
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



По објавата на првиот „твит“ кој е изменет по објавата, Twitter покажа дека пуштањето на оваа функција за корисниците е блиску. Од компанијата оваа можност денеска ја пуштија за првата група на корисници, како што беше најавено, кои плаќаат за Twitter Blue претплатата. Покрај потребата од Twitter Blue претплата, во оваа фаза исто така ќе биде потребно да се биде корисник од една од трите земји кои ја добија новата можност, односно Канада, ...
Конкретни младински иницијативи и заложба за нивно финансирање, амандмански предлози и други законодавни иницијативи, како и симулации на собраниски активности како практична настава за учениците се само дел од идните активности кои Локалниот младински совет ќе ги достави до Општина Валандово од каде ќе бидат упатени за реализација до законодавниот дом – овие заклучоци беа во фокусот на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на ...
Веб апликациите кои може да се инсталираат на компјутерите или на мобилните, односно таканаречените PWA – progressive web apps, се одлична алтернатива за сервисите кои немаат апликација. Овие апликации, со мала измена на веб страната или веб апликацијата, можат да бидат инсталирани на било кој уред и да се однесуваат како обичните, односно стандардните апликации на тој оперативен систем. Со тек на годините, можностите на овие апликации се имаат ...
Неколку корисници изминатиот период излегоа на друштвените мрежи со слики од нивната YouTube апликација како го има означено 4K квалитетот за гледање на видеата како Premium функција. Ова значи дека од компанијата планираат највисоката резолуција на YouTube да ја направат достапна само за нивните YouTube Premium корисници и веќе да не е бесплатна, односно достапна за сите. Со оглед на тоа дека засега информацијата доаѓа само од корисниците на ...
Со пуштањето на Windows 11 Insider Preview Build 25211, која е дел од Dev каналот, Microsoft се реши да врати една мала, но доста барана функција назад кај нивниот оперативен систем. Се работи за можноста за вклучување на Task Manager апликацијата директно преку менито до кое се доаѓа со десен клик на „таскбарот“. Ова мени е доста намалено во споредба со претходните верзии од Windows, па сега со десен клик на таскбарот се добива само една ...
На почетокот од минатиот месец Twitter најави дека внатре во компанијата веќе се тестира „edit“ функцијата, а исто така најавија дека наскоро ќе им биде пуштена на корисниците на Twitter Blue, претплата за мрежата која на корисниците им овозможува одредени дополнителни функции. Од компанијата минатата недела го објавија и првиот „твит“ кој е изменет по неговата објава, а ова е првиот ваков јавно објавен „твит“. Од компанијата во објавата ...
OnePlus влезе на пазарот на паметни часовници во март минатата година претставувајќи го нивниот прв паметен часовник OnePlus Watch. Една од главните карактеристики на часовникот, покрај добрата цена, беше најавата дека батеријата може да издржи и до две недели на користење. Од компанијата сега го претставија и нивниот прв паметен часовник од Nord брендот, кој го користат кај смартфоните од средната класа, односно од тие со нешто пониска цена. ...
ФИНТЕК МК ве поканува на промотивен настан за првата финтек академија во Македонија. На 4ти октомври со почеток во 19:00 часот ќе се одржи првиот Satellite настан во Netaville. Финтек МК ги поканува сите студенти на додипломски студии да ни се придружат и да дознаат повеќе за академијата, модулите, влијанието на финтек индустријата и да ја запознаат македонската финтек заедница. Низ неформална средба ќе ги споделиме нашите активности како Финтек ...
Младите не се застапени во општините и се уште во поголемиот дел не се оформени локалните младински совети – тела кои треба да се залагаат за интересите на младите. Преку овој процес го пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Тие да бидат слушнати! Климатската криза со која се соочуваме бара итни мерки и се што е направено доцна само може да не чини повеќе. Затоа е важно овие промени да дојдат од вашите заедници, и оттаму ...
Tesla минатата недела на нивниот Tesla AI 2022 настан го презентираа хуманоидниот робот „Optimus“, поточно досегашниот развој кој во иднина е планиран масовно да се произведува и продава. Дека од компанијата работат на нешто ваков беше презентирано за време на Tesla AI 2021, но во меѓувреме направени се доста напредоци. Optimus е робот кој од компанијата имаат за цел да се продава за помалку од 20.000 долари, што значи би требало да е достапен ...
