OnePlus преку Weibo најавија дека нивниот OnePlus 11 ќе биде првиот смартфон кој ќе работи на ново претставениот Snapdragon 8 Gen 2. Тие во објавата исто така истакнуваат дека телефонот ќе биде првата отворена платформа која ќе има „ray tracing“ на мобилните. Qualcomm ја претстави втората генерација од Snapdragon 8 серијата на чипови во текот на вчерашниот ден. Од тоа што можеше да се види од најавата и карактеристиките, Snapdragon 8 Gen 2 ќе ...

Netflix пушти уште една функција која се поврзува со наплатата на корисниците кои не се дел од истото домаќинство, нешто што треба да започне идната година. По пуштањето на Profile Transfer функцијата, која овозможува корисник да го префрли својот профил на нова сметка, сега корисниците ја добиваат функцијата Manage Access and Devices. Иако од компанијата не ја претставија оваа функција како нешто поврзано со различните профили кои не се дел од ...

Тирана, 11 ноември 2022 – Во изминатите два дена, 120 млади од Западен Балкан присуствуваа на конференцијата организирана како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2), предвидена како можност младите да бидат дел од дискусијата заедно со своите врсници од целиот регион, како и да имаат директна интеракција со креаторите на политиките и претставниците на инситуциите. ReLOaD2 е регионална иницијатива која ...

Скопје, 17.11.2022 – А1 Македонија најавува нова атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2023 година со неограничена комуникација, многу содржини и многу ТВ уреди, мобилни уреди и паметни часовници по најповолни цени. Како и секогаш, и овој пат, A1 Македонија е насочена кон потребите на корисниците и ги нуди најдобрите мобилни, интернет и телевизиски услуги по пристапна цена. Овие празници, со тарифниот ...

Samsung оваа година повторно претстави два нови модели од Galaxy Watch, но овој пат наместо Classic верзија се решија за Pro верзија. Со тоа, Galaxy Watch5 серијата го претставува за корисниците Galaxy Watch5 Pro моделот кој е пред се наменет за спортистите, а посебно за корисниците кои планинарат и прават слични активности. Може да се каже дека Galaxy Watch5 Pro го продолжува претходниот стил на Watch4 Classic во големината на уредот, а оваа ...

Оваа недела, од 14-ти до 20-ти ноември, Стартап Македонија заедно со 60 партнери организира повеќе од 45 настани за поттикнување на претприемачко образование, инклузија, креирање јавни политики во екосистемот како и градење и унапредување партнерства. Со овие настани, домашниот екосистем се вклучува во Глобалната недела на претприемништвото која оваа година го прославува својот 15-годишен јубилеј. Партнерите на Глобалната недела се претставници ...

За корисниците на Android да не останат без заштита од следењето кое го прават апликациите на мобилните, по пуштањето на App Tracking Transparency од Apple, се погрижија од компанијата DuckDuckGo, кои се познати по својата работа поврзана со приватноста на комуникацијата. DuckDuckGo ја претстави својата App Tracking Protection функција пред една година, а корисниците тогаш можеа да ја користат само преку добиена покана. Од оваа недела App ...

Коментарите дека Always On екранот, кој Apple конечно го воведе со iPhone 14 Pro, е многу подобро имплементиран во споредба со Android, брзо беа покриени од критиките на корисниците. Разликата во имплементацијата е што Apple направи да се што се прикажува на „заклучениот екран“, вклучувајќи ја и позадината, се прикажуваат како Always On екран, само со намалување на светлината на екранот. За разлика од ова решение, Android корисниците добиваат ...

После неколку одложувања, што од технички проблеми, што од неповолни временски услови, NASA денес во 7:47 утрото успешно ја лансира SLS – Space Launch System ракетата и Orion леталото. Во овој случај, мисијата Artemis I е без астронаути и има за цел да лета околу 65.000 километри подалеку од Месечината и да се врати назад на Земјата. Пред враќањето на Земјата, Orion леталото ќе орбитира неколку дена околу Месечината, по што враќањето на Земјата ...

По претставувањето на Dimensity 9200, го чекавме претставувањето на Snapdragon 8 Gen 2 од страна на Qualcomm, па сега кога чипот е официјално претставен, гледаме дека имало зошто го чекаме. Snapdragon 8 Gen 2 донесува подобрувања во сите можни делови од чипот, па уредите кои ќе работат на него ќе бидат едни од најдобрите на пазарот. Qualcomm ги најави производителите кои ќе бидат првите кои ќе претстават уреди со овој чип до крајот на годината, ...

