Во рамките на Lenovo Tech World ’22, Motorola, брендот во сопственост на Lenovo, прикажа интересен концепт на смартфон со екран кој се намотува, наместо да се превиткува како што е случајот во главно на достапните уреди. Телефонот преку намотување на еластичниот екран ја менува својата големина од 4 инчи на 6,5 инчи со што се добива големина повеќе стандардна за денешните смартфоните. Намотувањето се прави на долниот дел од уредот, а со тоа ...

Оваа недела Windows 11 ја доби својата прва надградба од серијата на помали надградби кои ќе бидат пуштани повеќе пати во годината, а една од главните новини кои ги донесе се „табови“ во File Explorer. Windows 10 исто така оваа недела доби надградба, односно ја доби својата стандардна годишна надградба, во овој случај 22H2. Исто како што е случајот со Windows 11, Microsoft го промени начинот на именување на овие годишни надградби, па најновата ...

Фестивалот на светлината – SKOPJE LIGHT FESTIVAL e културно-општествен настан на кој светлосни дизајнери и уметници по петти пат на Скопје и скопјани ќе им ја претстават магијата на светлосната уметност. Темата на овогодинешниот SKOPJE LIGHT FESTIVAL е рефлексијата која нѐ поттикнува да ја истражиме светлината, да ја почувствуваме и да уживаме во нејзиниот пат. На 5-то издание учество ќе земат авторите: Рубин Трајковски, Анета Стојчевска, Зоран ...

По пуштањето на првата поголема надградба на Windows 11 минатиот месец, Windows 11 2022 Update, Microsoft потврди дека системот ќе добива повеќе мали надградби во текот на годината, но нема да престанат поголемите годишни. Првата ваква помала надградба беше најавено дека ќе биде пуштена веќе наредниот месец, односно во октомври, па од оваа недела истата е достапна за сите корисници. Како главна новина со оваа надградба, која доаѓа во форма на ...

Netflix воведе нова можност за корисниците кои сакаат да отворат посебна сметка од сервисот, да ги задржат своите прилагодувања преку префрлување на нивниот профил во новата сметка. Profile Transfer треба да им стане достапен на сите корисници во светот во периодот што следи, а на оваа нова функција се гледа како на првиот чекор до воведувањето на дополнителна претплата доколку една сметка има корисници кои не се дел од истото домаќинство. ...

Apple вчера покрај претставувањето на iPad Pro со M2 чипот, ја претстави и десеттата генерација од нивниот основен iPad модел, односно од првиот модел пред овој таблет компјутер да има повеќе варијанти. Со оглед на тоа што новиот iPad Pro не е некоја посебно голема надградба во споредба со претходниот модел, слободно може да се каже дека поголемите промени доаѓаат кај десеттата генерација од основниот iPad. Веднаш се забележува новиот дизајн на ...

Како што се шпекулираше, Apple оваа недела официјално претстави два нови iPad модели, но без посебен настан. Истите беа објавени преку страната на компанијата, а достапни се и кратки видеа каде се презентираат новите функции. iPad Pro, исто како и претходната генерација, доаѓа во две големини, односно со 11 и 12,9 инчен екран. Повторно помалиот модел не ја добива mini LED технологијата која овозможува посличен контраст со тој кај OLED екраните, ...

„Макпетрол“ АД, како компанија со 75-годишна традиција верува дека општествената одговорност на компаниите има голем придонес во развивање на општеството и во обезбедувањето на квалитетен живот на граѓаните. Токму затоа, ни претставува огромно задоволство и чест што на вчерашната свечена академија, по повод 60-ти годишен јубилеј на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, на компанијата „Макпетрол“ АД ѝ беше врачена ...

Apple официјално потврди дека новите верзии од нивните два преостанати оперативни системи кои не беа надградени минатиот месец, ќе бидат надградени на најновите верзии на 24 октомври, односно следниот понеделник. Тоа значи дека корисниците на Mac компјутерите можат да го очекуваат macOS Ventura, додека корисниците на iPad ќе ја добијат надградбата на iPadOS 16.1. iPadOS требаше да биде пуштен заедно со iOS 16, тие уште во поголем дел го делат ...

На почетокот од овој месец, по објава од страна на корисници, се дозна дека од Google ја тестираат можноста да гледањето на YouTube видеата во 4К резолуција биде достапно само за претплатниците на Premium претплатата на сервисот. Ова секако не помина добро кај корисниците, иако се работи за тест кај ограничен број на корисници, па на повеќето сега за сега не им беше ограничена можноста да гледаат 4К видеа бесплатно. Од YouTube оваа недела ...

