
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



По појавата на Threads апликацијата оваа недела во Play Store и во App Store, со можна дата на пуштање на 6 јули, сега ја имаме и официјалната потврда на оваа дата кога апликацијата ќе им стане достапна на корисниците. Прво потврдата дојде од главниот на Instagram, преку која мрежа се пушта Threads, а сега со пребарување во Instagram апликацијата со зборот Threads, се појавува картичка на која е напишана датата 6 јули и 16:00 часот. На оваа ...
Студенти од Delft University of Technology од Холандија го поставија новиот Гинисов рекорд со нивното возило кое функционира со помош на водород. Тие го надминаа претходниот рекорд од поминати 2.055,7 километри поминувајќи 2.488,4 километри. Сето ова е постигнато со еден резервоар од 1 килограм, без негово надополнување, се до целосно празнење и застанување на возилото. За поминување на оваа оддалеченост биле потребни околу два дена, односно ...
Pocket, одличниот сервис за зачувување на веб страни за читање подоцна, од каде и старото име Read It Later, беше купен од страна на Mozilla во 2017. Од компанијата најавија дека од идниот месец корисниците ќе мора да почнат да го користат сервисот со Firefox сметка, а не како што сега може со различни. Во годините што поминаа Pocket доби доста подобрувања, покрај во изгледот, така и во достапните функции, па сега сервисот може да се користи и ...
Nothing ќе ја претстави втората генерација од нивниот смартфон, иако првично кажаа дека тој нема да биде претставен наскоро и дека нема потреба од толку брзи надградби, на 11 јули, точно за една недела од денес. Nothing Phone (2) ќе биде доста голема надградба во споредба со ланскиот модел, а тоа во главно ќе се види преку неговите карактеристики. За разлика од средно високата класа во која беше првиот модел, оваа година Nothing ќе влезе во ...
Статистиките за интернет прелистувачите, кои се достапни преку познатата Statcounter, ни покажуваат мала промена на пазарот која оди во корист на Safari од Apple. Овој прелистувач го зацврстува своето второ место на пазарот, а според бројките изгледа дека тешко некој од останатите ќе може да го достигне. Можеби звучи чудно да се говори за цврсто второ место, но како што е познато Google Chrome веќе одамна го држи првото место без никаква шанса ...
ВИНОПЕДИА | вински енциклопедии (анг. VINOPEDIA | wine encyclopedias) во склоп на своите активности за потребата и подготовката на првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта изврши геолоцирање и дигитално мапирање на регистрирани винарии со цел да овозможи на странските гости и винските ентузијасти брзо и едноставно пронаоѓање и лоцирање на винариите за нивно понатамошно истражување. За помалку од 24 часа од објавувањето на ...
Meta се подготвува официјално да ја пушти нивната апликација конкурент на Twitter која е направена како „додаток“ на Instagram. Threads е името на апликацијата и за истата два пати до сега можевме да прочитаме, а дури ја видовме и во официјални слики од презентација од компанијата. Сега апликацијата е пуштена во App Store од Apple, што значи дека официјалното пуштање е блиску. Доколку се отвори апликацијата во продавницата, достапна е ...
Според најчесто точните информации од Марк Гурман, Apple работи на неколку нови модели од нивните монитори, а еден од тие ќе може да се користи како екран за паметниот дом. Ова би функционирало кога мониторот не се користи, па наместо да се исклучи или да се вклучи „screen saver“, на екранот ќе се појават повеќе „виџети“ со информации и контроли поврзани со паметниот дом, но и генерално работите кои ќе ги избере корисникот. Дека оваа информација ...
На Build 2023 Microsoft ја претстави најавуваната интеграција на вештачката интелигенција директно во Windows 11. Кратко кажано, Windows 11 доби интегрирана верзија од Bing Chat во посебна лента на десната страна, а корисниците можат да ја користат за функциите кои досега беа достапни преку веб страната на Bing, како и преку Microsoft Edge. Првата верзија од Windows 11 со оваа интеграција, која е наречена Windows Copilot, требаше да стане ...
Една од подобрите карактеристики на Twitter досега беше отвореноста на мрежата, односно можноста да се видат јавните објави од корисници кои немаат сметка или во моментот не се најавени со истата. Ова овозможуваше да секој кој има добиено линк до некој јавен „твит“, истиот може да го отвори, без разлика дали тој е корисникот на Twitter или во моментот не е најавен со својата сметка. Сега оваа можност е прекината, па за да може да се отвори ...