Vivo ќе ја претстави наредната генерација од нивната X серија, поточно X90, на 22 ноември. На таа дата од компанијата ќе одржат настан во Кина, па ќе го видиме најдоброто од компанијата за наредната година. Vivo X90 серијата треба да дојде со три модели, односно X90, X90 Pro и X90 Pro+. Ова е веќе стандард помеѓу производителите да имаат три различни модели од највисоката класа. Од тоа што е достапно како неофицијални информација, се очекува ...

Познатиот Ice universe, овој пат преку кинеската мрежата Weibo, објави три слики за кои тврди дека се сликани со Galaxy S23 Ultra, Galaxy S22 Ultra и Pixel 7 Pro. Сликите се од тиква која е сликана од близина и од нив може да се видат деталите, контрастот, острината и боите на трите различни телефони. Иако не можеме да сме сигурни дали сликите се навистина направени со телефоните за кои се тврди, но ако претпоставиме дека тоа е така, можеме да ...

Неколку години го чекаме влезот на Google на пазарот на уредите на преклоп, како што е Galaxy Z Fold од Samsung. Pixel Fold, како што сега неофицијално се нарекува, неколку пати се одложува, па оваа година можевме да прочитаме дека ќе биде претставен до крајот на годината, но најновите информации го ставаат некаде во мај идната. Без разлика на точниот месец кога ќе биде претставен, сега можеме да бидеме сигурни дека тоа ќе се случи, а првите ...

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, во духот на солидарноста со нашите партнери од Универзитетското студентско собрание при УКИМ и сите останати студентски собранија, изразува јавна поддршка на студентските собранија и им честита на вчерашната победа. Апелираме да се размислува за изнаоѓање на системско решение за субвенционираниот студентски оброк, налик на моделот применуван во европските земји, конкретно Словенија. Освен ...

На 3 и 4 декември Intertec.io ве повикува да учествувате во InterHack, 48 часовен хакатон, што ќе се случува во просториите на Intertec.io во Скопје. Се работи за дводневен предизвик каде ќе имате можност да ги примените своите вештини и знаење развивајќи проекти во Blockchain и Machine Learning технологиите за било која индустрија. Кој може да се пријави? Хакатонот е отворен за сите креативни индивидуалци и тимови кои имаат познавања или ...

Овој период од годината се карактеризира со влажни коловози и намалени температури на воздухот, што неповолно влијае на безбедното одвивање на сообраќајот. Ова може да резултира со намалена видливост, продолжување на сопирачкиот пат на возилото, деконцентрација на возачите и слично. Истражувањата покажуваат дека ефектите од лошите временски услови врз видливоста може да го зголемат времето на реакција на возачите за 13 до 75%, зголемувајќи ја ...

Во најновата тест верзија од Chrome, поточно најновата Canary верзија, Google тестира нова мала, но интересна можност. Боите на прелистувачот, кои веќе може да се менуваат, ќе може автоматски да се менуваат зависно од боите кои доминираат на позадината поставена на почетната страна од Chrome. Оваа новина не треба да се очекува наскоро да биде пуштена за сите корисници со оглед на тоа што е дел од Canary верзијата, а исто така таа не е вклучена, ...

Во уште една новина која ќе ја воведе Netflix, се освен откуп на доби сценарија за филмови и серии, може да се види обид да се задржи популарноста на сервисот кој сепак има проблем со тоа. За разлика до пред неколку години, на пазарот сега има повеќе конкуренти, а доста од нив работата си ја вршат подобро. Како и да е, Netflix најави годинава дека планираат да имаат „стриминзи“ во живо, а сега го имаме и првиот „стрим“ кој може да се очекува да ...

По отпуштањето на 11.000 вработени во Meta, повеќе познати како Facebook, што претставува околу 13% од вкупната работна сила во светот на компанијата, одредени производи ќе бидат погодени од одлуката. Поточно, прекинат ќе биде развојот на одредени паметни уреди кои и така не се покажуваат баш најдобро, односно не се ни уште официјално претставени. Во таа категорија спаѓаат паметниот часовник од Facebook, како и Portal уредите наменети за видео ...

Leica, еден од најпознатите брендови во светот на фотографијата, ја претстави втората генерација од нивниот смартфон, кој и баш не може да се нарече така. Од компанијата функционираат преку брендирање на веќе постојни модели, па тоа е случајот и со новиот Leica Leitz Phone 2. Leitz Phone 2 е направен на основа на Sharp Aquos R7, а во главно разликата помеѓу овие два телефони е брендот на Leica и црвениот круг на задната страна кој го покажува ...

Apple ги претстави првите уреди со нивниот M2 чип, но главните уреди кои ќе работат на посилните верзии од чипот останаа изгледа за идната година. Според информациите, MacBook Pro и Mac mini, кои треба да работат на M2, M2 Pro и M2 Max чиповите, можеме да ги очекуваме во пролет идната година. Овие компјутери не се единствените кои треба да се очекуваат за идната година, па тука е и последниот компјутер кој уште доаѓа со Intel чипови, а тоа е Mac ...

