
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



По пуштањето на Netflix Game Controller апликацијата минатата недела, јасно стана дека гласините за пуштање на игрите од компанијата на телевизорите се точни и можеме да ги очекуваме наскоро. Со ова Netflix влегува на пазарот на стриминг на игри, иако тие засега се игри во главно за мобилните и таблет компјутерите, па не може да се споредат со тие од играчките конзоли, на пример. За почеток оваа новина се тестира и е достапна само за ...
Една од подобрите функции на Firefox, кои беа карактеристични за овој прелистувач порано, повторно се враќа. Firefox на Android до крајот на годината повторно ќе има поддршка за додатоци, а точната дата на достапност од Mozilla ќе ја објават идниот месец. Поддршката за додатоци од Firefox на Android беше тргната во 2020 година, по претставувањето на големиот редизајн на прелистувачот, од корисничкиот интерфејс, па се од кодот на апликацијата. ...
Во неговиот најнов билтен, кој го објавува секоја недела, Марк Гурман најави претставување на јубилеен Apple Watch за десет годишнината од претставувањето на оваа категорија производи од компанијата. Apple Watch X, како што тој го нарече овој часовник, исто како што беше наречен и iPhone X, нема да биде претставен оваа година, па тоа може да се очекува за идната година, а можеби и за 2025. Првиот Apple Watch беше претставен во 2014, но стана ...
Според директорот на компанијата Jamf, Дин Хејгер,, кој е во заминување од оваа позиција, во разговор со Computer World, Windows веќе нема да биде главниот и доминантен систем кај бизнисите. Оваа позиција ќе ја преземе Apple според него, а тоа да се случи може да се очекува во наредните 10 години. Како главна причина за ова тој ја истакнува доминацијата на Apple на пазарот на мобилни, додека во исто време Microsoft воопшто нема сопствен ...
Елон Маск го најавува тоа подолго време, но доста јасно дојде до израз по ребрендирањето на Twitter во X, а тоа е дека мрежата ќе стане многу повеќе од тоа што беше досега. Корисниците можат да очекуваат поголем акцент на видео содржината, а со тоа и на креаторите, а според најавите од директорката Јакарино, апликацијата ќе добие и можност за видео повици. Во интервју за CNBC, Јакарино најави дека X ќе добие можност корисниците да прават аудио ...
Охрид, 11 август 2023г. – СКОПСКО во рамки на својата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ постави пловни препреки на реките Сатеска и Даљан. Главна цел на платформата е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и намалувње на загадувањето. Двете реки се идентификувани како едни од поголемите загадувачи на езерото со пловен и пакувачки отпад и со овие ...
Samsung официјално започна со јавно тестирање на наредната верзија од нивниот оперативен систем за мобилните, One UI 6, направен на наредната верзија од Android, односно Android 14. Тестирањето ќе им биде достапно на корисниците на Galaxy S23 серијата, но како и секогаш, во мал број на земји, САД, Германија и Јужна Кореа. Од тоа што досега може да се види, се работи за унапредување на ланската верзија, па не можеме да видиме премногу новини, но ...
Скопје, 11 август 2023. – Samsung Electronics го најавува доаѓањето на најновите, неодамна претставени уреди на македонскиот пазар. Љубителите на технологијата и корисниците во нашата земја сега имаат можност да ги истражат иновативните можности што ги носат телефоните на преклоп Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, паметните часовници од серијата Galaxy Watch6 и таблетите од серијата Galaxy Tab S9. „Првите реакции на корисниците на новите Galaxy ...
Cortana, дигиталниот асистент од Microsoft, кој како одговор на Siri, Alexa и Google Assistant беше пуштен во Windows Phone во 2015 година, може да се каже дека официјално му дојде крајот. Microsoft најави дека ја откажува поддршката и ја трга Cortana апликацијата од Windows 11, како и од Microsoft Teams на мобилните, Microsoft Teams display и Microsoft Teams Rooms. Интересно, Cortana ќе остане достапна во мобилната Outlook апликација. Оваа ...
YouTube Shorts, кратките видеа во стилот на TikTok и Instagram Reels, веќе нема да може да прикажуваат линкови, а ова е направено со цел да се спречи очигледно големата појава на спамирање на корисниците. Линковите нема да може да се поставуваат во описот на видеото, во коментарите, како и за време на видео во живо. Исто така, на десктоп корисниците нема да можат да кликнат на иконите од друштвени мрежи на каналот од креаторите на овие видеа. ...
