Дејвид Хаселхоф му оддаде почит на неговиот колега од серијата „Чувари на плажата“ (Baywatch), Мајкл Њуман, по неговата смрт на 68 години. Во објава на Инстаграм, Хаселхоф рече дека Њуман, кој беше вистински спасител и актер, му го спасил животот најмалку четирипати додека ја снимале популарната ТВ-серија од 1990-тите. Само Хаселхоф, кој го играше Мич Бјукенон и Џереми Џексон (синот на Мич) се појавија во повеќе епизоди од Њуман, кој почина осум ...

Чешката анимирана авантура за деца „Дури и глувците одат во рајот“, во режија на Дениса Гримова и Јан Бубеничек, утре (24 октомври) ќе има премиера во киното Милениум во Скопје од 18 часот. По премиерата во Скопје, филмот ќе биде прикажан во повеќе градови низ земјава и онлајн на платформата cinesquare.net. Дистрибутерот „Катавеј“ вели дека филмот е синхронизиран на македонски и на албански јазик и зборува за двајца смртни непријатели – малото ...

Том Холанд ќе му се придружи на Мет Дејмон во новиот филм на Кристофер Нолан, за кој засега ништо не се знае. Нолан го напишал сценариото и ќе го режира филмот, кој веќе има датум на премиерата – 17 јули 2026, како што претходно објави студиото „Јуниверзал“. Деталите од дејството се држат во тајност, но извори од продукцијата кажаа дека филмот нема да се случува во сегашно време. Нолан е и продуцент на филмот, заедно со својата деловна партнерка ...

Младиот македонски кларинетист Мевљуд Асаноски ќе се натпреварува на европскиот музички натпревар „Лајонс Томас Кути“, што ќе се одржи во рамките на „Лајонс Европа форум 2024“ во Бордо, Франција од 23 до 26 октомври. Натпреварот традиционално има за цел да поддржи млади музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 24 години и секоја земја предлага по еден претставник. Натпреварот ќе се одржи во конзерваториумот „Жак Трибалд“ во ...

Пијанистката Даница Стојанова ќе одржи концерт во Велес, што ќе се одржи денеска (23 октомври) во Ликовниот салон од 19 часот. Стојанова е пијанистка и професорка во средното музичко училиште. Има одржано мастер-класови за пијано во Македонија, Малезија, Косово и Турција и предавања на повеќе меѓународни фестивали. Со солистички рецитали настапувала во Бугарија, Унгарија, Турција, Малезија, Германија, Холандија, Франција, Италија и други земји. ...

Борис Новковиќ, хрватскиот кантавтор и евровизиски претставник, ќе одржи концерт во Скопје на 1 декември во Филхармонијата, објави организаторот „Вајб продукција“. Синот на познатиот композитор на поп-музика Ѓорѓе Новковиќ се прослави на самиот старт на неговата кариера со првиот албум „Каде одат изгубените девојки“ (Куда иду изгубљене дjевојке) од 1986. Насловната песна, која многумина ја викаат „Тамара“, до денес остана еден од неговите ...

Велешкиот театар премиерно ја изведе претставата „Мачорот во чизми“ според приказната на Шарл Перо. Драматург е Катерина Момева, а режијата на Деан Дамјановски. Ова е прва детска претстава на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ по неколкугодишна пауза. Наменета е за деца од четири до 12 години, а финансирана е со средства на театарот. Во претставата играат Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова, ...

Владо Јаневски ќе одржи предновогодишен концерт во Скопје, во салата „Јане Сандански“ на 27 декември, објави „Авалон“. При крајот на 2023 и во јануари годинава Јаневски одржа пет концерти во Филхармонијата, со кои прослави 30 години кариера и еден полн концерт во август во Антички театар во Охрид. Владо Јаневски е првиот македонски претставник на Евровизија, во Бирмингем во 1998, со песната „Не зори зоро“. Од „Авалон“ го нарекуваат концертот ...

Поп-пејачката Марија Данева на 21 октомври ја промовираше својата прва песна „Љубов“, заедно со „Стенд бај бенд“. „Песната е вистинска љубовна приказна, а ја работевме со многу љубов. Самата енергија додека ја снимавме, позитивната атмосфера за време на снимањето на спотот и поврзаноста помеѓу сите нас се еден одличен показател кој говори дека сме направиле вистински избор на песна и спот“, рече Марија Данева на промоцијата. Таа инаку редовно ...

Италијанскиот филмаџија Лука Гвадањино ќе режира нова верзија на романот „Американски психо“ на Брет Истон Елис. Според „Дедлајн“, Гвадањино работи на материјалот со сценаристот Скот Брнс, кој е познат по бројните соработки со Стивен Содерберг. Романот „Американски психо“ предизвика контроверзи кога излезе во 1991 и според него беше снимен филм во 2000, со Кристијан Бејл во главната улога. Филмот го следи Патрик Бејтмен, самобендисаниот ...

