„Саботна ноќна треска“ е насловена заедничката изложба на Игор Сековски, Иван Блажев и Марија Ветероска, што утре (7 ноември) ќе се отвори во 20 часот во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан во Старата скопска чаршија. Поделена во три сегменти – минато, сегашност и надеж, тројцата автори се претставуваат на изложбата со три различни уметнички форми: Сековски со видеоинсталација, Блажев со колор фотографии, а Ветероска со просторна ...

Инди-рок бендот „Милко“ сними нов сингл насловен „Оловен војник“, а ќе го промовира на концертот што ќе го одржи утре (7 ноември) од 21 часот во скопскиот клуб „Котур“. „Се работи за песна во која се огледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз“, велат од независната издавачка куќа „Шарла“. Снимена во студиото „Алшар“, текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на бендот, а продуцент е Ивица ...

Италијанската компанија за комуникации „ИталиКомуника“ почна да продава конзерви со свеж воздух од областа на езерото Комо во Италија. Една конзерва чини 9,90 евра. Според компанијата, секое пакување содржи 400 милилитри од „100 проценти автентичен воздух“ собран од езерото Комо, кое стана особено популарно изминативе години благодарение на живописната природа и ѕвездите кои имаат таму имот, како Џорџ и Амал Клуни. На таа локација се снимаа и ...

Младата пејачка Мартија Станојковиќ од Куманово ја објави новата песна „Феномен“ на музичките платформи и на социјалните мрежи. Таа соработуваше со еден од нашите најангажирани музички продуценти Лазар Цветкоски, а текстот го напиша неговата сестра Ена Цветкоска. „Ме радува што читам позитивни коментари и што постојано добивам пораки од луѓето дека им се допаѓа песната“, рече младата пејачка. Мартија сними и видеоспот со режисерот Ризи Рејн, со ...

Амбасадата на Грција во Македонија започнува серија проекции на грчки филмови во Кинотеката со наслов „Ајде да се запознаеме“. Утре (6 ноември) од 19 часот ќе биде прикажан наградуваниот филм „Мала Англија“ на Пантелис Вулгарис, кој заедно со Теодорос Ангелопулос беше главен претставник на новата грчка кинематографија, која стана светски позната во 1970-тите. „Мала Англија“ е романтична драма за едно семејство во периодот меѓу 1930-тите и ...

Вечерва (5 ноември) од 20 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје концерт ќе одржи квинтетот „Ин медиа рес“ од уметничкиот центар „Полифонија“. Концертот е насловен „Македоникум (свита од 12 разгледници од Македонија)“, а музиката ја напиша композиторот Давор Јордановски. Во квинтетот членуваат Сања Шуплевска на виолина, Марија Јаќимовска на флејта, Ристо Ѓоревски на кларинет, Орце Ицковски на фагот и Давор Јордановски на пијано. ...

На 7 ноември во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје ќе се отвори изложбата „Фото-графички експерименти“, на која ќе се претстават Ана Трајковска и Јана Луловска. Овој заеднички проект беше создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ за време на нивниот двомесечен уметнички престој во Париз. „Фото-графички експерименти” е уметнички спој на фотографија, графика и инсталација и претставува омаж на суштината на Париз низ ...

Првиот дрвен сателит на светот, изграден од јапонски истражувачи, денеска беше лансиран во вселената за да се тестира користењето на дрвото во истражувањата на Месечината и Марс. „ЛигноСат“, развиен од Универзитетот во Кјото и градежната фирма „Сумитомо форестри“, ќе лета до Меѓународната вселенска станица, по што ќе биде пуштен во орбитата, околу 400 километри над Земјата. Таму треба да остане шест месеци. Наречен според латинскиот збор за ...

Квинси Џонс живееше уште 50 години откако присуствуваше на сопствената комеморација. Кога доживеал мозочен удар во 1974, неговите шанси за преживување биле толку мали, што неговите познати пријатели почнале да планираат концерт за оддавање почит. Тогаш, на 41 година, Џонс веќе имал оставено неизбришлив белег во американската музика како пејач, аранжер, текстописец, продуцент, композитор и извршен директор. Започнал во џез клубовите во 1950-тите, ...

На 14 декември од 20 часот во салата „Јане Сандански“ во Скопје ќе се одржи Турбо рок фестивал, објави „Авалон“. На иста сцена ќе настапат д-р Неле Карајлиќ, „Ју група“ и „Ван Гог“. „Една вечер и три имиња кои се избрани да бидат компатибилни во секој поглед, кои сепак ќе свират 90-минутни, целовечерни концерти. Неле Карајлиќ со својот бенд, 40 години откако кажа ‘Цркна Маршалот’, ќе го пее најдоброто од ‘Забрањено пушење’, како и нов материјал ...