Meta, која во 2020 уште се викаше Facebook, во таа година го купи познатиот GIPHY сервис за GIF слики, но веќе наредната година британското регулаторно тело за конкуренција CMA – Competition and Markets Authority одлучи дека компанијата мора да биде продадена. Како глави причини за оваа одлука на CMA може да се сумираат во ограничувањето останатите друштвени мрежи да имаат нормален пристап до GIPHY, како и барањето останатите мрежи да дадат ...

Со инклузивен спортски натпревар, помеѓу поранешни ракометарки на „Кометал Ѓорче Петров“ и на продавачите на списанието за одржлив развој „Лице в лице“, ќе биде одбележана јубилејната 10-та година од постоењето на истоимената Платформа за одржлив развој. Ова воедно е и одбележување на победата на „Кометал ЃП“ во 2002 година над унгарскиот „Херц Ференцварош“ во финале, освојувајќи ја престижната Лига на шампиони. Натпреварот ќе се одржи во ...

Од причина што грејната сезона започна на 15-ти октомври, сè поизвесно е прашањето за производство на топлинска енергија и загревање на објектите во градот Скопје, за месец ноември. Макпетрол АД ја известува пошироката јавност дека минатата недела, на 12-ти октомври достави Понуда до АД ЕСМ за количините потребни за топланите Исток и Запад за месец ноември. Крајниот рок за прифаќање на понудата од страна на АД ЕСМ измина на 17-ти овој месец, за ...

Здружението за истражување и анализи ЗМАИ го презентираше Извештајот за отвореноста на општинските буџетски процеси за 2021 година, Индексот на отвореност на општините за 2021 година и Компаративната анализа на отвореност на општините во буџетските процеси. Индексот на отворени општини (ИОО) е сеопфатен индикатор за оценување на општинскиот буџетски процес за една фискална година низ три димензии: 1) транспарентност, 2) вклученост и праведност и ...

Со сите свои позитивни страни, сепак Android оперативниот систем со години има еден проблем, а тоа е малата прилагоденост за таблет компјутерите. Тоа посебно важи и за апликациите кои не се баш оптимизирани, па на поголемите екрани го имаат истиот, само раширен, кориснички интерфејс. Google конечно им текна да ја променат оваа ситуација, па минатата година ја претставија 12L верзијата од Android која е специјално дополнета со функции за таблет ...

Американскиот рапер Је, односно Кање Вест, ќе стане сопственик на една од најконтроверзните друштвени мрежи, Parler. Сопственикот на мрежата, компанија Parlement Technologies го објави постигнувањето на договорот со Вест и истакна дека очекуваат тој да ги искористи неговите таленти за создавање на вистински „неоткажлива“ околина. Причината поради која Parler доби голема популарност е обвинувањето дека преку неа, меѓу другите, биле организирани ...

Galaxy Z Fold4, на прв поглед делува како да е само мала надградба од ланскиот модел за кого рековме дека е спремен за секојдневно користење. Сепак, кога ќе почне да се користи овој уред, полека се гледа дека промените не се баш така мали. Ако ланскиот модел беше спремен за секојдневно користење, тогаш Galaxy Z Fold4 го нарекуваме уредот кој секој напреден корисник мора да го има. Овој уред не само што ја зголемува продуктивноста на корисникот, ...

Според писмо испратено од SpaceX до Министерството за одбрана на САД, објавено од страна на CNN, од компанијата имаат побарано министерството да го преземе плаќањето на трошоците кои се поврзани со интернет пристапот во Украина. Како што е познато, Starlink на SpaceX веќе со месеци испраќа уреди за пристап до нивниот сателитски интернет, нешто што испадна доста важно и клучно за комуникацијата во земјата, а посебно во деловите каде што се ...

СКОПЈЕ, 17.10.2022: Подготовките за најголемата конференција за е-трговија во Македонија, која годинава ќе се одржи на 11 ноември под мотото „E-commerce: Accelerate“, се во полн ек. И годинава, конференцијата за е-трговија ќе биде место каде што сите присутни ќе можат да ги прошират своите знаења во областа на е-трговијата, како и да се запознаат со домашните и странски експерти од областа на е-трговијата, дигитализацијата, е-плаќањата и ...

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата м-р Гордана Кожуваровска и портпаролот на МВР Тони Ангеловски, од 13 до 15 октомври 2022 год., учествуваа на Форумот за унапредување на системот за безбедност на сообраќајот 2022 под мотото „Визија нула загинати деца во сообраќајот“ кој се одржа во Златибор, Република Србија, во организација на Агенцијата за безбедност на сообраќајот и Министерството за внатрешни ...

Скопје, 14 Октомври 2022 – Samsung Electronics оваа недела во Сан Франциско ја одржа својата годишна конференција за програмери на Samsung (SDC), соединувајќи ги програмерите, креаторите и дизајнерите за да го истражат совршеното, поврзано искуство. На настанот, Samsung ја истакна својата посветеност за создавање поедноставни, револуционерни кориснички искуства, вклучувајќи ја и проширената визија на компанијата за платформата SmartThings, која ...

Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека од 17-ти октомври, започнува со прием и достава на документација за екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:00 часот. Воедно, сакаме да информираме дека продажбата оваа година ќе се врши преку складовите на „Макпетрол“ АД. Деталните информации околу уплатата и испораката на екстра лесното масло за домаќинство граѓаните ...

Samsung официјално го претстави својот One UI 5, поточно измената која ја прават на Android оперативниот систем, а во овој случај на Android 13. Корисниците добиваат добра листа на новости, па покрај тие кои се карактеристични за Android 13, Samsung има додадено и интересни нивни новини. Први кои ќе ја добијат надградбата на One UI 5 се корисниците на Galaxy S22 серијата, кои можат да ја очекуваат во неделите што следат, најверојатно до крајот ...

После месеци на најава, Netflix официјално ја пушти нивната нова претплата која има пониска цена и поради тоа доаѓа со реклами. Како што неофицијално се најавуваше, пониската претплата чини 6,99 долари, што е помалку од основниот Basic пакет. Треба да се нагласи дека оваа нова претплата е пониска за корисниците во САД и уште неколку земји, а во нашата земја претплатите се веќе пониски и прилагодени на пазарот. Basic with Ads, како што е наречена ...

14.10.2022, Скопје – Искуството е она кое нема цена, а дружбата и пријателите остануваат за цел живот, вака студентот по архитектура Андреј М. Петровски го опишува престојот во Лион, Франција кој во март годинава бил реализиран преку Еразмус проектот „ИНТЕРВЕТ Западен Балкан“. Младиот претприемач Владимир Јовановски при својот неколку месечен престој во Измир, Турција, стекнал знаења за полесно развивање на бизнисот кој веќе го има, но ѝ му ...

За време на Microsoft Ignite конференцијата оваа недела, од компанијата најавија дека еден од нивните најпознати брендови, Microsoft Office, ќе биде заменет и со тек на време веќе нема да се користи. На местото на Microsoft Office ќе почне да се користи брендот Microsoft 365, а дека од компанијата одат во овој правец можевме да видиме уште пред две години кога сервисот Office 365 беше преименуван во Microsoft 365. Промената на брендот ќе може да ...

По проблеми и блокирање на апликацијата, сега Truth Social, друштвената мрежа на Доналд Трамп, повторно е достапна на Android преку Play Store. Апликацијата прво беше блокирана поради непридржување до правилата на Play Store, поточно поради наводно недоволно модерирање на содржината која се објавува од страна на корисниците. Ова е интересна забелешка за мрежа која е започната поради обвинувањата дека другите мрежи претеруваат со, кратко кажано ...

Скопје, 13 Октомври 2022 – Samsung Electronics на конференцијата „Samsung Developer Conference 2022“ (SDC2022) која се одржа вчера ја претстави новата серија на алатки кои ќе им помогнат на програмерите и заедницата да ги обликуваат навиките за здравје и безбедност. Овие алатки ја вклучуваат програмата Samsung Privileged Health SDK за одредени партнери, Fall Detection API за поддршка на безбедноста на корисниците, ново истражувачко решение на ...

За време на Microsoft Ignite конференцијата, директорот на компанијата Сатја Надела, при неговата презентација користеше Windows со кориснички интерфејс кој не е стандарден и кој досега не е виден. „Таскбарот“, кој е препознатлив за Windows одамна, на презентацијата беше одвоен од долниот дел од екранот, како и од страните, па заедно со заоблените ќошиња изгледаше како да лебди. Овој дизајн избор може да се спореди со „докот“ на macOS, со таа ...

Компанијата Polestar го претстави својот трет целосно електричен автомобил, Polestar 3. Овој пат од компанијата се одлучија за SUV автомобил, што значи дека може да се очекува одлична популарност, барем така ни делува на нас. Според цената, ова е автомобил кој ќе конкурира со големите, односно Tesla, Mercedes, Audi и BMW, а ќе се продава за 89.900 евра, очекувано кога ќе се видат карактеристиките и технологијата во Polestar 3. Тоа по што се ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.83
46%
1018
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
1.59
49%
1017
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.42
47%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.29
70%
1018
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.93
57%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.44
66%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 16ᴼ
4.92
62%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
0.49
50%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.76
44%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
2.24
47%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 17ᴼ
0.89
44%
1016
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.58
45%
1017
Currency

61.525

Currency

54.9881

Currency

73.1796

Currency

35.6426

Currency

39.5037

Currency

65.5444

Currency

7.63169

Currency

0.68868

Currency

0.37382

Currency

0.52117

Currency

1.41766

Currency

0.64544

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69