Групата „Педро хоризонте“ сними нов сингл со наслов „Мегахит”, кој е најава за нејзиниот деби албум „Паранормални мегахитови“. Од бендот велат дека на албумот ќе има 11 песни. Промоцијата на песната е на 17 мај од 13 часот во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје, кога бендот ќе ја отсвири во живо, Групата „Педро хоризонте“ постои од 2020 и е составена од фронтменот на „Суперхикс“ Петар Младеновски, Гога Поп Георгиевски и ...

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски, кој е познат по изработката на уникатни и оригинални патики за светски познати спортисти и музичари, му подари рачно изработена јакна на канадскиот музичар Брајан Адамс, кој на 27 април одржа концерт во Скопје. На јакната, тој го нацрта ликот на Брајан Адамс, а му ја предадоа Бобан Милошески и неговата ќерка Миа од „Авалон“ по концертот во салата „Јане Сандански“ што го организираа тие. Тимот на ...

Да се подигне текстилната насока при средното општинско училиште „Таки Даскало“ во Битола на повисоко ниво е целта на „Креативен ден“, што на 28 мај по четврти пат ќе се одржи во Битола. И овојпат, учениците од текстилниот отсек и основци ќе дизајнираат облека заедно со познати македонски дизајнери, а годинашната тема е ориент. Настанот ќе се одржи во Битолскиот театар и ќе учествуваат 32 екипи од 11 градови и девет стручни училишта. „Креативен ...

Оние кои ја испочитуваа забраната за снимање и сликање на концертот на Брајан Адамс сношти (27 април) во Скопје, вистински уживаа во шоуто на легендарниот канадски музичар. Пораката што тој сака да ја пренесе почнува од самиот наслов на турнејата „Голи коски“ (Bare Bones Tour), што значи дека само со неговиот глас, гитара и пијано придружба на одредени песни нѐ врати во времето кога настанале и ги покажа нивните едноставна убавина, емоција и ...

Финскиот музичар Лаури Манер ќе настапи со својот проект Кадонут Манер утре (30 мај) во скопскиот бар „Ла Кања“ (20 часот). Концертот е најавен како почеток на роденденските музички свечености на радиото „Канал 103“. „Музиката на Кадонут Манер е емотивно патување кое го спојува американскиот гитарски примитивизам со длабочината на блузот и суровата убавина на северот. Зад себе има богата 20-годишна музичка кариера како басист во повеќе панк ...

Млади музичари од триесет европски земји кои се дел од оркестарот на Институтот „Фејмс“ ќе свират со црногорскиот виолинист со светска кариера Роман Симовиќ утревечер (29 мај) во малата сала на Филхармонијата од 20 часот. Парите од продадените билети ќе бидат донирани во Црвен крст, во фондот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На концертот ќе се свири концерт за виолина и Симфонија бр. ...

Прасето Пепа ќе добие сестричка, објави продукцијата на серијата со популарниот детски анимиран лик. Откако на почетокот на март беше објавено дека мајката прасе е бремена, сега од тимот кажаа дека бебето е девојче, а ќе се роди есенва. Специјалната епизода во која има забава за откривање на полот на бебето ќе се емитува на 3 мај на Јутјуб. Следниот месец ќе излезат 10 нови епизоди од по еден час, во кои Пепа и помалиот брат Џорџ се подготвуваат ...

Моден викенд Скопје сношти (25 април) со изложба и со неколку ревии почна да го слави 30-годишниот јубилеј. Модниот настан секоја година е сѐ поразличен и поиновативен, со фокус на одржливоста, културата и динамиката на менувањето на дизајнот. „Оваа година под слоганот ‘Заедница’ (Community), Моден викенд Скопје ја става заедницата во центарот на својата визија. Ова не е модна недела што гледа само кон пистата, ова е модна недела што гледа кон ...

Младата ѕвезда на филмот „Останатите“ (The Holdovers) Доминик Сеса ќе го глуми славниот готвач и патописец Ентони Бурден во биографски филм што ќе го снима студиото „А24“. Во една од главните улоги ќе биде и Антонио Бандерас, но деталите за неговиот лик не се познати. Филмот насловен „Тони“ ќе се случува во 1976 година, кога младиот Бурден живее и работи во Принстаун, што ќе му го промени животот. Бурден се запишал во кулинарско школо две години ...

Стрип-центарот на Македонија од Велес издаде три нови списанија, „Стрип креатор” бр. 37 и 38 и „Стрип алманах“ бр. 8. Тие се едни од малкуте изданија кои ги претставуваат стрип авторите од Македонија. Во овие три броја има и дела на автори од Србија, Хрватска, БиХ, Романија и Грција. „‘Стрип креатор‘, кој излегува од 2003, е единствената постојана стрип публикација кај нас, каде што македонските автори континуирано ги објавуваат своите дела, ...