Над 2.500 деца од 4 до 8 години од оваа учебна година се дел од проектот „Нашата мала библиотека“ на издавачката куќа „Прозарт Медиа“ од Скопје, како дел од поголемиот проект што етаблираната издавачка куќа во Словенија – „КУД Содобност“ од Љубљана го реализира веќе 16 години. „Нашата мала библиотека“ веќе започна да се реализира во повеќе од 20 државни основни училишта и градинки од Скопје, Битола и Прилеп. „Проектот е сеопфатен, се изведува ...

Поп-пејачката Ана Петановска и пејачот Горан Наумовски облечени во духот на 1950-тите со светски познати хитови ги забавуваа гостите на годинешното издание на „Скопје виски фест“. Ги придружуваа неколку танчарки. Фестивалот по урнекот на светските метрополи заппочна во 2019, а неговата цел е да го подигне нивото на виски културата кај нас. Ве текот на изминативе три дена (31 октомври, 1 и 2 ноември) гостите на фестивалот пробуваа различни типови ...

На 8 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе има праизведба на драмскиот текст „Марта Верина“ од Драгана Лукан-Николоски, во режија на Нина Николиќ. Ова е копродукција помеѓу „Перипетија продукција“ и МНТ, во соработка со Фондацијата „Ацо Шопов“. Од продукцијата велат дека „Марта Верина“ е првенствено приказна за жена која истовремено е херој и антихерој. „Жена која поради своите ‘погрешни’ избори не му припаѓа на општеството во кое ...

На 6 ноември, пејачката Дина Јашари со своето трио ќе одржи концерт во Прага, во салата „Палас акрополис“, како дел од премиерата на музичкиот документарен филм „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во кој и самата учествува. „Дина Јашари трио“ ќе настапи заедно со данскиот бенд „Ефтеркланг“, со кој ќе се обедини повторно на сцената по настапот на отворањето на фестивалот на европски филм Синедејс во јули годинава. Ден претходно, триото ќе настапи во ...

Симон Трпчески ќе одржи новогодишен концерт на 20 декември во арената „Борис Трајковски“, објави „Прагма продукција“. Концертот е насловен „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“, а Трпчески ќе свири музички класици заедно со неговите пријатели, македонски уметници. „Од ‘Оревокршачка’, преку омилени арии и популарни дуети, па сѐ до валцери и бисери на класичната музика, ова е само дел од богатата и внимателно одбрана програма“, велат ...

Излезе првиот трејлер за втората сезона на „Игра на лигни“ (Squid Game), која ги враќа гледачите во смртоносната арена каде што Играчот 456 ќе игра уште еднаш. Три години по неговата победа во смртоносната серија детски игри, Сеонг Ги-хун, кого го игра актерот Ли Џунг-џае, се враќа како Играч 456, при што му се придружуваат стотици нови натпреварувачи, кои се обидува да ги одведе на безбедно. Првата сезона на јужнокорејската драма следеше група ...

Скопското дуо „Ин д муд“ (In the Mood) ќе има концертна промоција на своето прво студиско издание на претстојниот Котон блуз фестивал, што ќе се одржи на 28 ноември во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Бендот кој ја популаризираше блуз музиката во Скопје и Македонија овој месец одбележува 15 години работа, а по илјадници клупски и фестивалски настапи, конечно го издаде својот прв авторски материјал во вид на миниалбумот ...

Актерот Девјвид Швимер вели дека е голем вљубеник во хорор филмовите и му бил предизвик да ја сними својата прва хорор комедија, „Goosebumps: The Vanishing“. „Јас сум голем љубител на овој жанр и ова беше мојата прва шанса снимам ваква серија“, рече Швимер. Ѕвездата на серијата „Пријатели“ (57) додаде дека „толку добро се забавувал“ на снимањето на хорор-комедијата чија премиера е на Дизни и на Хулу на 10 јануари. Актерот рече дека основата за ...

Интернационалниот музички состав „Барселона Џипси Балкан Оркестар“, ќе одржи концерт во Скопје на 28 февруари во Филхармонијата. Овој состав е основан во Барселона, пред 13 години, а Иван Ковачевиќ од Србија кој свири контрабас им ја всадил љубовта кон балканската музика, која заедно со циганските и руските романси е нивна водилка. Речиси сите во бендот зборуваат на различен мајчин јазик. По настапите во повеќе од 40 светски земји, во 2022, ...

Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје со кантавторката Мијата ја сними дуетската песна „Гуш и бац“ со која ќе настапат на детскиот фестивал „Златно славејче“ на 16 ноември во Македонскиот народен театар. „Деновиве влеговме во студио и ја снимивме третата песна која е посветена на другарството, на прифаќањето, почитувањето, на заедничкото. И секако дека песната го носи најубавиот наслов кој ги опфаќа сите убавини во цел свет а тоа е ‘Гуш ...

Актерот Лукас Браво има неколку забелешки за неговиот лик „Емили во Париз“ и вели дека се мисли дали да се појави во петтата сезона. Францускиот актер се појави во хит серијата на Нетфликс како Габриел, париски готвач кој беше еден од централните љубовни интереси на Емили (Лили Колинс) во текот на четирите сезони на серијата откако дебитираше во 2020. Тој сега не е задоволен од тоа во која насока се движи неговиот карактер. „Секси готвачот беше ...