Почнувајќи со наредната верзија од нивниот прелистувач, односно Chrome 116, Google ќе го скрати периодот од една до друга безбедносна надградба, од на секои две, на секоја недела. Корисниците ќе добиваат безбедносни надградби секоја недела, што значи дека периодот во кој „малициозните актери“ ќе можат да ги искористуваат слабостите на апликација, ќе биде значително помал. Од компанијата посебно го истакнуваат овој период, кој го нарекуваат ...
Кога Netflix влезе на пазарот на игри, стана јасно дека иднината на овие игри ќе мора да биде и на телевизорите, затоа што моменталната понуда од мобилни игри, не може да се каже дека нуди којзнае колку различно искуство, од апликациите кои се достапни преку продавниците. Веќе можевме да прочитаме дека од компанијата планираат да ги овозможат игрите преку сите уреди каде е достапна Netflix апликацијата, како и тоа дека во иднина овие игри ќе се ...
YouTube во месеците што следат, постепено ќе направи промена на почетната страна за корисниците кои не сакаат да ја остават нивната историја на гледање вклучена. Наместо листа со видеа, корисниците ќе гледаат празен простор, на кого ќе стои известување за зошто е страната празна. Околу делот со видеа, страната ќе остане иста, односно остануваат лентата за пребарување и лентата на левата страна, а од компанијата дури ова го нарекуваат ...
Уште од самата најава на Twitter конкурентот од Meta, Threads, беше најавено дека мрежата ќе има компатибилност со ActivityPub, протоколот кој се користи од страна на децентрализираните мрежи, од кои најпозната е Mastodon. Децентрализираните мрежи функционираат од повеќе сервери, што значи дека нема еден центар на функционирање, а компатибилните сервери можат да се поврзат едни со други. Првата функција која ја добива Threads која оди во правец ...
Директорот на Disney најави дека од компанијата сериозно размислуваат да започнат со промена на правилата поврзани со споделување на сметките од нивните сервиси, меѓу кој е и Disney+. Ваквите сервиси се познати по тоа што неколку пријатели ја делат сметката и поради можноста за креирање различни профили, тие поминуваат поевтино во споредба да претплатата ја плаќаат секој посебно. Netflix започнаа со кратење на оваа практика, па истата се ...
Можеби голем дел од корисници и не ни знаат дека Messenger се’ уште ја има можноста апликацијата да се користи и за SMS комуникација. Оваа функција беше првпат додадена во 2012, но откажана наредната година, за да повторно биде вратена во 2016. Идејата зад додавањето на ваква можност во Messenger е едноставна, корисниците да ја користат оваа апликација за нивната целосна комуникација, а со тоа се зголемуваат шансите за користење на сервисот. Од ...
Познатиот сервис Plex, покрај можноста за стриминг на видео содржината од компјутерот на корисникот, на други негови уреди, неколку години има и посебна апликација за стриминг на музика. Исто како и со видео стримингот, Plexamp апликацијата е замислена да им овозможи на корисниците можност да ја слушаат својата колекција од музика на повеќе нивни уреди. Ова може да се прави и доколку уредите не се на истата мрежа, односно од било која локација, ...
Информациите кои можевме да ги прочитаме минатата недела говореа дека настанот на кој ќе бидат претставени новите iPhone 15 телефони, меѓу другото, може да се очекува за 13 септември, среда. Оваа информација исто така ја потврди Марк Гурман, кој сепак објави дека настанот ќе биде на 12 или 13 септември. Сега тој објави дека сите знаци покажувале кон 12 септември, вторник, па едно е сигурно, таа недела од септември ќе биде настанот на Apple. Тоа ...
Messages апликацијата може да се каже дека станува вистинска алтернатива на познатата истоимена апликација од Apple, но за корисниците на Android. Со воведувањето на RCS протоколот, Google направи да нивната апликација функционира исто како таа на Apple, односно покрај можноста за SMS пораки, истата функционира со напредни функции кога се користи интернет конекцијата. За потсетување, со користење на RCS протоколот, корисниците добиваат можност ...
Ако имате единствен стил и се разликувате од другите, ако отсекогаш ве привлекувале несекојдневни работи и ако ваша карактеристика е размислување надвор од рамката, тогаш не пропуштајте да обрнете внимание на новиот Samsung телефон на преклоп Galaxy Z Flip5, и тоа не било кој, туку оној со ментол зелена боја. Иновативноста на овој телефон во поглед на дизајнот и перформансите се во комплетна синергија со оваа боја прикажувајќи го на еден начин ...
