
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Долгоочекуваниот музеј кој ќе биде дом на најголемата колекција на древни египетски артефакти на светот конечно отвори некои од своите галерии. Големиот египетски музеј се гради повеќе од 20 години и ќе прикаже над 100.000 предмети, вклучувајќи богатства од гробницата на кралот Тутанкамон. Тие засега не се изложени, но посетителите можат да видат статуи на фараони, саркофази и мумифицирани тела. Музејот првично требаше да се отвори во 2012, но ...
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Скопје се одржа премиерата на документарниот филм „Последниот каубој“, чиј режисер и сценарист е Тадеј Чатер од Словенија. Премиерата беше дел од деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. Филмот, кој е продукција на „Круг филм“ од Скопје, ја раскажува приказната за Хари Џексон, вечниот трагач по правдината и вистината и обожавател на вестерн филмови од БиХ, кој се осмелил да го ...
Од клупски бенд кој изведуваше композиции од само една издавачка куќа „Некст ту сајленс“ стигна до честа да настапи на отворањето на Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Скопската петорка утре (17 октомври) од 23 часот ќе одржи концерт во Младински културен центар и очекува да ѝ биде најголем во досегашното постоење. Тоа истовремено ќе биде концертна промоција на вториот албум на групата насловен „Рух“, објавен неодамна под етикетата на СЏФ. „Рух значи ...
Музичарот Кирил Џајковски ја напиша музиката за претставата „Машка солза“, во режија на Александар Поповски, која имаше премиера во Белград на големата сцена „Љуба Тадиќ“ во Југословенско драмско позориште (ЈДП). Во претставата играат Војин Ќетковиќ, Сања Марковиќ, Ненад Јездиќ, Зоран Цвијановиќ и други. Костимите се на Миа Поповска, а сценографијата на Вања Магиќ. Ова е трета соработка на Кирил Џајковски со ЈДП, а од неговиот тим велат дека ...
Ѕвездата на контроверзниот нов филм за Доналд Трамп, Себастијан Стaн, изјави дека поранешниот претседател треба да биде благодарен за филмот затоа што дава комплексен, тридимензионален поглед на неговиот живот. Американскиот актер со романско потекло го игра Трамп во „Приправник“ (The Apprentice), кој се фокусира на неговите помлади години како тајкун за недвижности во Њујорк. Поранешниот претседател се закани дека ќе ги тужи продуцентите, рече ...
Адријана Лима беше меѓу „ангелите“ на „Викторијас сикрет“ кои се спуштија на пистата на првата ревија на брендот за долна облека по неколку години пауза. Оваа ревија своевремено беше еден од најисчекуваните модни настани на годината, но беше укината во 2019 поради контроверзи. Настанот се пренесуваше на „Амазон прајм видео“ и Јутјуб и обедини имиња како Кејт Мос, Алесандра Амброзио, Тајра Бенкс, Ирина Шајк и сестрите Хадид. Настапија вкупно 50 ...
Наградата за најдобра млада актерка „Рејхан Демирџиќ” на фестивалот МЕСС во Сараево ја доби Јована Миладинова за улогата на Изабела де Валоа во претставата „Едвард Втори”. Во режија на Андриј Жолдак, оваа претстава е копродукција на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија. Миладинова е студентка на универзитетот ЕСРА во Скопје. Во образложението за наградата, жирито напиша дека Јована Миладинова ...
Софиа Климентева од Украина, која е дете со оштетен вид, доби награда на меѓународниот фестивал „Песните на Тоше“ кој се одржа на 12 октомври во Националната опера и балет. Софија фантастично ја отпеа „Соба за тага“, и освои прво место во третата категорија. На натпреварот победи фаворитот на многумина, Нела Манчевска од Македонија, а за најдобрите гласаа членовите на бендот на Тоше Проески. Петнаесет млади пејачи од неколку регионални земји и ...
Вечерва (15 октомври) во скопскиот Драмски театар почнува фестивалот РУТА, кој ќе трае до 20 октомври. Фестивалот се отвора со претставата на Драмски, „Хеда Габлер“, во режија на Васил Христов (20 часот). За утре е најавено кабарето „Концерт за лажици и гитара“ на театарот „Улисис“ од Загреб, чии ментори се Раде Шербеџија и Ленка Удовички. Камерни театар 55 од Сараево доаѓа на 17 октомври со претставата „Целосно странци“, работена според ...
Во велешката библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана книгата „Распарчени“ на норвешката авторка Хилде Миклебуст. Таа допатува во Велес за промоцијата на романот, кој во Македонија го издаде „Бата прес“. Миклебуст напишала интимна приказна исполнета со силни емоции, живописен роман за пријателството, наменет за млади. „Во ред е истовремено да се биде тажен и радосен“, порача Миклебуст на средбата со учениците од основните училишта во Велес. ...
