Шпанија е уште една држава која објави дека нема да настапи на следната Евровизија во Виена ако учествува Израел. Шпанската државна телевизија РТВЕ ја донесе оваа одлука на денешниот состанок на управниот одбор во Мадрид. Претходно ваков став зазедоа и Холандија, Ирска и Словенија. Односите помеѓу Шпанија и Израел се заострија во изминатите денови. Шпанија побара исклучување на Израел од меѓународните спортски натпреварувања откако имаше големи ...
Шпанските власти два последователни дена изразија остри реакции и наговестија дека би можеле да ја повлечат својата репрезентација од Светското првенство 2026 година. Турнирот ќе се одржи следното лето во Канада, Мексико и САД, што ќе биде прв пат во историјата три земји заедно да го организираат. Препорачано Европскиот шампион Шпанија е еден од раните фаворити на обложувалниците и започна квалификациите со две победи од два натпревари. ...
Владата на Шпанија упати сериозни предупредувања до Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) и најави дека ја разгледува можноста за бојкот на Мундијалот кој следната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Шпанската репрезентација сигурно би важела за еден од најголемите фаворити за трофејот, но ситуацијата сега се комплицира поради евентуалното учество на Израел, кој врши воена офанзива во појасот Газа. Од Владата велат дека може да ...
Затегнатите односи меѓу Шпанија и Израел може да се пренесат и на фудбалскиот терен. Шпанската влада ја разгледува можноста националниот тим да го бојкотира Светското првенство во фудбал 2026 доколку Израел обезбеди пласман на Мундијалот. Ова го изјави Пачи Лопес, портпаролот на социјалистичката група во Конгресот на пратеници. Тој нагласи дека Шпанија ќе ја процени ситуацијата навремено, но дека позицијата на земјата е јасна. „Ќе ја оцениме ...
Рокот за пријавување за учество на Евровизија 2026 истече вчера, а некои земји веќе објавија дека ќе се повлечат од натпреварот. Учеството на Израел останува главна тема, поради што мислењата на земјите учеснички се поделени. Европската радиодифузна унија (EBU) моментално се консултира со радиодифузерите за ова прашање, а одлуката за тоа дали Израел ќе се натпреварува на Евровизија 2026 следната година се очекува на состанокот на Генералното ...