
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



Додека го чекаме влезот на Apple на пазарот на смартфони кои се преклопуваат, информациите упатуваат во друг правец кој наводно го планираат од компанијата. Според аналитичката компанија CSS Insight и нејзиниот претставник Бен Вуд во интервју за CNBC, Apple прво ќе претстави iPad со екран кој се преклопува, па подоцна може да се очекува и iPhone. „Во овој момент нема смисла Apple да направи преклоплив iPhone. Ние мислиме дека тие ќе го отфрлат ...
Десктоп интернет прелистувачот од познатата компанија DuckDuckGo за Mac стана достапен за сите корисници. Досега прелистувачот можеше да се симне само со покана од компанијата за што се чекаше по регистрирањето за истото. DuckDuckGo на Mac уште е во бета верзија, но истата е дополнета со нови функции во споредба со верзијата која не им беше достапна на сите корисници. Оваа верзија донесува лента со омилени веб страни, кои може да се преземат од ...
Следејќи ги вчерашните случувања, Сојузот на средношколци чувствува потреба повторно да се огласи околу ситуацијата со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје, откако се појавија втор ден по ред. Повторно би ја поздравиле брзата реакција на надлежните и безбедносните служби кога станува збор за евакуациите. Веруваме дека покажаната подготвеност и професионалност во ваквите ситуации влеваат одредена доза на сигурност кај ...
ШЕНЖЕН, 24 октомври 2022 година — vivo официјално го лансираше новиот Funtouch OS 13 за потрошувачите во Европа. Врз основа на новоиздадениот Android 13, овој надграден оперативен систем ја комбинира вредноста на дизајнот на vivo со нови и подобрени опции за персонализација, надградена приватност и безбедност, како и нови контролни функции за понепречено корисничко искуство. vivo се обидува да ги поттикне потрошувачите да ја изразат својата ...
Microsoft почна да го продава „Windows Dev Kit 2023“ уредот кој на прв поглед остава впечаток како конкурентниот Mac mini. Најавен оваа година како Project Volterra, овој уред сега е достапен да се купи за 599 долари во Австралија, Канада, Кина, Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија и САД. Иако може кој сака да го купи овој уред, тој сепак не е замислен да се продава баш како конкуренција на уредот на кој потсетува, односно не е ...
Како што веќе ни е познато, Microsoft работи на нова Outlook апликација која треба да ги обедини сега неколку достапните верзии од истата. Поточно, веб верзијата на outlook.com, Outlook верзијата која доаѓа со Office апликациите, како и Mail апликацијата која доаѓа со Windows, во иднина треба да бидат заменети со новата апликација. Оваа нова апликација најмногу наликува на веб верзијата, а истата е направена на таа основа, која веќе и изгледа ...
Во текот на последните две години компаниите ширум светот активно ги приспособуваа своите работни модели за да го олеснат работењето од дома. Како што поминуваат деновите, хибридното или далечинско работење станува се повеќе популарно и домашните канцеларии се новата нормалност во нашите домови. Еден од предизвиците кога станува збор за создавање безбедно и удобно канцелариско опкружување дома е наметнат од потребата за безбедна електрична ...
Скопје 27 октомври – Халки креативната училница е новото шаренолико, раскошно и многу забавно катче во непосредна близина на главниот влез на Зоолошката градина. Ова е прва и единствена училница од ваков тип кај нас. Официјалното отворање на училницата помина во прекрасна и весела атмосфера. Учениците од неколку основни училишта предводени од ЗОО едукатор беа на прошетка на која се запознаа со подготовките на животните и нивните живеалишта за ...
Google Chrome од почетокот на идната година веќе нема да има поддршка за корисниците на постарите системи од Microsoft, поточно Windows 7 и Windows 8/8.1. Оваа информација ја објави Google и најави дека Chrome 110, која ќе биде пуштена на 7 февруари идната година, ќе биде и последната верзија од прелистувачот која ќе функционира на наведените верзии од Windows. Chrome нема да престане да функционира на овие системи, корисниците ќе може да ...
Откривањето на се’ уште необјавената PC Manager апликација на кинеската верзија од веб страната на Microsoft, покажува дека од компанијата работат на сопствено решение на едни од најпопуларните апликации, барем до пред десеттина години. PC Manager од Microsoft може да се спореди со CCleaner или други слични апликации, иако од тоа што може да се види сега таа не ги нуди сите функции како своите конкуренти. Апликацијата од Microsoft нуди неколку ...