„Никој како ти“ е новата песна на Тамара Тодевска и Коста Каџикојчев, кој е автор на текстот, музиката и на аранжманот. Видеоспотот за новата поп-песна се снимаше на неколку локации во Скопје, а е во режија на Били Ди. Во него глумат двајца актери кои ја раскажуваат приказната на „Никој како ти“. „Песната ја работевме во текот на летото во студиото на Коста и уште на прва ми се допадна. Морам да бидам искрена и да кажам дека ‘Никој како ти’ ми ...

Влатко Стефановски го снима новиот албум во Лондон, во познатото музичко студио „Аби роуд“. Виртуозот на гитара ќе ја памети годината во која одбележува 50 години музичка кариера и по распродадениот настап во клубот „Дингвалс 2“ во лондонскиот кварт Камден на 20 октомври. Во лондонското студио, Стефановски со Јан Стефановски на тапани и Тихомир Хојсак на контрабас сними 22 песни, меѓу кои и една од „Битлс“ („Where My Guitar Gently Weeps“). ...

Претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ, продукција на Македонскиот народен театар (МНТ), денеска (21 октомври) учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ. Според селекторот на фестивалот Горан Дамјанац, оваа година селекцијата е насочена кон поединечни, големи мајстори на театарската уметност. Во претставата од Хенрик Ибзен играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана ...

Актерот Сашко Коцев ќе го води фестивалот Златно славејче, кој ќе се одржува на 16 и 23 ноември во Македонскиот народен театар. Во двата термина ќе има по три претстави: од 10, 14 и 17 часот. Коцев за првпат ќе го води најстариот македонски детски музички фестивал, кој годинава се одржува по 54. пат. Откако се затвори Универзалната сала, каде што редовно пееја „славејчињата“, фестивалот се одржуваше најчесто во салата „Борис Трајковски“ и во ...

Со претставата „Елементарни честитки“, во Албанскиот театар во Скопје заврши 18. издание на Меѓународниот театарски фестивал Скупи. Претставата на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија ја доби специјалната награда на фестивалот, а за најдобра претстава беше прогласена „1984“ од авторот Џорџ Орвел. Во режија на Игор Менџиски, таа е продукција на Косовскиот национален театар од Приштина. Специјалната награда „Луран Ахмети“ ја добија актерките ...

Утре (22 октомври) во Галеријата во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се отвори изложба на чешкиот уметник Онджеј Мишек. Изложбата е насловена „Насликај го својот живот“. Мишек студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава и истовремено активно се посветил на сликањето. Од 2009 до 2016 живеел и работел во Бангкок, Тајланд. „Неговиот стил е фигуративно сликарство поврзано со моќна типографија, која влече ...

Британскиот весник „Дејли мејл“ ја состави листата на најчудните фудбалски стадиони на светот, а на неа се најдоа и два од поранешна Југославија. ТЈ ТАТРАН (СЛОВАЧКА) Навивачите на аматерскиот клуб од селото Черни Балог веќе се навикнаа одвреме-навреме воз и чад да им го попречуваат погледот. Тоа е затоа што пруга минува низ теренот и трибината на стадионот. Овој стадион е изграден во 1980 кога пругата не била во употреба, но по реновирањето во ...

Со вечерашната изведба на претставата „Иднина“ од 20 часот се затвора третото издание на регионалниот театарски фестивал РУТА во Скопје. Ќе се игра на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар. „Иднина“ на младиот словенечки режисер Жига Дивјак е копродукција на Местно гледалишче Љубљана и Београдско драмско позориште. Улогите ги толкуваат актери од двата ансамбла: Бернарда Оман, Грегор Груден, Лара Волф, Изток Драбик Југ, Грегор Зорц, Лотос ...

Околу 18 години, Калиопи немала солистички концерт во Скопје, од 2006 во Универзалната сала, не сметајќи ги настапите на фестивали и манифестации. Никогаш досега немала концерт во арената „Борис Трајковски“, сѐ до сношти (19 октомври), кога ја наполни салата и на спектакуларен начин одбележа 40 години на сцената и 40 години соработка со Ромео Грил. Продуцентот и нејзин поранешен сопруг, кој сѐ уште ѝ пишува песни, се појави на сцената на вториот ...

На 30 ноември во Националната опера и балет ќе игра српската комедија „Хотел 88“. Досега е изведена над 500 пати и ја гледале повеќе од 100.000 луѓе. Во претставата играат Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ, а режисерка е Сташа Копривница. Дејството се одвива во луксузен хотел, каде што младата брачна двојка Виктор и Ана доаѓа на романтично патување и запознава уште еден млад брачен пар, Сандра ...

Втората Сфера во светот ќе се гради во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, откако првата голема купола беше отворена во Лас Вегас минатата година. Одделот за култура и туризам на Абу Даби објави дека потпишал договор со компанијата „Сфир ентертејнмент“ за изградба на Сфера според нејзините дизајни. Финансиските детали од договорот не се познати. Огромната Сфера во Лас Вегас чинеше 2,3 милијарди долари и во неа се одржуваат концерти и ...

