
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Apple го започна претставувањето на новата генерација од iPhone со претставувањето на iPhone 14 и iPhone 14 Plus. Како што се очекуваше, iPhone веќе нема да има mini верзија, а разликата помеѓу моделите се поедноставува со достапност на две големини. iPhone 14 има екран со големина од 6,1 инч, додека iPhone 14 Plus има екран со големина од 6,7 инчи. iPhone 14 и iPhone 14 Plus доаѓа со ланскиот чип A15, но со одредени подобрувања кои треба да ...
Far Out настанот Apple го започна со претставување на Apple Watch Series 8, кој на прв поглед на делува дека е нешто различен од ланската верзија. Што се однесува до дизајнот, тоа е вистина, па новите функции се повеќе поврзани со сензорите и софтверот. Повеќе пати можевме да прочитаме дека Apple Watch Series 8 ќе дојде со сензор за телесната температура, но беше истакнато дека тоа нема да биде баш за класично мерење. Функцијата за мерење на ...
Qualcomm минатата година најави дека го менува начинот на којшто ќе функционира брендирањето на нивните производи, со издвојување на Snapdragon повеќе да се користи и поедноставување на именување на чиповите од различните класи. Сега повеќето корисници полесно би требало да знаат за каков чип се работи, без да треба многу да истражуваат. Првиот чип кој беше претставен со новиот начин на именување беше Snapdragon 8 Gen 1, по што следуваат и ...
Посветен на создавање мобилни иновации кои не само што ги поместуваат границите на она што е возможно, туку и овозможуваат истите да ги користат што е можно повеќе луѓе, Samsung го воведува најновиот софтвер One UI 4.1.1 од моделите на телефони Galaxy Z Fold4 и Z Flip4 и One UI Watch4.5 софтвер од серијата Galaxy Watch5 часовници во претходните генерации на Galaxy телефоните на преклоп и паметни часовници. Надградбата на софтверот започна со ...
Google официјално го закажа нивниот „Made by Google“ настан на кој ќе ги претстави новите генерации од нивните Pixel телефони, односно веќе делумно прикажаните Pixel 7 и Pixel 7 Pro. Настанот ќе се одржи на 6 октомври со почеток во 16:00 часот по македонско време, а ќе може да се следи во живо преку YouTube каналот од компанијата. Конечно, како што почнаа да практикуваат и другите компании, на настанот ќе има покането да присуствуваат луѓе, иако ...
Apple денес го одржува нивниот „Far Out“ настан на кој главното внимание секако ќе биде новата iPhone 14 серија која традиционално е претставувана во септември, а оваа година и најрано во месецот. Настанот ќе може да се гледа во живо преку страната на компанијата, односно на https://www.apple.com/apple-events/event-stream/, како и преку YouTube на овој линк. Почетокот на настанот ќе биде во 19:00 часот по македонско време. Од неофицијалните ...
Иако од Microsoft уште ја немаат потврдено оваа информација, сепак се верува дека од компанијата се враќаат на поранешниот начин на пуштање нови верзии од Windows. Тоа значи дека Windows ќе добива нова верзија на секои три години, па во 2024 изгледа може да го очекуваме Windows 12. Ова не значи дека Microsoft го прифаќа целосно поранешниот начин на функционирање и не значи дека Windows 11 нема да добие нови функции наредните години. Според ...
Обуката за програмата ќе започне во октомври и ќе трае четири недели. Предавањата ќе се одвиваат онлајн. Целиот процес се одвива преку интерактивни предавања и практични вежби кои ги водат експерти на Сеавус, со долгогодишно работно искуство стекнато преку работа на проекти за реномирани телеком компании. Кандидатите ќе имаат одлична можност да се стекнат со техничко познавање за употреба, конфигурација и развој на нови функционалности и ...
Huawei Consumer Business Group денеска ја претстави серијата HUAWEI Mate 50 во Кина, најновиот револуционерен водечки паметен телефон, кој уште еднаш ја докажува посветеноста на брендот за создавање клучни иновации со премиерите во култната Mate серија. Серијата HUAWEI Mate 50 го воведува првиот променлив отвор на бленда со 10 застанувања во системот за фотографирање на еден мобилен телефон. Технологијата XMAGE imaging, ексклузивна за серијата ...
Каратистите на клубот „Макпетрол“ – Скопје се вратија со осум медали од меѓународниот карате турнир „Ноќ на шампионите 2022“ што се одржа викендов во Бјелина, Босна и Херцеговина. На овој турнир учествуваа 10 спортисти од карате-клубот „Макпетрол“ кои настапија во дисциплината борби во поединечна конкуренција. Во многу силна конкуренција на 639 спортисти од 73 клубови од 10 држави, нашите каратисти освоија четири сребрени и четири бронзени ...