Microsoft ја надгради Android верзијата на нивните два Surface Duo уреди со Android 12L и со тоа ги донесе некои од новините на овој систем за корисниците на овие уникатни уреди со дупли екрани. Најважниот дел од надградбата е измена на дел од корисничкиот интерфејс и негов редизајн во стилот на Windows 11. Со тоа корисниците треба да добијат унифицирано искуство со нивниот Windows компјутер и на крајот да им биде полесно да го користат нивниот ...
По најавата од страна на Samsung пред нешто помалку од две недели, Galaxy S22 серијата започна да ја добива надградбата на најновата верзија од One UI, поточно One UI 5 со која доаѓа и Android 13 верзија кај корисниците на Samsung. Според информациите, први надградбата ја добиваат корисниците со Exynos чип, што значи дека корисниците во Европа и нашата земја треба веќе да ја имаат добиено или да ја добијат во деновите што следат. Наредниот месец ...
Сојузот на средношколци е загрижен од денешните дојави за поставени бомби во пет средни училишта во Скопје. Во последниот период јавноста сведочеше на слични дојави за бомби во училишта и болници во соседна Р. Србија. Сојузот ја поздравува брзата акција на безбедносните служби. Ограноците на Сојузот нè информираа дека евакуацијата е целосно спроведена, а настава нема да има за учениците од втората смена. Сојузот на средношколци апелира на ...
На почетокот од овој месец Европскиот Парламент го изгласа законот кој, покрај другите работи, бара од производителите да го користат USB-C приклучокот кај нивните уреди. Обврската ќе почне да се применува од 2024 година, а вниманието разбирливо се насочи кон Apple кои се можеби и последните кои не го користат овој приклучок кај нивните iPhone телефони. За време на годишната Tech Live конференција од The Wall Street Journal, говореа вишиот ...
Apple оваа недела ја пушти финалната верзија од macOS Ventura за сите корисници, односно оперативниот систем излезе од бета тестирање. Една новина посебно се истакнува кај macOS 13, но сепак оваа верзија донесува цела листа на нови функции. Главната новина која посебно се истакнува е Stage Manager функцијата која е една од подобрите воведени функции на било кој оперативен систем, а посебно за корисниците кои работат со повеќе апликации во исто ...
Заедно со првото пуштање за сите корисници на macOS Ventura и iPadOS 16 (16.1), Apple ја пушти и првата надградба на iOS 16, односно iOS 16.1. iOS 16 беше пуштен за корисниците минатиот месец, поточно на 12 септември, па со надградбата од оваа недела iOS добива некои од новините кои не успеаја да „влезат“ со главната верзија. Новини кои се дел од iOS 16.1 ги вклучуваат следните: Како и секогаш, iOS 16.1 може да се инсталира бесплатно директно од ...
YouTube од оваа недела пушти неколку новини кои иако мали, се доста добредојдени и ќе го подобрат корисничкото искуство. Новините се пуштаат како дел од мобилните апликации, а дел од нив се достапни и преку веб страната на сервисот. Најубавата новина која станува дел од YouTube е наречена Ambient Mode. Истата во основа додава ефект околу видеото, со боите и светлината кои се дел од него. Со ова се добива ефект како кај телевизорите, истакнуваат ...
Паметните телефони станаа наши придружници во секое време, па затоа нивната ефикасност, практичност и естетски впечаток се клучните карактеристики што ни се потребни. Како пионер во категоријата на преклопни телефони, Samsung продолжи да ја води индустријата со иновации и извонредност, докажувајќи го тоа уште еднаш со воведувањето на новата генерација телефони на преклопување Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4. Galaxy Z Fold4: Елегантен одговор на ...
Согласно најавите и очекувањата, Apple при крајот на вчерашниот ден според македонско време, ги пушти новите верзии од macOS и iPadOS. Првиот може да се каже дека доби редовна надградба, но iPadOS беше одложен пореди проблеми со една од главните новини кај системот, а требаше да биде пуштен заедно со iOS 16 минатиот месец. Двата оперативни системи не добија огромни надградби, односно се работи за стандардно годишно „освежување“, но сепак како и ...
Скопје, 25 октомври 2022 – Бизнис заедницата очекува иднината да донесе стабилен енергетски систем, реформа на пазарот на труд и на образовниот систем за да се задржат младите, ефикасна и мала државна администрација, поттикнување на женското претприемништво. Тие ги споделија предизвиците со кои се соочуваат, но и своите визии за иднината, во рамки на денешната Визионерска работилница, која се одржа како дел од процесот на креирање на ...
