Седмиот албум на Крсте Роџевски насловен „Крстена вода“ ќе има слушачка промоција на 27 ноември во „Аудиокултура“ во Скопје (20 часот). Албумот содржи 12 песни и е издаден под етикатата на „Порт оф ентри“ од Чикаго. Роџевски е продуцент и комплетен автор на албумот, на кој пее и ги свири сите инструменти: акустична гитара, усна труба, удиралки… Албумот е снимен од Арон Невези, миксот е на Бен Гос и мастериран од Мајкл Фосенкемпер во Њујорк. ...

„Злобница“ (Wicked) заработи над 164 милиони долари во првиот викенд на прикажувањето во светот, што претставува рекорд за филмска адаптација на бродвејски мјузикл. Од оваа сума, 114 милиони долари се во САД и Канада, а 50,2 милиони во остатокот од светот. Претходниот рекорд го држеше „Клетници“ од 2012. „Злобница“, во кој главните улоги ги играат Синтија Ериво, Аријана Гранде и Џеф Голдблум, е првиот од двата филма на „Јуниверзал“ засновани врз ...

Познати македонски пејачи ќе ги пеат најголемие хитови на Гоце Арнаудов, на концертот кој ќе се одржи на 4 декември од 19 часот во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица. Концертот се одржува во знак на сеќавање на легендарниот пејач на народна музика, кој почина на 6 декември во 2011. Ќе настапат Ламбе Алабаковски, Јоце Панов, Миле Кузмановски, Елена Велевска, Александар Тарабунов, Мартинијан Кириловски, Александра Јанева, Ленче и Горан ...

Два нови божиќни ТВ филмa потсетуваат на животот на Тејлор Свифт, а нејзините фанови веднаш знаеја дека поп-ѕвездата е инспирација. „Божиќ во центарот на вниманието“ дебитира на 23 ноември на „Лајфтајм“. Во него глуми Џесика Лорд како најголемата светска поп-ѕвезда и Лејт Волшлегер како професионален фудбалер. Тие се запознаваат и се вљубуваат. „Очигледно е инспирирано од Тејлор и Тревис Келси, но јас не ги познавам и не знам што се случува зад ...

Краткиот игран филм „Закрепна надеж“ во кој играат дваесетина тинејџери, беше промовиран денеска (24 ноември) во Кинотеката на Македонија. Филмот има за цел да се промовира дијалог и соработка помеѓу младите од различно етничко потекло. Глумат млади од филмското учлиште „Тинтити минтири“ и други тинејџери кои немаат искуство пред камера а се избрани претходно на аудиција. „Во период од 6 месеци пред снимањето се одржаа филмски работилници на кои ...

Младата поп-пејалчка Ана Петановски сними дует со познатиот хравтски рокер Дадо Топиќ. Песната се вика „Бисери во твоите очи“ (Бисери у твојим очима) за која музиката ја напиша Григор Копров, текстот е на Душан Бачиќ а аранжманот е Стефан Петановски, братот на Ана Петановска. „Многу се радувам и не ми се верува дека овој проектот наскоро ќе биде реалност. Голема шанса за мене е да испеам песна заедно со Дадо Топиќ, растев со неговата музика, па ...

Публиката со овации го испрати музичарот Владимир Николов кој одржа концерт сношти (23 ноември) во Велешкиот театар со Националниот џез оркестар. Авторскиот концерт насловен „Crossover Stories” вклучи композиции од различни периоди во изминативе 22 години од неговата авторска музика. Николов моментално е професор на Факултетот за музичка уметност во Белград. „Ќе слушнете и неколку мои композиции, кои досега не се изведени во Македонија но се ...

Најдобрите светски архитекти честопати сакаат да ги поместуваат границите. Понекогаш, критичарите го фалат крајниот резултат како впечатлив, но радикалниот дизајн може да предизвика и негативна реакцијa. Ова се седумте најгрди згради во светот според „Дејли паспорт“. „Зградата чудовиште“ во Хонг Конг (фото) како што ја нарекоа локалното население не е една, туку пет згради групирани заедно. Изградени во 1960-тите, овие густо преполни станови беа ...

Актерот Сашко Коцев беше забавен и весел водител на фестивалот „Златно славејче“ кој заврши сношти (23 ноември) во Македонскиот народен театар (МНТ). Коцев за првпат го води најстариот детски фестивал во Македонија кој годинава се одржува по 54 пат, а имаше вкупно 7 претстави. Коцев се појави во мал автомобил со еден од хитовите на фестивалот „Сакам кола убава“ и во текот на сите најави правеше трикови кои ги развеселија децата, а ги советуваше ...

Македонскиот бенд „Фанк шуи“ ќе одржи концерт во Белград во салата на во Дом на млади на 6 декември од 21 часот. Првиот албум, бендот го сними во 2012, вториот во 2015, а од актуелниот „Никогаш пак“ излегоа неколку хитови како: „Ветер“, „Но време“, „Мог“, „Никогаш пак“ и „Роденден“. „Фанк шуи“ настапи на годинашното издание на Егзит во Нови Сад, еден од најголемите музички фестивали во Европа. Нивниот настап беше на 14 јули на бината „Виза ...

