во која загинаа 59 лица во пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека сите изведби во текот на оваа недела од 17 до 22 март ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства. За на 17 март беше најавено гостување на Црногорско народно ...

Филмот со Бред Пит за Формула 1 ќе биде најавтентичниот тркачки филм на сите времиња, изјави седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон. Премиерата на филмот „Ф1“, во режија на Џозеф Косински е на 27 јуни.Филмот се снимаше во соработка со Ф1 тимови и возачи. Хамилтон е копродуцент. Пит (60) глуми поранешен возач кој се враќа во Формула 1. „Импресивно беше да се гледа Бред како вози со брзина од 290 километри на час, бидејќи тоа ...

„Саша Николовски – Ѓумар“ со кој ќе диригира Ангел Спироски. Како солисти настапуваат: Мила Јаневска – сопран, Хелена Суша – сопран и Калина Христовска на перкусии На програмата се дела од Стојан Стојков „Сумерски записи“, Јана Андреевска – „Мандала“, Гоце Коларовски – „Панаѓур“ и Тома Прошев – „Темпера 2“. Влезот е слободен. Фестивалот се одржува по 48. пат до 8 април на три локации во Скопје: Филхармонија, Музеј на македонската борба и ...

Британското архитектонско студио „Фостерс+Партнерс“ оваа недела го објави изгледот на новиот стадион на Манчестер јунајтед, за кој беше кажано дека ќе биде „најдобар на светот“. Имајќи предвид дека во тек се подготовките за светските фудбалски првенства во 2030 и 2034, бројни модерни стадиони моментално се во изградба. СТАДИОНОТ НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД Со 100.000 седишта, тоа ќе биде најголемиот стадион во Велика Британија. СТАДИОНОТ „ХАСАН 2“ ...

Гратче во Италија им нуди платен одмор на неколкумина среќни патници, а сè што треба да направат е да ја платат туристичката такса на Сицилија од едно евро. Продажбата на куќи за едно евро стана пракса за италијанските села со цел да го зголемат бројот на жители. Сега еден град на Сицилија користи слична шема за да привлече повеќе туристи. За помалку од цената на едно еспресо, туристите можат да поминат продолжен викенд во крајбрежниот град ...

Донатела Версаче се повлекува од функцијата креативен директор во модната куќа „Версаче“. Таа дојде на оваа функцијата во 1997 по убиството на нејзиниот брат Џани. Версаче (69) направи стотици модни кампањи за италијанскиот бренд, дизајнирајќи и хотели и автомобили. Ќе биде заменета со Дарио Витале, кој е поранешен директор за дизајн на „Миу Миу“. Ова доаѓа во време на шпекулации дека групацијата „Прада“ е заинтересирана да го купи „Версаче“ ...

Претставата „Бог на колежот“, по мотивите од истоименото дело на Јасмина Реза, а во адаптација и режија на Весна Петрушевска, на 20 март ќе игра во Домот на културата во Штип од 20 часот. Во претставата играат Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов и Наталија Теодосиева. Преводот на текстот е на Рајна Кошка-Хот, сценографка е Татјана Христоска, костимографка е Наталија Терзија, а сценските движења се на Кренаре Невзати-Кери. Изборот ...

„Дизни“ најави дека е во завршна фаза на нивниот најголем брод досега, а првото патување треба да се случи подоцна оваа година. Со бруто тежина од 208.000 тони и со капацитет за околу 6.000 патници, „Дизни авантура“ ќе содржи седум тематски „земји“. Првите патувања ќе тргнат од Сингапур. Овие патувања ќе бидат кратки, првенствено се нудат патувања со три или четири ноќевања. Атракција е ролеркостерот од 250 метри, како и водено игралиште со ...

Групата „Парусион“ на тапанарот Михаил Парушев ја сними песната „Чиста љубов“ (Pure Love), на која како вокал гостува Катја Корен, пејачка од Словенија која живее во САД. Парушев е автор на музиката и на аранжманот на песната, а Корен го напиша текстот. Во песната свират познати македонски музичари. На гитара е Зоран Костадиновски, Дамир Имери на клавијатури, Иван Бејков на бас, а Парушев свири тапани. „Ова е стара песна која ја има на нашиот ...

Легендарниот американски фолк музичар Вили Нелсон не запира и откако влезе во десеттата деценија од животот. Деведесет и едногодишниот Нелсон го најави 154. албум во неговата кариера, која почна во 1960-тите. „Oh What A Beautiful World“ ќе му биде 77. студиски соло албум, што излегува 63 години по неговото дебитантско издание. Оттогаш, тој неуморно работеше, снимаше, настапуваше и соработуваше со други музичари. Подоцна оваа година, Нелсон ќе ...