Скопје 25 Октомври 2022 – Компанијата Samsung објави дека ќе биде домаќин на Samsung AI Forum 2022 кој ќе се одржи на 8 и 9 ноември. Samsung AI Forum 2022 кој се организира по шести пат, е место за презентација на технолошкиот напредок со светски познати научници и експерти од областа на вештачката интелигенција, најновите достигнувања во истражувањето во областа на вештачката интелигенција и дискусија за идниот правец на истражување. ...
Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол АД Скопје, г. Андреја Јосифовски, ја доби престижната Голема награда со златна лента и признание за животно дело „Креатори на векови“ за исклучителни постигнувања и развој на претприемништвото на подрачјето на Средна и Југоисточна Европа. Наградата беше доделена на Регионалниот самит на претприемачи од Средна и Југоисточна Европа „300 најдобри“ што годинава по осми пат се одржа во градот Дубровник, ...
Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи дека отсега може да нарачуваат и купуваат екстра лесно масло за домаќинство EL-1 преку онлајн платформата на компанијата достапна на следниот линк. Плаќањето на нарачаните количини екстра лесно масло за домаќинство EL-1 се врши онлајн, а доставата е директно на адресата што ја навел потрошувачот. Покрај онлајн нарачките и уплатата, „Макпетрол“ од 17 октомври започна и со физички ...
iPhone SE е поевтиниот модел кој Apple го пушта обично во пролет, односно не заедно со главните модели на компанијата. Последниот модел, трет по ред, беше претставен оваа година во март и дојде со веќе застарениот дизајн и „home“ копчето кое одамна го нема кај стандардните модели. Идната година изгледа овој модел конечно ќе добие помодерен дизајн, па ако се точни сликите од Џон Просер, iPhone SE четврта генерација ќе биде доста попривлечен за ...
Една од најпознатите Linux дистрибуции, како и секоја година, ја пушти својата октомвриска верзија, односно време е за надградба и инсталирање на Ubuntu 22.10. Оваа верзија доаѓа со 9 месеци поддршка, односно не се работи за LTS верзија која најчесто се користи во компаниите поради подолгото време на поддршка. Како и секоја верзија и оваа има интересно име, па Ubuntu 22.10 е наречен Kinetic Kudu Ubuntu 22.10 донесува неколку новини кои прават ...
Процес на вакцинација, отпорност кон теориите на заговор, мерки за штедење… Кризите со кои се соочува светот изминативе години на голема врата покажаа дека доброто управување, а особено професионалната комуникација на властите со граѓаните игра клучна улога во (не)успешноста на справувањето и надминувањето на ваквите кризни состојби. Владата пред неколку месеци донесе одлука со која ги задолжи сите јавни институции да обезбедат заштеда на ...
Има уште некој месец до претставувањето на Galaxy S23 серијата од Samsung, но време е да почнат да излегуваат неофицијални информации и шпекулации. По информациите за тоа како ќе изгледаат идните Galaxy S телефони, сега ги имаме и карактеристиките на основниот модел. Според Yogesh Brar, Galaxy S23 нема да биде голема надградба во споредба со годинешниот Galaxy S22, што и не треба да изненади, иако производителите вадат нови модели секоја година, ...
Минатата недела Microsoft објави дека после 30 години ќе почне со замена на Office брендот и ќе почне да го користи Microsoft 365 на неговото место. Ваквата промена започна пред две години кога Office 365 сервисот почна да биде нарекуван Microsoft 365. Од компанијата најавија дека новата Microsoft 365 апликација може да се очекува веќе од идниот месец на Office.com страната, а останатите верзии ќе бидат променети до почетокот на идната година. ...
Скопје, 20 октомври – Во октомври месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје, на Зоолошката градина ѝ подарува нова училница на отворено. Просторот што се наоѓа непосредно до главниот влез е облагороден со голем поден мурал со пејсажни мотиви, насликан во широка палета светли тонови. Површината изобилува со насликани растенија, планини, дрвја и поттикнува на игра, дружење, фотографирање и забава. Всушност, Халкбанк АД Скопје, како голем пријател ...
По пуштањето на финалната верзија од Android 13 на крајот од август, Google оваа недела ја пушти верзијата од овој систем прилагодена за уредите од ниската класа, односно Go верзијата од Android 13. Од компанијата истакнуваат дека во петте години од кога е пуштена за првпат Android Go верзијата, 250 милиони месечни корисници користат уред со оваа полесна верзија од оперативниот систем. Android 13 Go донесува доста добри новини во споредба со ...