Вкупно 226 луксузни домови ќе ги сочинуваат ориенталните резиденции во Абу Даби, кои данското студио „Биг’“ ги дизајнира покрај Националниот музеј Зајед на островот Саадијат. „Биг“ го уреди домувањето со поглед на петте кули кои личат на крила на скулптурниот музеј. Комплексот треба да биде завршен во 2028 година, поделен на два блока со скалести тераси кои припаѓаат на секој од 226-те домови. Ќе бидат во продажба од 21 ноември. „Mandarin ...

Со еден долгометражен детско младински филм и четири кратки, денес (23 ноември) ќе се одржи настанот „Велес на филм“ кој го реализираат Европската куќа и Здружението „Арт генератор““. Првата проекција е во 17 часот на хрватскиот долгометражен филм „Дневникот на Паулина П.“ кој бил најгледан лани во хрватските кина. Од 19 часот ќе се прикажат четири кратки филмови: грчкиот „Мирни вод“’, македонскиот „Баг“ на Филип Момировски, хрватскиот „Екипата“ ...

Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва се појавија на премиерата на неговата нова серија „Агенција“ (The Agency) во Њујорк, додека се подготвуваат да се преселат во Шпанија. Со нив беше и 24-годишниот син на Ричард Гир, Хомер, кој ретко се појавува на црвениот тепих, за да го поддржи татко му на премиерата. Хомер е најстариот син на Ричард Гир од бракот со поранешна сопруга Кери Лоуел. „Мојата сопруга е од Шпанија и ми даде околу седум ...

Една и пол година, поп-пејачката Елена Петреска со семејството живее во Белгија, во градот Монс, на 60 километри од Брисел. Петреска, која беше активна во поп-музиката долги години и вработена во хорот на Националната опера и балет вели дека им е убаво во Монс кој е град на уметноста, со прекрасни автентични градби, посебно во центарот. Таа во Белгија предава соло пеење во театар кој е клон на Бродвеј. „Сопругот Андреј доби понуда за работа една ...

Скопскиот хардкор бенд „Трендкил“ утре (23 ноември) ќе го промовира својот нов албум „Половен кросовер“ на концерт во „Станица 26“ во Скопје. Гости на настанот ќе бидат групите „Последен удар“ и „Пепел“. „Половен кросовер“ излезе четири години по последниот албум на „Трендкил“, „Never a Victim Always a Renegade“, а во меѓувреме беше снимен миниалбумот „Heavy Fucking Metal“. Новиот албум имаше премиера во живо на фестивалот „Метал дисчарџ“ во ...

Мешаниот хор на Солун ќе настапи во малата сала на Филхармонијата во Скопје на 25 ноември од 19:30 часот. Како што велат од Амбасадата на Грција, репертоарот вклучува класична музика и современи грчки песни. Како солист ќе настапи Александрос Сагурис, пијанист е Атанасиос Папаисиу, а ќе диригира Мери Констандиниду, која го води хорот од основањето. Мешаниот хор на Солун е основан во 1987. Неговиот широк репертоар вклучува дела од ренесансата, ...

На 28 ноември од 20 часот, во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложба на музички плакати, своевидна ретроспектива на музичкиот живот на Скопје. Ќе бидат прикажани повеќе од 80 плакати кои сведочат за најзначајните концерти, фестивали, групи и пејачи кои ја креирале урбаната музичка сцена на Скопје во последните триесет години. Изложбата е во организација на „Баги комуникации“. „Музиката е прозорец во душата на еден град. Оваа изложба е ...

Од 28 ноември до 1 декември во Битола ќе се одржи 16. Фестивал на музика од светот, во организација на Центaрот за култура. Првата вечер е поетско-музичкиот перформанс „Волкот на љубовта“ на Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски, на кој ќе ги изведат најубавите љубовни песни од македонската современа сцена. Настанот ќе се одржи на Новата сцена од 20 часот. На 29 ноември, на Големата сцена ќе настапи Камерниот оркестар од Битола со програмата ...

На прославата на десеттиот роденден, скопскиот бенд „Рингтонс“ го наполни клубот „Станица 26“, а парите од продадените билети ќе ги донира за купување музички инструменти за ООУ „Браќа Рамиз-Хамид” во Шуто Оризари. Иако млади музичари, тие се популарни и впечатливи по тоа што ја негуваат македонската поп музика, свирејќи хитови од 1990-тите и 2000-тите, а пеат и македонски шлагери и светски хитови, што беше повод да одржат весел и полн ...

„Bad People“ е новото студиско издание на Игор Станоески-Иги Ман, што ќе биде презентирано во рамките на петтиот Котон блуз фестивал, што ќе се одржи на 28 ноември во „Лабораториум“ во Скопје. Миниалбумот, кој претставува спој на блуз, рок и аренби, содржи пет песни, од кои четири се авторски и една обработка од Роберт Џонсон. Покрај Станоески, во снимањето на албумот учествуваа Гоце Стевковски (тапани), Дарко Мучев-Мучо (бас гитара), Џорџ ...