Додека се’ уште чекаме на HiFi квалитетот од Spotify, иако е прашање дали прави разлика за повеќето корисници, информациите откриваат дека од компанијата размислуваат за додавање на цели видеа на сервисот. Моментално на Spotify се достапни само кратки анимации до 10 секунди кои можат да бидат додадени на секоја песна, како и 30 секунди простор за музичарите да кажат нешто за својата работа. Пуштањето на можноста да се објавуваат целосни видеа од ...
Скопје, 3 јули 2023 – На денешниот брифинг со новинарите, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу информираше за тековните активности на МИОА, во насока на професионализација на администрацијата, интензивно спроведување на реформите согласно европските стандарди и дигитализацијата како врвен приоритет, во служба на граѓаните. Посебен акцент на средбата беше ставен на исклучителниот настан во Брисел минатата недела, кога ...
Скопје/Берлин, 03.07.2023 година – Во период од 17. до 25. јуни 2023 година тим од 13 атлети од Специјална Олимпијада – Северна Македонија учествуваше на Светските Специјални Олимписки Игри (Special Olympics World Games) во Берлин. Од настапите во пет дисциплини: кошарка, пливање, бадминтон, атлетика и пинг-понг македонските репрезентативци освоија вкупно 5 медали, и тоа: Учеството на Светските Специјални Олимписки Игри покажа дека имаме ...
Twitter го ограничува бројот на објави кои корисниците ќе можат да ги прочитаат во текот на еден ден, а тој ќе се разликува зависно од видот на корисник. Стандардните корисниците ќе можат да прочитаат до 600 објави во текот на денот, додека ова ограничување ќе биде до 6000 за Twitter Blue корисниците. Маск најави дека овие ограничувања наскоро ќе бидат зголемени на 800, односно 8000 објави во текот на денот. Посебно ограничување има и за ново ...
Разговорите во WhatsApp сега може директно да се префрлат од еден на друг телефон, без потреба од користење на „облакот“ како што беше случајот досега. За оваа новина можевме да прочитаме во мај оваа година, а сега беше официјално најавена од страна на Марк Закерберг. Предноста на овој начин на префрлување на разговорите е што веќе нема да мора да се прави бекап на Google Drive или Apple iCloud. Ова овозможува подобра приватност за корисниците, ...
Витомир Трајковски е петтопласиран, а Стефан Стојановиќ и Викторија Јовановска освоија седмо место на силниот меѓународен турнир „Пореч 2023“ во Хрватска што е дел од светската младинска премиер карате-лига. Овие три спортисти беа дел од вкупно шест претставници на скопскиот клуб „Макпетрол“ кои викендов настапија на интернационалниот собир каде што беа пријавени 3.193 учесници од 72 држави. – Со учеството на ова најмасовно првенство за нас ...
Скопје – Европските истражувачи и индустрии во последните години ја вклучуваат употребата на инсектите или нивните ларви во трансформација на биотпадот или во процесот на компостирање. Со користење на инсектите во овие процеси, може да се направат различни видови на пакувања, козметика, фармацевтски производи и добиточна храна. „Накратко, инсектите се плодни и репродуктивни, анекои од нив се и брилијантни рециклирачи на отпадот“, изјавила ...
Во Брисел беше потпишан Договорот за партнерство меѓу Северна Македонија и Европската Унија во програмата „Дигитална Европа (2012-2027)“. Договорот го потпишаа министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и претставници на Европската комисија. За време на церемонијата на потпишување на договорот, министерот Алиу им се заблагодари на ЕУ за поддршката што и ја дава на нашата земја: „Денес нашите партнери, кои ...
Google продолжува со тестирањето на различни мерки со кои треба да ги „демотивира“ корисниците да ги блокираат рекламите на YouTube или да се претплатат на не толку евтината YouTube Premium претплата. Во мај можевме да прочитаме дека од компанијата тестираат прикажување на известување преку кое се бара деактивирање на додатоците кои ги блокираат рекламите или претплата на YouTube Premium. Сега оваа мерка е уште построга, па корисниците кои нема ...
Во просториите на Change Academy во Скопје, на 3, 4 и 5-ти јули, со почеток во 16:30 часот, ќе се реализираат Change Your Career Days, посветени на Front-End програмирањето. Академијата за Front-End програмирање има за цел на сите заинтересирани кои сакаат да станат програмери или да ја трансформираат својата ИТ кариера, без оглед дали станува збор за почетници или се учесници кои веќе имаат имаат претходно искуство, да им овозможи професионално ...
Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ ги анализираше објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, според кои, странските иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2022 година потрошиле 21,76 милиони евра, што во однос на претходната година претставува пораст од скоро 33%. Остварената вредност странските онлајн купувачи ја направиле во 618.932 трансакции или ...
OnePlus официјално го најави претставувањето на нивниот прв уред на преклоп, но покрај ова, од компанијата не дадоа никаква дополнителна информација. Како и секогаш, остануваме да „зависиме“ од неофицијалните извори да ни кажат нешто повеќе. Минатата недела можевме да ги видиме првите неофицијални слики од OnePlus Fold или како и да биде името на овој уред, а со тие слики ја добивме и информацијата дека претставувањето може да се очекува во ...
Скопје, 28 јуни 2023 – Samsung Electronics го објави додавањето на режимот SeeColors во својата серија телевизори и монитори 2023. Новододадената функција за пристапност обезбедува различни поставки за боја врз основа на степен и типови на недостаток на видот за разликување на боите, нудејќи подобрено искуство при гледањето. Режимот SeeColors обезбедува девет претходно поставени слики, така што корисниците можат да ја изберат опцијата што е ...
Шест членови на скопскиот клуб „Макпетрол“ викендов ќе учествуваат на турнир од светската младинска карате премиер-лига што ќе се одржи во Пореч, Хрватска. На овој силен меѓународен собир, којшто почнува утре и ќе трае до втори јули, се пријавени 3.193 спортисти од 72 држави. Претставниците на „Макпетрол“ долго се подготвуваа за ова натпреварување и отпатуваа за да ја проверат својата форма преку соочување со спортисти од целиот свет. Оваа ...
Communications Safety е функција достапна кај iOS, iPadOS и macOS, која во главно е наменета за помалите корисници, поточно нивна заштита од отворање и гледање на неприкладни слики прекy Messages апликацијата. Со пуштањето на најновите верзии од овие системи оваа есен, Communications Safety ќе им стане достапна на сите корисници во светот, а засега е достапна само во десеттина земји. Оваа функција во основа прави скенирање на сликите кои се ...
По примерот на новиот Twitter Blue, Meta во февруари започна со тестирање на Meta Verified, нов систем за верификување на корисниците кој доаѓа со месечна претплата. Сега Meta Verified е официјално пуштена, па корисниците во светот ќе можат да се претплатат или барем да се приклучат на листата на чекање доколку во моментот функцијата не им е достапна. Meta Verified доаѓа со месечна претплата од 11,99 долари, односно 14,99 доколку се направи ...
Дали некогаш сте слушнале некој да најде вистинска љубов на Tinder? Најверојатно сте слушнале, но вистинска работа на дејтинг апликација – сигурно не. Ниту ние, сѐ додека во текот на јуни на спомнатата апликација не осамнаа необични профили со пораките: „Бараме запалени“, „Кој вели дека уживањето мора да трае кратко?“, „Доколку сакаш врзување, ова е место за тебе“,… Во прашање е првата кампања за вработување во регионот, објавена исклучиво на ...
Брендот на Android добива ново освежување, кое го добива на неколку години, а овој пат изгледа со пуштањето на Android 14 ова лето. Промената овој пат не може да се нарече баш голема и драстична, но е доволна за да се забележи, а посебно малата промена во начинот на пишување на името на системот. Логото, кое до пред некое време беше препознатливо по „роботот“, а од него остана само главата, сега добива мало 3Д освежување. Конкретно, логото веќе ...
Microsoft во 2021 го претстави нивниот нов сервис, Windows 365. Овој сервис овозможува пристап до целосна инсталација на Windows на серверите од компанијата, до која корисниците можат да пристапат од било кој уред, а секако основниот услов е тој да е поврзан на интернет. Овој сервис беше претставен за бизнис корисниците, а на нив им овозможува неколку предности, како што е немање зависност од хардверот на компјутерите, редовно ажурирање на ...
Преку информација до која имаат дојдено од The Wall Street Journal, се дознава дека Google повторно сакаат да влезат на пазарот на стриминг на игри, овој пат преку нивниот YouTube сервис. Според информациите, новиот сервис е наречен YouTube Playables и моментално се тестира внатре во компанијата и на вработените им е достапна само една игра. Не е познато дали се планира овозможување на игри какви што требаше да бидат достапни преку сега ...