Актерот Бил Нај изјави дека ги украл комплетните дела на Вилијам Шекспир од библиотека за да се подготви за неговата аудиција во драмското училиште. Ѕвездата номинирана за Оскар изјави дека аплицирал за актерската школа „Гилфорд“ за да импресионира девојка, но морал да подготви две дела за аудицијата – едното од модерен драматург, а другото од Шекспир. „Можевме да го позајмиме како и сите други, но поради некоја причина развивавме криминален ...

На 8 ноември, во Културно информативниот центар на Македонија во Загреб од 19.30, концерт ќе одржи оперската примадона Весна Ѓиновска Илкова, заедно со пијанистката Јасна Аврамовска- Костенарова. На програмата се дела од македонските комозитори: Џамбазов, Скаловски, Аврамовски, Прокопиев, Зографски, Стојков, Андреева, Светиев, Цанев и Голабовски. Првенката на Националната опера балет, сопранот Весна Ѓиновска- Илкова оваа година слави 30-годишен ...

По успехот на акциониот блокбастер „Топ ган“ Том Круз планира да направи продолжение на уште една акциона класика на која работеше со студиото „Парамонт“. Ѕвездата од „Невозможна мисија“ е заинтересирана за продолжение на спортскиот хит од 1990, „Денови на грмотевицата“ кој го режираше Тони Скот, покојниот брат на Ридли Скот и режисер на оригиналниот „Топ ган“ . Во филмот, Круз го играше младиот возач на Формула 1, Кол Трикл, кој е регрутиран во ...

Младата поп-пејачка Марија Спасовска ја промовираше новата песна „Страв“, која за неа ја напиша композиторот Никола Мицевски е снимена во студиото на Дејан Момировски. За песната е снимен и спот кој е снимен во Скопје и во Солун каде што поп-пејачката студира, а го режираше Томислав Живковиќ. За новиот сингл, Спасовска вели дека е модерна песна која од прво слушање ѝ се допаднала, а ја промовираше на фестивалот Макфест. Еден од првите поголеми ...

Фронтменот на групата „Кјур“, Роберт Смит вели дека пеењето песни од новообјавениот албум на бендот, „Песни од загубенот свет“ (Songs Of A Lost World), му помогнало да се справи со тагата поради губењето на блиските членови на семејството во последниве години. Зборувајќи за Би-Би-Си радио 6, тој рече дека пеењето во живо станало огромно бегството од „пропаста и мракот“ што ги чувствувал. „Чувствувате поврзаност. И тоа е причината зошто сè уште ...

Продуцентите на франшизата „Томб рајдер“ се мислат меѓу две актерки за главната улога во новото продолжение во форма на ТВ-серија, Софи Тарнер и Луси Бојтон. Оскаровката Алисија Викандер ја глумеше Лара Крофт во филмот во 2018, а претходно ликот го играше Анџелина Џоли во 2011. Набрзо откако Викандер објави дека „е тажна што нема да се врати во улогата на ликот од популарната видеоигра“ , „Прајм видеоо“ тргна во потрага по нова актерка. ...

Продуцентот Николче Мицевски направи нова верзија на македонската народна песна „Жали горо жали сестро“. Ја испеа пејачката Жаклина Маркоски која е од Струмица, а последните 30 години живее во Америка. „За мене ова е една од најубавите македонски народни песни. Среќна сум што имав прилика да соработувам со Николче Мицевски и мислам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина” , рече пејачката. За песната ...

На 10 ноември, во Културно информативниот центар во Загреб од 10 до 18 часот ќе се одржи изложба на личните работи на Тоше Проески. Ќе биде изложен дел од музејскиот материјал од Спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево, облека која Тоше ја носеше на снимањето на спотот „Ја сакам твојата насмевка“ (Волим осмихеј твој), облеката од концертите во Риека и Задар, како и негови лични награди и признанија кои ги доби од хрватската публика. „Со тоа на ...

Познатиот грчки метал тапанар Џорџ Колијас (фото) ќе донесе ново ниво на квалитет на Скопје драм фестивал (Skopje Drum Festival), чие петто издание ќе се одржи на 3 ноември во Младински културен центар, со почеток во 17 часот. Ова ќе биде и најмеѓународното издание на единствениот фестивал во Македонија посветен на тапаните и тапанарите, бидејќи покрај Колијас, од Германија доаѓа Кристин Неденс. „Ова е првпат да имаме двајца гости од странство, ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
32%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
6.17
34%
1018
weather icon

Загреб

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
44%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
29%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
6.93
55%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
49%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
1.79
45%
1012
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
48%
1015
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
2.57
31%
1015
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
4.12
46%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
8.23
33%
1019
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.77
69%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60