Италијанскиот гитарист и композитор Антонио Форчоне на 24 мај ќе одржи концерт во Филхармонијата заедно со својот квартет. Многумина го опишуваат Форчоне како еден од најдобрите свирачи на акустична гитара во светот. Форчоне првично студирал перкусии, пред да се префрли на гитара, па затоа неговото свирење се одликува со силни и сложени ритми и со значителна употреба на телото на гитарата за ударен ефект. Неговата музика комбинира разни стилови, ...

Француската актерка Камил Раза изјави дека излегува од хит-серијата „Емили во Париз“ откако го глумеше ликот на Камил во досегашните четири сезони. Петтата сезона ќе почне да се снима во мај во Рим, пред да се пресели во Париз во текот на летото. Ликот на Раза од обожавателите на серијата често беше оценет како негативец, бидејќи претставуваше пречка за врската на Емили (Лили Колинс) и Габриел (Лукас Браво). „По неверојатно патување, донесов ...

„Нетфликс“ го објави првиот трејлер за втората сезона на својата најгледана серија „Венздеј“, која ќе се емитува во два дела. Првите епизоди ќе имаат премиера на 6 август, а вториот дел ќе може да се гледа од 3 септември. Кон серијата се приклучуваат британската актерка Џоана Ламли и Стив Бушеми, кој го глуми Бери Дорт, новиот директор на академијата Невермор, каде што учи Венздеј Адамс. Ламли се придружува како Хестер Фрамп, бабата и најблизок ...

Во фоајето на велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот“ синоќа (23 април) беше промовирана книгата „Лида Барова и други драми” од Милош Латиновиќ, српски писател и директор на театарскиот фестивал БИТЕФ. Книгата е во издание на „Перун Артис“ од Битола. Во неа се застапени драмите „Лида Барова“, „Бардо“, „Случајот Пазолини“, „Маерлинг, или кој го напишал бре ова…“ и „Крвта на црвениот петел“. „Кога ќе ја погледнете оваа збирка драми, низ ...

Вечерва (24 април) од 20 часот, на Деновите на македонски кореографи, кои се во организација на Националната опера и балет (НОБ), на Малата сцена премиерно ќе се изведе претставата „Д (како Дездемона)“ во кореографија на Рисима Рисимкин, која година одбележува 45 години уметничко творење. Претставата е во продукција на Скопје танцов театар Настапуваат првенците на Скопје танцовиот театар Адријана Данчевска и Дејан Битровски, како и солистите ...

Хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ ќе одржи концерт во Скопје на 27 април во Филхармонијата од 20 часот во организација на „Евентум“. Лани во октомври имаше полн концерт во истата сала. Бадриќ ја испеа нејзината верзија на песната „Не кажувај либе добра ноќ“. Преработката на песната од Наско Џорлев е на браќата Тавитјан, а таа ја испеа на нивниот албум „Македонското срце чука во 7/8“ од 2012. Народната песна ја остави за бис, па се расплака ...

Брајан Адамс се враќа во Македонија на негова желба, вели Бобан Милошески, сопственикот на „Авалон“, кој го организира концертот на канадскиот музичар на 27 април во салата „Јане Сандански“. Претходниот концерт на Адамс се одржа во ноември 2019 во салата „Борис Трајковски“ (фото). Милошески ни рече дека е реткост во неговата работа музичар самиот да посака да се врати во истиот град на концерт. „Брајан Адамс инсистирал да се врати во Скопје. ...

Колосална лигња, најтешкиот безрбетник на светот, е снимена жива во дивина за првпат откако била идентификувана пред еден век. Со должина до седум метри и тежина до половина тон, лигњите Mesonychoteuthis hamiltoni се најтешкиот безрбетник на планетата. Примерокот снимен во близина на Јужните Сендвич Острови во јужниот дел на Атлантскиот Океан е бебе, со должина од само 30 сантиметри. Видеото снимено од меѓународен тим научници и истражувачи го ...

Тубистот Мицко Дамњановски ќе одржи рецитал на 28 април од 19:19 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. „Сцената ќе ја делам со извонредни музичари и драги луѓе. Пред сѐ, со мојата почитувана колешка, пријателка и професорка Маријана Николовска, моја соработничка на пијано, како и со моите ценети колеги од ‘Македонски брас квинтет‘“, вели Дамњановски, кој најавува изненадување за публиката на крајот на концертот. Влезот е ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски беше прикажан на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Москва. До војната во Украина, МИФФ беше класифициран на А-листата на филмски фестивали, заедно со Кан, Берлин и Венеција. Основан во 1935 година, фестивалот почна редовно да се одржува од 1959. „Јон Вардар против галаксијата“ имаше две проекции во Москва, што уследи откако минатата недела ...

Лили Колинс како Емили Купер ќе го живее својот „сладок живот“ во Рим со Италијанецот Марчело во петтата сезона на популарната серија „Емили во Париз“ на „Нетфликс“. Таа ќе почне да се снима во мај во Рим, пред да се пресели во Париз во текот на летото. Се очекува петтата сезона да биде премиерно прикажана при крајот на оваа година, а заедно со Емили, ќе се појават двајцата нејзини партнери од претходните сезони, сексапилниот француски готвач ...