Германската семејна комедија „Хаотичните сестри и пингвинот Пол“ на режисерот Мајк Марцук од денеска (13 март) игра во Кинотеката во Скопје и во киното Манаки во Битола во терминот од 18 часот, како и во Центарот за култура во Битола (мала сала) од 19 часот. Од денеска до 19 март е на репертоарот и на киното Милениум во Скопје, во работни денови од 18 часот, а за викенд од 16 часот. „Хаотичните сестри и пингвинот Пол“ е адаптација на ...

Здравко Чолиќ ќе одржи три концерти во Скопје, на 18 и 19 март во салата „Борис Трајковски“ и на 21 март во салата „Јане Сандански“. Ова ќе бидат негови први настапи во Скопје по шест години пауза, овојпат со симфониски оркестар, составен од 50 музичари од Биг бендот од Нови Сад и од оркестарот на Операта на Српскиот народен театар од Нови Сад. Чолиќ вели дека пријателите долго го убедувале да ги преработи песните во симфониски аранжмани и по ...

Д Фестивал, најголемиот летен фестивал во Македонија, од оваа година ќе се одржува на нова локација. По 14 години во Дојран, нов домаќин на фестивалот ќе биде Штип. Фестивалот го промени и името, па отсега ќе се вика The Festival, што во игра на зборови ќе звучи исто – Д Фестивал. „По години магични изгрејсонца, музика под ѕвездите и слобода на брегот на Дојран, време е за ново поглавје. Полека и сигурно нашата Д заедница расте и како дете ...

Шпанскиот тенор со светска слава Пласидо Доминго пристигна во Скопје, објави продукција “Прагма”. Доминго на 14 март за првпат ќе одржи концерт во Скопје, во салата “Борис Трајковски” од 21 часот. “Без минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ќе ја одржат првата проба”, велат од “Прагма”, кои во копродукција со Операта го организираат концертот. На ...

Соња Тарчуловска го преработи својот хит „Во бело“ во модерна, техно верзија. Фолк пејачката на промоцијата на 11 март во Скопје рече дека нејзината ќерка Мелани, која е исто така пејачка, ѝ ја дала идејата песната да продолжи да се слуша, но во верзија која ќе ја слушаат и младите. Пред да се пушти новиот спот, Тарчуловска најави кусо видео во кое млади зборуваат дека ја сакаат нејзината песна. „Најмногу ја слушаме онаа песна ‘Во бело, во ...

Само седум држави ги задоволувале стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитет на воздухот минатата година. Задоволителна оценка добиле само Австралија, Нов Зеланд, Бахами, Барбадос, Гренада, Естонија и Исланд. Чад и Бангладеш биле најзагадените држави во светот во 2024, откако тамошните просечни нивоа на смог биле 15 пати поголеми од препораките на СЗО. Зад нив се Пакистан, Демократска Република Конго и Индија. Во ...

Оскаровецот Метју Меконахи после шест години сними филм, „Ривалите на Амзија Кинг“, а по премиерата филмот добива одлични критики, меѓу кои и од угледниот „Вараети“, кој го спореди со македонскиот документарец „Медена земја“ на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. „Самиот филм е различен од сè што сте виделе, и на добар и не толку добар начин. Сепак, има една дрскост во овој филм, кој е неореалистичка музичка одмаздољубива бајка на пчелари од ...

Модната недела во Париз заврши со ѕвезденото шоу на „Ив Сен Лоран“ на 11 март, надоврзувајќи се на ревијата на „Шанел“. И не беше изненадување што во публиката беа имиња како Кејт Мос, нејзината ќерка Лајла и Хејли Бибер. Кејт Мос носеше црни панталони и палто и проѕирна кошула. Лајла (22) тргна по стапките на мајка ѝ со првото појавување како модел на 15 години, во кампања на „Марк Џејкобс“. Кејт Мос, која во јануари наполни 50 години, била ...

Музичарот Гаро Тавитјан Јуниор влезе во најголемата светска дигитална енциклопедија на тапанари „Драмерворлд“ и неговите видеа се објавуваат на светскиот форум на „Драмерворлд“, која важи за најзначајната институција за тапанари. На истиот форум има видеа од Ринго Стар, Чарли Вотс, Ларс Улрих, Роџер Тејлор, Џон Бонам, Мет Сорум и многу други. Македонскиот тапанар е заштитно лице на светски познатите компании за тапани „Зилџан“, „Вик Фирт“, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
61%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
98%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.36
84%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
91%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
88%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Платина

83354.78

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Калај

48.78

Родиум

339994.14

Цинк

3.29

Иридиум

221848.72