Оваа година, Samsung го претставија најновиот модел од добро познатата серија А на паметни телефони која обезбедува исклучително ниво на корисничко искуство за уживање во вашите омилени активности, содржини и апликации. Galaxy A53 5G се издвојува со подобрените карактеристики на камерата, нов моќен процесор, волшебно цврст екран и уште подобро поврзување со Galaxy екосистемот. Одлична камера – секогаш остра и стабилна Моќниот систем со четири ...
За време на IFA 2022, Lenovo претстави очила кои се замислени да им донесат на корисниците голем екран пред нивните очи. Glasses T1 можат да се поврзат со било кој уред кој има USB-C порта, што значи дека може да се поврзе со PC, Mac, смартфони, таблет компјутери. За поврзување со iPhone сепак ќе мора да се користи посебен адаптер поради тоа што Apple никако да се реши да почне да го користи USB-C кај нивните телефони. Замислата зад Lenovo ...
На недела дена пред официјалното претставување на новата iPhone 14 серија, Samsung излезе со реклама во која ги истакнува некои од предностите на нивните уреди, поточно на Galaxy S22 Ultra и Galaxy Z Flip4. Рекламата започнува со најава за најновиот настан на Apple, па со предности на Samsung уредите како најмногу мегапиксели на камера на телефон, нешто што ќе биде во нечиј друг џеб, можноста за сликање на месечината и добивање на сите тие ...
Скопје – 5 Септември 2022 година – Безжичната правосмукалка Samsung Bespoke Jet, која беше претставена и наградена на овогодинешниот CES, сега е достапна во Северна Македонија по препорачана малопродажна цена од 47.999,00 денари. Bespoke Jet доаѓа во минималистички и компактен дизајн, содржи бројни технолошки карактеристики и држач All-In-One Cleaning Station™ со кој овој елегантен уред претставува сеопфатно решение за чист дом. Создадете здрава ...
Претставувањето на Pro верзија од Apple Watch Series 8 е нешто што не очекуваме да не се случи, со оглед на огромниот број на гласини. За овој часовник се истакнува дека треба да им конкурира на Garmin часовниците кои се поскапи и најчесто ги користат планинарите и другите спортисти. Поради ова, се очекува дека Pro моделот од Apple Watch ќе дојде со поиздржлив и поголем екран, поиздржлива изработка и поголема батерија, а со ова и повисока цена ...
Скопје, 5.9.2022г. – Со иновативни дигитални решенија, богато конвергентно портфолио, најатрактивни понуди во мобилната телефонија и воведување на револуционерната 5G технологија со што најбрзата мобилна мрежа станува уште побрза, А1 одбележува три години присуство на македонскиот пазар. За таа цел, А1 воведува нова и збогатена понуда во мобилната телефонија со најсовремени 5G телефони и супериорна услуга за неверојатно 5G искуство и воведува ...
Huawei уште еднаш ја докажува својата посветеност на иновациите со новите уреди прикажани на актуелниот саем за потрошувачка електроника IFA 2022 во Берлин. Новите уреди демонстрираат карактеристики што го прават корисничкото искуство полесно, попријатно и посподелено. HUAWEI nova 10 и nova 10 Pro Новите паметни телефони HUAWEI nova 10 и nova 10 Pro се развиени со фокус на најновите трендови во фотографијата. Производителите на паметни телефони ...
На почетокот на декември оваа година, официјалната Microsoft Teams десктоп апликација за Linux ќе престане да функционира. Тоа што е добра вест за овие корисници е што тие ќе продолжат да имаат пристап до сервисот, само сега преку веб апликацијата. PWA верзијата од Microsoft Teams, односно веб апликацијата, ќе им стане достапна на корисниците на Linux што значи дека ќе можат да продолжат да го користат овој сервис. Кога ќе се земе во предвид ...
Една од главните новини кај iPhone 14 телефоните, која треба да биде достапна само кај „Pro“ верзиите, е замена на исечокот на екранот со две „дупки“, едната за камерата, а другата во форма на „апче“ за Face ID системот. Како тие би изгледале веќе можевме да видиме од слики направени на основа на информациите, но изгледа дека на Apple не им се доаѓа тој изглед да биде баш така. Според информациите, кои на Twitter ги потврдува познатиот Марк ...