По ланското неуспешно купување на ARM од страна на Nvidia, јапонскиот сопственик на ARM, SoftBank, најави дека „планот Б“ е да се понудат акциите на компанијата на пазарот, па на тој начин да се дојде до потребните средства. Според Nikkei Asia, SoftBank планира иницијална јавна понуда на акциите на ARM во септември, а истото ќе го направи на Nasdaq берзата, за што ќе треба да добие и дозвола од американската SEC. Се верува дека вредноста на ...
Научниците од Lawrence Livermore National Laboratory при крајот на мината година за првпат успешно генерираа повеќе енергија при реакција на нуклеарна фузија и со тоа докажаа дека еден ден фузијата ќе може да се користи како извор на енергија. Како главен проблем, кратко кажано, на нуклеарната фузија е огромната енергија која е потребна за да се постигне спојувањето на два атоми, најчесто два полесни во еден потежок. Затоа постигнувањето на ...
Apple во нивни стил внимателно го следат пазарот на уреди на преклоп и го чекаат вистинскиот момент кога да влезат. Засега можеме да видиме дека овие уреди не се баш какви што би сакале, а посебно се истакнува видливата линија на делот каде се превиткува екранот. Apple да претстави ваков уред, е незамисливо, па знаеме дека тие ќе влезат на овој пазар кога ќе може да се надминат недостатоците. Сепак, не е дека од компанијата не размислуваат за ...
Уште од пуштањето на Windows 11, поточно првата финална верзија од системот, стана јасно дека Microsoft нема да оди во правец да што повеќе корисници ги натера да го надградат својот компјутер. Овој заклучок доаѓа од фактот што огромен број на компјутери не се компатибилни со Windows 11, а причината за тоа е условот за процесор кој го поставија од компанијата. Компјутерите треба да доаѓаат со TMP 2.0, но тоа не е единствениот услов, па дел од ...
Во рамките на Huawei Developer Conference 2023, од компанијата ја претставија најновата верзија од нивниот оперативен систем, кој го развиваат од кога го изгубија правото да ги користат сервисите и апликациите од Google. HarmonyOS 4 е најновата верзија од системот на кого сега веќе работат не така мал број на уреди од смартфоните, часовници, па се до уреди од паметните дом и автомобилите. Оваа верзија од HarmonyOS донесува доста новини за ...
Во тест верзиите од Microsoft Edge, поточно Dev и Canary, може да се најде нова можност во Privacy , search and services делот од Settings. Оваа нова можност им овозможува на корисниците да вклучат зачувување на слика од сите страни кои ги посетуваат. Во самото име на функцијата стои дека оваа можност е направена како додаток на разгледување на историјата на отворени страни, а истата може да се вклучи или исклучи. Зачувувањето на сликите се ...
OnePlus се очекува наскоро да влезе на пазарот на смартфони на преклоп, поточно во стилот на Galaxy Z Fold серијата, односно Oppo Find N. Ова се уреди кои кога ќе се отворат се претвораат во мал таблет, па за нив верувавме дека ќе бидат еден вид на мала револуција кај телефоните, но изгледа ќе мора да почекаме уште некоја година за тоа. Од компанијата го објавија името на уредот, веднаш по претставувањето на Galaxy Z Fold5, а истото ќе биде ...
X минатата недела најавија дека планираат да започнат со споделување на заработката од рекламите со креаторите на мрежата. Со тоа се потврди една од најавите за развојот на X во мрежа која ќе биде повеќе од тоа што беше Twitter. Маск во една од објавите за оваа новина најави дека ќе разговара со Тим Кук, директорот на Apple, од кого ќе побара да компанијата се откаже од процентот кој го зема од наплатата која оди преку апликациите. Конкретно, ...
Nothing е компанија која постои само две години, а како главно ветување за пазарот уште од самиот почеток го има тоа за враќање на иновативноста, односно да ја направат технологијата интересна повторно. Не може да се каже дека не го привлекуваат вниманието на пазарот, но дали нивната мисија е точно постигната, останува корисниците да оценат. Од компанијата минатиот месец ја претставија втората генерација од нивниот смартфон, Phone (2), а сега ...
Google најави доста големо подобрување на нивниот систем за отстранување на лични податоци од корисниците кои се појавуваат во резултатите од пребарувањата. Како лични податоци кои може да бидат отстранети се телефонски број, адреса и имејл адреса. За разлика од досегашната потреба корисникот сам да најде страна која се појавува во резултатите од пребарувањата преку Google, па да побара тргање на тој резултат, алатката сега самата може да им ...