
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Скопје, 01.09.2022 – Со пакетче училиштен прибор и Бонтон за деца, слончето Халки им посака топло добредојде на над 3.000 првачиња кои денеска првпат седнаа во училишните клупи. Целта на оваа активност, која се спроведе во 50 училишта низ целата држава, е првоодделенците преку илустриран бонтон, прилагоден за нивна возраст, да ги научат основните правила за добро однесување на училиште. Дополнително, Халки на првачињата им подари основен прибор ...
Децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Императив на сите нас е да ја зголемиме безбедноста на децата во сообраќајот со што ќе ја заштитиме нашата иднина. Денес започнува новата учебна година, што значи огромен број деца ќе се упатат кон градинките и училиштата. Токму тие – децата кои пешачат или управуваат велосипед, тротинет и сл. се најмалите учесници во сообраќајот и неопходно е да знаат како да сe однесуваат во истиот. РСБСП ...
Turlock Irrigation District (TID), во соработка со University of California Merced, државата Калифорнија и Solar AquaGrid компанијата, планираат да постават соларни панели, како еден вид на настрешници врз канали кои се полни со вода за наводнување. Целта на овој пилот проект е да докаже дека поставувањето на панелите врз каналите, може да има одредени предности, па истото да се направи на сите канали во државата. Проектот, кој треба да биде ...
Останува уште точно една недела до настанот на Apple на кој ќе ја претстави новата iPhone 14 серија. На овој настан, покрај iPhone 14, се очекува да бидат претставени и Watch Series 8 часовниците, нови AirPods Pro, iPad, Mac Pro, па ќе видиме дали уште нешто додатно. Со месеци веќе можевме да видиме неофицијални информации за што ново ќе донесе iPhone 14, а сега го имаме и првото неофицијално видео кое ги потврдува претходните информации. Како и ...
Американскиот мобилен оператор T-Mobile и SpaceX најавија соработка која на корисниците ќе им овозможи константна поврзаност на мрежата, дури на местата каде што нема базни станици. За разлика од нашата земја која е доста помала по површина и е скоро 100% покриена со мобилна мрежа, во САД ситуацијата е доста поразлична, па од T-Mobile истакнуваат дека скоро 1.3 милиони квадратни километри не се покриени од ниту една мобилна мрежа. Овие делови ќе ...
На настанот кој Apple ќе го одржи на 7 септември, односно наредната среда, покрај претставувањето на iPhone 14 серијата, ќе бидат претставени и Watch Series 8 паметните часовници. За оваа година се очекува дека Apple ќе претстави „Pro“ верзија од нивниот часовник, па можеме да го очекуваме претставувањето на Apple Watch Series 8 Pro. Покрај овој модел и стандардниот Watch Series 8, се очекува претставување на нова верзија од поевтиниот Watch SE. ...
СКОПЈЕ – 30 август 2022 година – На виртуелниот настан „Bespoke Home 2022“ во јуни, Samsung ја претстави својата визија за одржливи домашни решенија засновани на концептот на нарачани уреди кои се прилагодуваат на корисниците и обезбедуваат ефективни решенија во согласност со нивниот животен стил. Овој концепт вклучува намалување на отпадот со продолжување на животниот циклус на домашните апарати на Samsung преку доверливост, бидејќи честата ...
Apple iPhone од првата генерација, неотпакуван во своето оригинално пакување, беше продаден на аукција за 35.414 долари. Кога ќе се земе во предвид значењето на овој телефон за телефонската индустрија, како и фактот дека е некористен, цената и не треба да изненадува. Според информациите и сликата на кутијата, се работи за првата серија од претставувањето на iPhone во 2007 година, а тоа се гледа од достапноста на 12 икони. Иконата за iTunes е ...
Претплатата за Netflix која треба да биде пониска од останатите поради прикажувањето на реклами изгледа ќе чини од 7 до 9 долари. Оваа информација се’ уште е неофицијална и ја објавува Bloomberg. Според нивните информации, првите десеттина земји кои ќе ја добијат оваа нова претплата би требало да бидат објавени до крајот на годината, додека останатите идната. Со оглед на тоа што Netflix нема исти цени во сите земји, доколку оваа претплата биде ...
AMD ја претстави својата најнова серија на десктоп процесори, а од тоа што може да се види, тие продолжуваат да донесуваат одлична конкуренција на пазарот кој до пред некоја година беше доминиран во главно од Intel. AMD Ryzen 7000 серијата повторно ќе му предизвика проблеми на Intel, па ќе видиме што ќе донесе наредната генерација на процесори од оваа компанија. Ryzen 7000 е поголема надградба на процесорите од AMD, со целосно нова архитектура и ...