„Дејли паспорт“ објави избор од најинтересните куќи во Европа кои изгледаат како оптички илузии, а една од нив е таканаречената Крива куќа во Сопот, Полска. Оваа чудна куќа е дел од трговски комплекс во градот Сопот и изгледа сосема исто во реалниот живот. Изградена околу дрво, куќата Мирокјуб е сместена во шведска шума и целосно, и е целата во огледала. Ако ја погледнете сликата на таканаречената куќа што тоне во Монмартр (фото), се чини дека е ...

Националниот џез оркестар најави Џез фестивал по повод Меѓународниот ден на џезот, 30 април. Настанот ќе се одржи на две места во Скопје, паркот „Ибни Пајко“ и Македонски народен театар (МНТ). аркот „Ибни Пајко“ од 16 часот ќе се одржи концертот „Џез за деца“. Од 19.30, концерт ќе одржи квартетот на Бојан Цветковиќ од Србија. Од 20.30, настапува „Јојо бенд“ од Бугарија, а од 21.30, квартетот на Христијан Ристески. Влезот за сите концерти е ...

Од Хари Потер до Супер Марио и чудовиштето на Франкенштајн, „Јуниверзал Орландо ресорт“ е најголемиот тематски парк во Флорида. Со пет делови со карактеристична тематика и хотел со 500 соби, тематскиот парк вреден повеќе милијарди долари, треба да биде отворен за јавноста на 22 мај, токму кога тематските паркови во областа Орландо обично се преполни со семејства и млади туристи. Тоа е првиот голем, традиционален тематски парк отворен во Флорида ...

Гитаристот Владимир Василевски- Четкар на 8 мај ќе го промовира својот нов албум „Let Us Be“ во Скопје, со концерт во „Јавна соба“ од 22 часот. Албумот на Четкар излезе на 19 јануари, на сите дигитални музички платформи во светот. Претходно, тој беше издаден само во Јапонија преку музичката куќа „P-Vine Records“. Ова е четвртиот студиски албум на охридскиот гитарист на кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, ...

Поп-пејачката Ана Петановска која настапува под уметничкото име Ана Петан ќе настапи на фестивалот „Белградска пролет“ кој ќе се одржи на 24 април во салата МТС во Белград, Младата поп-пејачка оди по втор пат на овој фестивал, откако лани ја испеа песната „Балада за ангелот“ која му ја посвети на Тоше Проески. „Ана имаше одличен прием на ланското издание на фестивалот. Гоиднава, решивме да одиме со побрза песна која одлично ѝ прилега на ...

„Ворнер брос“ потврди дека ќе снима римејк на „Телохранител“, но засега не е познато кој ќе ги замени Витни Хјустон и Кевин Костнер во главните улоги. Оригиналниот филм заработи над 400 милиони долари и особено остана запаметен по својот саундтрак. Режисер на римејкот ќе биде Сем Вренч, кој го режираше концертниот филм на Тејлор Свифт за нејзината последна светска турнеја, додека сценарист е Џонатан Абрамс, кој го напиша последниот филм на Клинт ...

Втора година по ред, „Киа“ ја добива наградата за Светски автомобил на годината. Лани ја однесе титулата со „ЕВ9“, а сега со уште еден електричен модел, „ЕВ3“. Наградата беше доделена на Њујоршкиот автосаем. „ЕВ3“ притоа ги победи „БМВ Х3“ и „хјундаи инстер“. „Волво ЕХ90“ беше прогласен за најдобар луксузен автомобил, а „хјундаи инстер“ славеше во категоријата на електрични возила. Уште две награди однесоа електрични автомобили: „сигал“ на ...

Кина најави дека во јуни ќе го отвори највисокиот мост во светот, последниот инженерски потфат на земјата која многу вложува во својата инфраструктура. Изградбата на мостот „Хуаџијанг“ во Гуиџу во југозападна Кина е при крај. Ќе поминува 625 метри над нивото на реката, со што ќе биде 288 метри повисок од сегашниот рекордер, вијадуктот „Мијо“ во Франција. Провинцијата Гуиџу е планинска област со комплексен терен и мостот минува низ драматичниот ...

Две џиновски желки, чиј вид е критично загрозен, станаа родители за првпат на возраст од околу 100 години во зоолошката градина во Филаделфија. Оттаму кажаа дека се пресреќни со доаѓањето на четирите младенчиња, чии родители Абрацо и Мами потекнуваат од Галапагос. Ова се први новороденчиња во повеќе од 150-годишната историја на зоолошката градина, каде што Мами била донесена во 1932 година. Таа го извела првото јајце на 27 февруари, по што ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1022
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.61
93%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
96%
1022
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
73%
1019
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
100%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
92%
1022
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
71%
1021
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Калај

43.93

Кобалт

58.42

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Злато

139515.92

Бакар

11.07

Родиум

258813.51

Алуминиум

2.95

Платина

64479.52

Сребро

2159.01

Рутениум

29192.88

Цинк

3.04