Прочистувачите на воздух станаа сè попопуларни во последните неколку години. Од нивното појавување на пазарот до денес, интересот за вакви уреди постојано се зголемува, што не е чудно кога ќе ги земеме предвид сите можности што ги нудат. Уредите што ги елиминираат сите негативни честички како чад од тутун, разни видови прашина или влакна од домашни миленици, брзо станаа составен дел на многу домаќинства. Колку се важни апаратите од овој тип ...

Изминатиот викенд, скопјани имаа можност да се почувствуваат како во Италија: вкусна италијанска храна, добра забава, дружење и италијанска музика. Фестивалот на италијанска храна го отвори Амбасадорот на Р. Италија, Андреа Силвестри, а за доброто расположение се погрижи Сашко Коцев кој до солзи ја насмеа публиката со своите шеги. Учесниците на Фестивалот, ТАВЕРНА ТОСКАНА, ЛА ТЕРАЦА, БОТТЕГА ДЕЛ ВИНО, ЕУРОЛАБ, ПИЦА ПЛЕЈС, БОТТЕГА ДЕЛ ГУСТО, ЈЕС ...

Според аналитичари од Јужна Кореа од компанијата UBI Research, Samsung не се многу заинтересирани за развој на екрани кои се намотуваат. Поради ова не треба во блиска иднина да се очекува претставување на ваков уред од страна на компанијата, но затоа може да се очекува продолжување на усовршувањето на екраните кои се преклопуваат. Samsung има покажано концепти досега за уреди со екран кои се намотува, но од компанијата никогаш не отидоа чекор ...

Сега станува појасно зошто Елон Маск толку ја форсира повисоката претплата за Twitter Blue и ја прави повеќе привлечна да ја плаќаат поголем процент од корисниците, за разлика од претходно. Тој за време на поголем состанок во компанијата истакнал дека не може да се исклучи можноста Twitter да банкротира. Компанијата според информациите нема направено профит од 2019 година, а и самиот Маск еднаш истакна дека дневно губи по 4 милиони долари. Во ...

Денес, во 13.00 часот, на плоштадот Македонија започнува Фестивалот на италијанска храна, настан во организација на Амбасадата на Р. Италија и ITA – Italian Trade Agency, со кој се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност. Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги ...

По веста дека Apple го има ограничено периодот во кој корисниците можат да ја имаат вклучено функцијата за споделување преку AirDrop со сите на 10 минути, од компанијата потврдија дека оваа промена ќе биде пуштена за сите корисници во светот. Причината поради која ова ограничување е воведено во Кина е поради демонстранти кои протестираат против властите, почнале да испраќаат анти-владини материјали на непознати луѓе преку AirDrop функцијата. ...

Во последните 15 години македонскиот ИТ сектор бележи вртоглав развој. Од тоа кога скоро никој не знаеше за Македонија и неколку мали компании кои пружаа услуги по outsourcing моделот на клиенти од Западна Европа и Северна Америка некогаш, до тоа да бидеме препознаени како сервисни компании за светски познати компании или како земја со unicorn стартапи кои доживуваат глобален успех вреден во милијарди долари. Извозот на ИКТ услуги од Македонија, ...

Microsoft оваа недела ја пушти верзијата 22623.891 во бета каналот од Windows Insider програмата за Windows 11. Оваа верзија донесува неколку новини од кои најмногу се истакнува една која е поврзана со Task Manager. Оваа апликација веќе доби редизајн во стилот на Fluent Design, како и префрлување на табовите од горната на левата страна од апликацијата. Task Manager сега изгледа многу помодерно и не може да се користи за критика на Microsoft што ...

Елон Маск во текот на денешниот ден ја испрати првата имејл порака до вработените на Twitter преку која им нагласи дека ќе треба да се подготват за тешки времиња кои следат. Во основа тој ги подготвува половината од вработените кои останаа во компанијата за промените кои ќе следат со цел да ја направат компанијата профитабилна, како и да ги воведат планираните новини. Покрај ова, Маск ги извести вработените дека веќе нема да можат да работат од ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
75%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
89%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
44%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.4
50%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
43%
1010
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
72%
1012
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
1.54
58%
1013
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
4.63
84%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
78%
1012
Currency

61.535

Currency

52.8878

Currency

70.8243

Currency

34.4868

Currency

38.3402

Currency

65.6048

Currency

7.37366

Currency

0.65355

Currency

0.35534

Currency

0.52514

Currency

1.27793

Currency

0.59821