Ова лето Samsung Z серијата доби нов член со помоќни перформанси, за уште подобро искуство во секојдневната употреба. Galaxy Z Fold4, најновиот модел на уред на преклоп посветен на подобра продуктивност, неодамна беше лансиран ширум светот, а ние ви ги пренесуваме деталите за тоа што го враќа овој телефон на тронот. Завршувањето на обврските кога сме во движење, во канцеларија, помеѓу состаноци и слично може да биде вистинска борба. Потпрете се ...
DuckDuckGo ја пуштија бета верзијата до нивниот нов сервис DuckDuckGo Email Protection за сите корисници кои би сакале да го пробаат. Овој сервис досега им беше достапен само на ограничен број на луѓе, па сега секој кој би сакал може да види за што се работи. DuckDuckGo Email Protection не е класичен имејл сервис, а тоа може да се претпостави и од самото име. Ова е сервис за препраќање на пораките, а целта на тоа е да се тргнат претходно сите ...
Google ја пушти тест верзијата за програмерите од својата нова SDK алатка со која корисниците треба да добијат многу подобро функционирање на апликациите на различни уреди. Од компанијата ја најавија оваа алатка за време на Google I/O оваа година. Во основа, програмерите кои ќе почнат да ја користат оваа алатка и да ги искористат новините, ќе им овозможат на корисниците многу поедноставно корисничко искуство доколку имаат повеќе од еден Android ...
Компанијата отвори нова бензинска станица во градот Велес која се придружува на современата мрежа на бензински станици на „Макпетрол“ низ државата. Оваа бензинска станица, исто како и останатите, е опремена според највисоките светски стандарди и ќе ги задоволува секојдневните потреби на потрошувачите од градот Велес и околината. Новата инвестиција на „Макпетрол“ доаѓа во годината кога компанијата одбележува 75 години постоење на македонскиот ...
Скопје, 26 август 2022 година – Серијата Galaxy Z телефони на преклоп на Samsung пристигна во С. Македонија. Последната генерација на револуционерни паметни телефони на преклопување Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4 имаат приспособлив хардверски дизајн, персонализирани функции и подобрени перформанси. Четвртата генерација на серијата Galaxy Z продолжува да ги нарушува конвенциите и нуди нови, моќни интеракции кои го подобруваат секојдневниот ...
26.08.2022, Скопје – Енергетската криза сериозно го погодува стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната струја на берзите преставува закана за опстојувањето на најголем дел од деловните субјекти, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Трајан Ангелоски на денешната прес-конференција, потенцирајќи дека веднаш се потребни конкретни мерки за поддршка на претпријатијата, ...
Скопје, 26.8.2022г. – А1 Македонија со големо задоволство најавува збогатена понуда во конвергентното, A1 Combo портфолио со кое корисниците ја добиваат најдобрата комбинација на конвергентни услуги кои овозможуваат мобилни услуги, интернет и телевизија на фиксна локација и тоа по најповолни услови. Со најновата A1 Combo понуда, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе го продолжат постечкиот договор, имаат единствена можност да добијат А1 ...
Изгледа дека пуштањето на Google Play Games за Windows компјутерите се ближи, со проширувањето на достапноста на тестот кај сите корисници во земјите каде што оваа апликација веќе се тестира. Досега, во земјите кои Google ги избра за тестирање на апликацијата, Play Games им беше достапен само на ограничен број, поканети корисници. Сега во овие земји сите заинтересирани корисници можат да ја инсталираат апликацијата и да ги пробаат Android игрите ...
Ова лето Samsung Z серијата доби нов член со помоќни перформанси, за уште подобро искуство во секојдневната употреба. Galaxy Z Fold4, најновиот модел на уред на преклоп посветен на подобра продуктивност, неодамна беше лансиран ширум светот, а ние ви ги пренесуваме деталите за тоа што го враќа овој телефон на тронот. Завршувањето на обврските кога сме во движење, во канцеларија, помеѓу состаноци и слично може да биде вистинска борба. Потпрете се ...
LastPass, еден од најпознатите сервиси за чување на лозинки, објавија дека нивните системи биле пробиени во безбедносен инцидент кој се има случено пред две недели. Корисниците нема потреба да направат ништо, а нивните податоци во овој случај не биле погодени. Инцидентот се има случено во дел од развојната платформа за сервисот, а до тоа е дојдено преку пробиена сметка на еден од програмерите. Земени биле делови од изворниот код кој е отворен, ...