Скопје, 30 Септември 2022 – Bloomberg Adria, мултимедијална платформа која на локалните и регионалните бизнисмени ќе им ги донесе најрелевантните деловни и финансиски вести, се претстави пред македонската бизнис заедница, на настан кој се одржа вчеравечер во хотел Панорамика. Како дел од партнерството меѓу престижниот глобален бренд Bloomberg и швајцарската компанија MTel, беа формирани пет уредувачки центри – Љубљана, Загреб, Белград, Скопје и ...
Cloudflare го претстави Turnstile, замена за CAPTCHA која треба да биде паметна, поедноставна и побрза, а исто така и да ја зачува приватноста на посетителите на веб страните. Технологијата зад Turnstile е нешто што од компанија веќе одреден период го користат и развиваат, а сега ја прават достапна за сите заинтересирани корисници бесплатно. За разлика од CAPTCHA системот кој функционира на основа на внес од страна на корисникот, односно ...
Deezer, познатиот конкурент на сервисите како Spotify, додаде нова можност кај нивната веќе вградена функција за препознавање на песни, SongCatcher. Новиот додаток кај SongCatcher, покрај со пуштање на некоја песна, сега може да препознава песни кои на корисниците им се вртат во главата, како што истакнуваат од компанијата, но не можат да се сетат за кои се работи. Апликацијата ќе може да ги препознава песните со едноставно потпевнување или ...
Донесен во 1995 година, Законот за средното образование е вкупно 32 пати менуван и дополнуван. За жал, до овој момент никогаш не биле спомнати средношколското организирање и демократија. Затоа Сојузот на средношколци се реши со овој предлог закон да го врачи средношколското раководење и демократија токму во рацете на секој еден средношколец во државата. Овој закон го регулира и демократизира ученичкото организирање за првпат во историјата на ...
Google како дел од нивната алатка „results about you“, која ја направи достапна од оваа недела, ќе почне да ги известува корисниците доколку некој од нивните лични податоци се дел од пребарувањата. Новата алатка во основа се користи за да се провери дали личните податоци како што се телефонскиот број, адресата на живеење и имејл адресата се дел од резултатите при пребарување преку Google Search. Корисниците потоа ќе можат да поднесат барање до ...
Women in tech Македонија со гордост ја најавува втората конференција за дизајнери “UIUXMKD vol. 2.- Think and create outside the box” којашто ќе се оддржи на 15-ти октомври со почеток од 12:00ч. во просториите на Нетавиле, ул. Никола Тесла бр.9, Скопје. На оваа конференција ќе бидат присутни искусни дизајнери кои ќе го споделат своето искуство за следните теми: Конференцијата е отворена за сите, не заборавајте да се регистрирате бидејќи местата ...
Машкиот и женскиот тим на македонската карате-репрезентација се пласираа во финале во дисциплината борби на Светските универзитетски игри што се одржуваат во Самсун, Турција. На ова глобално натпреварување, кое што од годинава е именувано како „Светски куп на боречки спортови“, пријавени се 1.100 учесници од 300 универзитети од 50 држави. Македонската универзитетска карате репрезентација е предводена од селекторот Бошко Заборски, кој исто така ...
После период на шпекулации, Microsoft во мај оваа година конечно ја пушти и го официјализира постоењето на нова верзија од Outlook апликацијата за Windows. Корисниците на beta верзијата од Office можеа да ја пробаат новата верзија, а за истото мораше да се има бизнис имејл сметка. Од оваа недела достапноста се проширува на сите корисници, односно сега можат да ја користат и корисниците на „обични“ outlook.com сметки, односно Hotmail.com и ...
Марк Закерберг преку Facebook најави дека WhatsApp добива можност за испраќање на линк со чие притискање корисниците можат да се приклучат кон некој групен аудио или видео повик. Новата можност ќе биде лесно видлива во делот за повици од апликацијата, а функционира едноставно и исто како што е случајот со апликациите како Zoom или Microsoft Teams. Корисниците со притискање на можноста добиваат линк кој потоа можат да го испратат до луѓето кои ...
Ширењето на 5G технологијата има трансформирачко влијание врз многу аспекти на современиот живот. 5G е многу повеќе од гигабитни брзини; покриеноста и пропусниот опсег што ги обезбедува нè водат чекор поблиску до дигиталната иднина. Дојче Телеком и неговите национални подружници континуирано инвестираат за да обезбедат покриеност со 5G мрежа секаде. Сепак, главната бариера за пристап до придобивките од поврзаната технологија денес е високата ...
Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави предизвикот за воспоставување лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE, преку кој ќе се инвестира во развој на иновациска инфраструктура и ќе се овозможи технички услови за усовршување на средношколците и младите. Предизвикот за воспоставување на лаборатории за истражување, креирање и иновативност – MAKERSPACE има за цел на младите креативци од 15 до 29 години да ...
SwiftKey, апликација која Microsoft ја купи во 2016, е најверојатно најдобрата ваква апликација која моментално е достапна на било која платформа. Успешноста во учењето на стилот на пишување на корисникот, исправање на грешките и предлози за нареден збор при пишувањето, се скоро недостижни од страна на другите тастатури апликации. Оваа апликација не беше ажурирана на iOS повеќе од една година, па почна да се поставува прашањето што се случува ...
Тест на функција која за првпат беше забележана пред неколку месеци, сега изгледа се проширува на повеќе корисници и добива поголемо внимание. Се работи за можност за објава на кратки белешки во Instagram, поточно во делот за пораки, кои можат да ги видат пријателите. Наједноставен начин да се опише оваа нова функција е преку споредба со Instagram Stories, само за кратки текстуални објави, без можност за слики и видеа. Корисниците можат да ги ...
Дојде времето за пуштањето на првите неофицијални слики кои ни прикажуваат како е можно да изгледа наредната генерација од Galaxy S23 серијата. Првите слики, поточно „рендери“ се објавени за основниот модел Galaxy S23 и за Galaxy S23+. Доста стандардно, сликите доаѓаат од „onleaks“ кој ги објавува на страните smartpix и digit. Од тоа што може да се види, доколку се покаже како точно, Samsung планира мал редизајн на Galaxy S23 серијата, редизајн ...
За време на Intel Innovation настанот кој се одржа вчера, Intel и Samsung прикажаа интересен концепт на технологија која вклучува екран кој се намотува и со тоа овозможува промена на големината и можноста за користење. Како што би се очекувало, се работи за OLED екран на кого од Samsung имаат работено изминатите години. Екранот може да ја менува својата големина од 13 до 17 инчи со намотување и одмотување на истиот. Корисниците со една ваква ...
Сите кои користеле Apple производи и нивната Handoff функција, знаат колку прави разлика поврзаноста помеѓу iPhone и Mac компјутер, односно можноста за лесно користење на компјутерот за телефонски повици, префрлување на датотеки, испраќање на пораки, користење на интернет конекцијата од телефонот и слично. Сето ова на Apple производите функционира брзо и без проблеми, па некои од Windows/Android решенијата не може баш да се споредат. На Windows ...
За време на нивниот Intel Innovation настан, покрај неколку други работи, од компанијата ја претставија 13тата генерација од нивните Intel Core процесори. Можеби процесот на производство останува истиот со претходната генерација, односно Intel 7 процесот со мали подобрувања, сепак новите процесори донесуваат доста големи подобрувања преку зголемување на фреквенцијата на работа и бројот на јадра. Предводник на новата генерација е секако ...
Meta најави дека започнува со тестирање на нова поврзаност помеѓу нивните две друштвени мрежи со што корисниците ќе можат полесно да се префрлуваат од едната и другата мрежа. Доста корисно за тие кои се активни на Facebook и Instagram, а тоа не е баш мала бројка. Тестот од компанијата најавија дека започнува во целиот свет и е достапен преку апликациите на Android и iOS, како и преку веб. Тоа што корисниците ќе можат да го направат, кога ќе ...
Покрај големиот редизајн на Windows, поддршката за Android апликации требаше да биде една од најголемите новини кај Windows 11 кој беше пуштен пред нешто повеќе од една година. Оваа функција сепак не беше пуштена со официјалната верзија од Windows 11, па нејзиното тестирање преку Windows Insider програмата почна при крајот на минатата година, а на почетокот од оваа достапноста беше проширена кај повеќето корисници. За жал, ова проширување на ...
СКОПЈЕ — 27 СЕПТЕМВРИ 2022 — Порталот за информатичка технологија, IT.mk, го реализираше второто истражување за мапирање на локалната ИТ индустрија и резултатите даваат интересна слика за една од најлукративните индустрии во моментов. Истражувањето има за цел да даде сеопфатен приказ на актуелната состојба со плати и примања, технологии, едукација и развој на ИТ кадарот, како и вработените во дигиталниот маркетинг и дигиталните уметности. ...