Српската актерка Бранка Катиќ ќе ја глуми Раиса Горбачов во новиот американски филм „Рејкјавик“, кој ќе се фокусира на клучен состанок на Роналд Реган и Михаил Горбачов за време на Студената војна. Снимањето почна оваа недела во Рејкјавик, токму во куќата каде што се одржа средбата во 1986 година, по која односите помеѓу САД и Советски Сојуз влегоа во ново, помирно поглавје. Режисер и сценарист е Мајкл Расел Ган, кој главните улоги им ги додели ...

Београдско драмско позориште гостува вечерва (19 октомври) во скопскиот Драмски театар со претставата „Швејк“ во рамките на регионалниот фестивал РУТА. Претставата е работена по сатиричниот роман на чешкиот писател Јарослав Хашек, режисер е Вељко Миќуновиќ, а улогите ги толкуваат Озрен Грабариќ, Милутин Милошевиќ, Милутин Дапчевиќ, Милош Лазаров, Наташа Марковиќ, Бојана Стојковиќ, Ива Илинчиќ, Ивана Николиќ и Ивана Вукмировиќ. Романот зборува за ...

Вечерва (19 октомври) од 20 часот, во Ликовниот салон во Велес настап ќе има францускиот уметник Антез, перкусионист и скулптор. Концертот е дел од третото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика. Антез, според организаторите, го истражува звукот, произведувајќи го од различни предмети. „Антез настапува на уреди, тој ги нарекува инструменти. Неговиот настап е перформанс со производство на звук. Тој е специфичен автор кој не ...

„Рено 4“ останува еден од најлегендарните модели во автомобилската историја кој вистински го долови духот на времето кога се појави во почетокот на 1960-тите. Француската компанија сега го трансформираше во електричен „рено 4 Е-тек“, кој беше промовиран на Автосаемот во Париз. Моделот ја содржи ДНК на својот претходник, додека истовремено е прилагоден на новата, електрична ера. Првпат најавен во 2022, „рено 4 Е-тек“ ќе се нуди исклучиво како ...

Црногорската претстава „Мислам дека треба да разговараме“ е вечерва на репертоарот на регионалниот фестивал РУТА во скопскиот Драмски театар. Претставата на Градско позориште Подгорица, во режија на Данило Маруновиќ, е инспирирана од филмот на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“. Улогите ги играат Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ-Јакимовиќ и Павле Поповиќ. „Оваа претстава зборува за човечноста, ...

Стендап комичарот Маријан Георгиевски со настапот во Струмица на 21 октомври ќе ја започне турнејата низ Македонија насловена „За Македонските работи”. Тој вели дека се потврдени 15 градови, а можеби ќе бидат и повеќе. На 26 октомври тој настапува во Прилеп, пет дена подоцна во Кумановo, на 2 ноември е во Штип, па следуваат Кавадарци, Кичево, Скопје, Охрид, Велес и Гевгелија. Турнејата завршува на 4 декември во Битола. Билетите се продаваат ...

Душица Димитровска и Магдалена Марјановиќ (фото) го поделија првото место на стрип конкурсот „Преку уметност до родова еднаквост“, чија тема беше „Кое е твоето чудо?“. Конкурсот го организираа Националниот младински совет на Македонија и мрежата „Стела“, а беше финансиски поддржан од Британската амбасада во Скопје. Второто место ѝ припадна на Ела Петрушевска, а третото на Јана Марковиќ. На доделувањето во Центар Јадро наградите ги врачи ...

„Сара Мејс и девојките“ се гости на новата песна на Игор Џамбазов. Поп-пејачката и харфистка Сара Мејс вели дека ѝ е драго што таа и нејзината женска група снимија дует со Џамбазов. „Песната се вика ‘Тато’, ја напиша Игор, ја снимивме пред неколку дена заедно со спот. Се надевам дека наскоро ќе излезе и ќе ѝ се допадне на публиката“, вели Сара Мејс и додава дека наскоро ќе кажат повеќе за приказната на песната. Во јуни, таа во Операта сними спот ...

Елена Ристеска за првпат во кариерата ќе настапи на фестивалот Макфест во Штип, на втората вечер на 26 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“. Фестивалот годинава се одржува по 39. пат. „По 22 години на сцената, ова ќе биде мое прво учество на Макфест. Со години ме убедуваа и добивав понуди и конечно успеаја. Не сакам фестивали, не сум со натпреварувачки дух. Годинава, Макфест е ревијален, а јас промовирам нова песна, па затоа е прифатливо“, ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.57
39%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
38%
1018
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
44%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
6.93
55%
1015
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
5.14
52%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
2.68
46%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.6
51%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
6.69
50%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.12
51%
1015
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
7.2
34%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
69%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60