Ingenuity малиот хеликоптер, кој на Марс беше однесен како дел од мисијата на Perseverance роверот, го направи својот прв и историски лет уште во април минатата година. Ова беше важен момент за NASA и нивните соработници кои покажаа дека можат да испратат летало кое целосно независно ќе може да лета на друга планета, каде што гравитацијата и атмосферата не се исти како на Земјата. Во периодот што следеше Ingenuity направи уште доста летови и ...
Иако скоро целата земја е покриена со 4G сигнал, сепак немањето на надворешни антени во понудата од нашите оператори прави да користењето на интернетот не е баш секаде погоден како што треба. Одлична алтернатива е Starlink интернетот од SpaceX кој е овозможен преку моментално повеќе стотици сателити поставени во ниската орбита. Поради ова, овој интернет може да се користи независно, без потреба од дополнителни оператори. Од јуни оваа година ...
Анализа од Stockapps.com, прави споредба на бројот на податоци кои ги собираат дел од поголемите ИТ компании, а со тоа потенцијално ја нарушуваат приватноста на корисниците. Очекувано, на првото место е Google кои собираат 39 податочни точки од корисниците, меѓу кои посебно се истакнува локацијата на корисникот. На последно место е Apple кои собираат „само“ 12 податочни точки, а тоа што изненадува е Facebook кои се блиску до Apple со 14 точки. ...
Како што почнаа да излегуваат шпекулациите, сега ја имаме и официјалната потврда за датата кога Apple планира да ги претстави нивните нови iPhone 14, меѓу другото. Оваа година настанот ќе се одржи порано од обично, па вашите потсетници ќе треба да ги наместите за 7 септември. Настанот, кој се очекува да трае два часа, ќе започне во 19:00 според македонско време и ќе може да се гледа во живо преку страната на Apple, како и преку нивната Apple TV ...
Samsung ја претстави новата генерација од нивната серија од пониската класа телефони, Galaxy A04. За разлика од порано, овие телефони функционираат одлично, а имаат и по некоја понапредна карактеристика, па не е чудо што одреден процент од корисниците сметаат дека нема потреба од купување на било што поскапо. Galaxy A04 е наследник на ланскиот Galaxy A03 и иако промените не се драстични, тој сепак донесува одредени подобрувања. Екранот му е со ...
По издвојувањето како посебен оперативен систем со посебни функции за таблет компјутерите, iPadOS продолжи да биде пуштан за корисниците заедно со iOS, на чија основа уште е направен. Оваа година за првпат тоа нема да биде така, а дека работите ќе одат во тој правец стана јасно по пуштањето на iPadOS 16.1 beta, наместо да се продолжи со бета верзиите од 16.0 верзијата како што е случајот со iOS. Информациите дека пуштањето на овие два оперативни ...
Неодамна Samsung ја претстави новата генерација паметни часовници Galaxy Watch5 и Galaxy Watch5 Pro, холистичка здравствена иновација опремена со паметни можности за следење на спиењето, персонализиран дизајн и подобрена издржливост што ги обликува секојдневните навики за здравје и благосостојба. Па како да го извадиме максимумот од секојдневните фитнес активности? Одберете ја вашата омилена боја, персонализирајте ги функциите и следете ги ...
Првата поголема надградба на Windows 11, кој беше претставен минатата година, доаѓа оваа есен. Што се ново донесува оваа верзија од оперативниот систем веќе знаеме, истата се тестира преку Windows Insider, а сега изгледа е познато и нејзиното име. Според Get Started апликацијата која е дел од Windows, името на првата надградба на Windows 11 ќе биде Windows 11 2022 Update. Ова е различно од именувањето на Windows 10 надградбите кои го носеа и ...
Апликациите кои овозможуваат заштитени разговори преку нивно шифрирање се голема цел за пробивање на оваа заштита. Dr. Web компанијата откри еден начин, а тоа е преку продажба на фалсификувани смартфони кои во нив имаат малициозен софтвер. Поточно, од компанијата имаат откриено смартфони кои се направени да изгледаат како некои од тие на познатите брендови, а малициозниот софтвер во нив е наменет за следење на разговорите во WhatsApp, како и ...
Судскиот процес кој го покрена Twitter во обид да го натера Елон Маск да го продолжи процесот на купување на компанијата по откажувањето од негова страна, треба да почне на 17 октомври. Судењето ќе трае само пет дена, по што ќе треба да се види кога би била донесена одлуката. Причината поради која Маск се откажа од купувањето на Twitter, за што понуди 44 милијарди долари, е тврдењето дека од компанијата погрешно ги претставуваат лажните и спам ...