Остануваат уште само два дена до „Far Out“ настанот на Apple кој ќе се одржи во среда на 7 септември со почеток во 19:00 часот по македонско време. Како и секогаш, настанот ќе може да се следи во живо преку страната на Apple, како и нивниот YouTube канал. На овој настан се очекува претставувањето на iPhone 14 серијата, Apple Watch Series 8, како и нова генерација од AirPods Pro. Марк Гурман од Bloomberg ги објави едни од последните гласини со ...
Од својата премиум серија на бела техника и извонредни QLED телевизори, до преносни пречистувачи на воздух и роботски правосмукалки, штандот IFA 2022 на Тесла е преполн со интерактивни експонати кои покажуваат како технологијата не е резервирана за привилегираните туку е дел од секојдневието на сите нас. На еден од најважните технолошки настани во светот, компанијата ќе ги изложи своите најдобри производи на 220 m² простор и ќе им обезбеди на ...
Советот за етика во медиумите на Македонија остро реагира за невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија Корчагин. СЕММ ги потсетува своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии. Прво, строго правило е дека за самоубиства не се информира, оти експертите одамна ја имаат потенцирано опасноста и ...
Дека една од најбараните функции на Twitter ќе стане дел од оваа мрежа дознавме во април оваа година. Тогаш од компанијата потврдија дека работат на „edit“ копче, а сега конечно има и конкретно придвижување на работите. Од Twitter информираат дека тие функцијата „Edit Tweet“ веќе ја тестираат внатре во компанијата, а тестот ќе биде проширен и со корисниците од Twitter Blue во неделите што следат. Со ова може да се каже дека достапноста на оваа ...
СКОПЈЕ – 1 септември 2022 година – Samsung Electronics Co., денес ја покажа својата визија за попаметен живот и одржлива иднина. За време на својата прес-конференција за IFA 2022, компанијата го истакна својот обновен концепт SmartThings, кој отвара нови можности за поврзување, приспособливост и одржливост низ категориите на производи на Samsung. Воведниот говор ги прикажа најновите достигнувања на Samsung во домашните уреди, телевизорите, ...
Десеттата генерација nova го наследува концептот на серијата HUAWEI nova – иновативен дизајн и одлична изработка. Овде, дизајнот се заснова на класичниот Star Orbit Ring, а предната камера е развиена со нови можности за фотографирање за корисниците да се изразуваат самоуверено, и секогаш да се во тренд. Серијата ги вклучува моделите Huawei nova 10 и Huawei nova 10 Pro. Совршена фотографија од кој било агол, со предна или задна камера Од селфи до ...
Заедничко застапување во јавноста на темите поврзани со евроатлантските перспективи на земјата, поддршка во справувањето со лажните вести, дезинформациите и теориите на заговор, како и соработка во сферата на дигитализација на општеството со цел унапредување на правата и можностите на секоја индивидуа и прилагодување на современите општествени текови – ова се основите на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Евро-Атлантскиот Совет на ...
USB Promoter Group, зад која стојат Microsoft, Apple, Intel, HP и други, го најави претставувањето на USB4 2.0 спецификацијата која донесува повторно дуплирање на брзината на пренос на податоци од претходната верзија, а овој пат и ги надминува карактеристиките на Thunderbolt. Оваа нова верзија од USB4 ќе донесе брзини до 80Gbps, а ќе продолжи да ги користи USB Type-C каблите и конекторите. Новиот стандард ќе биде компатибилен со претходните ...
Меморандум испратен до вработените, до кој имаат дојдено The Verge, открива формирање на нов сектор во компанијата наречен „New Monetization Experiences“, кој не се знае точно што би требало да донесе, но може да се претпостави. Се верува дека овој нов сектор ќе работи на развој на можност за плаќање од страна на корисниците за добивање на нови и ексклузивни за нив функции на мрежите и сервисите од компанијата, односно на Facebook, Instagram и ...
Една од главните новини кај iPhone 14 телефоните, која треба да биде достапна само кај „Pro“ верзиите, е замена на исечокот на екранот со две „дупки“, едната за камерата, а другата во форма на „апче“ за Face ID системот. Како тие би изгледале веќе можевме да видиме од слики направени на основа на информациите, но изгледа дека на Apple не им се доаѓа тој изглед да биде баш така. Според информациите, кои на Twitter ги потврдува познатиот Марк ...
„Макпетрол“ АД Скопје донираше 620 училишни ранци за првачињата во сите 8 основни училишта во општина Центар во Скопје. Училишните ранци денеска на учениците им ги подели Општина Центар на првиот училиштен ден. Како општествено одговорна компанија, „Макпетрол“ исклучително го вреднува значењето на образованието во развојот на луѓето и со својата донација вложува во иднината на децата. Донацијата на компанијата доаѓа во годината кога „Макпетрол“ ...