На 29 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, легендарниот радио и ТВ-водител Драган Б. Костиќ вели дека ќе го одигра „последниот танц“ на сцена. Така е наречен настанот кој „Авалон“ го организира по повод 50 години од една од радиоемисиите по кои е препознатлив Костиќ, „Диско селектор“. Тој вели дека по овој настан ќе се повлече, но само од јавните настани како диџеј. „Сакав да го одиграм овој ‘последен танц’ пред луѓето кои пораснале со ...
Со голем аплауз на бис беа вратени баритонот и професор на Факултетот за музичка уметност Горан Начевски и италијанската пијанистка и диригентка Николета Конти, кои вчера (14 октомври) го одржаа концертот „Вечер на италијанска и македонска музика“ во Музејот на македонската борба како дел од фестивалот Златна лира. Конти, која соработувала и со Лучано Павароти, свиреше дела од македонски композитори, за кои рече дека многу ѝ се допаднале. На ...
Саксофонистот Кирил Кузманов е годинашниот добитник на Наградата за најдобар џез музичар во Македонија, што традиционално ја доделува Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Кузманов е вториот член на „Некст ту сајленс“ кој ја добива оваа награда, по клавијатуристот Филип Димишковски, а ќе му биде врачена пред концертот на групата на првиот ден на СЏФ на 17 октомври. Кузманов дипломирал и магистрирал со највисоки оценки на престижниот Универзитет за ...
Новооткриени и досега неслушнати снимки од песни на Џими Хендрикс ќе се продаваат на аукција, 54 години по смртта на легендарниот музичар. Необјавените демо снимки од 1968 година, за кои се вели дека се многу различни во звук и должина од попознатите верзии, траат околу седум минути и се очекува секоја од нив да се продаде за сума до 200.000 фунти. „Купувачот ќе има привилегија да поседува песни од Џими Хендрикс што само тој ќе може да ги слуша. ...
Амбасадата на Шведска во Македонија четврта година по ред отвора конкурс за позицијата „амбасадорка на еден ден“. Од избраната кандидатка се очекува да ја следи амбасадорката во текот на целиот ден, да присуствува на состаноци, да соработува со персоналот на амбасадата и да учествува во дневните активности на амбасадата. На крајот од работниот ден, кој ќе трае од 8:30 до 16:30 часот, ќе даде краток извештај за сработеното. „Сите заинтересирани ...
Калиопи вели дека не е мегаломан, и своите концерти не ги дели на тоа колку публика имало во салата. Таа со тимот на „Прагма“ продукција одржа прес во „Борис Трајковски“, каде што на 19 октомври ќе се одржи нејзиниот концерт, за првпат во оваа сала. „Не сум мегаломан, не ми е битен просторот, мене ми е битна публиката отсекогаш. Дали се 100, илјада, 200 илајди луѓе во публика, за мене концертот има еднаква важност. Но, го гледам ова во сабоота ...
Денеска (14 октомври) во 20 часот, во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложбата „Само (до) вербата“ на Христина Тарабунова. Ќе бидат претставени 12 нови и симболички дела, каде што извор на инспирација е главното и генерално верување во себеси и своите способности. „Делата се претставени во релјефен стил во акрил техника на големи платна и носат длабока носталгичност, а истовремено зборуваат со самодоверба“, вели ...
Ќе се снима втора сезона од хит-серијата „Никој не го сака ова“ (Nobody Wants This), објави Нетфликс. Серијата, која моментално е број еден на стримерот зборува за љубовта помеѓу Џоан и рабинот Ноа, кои ги играат Кристен Бел и Адам Бродли. Џоан, водителка на подкаст без посебна религиозна припадност, се вљубува во Ноа, „жешкиот рабин“ кој потекнува од традиционално еврејско семејство. Во приказната се сестрата на Џоан, Морган (Џастин Лупе) и ...
Белгискиот трип хоп бенд „Хуверфоник“ ќе одржи концерт о Скопје, во Филхармонијата на 18 април следната година, објави „Авалон“. Концертот е по повод 25 години од издавањето на албумот „The Magnificent Tree”, а бендот ќе го придружува гудачки квартет. Бендот е основан во 1995, и има снимено 12 студиски албуми и неколку компилациски изданија. Во 2019 година во рекорден рок распродадоа два концерти во Филхармонијата. Од „Авалон“ велат дека ќе се ...
Од 14 до 18 октомври во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Недела на романски филм“, во чии рамки ќе бидат прикажани три играни и два документарни филмови. Романската кинематографија доживеа вистински подем во последните две децении, со таканаречениот „нов романски бран“ како водечко движење кое внесе свежина и оригиналност на европската филмска сцена. Ќе се прикажат документарните филмови: „Меѓу револуциите“ на 14 октмомври, „Арсение, ...