Мандолинскиот оркестар на скопското основно училиште „Григор Прличев“ заедно со Бојана Скендеровски сними нова верзија на песната „Молитва“, најголемиот хит на Виолета Томовска. Автор на „Молитва“ е Миле Барбаровски, а песната во нов аранжман ќе се промовира на концертот „Македонија, во срце те носиме“, што ќе се одржи на 7 декември во Филхармонијата. На концертот ќе се пеат преработки на 12 македонски народни песни во придружба на симфониски ...

Велешанецот Давор Бошковски отвори изложба на дела работени во пирографија, уметност на горење на дрво со помош на ајва, алатка за лепење со калај. Авторот ова хоби го наследил од неговиот татко Петар. На изложбата, која е постaвена во Европската куќа во Велес, се претставува со 44 дела. „Ми остана од детството таа слика кога татко ми твореше и влегов во оваа работа. Во Македонија нема многу пирографи. Инспирацијата што ќе работам ми доаѓа ...

Четирипати се вратија на бис 12-темина актери на премиерата на претставата „12“ сношти (20 ноември) во Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата е во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите на драмата „12 гневни луѓе“ (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз. Евтимов ги обедини реномираните актери Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан ...

Меѓу учесниците на претстојното осмо издание на фестивалот Востание, што ќе се одржи на 13 декември во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје, е и шведската метал група „Шедоуворк“ (Shadowork). Иако релативно нов бенд, со само едно студиско издание зад себе, „Шедоуворк“ ќе биде посебно интересен за домашната публика зашто половина од членовите доаѓаат од Македонија: пејачот и гитарист Даниел Наумовски и тапанарот Јордан Маленко. Наумовски, ...

Српската рок група „Ван Гог“ сними нов сингл „Луд и сам“, што ќе го промовира на Турбо рок фестивалот во Скопје на 14 декември во салата „Јане Сандански“. На фестивалот ќе настапат и Неле Карајлиќ и „Ју група“, објави претходно „Авалон“. „Сега кога новиот албум е завршен, желбата ни е на секои три месеци, чекор по чекор, сингл по сингл, спот по спот, да ја размениме енергијата со публиката. Сите коцки од мозаикот ќе се сложат во 2026 во форма на ...

Деби албумот на музичарот Иван Кукиќ насловен „Sunday Vibes“ ќе се промовира на 23 ноември во Скопје, во „АудиоКултура“ од 13 часот. За промоцијата, Кукиќ најавува акустичен концерт со своите најблиски соработници. Албумот го издава „Кроација рекордс“ и има десет песни, од кои две се веќе промовирани како синглови, „Балада за една љубов“ и „Друмови“. Кукиќ е автор на најголемиот дел од материјалот на албумот, на кој има и интересни соработки. ...

Вечерва (20 ноември) oд 20 часот, на Млад отворен театар ќе се изведе претставата „Без крв“ на Драмскиот театар од Пловдив и Велешкиот театар. Текстот е на Александар Барико, а режијата на Дијана Добрева. Во претставата играат Маргита Гошева, Васил Зафирчев, Константин Еленков, Патриција Пандева, Исидор Јованоски, Филип Христовски, Красимир Василев, Георги Вачев, Кети Борисовска, Симеон Алексиев, Елена Кабасакалова, Катрин Гачева, Златко Шарков, ...

Слаткаристика и Тони Зен ќе одржат заеднички концерт на 5 април во Скопје, во салата „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“. Концертот е со наслов „Спушти се доле“, според дуетот кој го снимија во 2009. Пред 18 години, Тони Зен и Слаткар го започнаа проектот „Хип-хоп револуција“ и имаат снимено 10 заеднички песни. Во август, по повеќе од 14 години пауза, тие го снимија дуетот „Милион лета“. „Песната излезе многу спонтано, имаме повеќе ...

Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт со наслов „Балканско патување“ на 21 ноември од 20 часот во Музејот на македонската борба. Концертот е во рамките на Есенски музички свечености. На концертот настапуваат: Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите за гудачки квартет ги подготви Трајковска. Концертот „Балканско ...

Утре (21 октомври) од 20 часот рускиот пијанист Евгениј Корољов ќе одржи рецитал во Филхармонијата. На програмата е делото „Голдберг варијации“ од Јохан Себастијан Бах. Корољов (1949) студирал на Московскиот конзерваториум, а живее и делува во Хамбург, каде што од 1978 беше професор на Колеџот за музика. Заедно со својата сопруга, македонската пијанистка Љупка Хаџигеоргиева, го формираше дуото „Корољов“ во 1976, со кое настапува ширум светот. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
33%
1015
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
4.63
33%
1018
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
2.06
41%
1020
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
7.72
28%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.22
36%
1013
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
3.6
48%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
35%
1013
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
5.66
40%
1016
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
29%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.66
47%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
6.17
29%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.26
61%
1014
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60