Пред концертот на 19 октомври во салата „Борис Трајковски“, Калиопи вели дека нејзиното семејство ќе дојде да ја гледа, но не е сигурна дали и мајка ѝ ќе биде во публиката. Во подкастот на САКАМДАКАЖАМ.МК „За секого по нешто“, таа рече дека имала среќно детство во родното Кичево, со сестра ѝ Корнелија и брат ѝ Томче. „Некои од семејството ќе дојдат. Не сум сигурна дали мојата мајка ќе може да дојде. Ми рече: ‘Не сум сигурна дали ќе можам да ...
Децата на актерот Кристофер Рив велат дека направиле сѐ што можат да ги вклучат сите важни особини на нивниот татко, неговите силни и слаби страни, во новиот документарен филм „Супермен: Приказната за Кристофер Рив“, затоа што тој тоа би го сакал. Филмот вклучува семејни домашни видеа, измешани со интервјуа и филмски видеа на Рив, кој славно го толкуваше Супермен во четири филма, покрај другите актерски и режисерски улоги подоцна во неговата ...
Над 2.000 посетители проследија настапи на 17 музички групи од шест држави и гледаа филмови од архивата на Филмскиот музеј во Амстердам, на годинашното издание на фестивалот „Здраво млади“, во организација на Младинскиот културен центар и Амбасадата на Кралството Холандија. Во рамките на фестивалот беше организиран и саем на холандска литература преведена на македонски јазик, а беше откриен и муралот изработен од холандскиот уметник Јорен Џошуа ...
Кајли Миног ja сака играта „Зборле“ (Wordle). Поп-ѕвездата таа има необична стратегија, игра намерно погрешно. „Здодевно е ако го добиете резултатот во два обида“, вели таа. „Сакам тоа да биде поголем предизвик“. Ова може да се нарече метафора за нејзината кариера. Кајли напредува со предизвици, а се соочи со неколку во последните 37 години, од злобни критичари и креативни грешки до борба со рак на дојка која ѝ промени животот. Во моментов, таа ...
Новиот албум на џез гитаристот Владимир Четкар „Let Us Be“ е објавен во Токио преку јапонската музичка куќа „Пи-Вајн рекордс“. „Засега прочитавме само добри рецензии за албумот, што ми е особено драго“, вели Четкар. Албумот е микс на џез, фанк, соул и диско и е комплетно авторско дело на Четкар. Се снимаше во Чикаго и Милвоки и има осум песни. Четкар своите студиски албуми редовно ги издава на далечниот исток преку некоја од тамошните музички ...
Поп-пејачката Миа Димшиќ (32) од Осиек, која ја нарекуваат хрватската Тејлор Свифт, заедно со Влатко Стефановски во Скопје го сними спотот за песната „Општествени правила“ (Друштвена правила). Младата пејачка вели дека оваа песна е нејзин бунт против конформизот. „Со Влатко се запознав на едно доделување награди во Загреб минатата година, каде што и двајцата настапувавме. Тој тогаш ми рече дека ако имам некоја песна во која го гледам него, ...
На многумина возрасни им е тешко да разговараат за сексот со личноста која редовно ги гледа без облека. „Има толку многу митови за сексот“, вели Лори Минц, почесен професор по психологија на Универзитетот во Флорида. „Еден од митовите е дека сите други имаат повеќе секс од вас. Многумина тинејџери мислат дека сите го прават тоа“, додава Деби Хербеник, директорката на Центарот за промоција на сексуалното здравје на Универзитетот во Индијана. Таа ...
Нов документарец за последната турнеја на Сер Елтон Џон, во корежија на неговиот сопруг Дејвид Фурниш, беше премиерно прикажан на Лондонскиот филмски фестивал. Документарниот филм наиде на мешан прием кај критичарите. „Варајети“ напиша дека „кралот на попот го добива документарец што го заслужува“, но „Гардијан“ го опиша како „тенок портрет на музички гениј“. Снимката од турнејата која почна во 2018 а заврши во 2023 е испреплетена со архивски ...
Непалски тинејџер го собори светскиот рекорд, станувајќи најмладиот планинар кој ги искачил сите врвови повисоки од 8.000 метри. Осумнаесетгодишниот Нима Ринџи Шерпа го заокружи подвигот откако го искачи врвот Шишапангма во Тибет. Нима почнал да ги искачува највисоките планини на 16 години, а за сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри му требале 740 дена. На секое искачување бил придружуван од својот постар планинарски партнер Пасанг Нурбу Шерпа. ...
Утре (11 октомври) на Денот на македонското востание, музичката платформа „Терапија“ организира мултимедијален настан на Спомен-костурницата во Велес од 18 часот. На настанот насловен „Нова надеж“ настап ќе имаат Игор Џамбазов со „Гуру Харе бенд“ и диџеите Ивана Драгшиќ и Александар Гроздановски-Херзел. Настанот ќе го видат актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски. „Терапија“ веќе неколку години организира настани од мултимедијален карактер ...